реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 20 Oct 2023 16:41:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реформи – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Гир: Земјите кои сакаат да станат членки на ЕУ, треба да ги направат реформите кои се неопходни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/#respond Fri, 20 Oct 2023 16:41:36 +0000 https://kurir.mk/?p=891411

Евроамбасадорот Дејвид Гир попладнево во Собранието порача дека проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција на Унијата и дека земјите кои сакаат да станат членки, треба да ги направат реформите коишто се неопходни. -Ова е суштински момент за проширувањето во склоп на Европската унија и пошироко. Мислам дека секој што ги следи случувањата во самата ЕУ, не би можел да го испушти ова чувство на итност, динамика и движечка сила за прашањето на проширувањето. Ова се одразува и во неодамнешната декларација што произлезе од Самитот во Гранада што го опиша проширувањето како геостратешка инвестиција на Европската унија во мирот, безбедноста, сигурноста и просперитетот, рече Гир попладнево на Третата сесија во рамки на Конференцијата за меѓупарламентарен дијалог за понатамошно унапредување на европската интеграција на Западен Балкан. Задачата на земјите кои сакаат да бидат дел од ЕУ, како што посочи Гир, е да ги комплетираат неоходните реформи кои се од суштинско значење - владеење на правото, реформата на јавната администрација и почитувањето на човековите права. - Владеењето на правото е особено важна област каде не смее да постои компромис или кратење на процесите. Денеска, во Северна Македонија има навистина жива дискусија за овие прашања. Ова е нешто што се случува низ целиот Западен Балкан, рече Гир. Целта на вистинските реформи, како што нагласи, не е само да е задоволна Европската унија, туку и да се создаде основа за просперитет, стабилност, демократија и безбедност. - Од наша страна, ние имаме домашна задача што треба да ја завршиме. Ако не зборуваме за реформи во Европската унија, тогаш не пристапуваме сериозно кон прашањето за проширувањето и затоа мислам дека во Европската унија не може да се почне од реформите, па потоа да се оди кон проширувањето, туку да работиме паралелно за да се подготвиме за иднината заедно со Западен Балкан во Европската унија, рече евроамбасадорот Гир. дебата собрание Според Александар Николоски, претседател на Националниот совет за евроинтеграции и член на Делегацијата на Северна Македонија во ПССЕ, потребно е стратешко партнерство меѓу Европската унија и Советот на Европа во однос на заедничките вредности што со цел, како што рече, да се интензивира политичкиот дијалог и да се забрза европската перспектива на Западен Балкан. -Посилната соработка ќе овозможи исто така подобро искористување на сите можности што ги дава Советот на Европа кој имасериозна експертиза пред се во делот на владеењето на правото, демократијата и човековите права, неслучајно и Европскиот суд за човекови права е под надлежност на Советот на Европа, рече Николоски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gir-zemjite-koi-sakaat-da-stanat-chlenki-na-eu-treba-da-gi-napravat-reformite-koi-se-neophodni/feed/ 0
Детектор: Македонија назадува во спроведувањето на реформите потребни за да го стигнеме европскиот стандард https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedonija-nazaduva-vo-sproveduvaneto-na-reformite-potrebni-za-da-go-stigneme-evropskiot-standard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedonija-nazaduva-vo-sproveduvaneto-na-reformite-potrebni-za-da-go-stigneme-evropskiot-standard/#respond Sun, 04 Jun 2023 15:05:08 +0000 https://kurir.mk/?p=841946

Мнозинството граѓани сметаат дека Северна Македонија назадува во спроведувањето на реформите за постигнување на европските стандарди истовремено изразувајќи свесност дека стартот на преговорите со Европската Унија нема да ни ги реши домашните проблеми, покажуваат резултатите од анкетата што за емисијата Детектор на ТВ Сител ги спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Според неа, 42,6 отсто од граѓаните сметаат дека во последните неколку години има уназадување во однос на реформите потребни за постигнување на европските стандарди, 15,4% од анкетираните гледаат напредок, а 31,6% се на ставот дека нема никакви промени. Гледано по етнички групи 53,8% од Македонците сметаат дека има уназадување, додека само 7,7% напредок, а 29,5% од анкетираните Македонци не гледаат никаква промена. Кај етничките Албанци мнозинството или 38,7% регистрирале напредок во реформите за постигнување на европските стандарди додека 38,3% не гледаат никаков напредок. Само 8,8% од Албанците сметаат дека земјава назадува во спроведувањето на потребните реформи. Гледано по возрасни групи, уназадување во најголем дел регистрираат граѓаните меѓу 40 и 49 години, а во најмал најмладите на возраст од 18 до 29 години. За мнозинството граѓани, стартот на преговорите со ЕУ не треба да биде пречка за спроведување на реформите. Од анкетираните, 54% сметаат дека реформите може да се спроведуваат без разлика дали земјава ги почнала преговорите со официјален Брисел додека 19,4% од граѓаните се на ставот дека прво мора да почнеме преговори за да може да се спроведуваат неопходните реформи. Мнозинството граѓани сметаат дека со стартот на преговорите нема да се решат проблемите кои земјава ги има во однос на здравството, образованието, судството и останатите области. Ваков став делат 53,7% од анкетираните додека 33,1% се на ставот дека со стартот на преговорите овие проблеми ќе се решат. И за ова прашање Македонците и етничките Албанци имаат сосема различни ставови. Додека 60,3% од Македонците сметаат дека стартот на преговорите со ЕУ нема да ни ги реши проблемите дури 51,7% од етничките Албанци се убедени во спротивното. -По возрасни групи нема некоја голема разлика во ставовите, иако како што расте возраста на испитаниците така расте и нивната убеденост дека со стартот на преговорите во ЕУ нема да се решат проблемите кои Македонија ги има во образованието, судството, здравството и.т.н., посочуваат резултатите. Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/detektor-makedonija-nazaduva-vo-sproveduvaneto-na-reformite-potrebni-za-da-go-stigneme-evropskiot-standard/feed/ 0
Дејвид Гир: Реформите да се забрзаат, а процесот на уставни измени да се демистифицира https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/#respond Fri, 26 May 2023 12:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=839068

Процесот на реформи и нивното импелемнтирање треба да се движи многу брзо. Динамиката на спроведувањето реформите не е толку брза како што ние би сакале. Што се однесува до уставните измени прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Со самото придвижување напред, вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Крушево. На новинарското прашање за процесот на реформите и за процесот на уставните измени, евроамбасадорот Гир рече дека живееме во извонреден момент во историјата на целиот свет, поради војната што се случува во Украина, која всушност значи засилување на процесот на проширување на Европската унија. Земјата, според него, има огромна можност и можноста што се нуди не треба да се прошушти. -Ако земјата сака да се зачлени во ЕУ, тој процес на реформи треба да се движи многу брзо, што значи дека многу брзо треба да се имплементираат реформите кои, првенствено, се во интерес на граѓаните и, се разбира, тие се во интерес на придобивките кои самата земја и граѓаните ќе ги почувствуваат кога ќе станат членка на ЕУ. Динамиката на спроведувањето на тие реформи не е толку брза како што ние би сакале. Таа динамика на реформите треба да биде многу брза, многу подинамична и тој процес на реформи бара сите чинители во земјата, вклучително и сите политички партии да седнат заедно и да се согласат дека тоа е врвен приоритет за земјата за да може што поскоро да се зачлени во ЕУ, изјави евроамбасадорот Гир. Што се однесува до уставните измени, прво што треба да се направи е да се демистифицира сиот тој процес. Всушност, вели Гир, со самото придвижување напред земјава не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. -Првата работа што сакам да ја потенцирам, а се однесува на уставните амандмани, тоа е суверена одлука што треба да се носи од самата земја. Треба да се разгледаат сите предлози кои ќе произлезат од работната група за уставните амандмани и, всушност, да се направи, да се објасни експлицитно тоа што стои имплицитно во самиот устав за да можат луѓето кои се самоидентификуваат како Бугари да бидат вклучени во уставот. Всушност, со самото придвижување напред вашата земја не го губи идентитетот, не го губи јазикот, ниту пак историјата. Искуството од тие земји кои се зачлениле во Унијата е токму спротивното. Како што земјата напредува во тој пат кон ЕУ, всушност како зајакнува како земја, така и идентитетот и јазикот на земјата во рамките на Европската унија се засилуваат, изјави Гир. Според евроамбасадорот, РС Македонија има огромна можност и таа не треба да се пропушти. - Напротив, земјата треба да се придвижи напред кон ЕУ што е можно побрзо, зашто ова е цел која е реалистична и достижна, рече Гир одговарајќи на новинарско прашање при денешниот престој во Крушево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dejvid-gir-reformite-da-se-zabrzaat-a-protsesot-na-ustavni-izmeni-da-se-demistifitsira/feed/ 0
Продолжија протестите во Израел против судските реформи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhija-protestite-vo-izrael-protiv-sudskite-reformi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhija-protestite-vo-izrael-protiv-sudskite-reformi/#respond Sun, 23 Apr 2023 08:55:49 +0000 https://kurir.mk/?p=826569

Десетици илјади демонстранти се собраа синоќа во Тел Авив и во други градови низ Израел за да изразат противење на контроверзниот план за судски реформи на Владата на екстремната десница на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Масовни протести се одржаа 16-та сабота по ред и тоа пред 75-годишнината од основањето на еврејската држава. Планот на Владата на Нетанјаху да го ослабе Врховниот суд предизвика гнев кај Израелците кои тоа го гледаат како напад врз системот на контрола и рамнотежа на власта и закана за демократијата. Протестите ги парализираа израелските градови во март, па Нетанјаху беше принуден да го одложи спроведувањето на реформскиот план со надеж дека ќе се најде компромис. Противниците, сепак, не се откажаа од протестите и бараат планот воопшто да не се спроведува. Доколку бидат усвоени, судските реформи ќе му овозможат на Нетанјаху, кому му се суди за корупција, и на неговите коалициски партнери, да го имаат последниот збор при назначувањето на судиите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodolzhija-protestite-vo-izrael-protiv-sudskite-reformi/feed/ 0
Коалицискиот партнер на СДСМ, Зајкова: Нема реформи во правосудниот систем бидејќи на некој му одговора овој хаос за да нема одговорност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalitsiskiot-partner-na-sdsm-zajkova-nema-reformi-vo-pravosudniot-sistem-bidejki-na-nekoj-mu-odgovora-ovoj-haos-za-da-nema-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalitsiskiot-partner-na-sdsm-zajkova-nema-reformi-vo-pravosudniot-sistem-bidejki-na-nekoj-mu-odgovora-ovoj-haos-za-da-nema-odgovornost/#respond Wed, 01 Feb 2023 21:29:53 +0000 https://kurir.mk/?p=794895

Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, коалициски партнер на СДСМ и ДУИ во емисијата Анализа на телевизија 24 призна дека владата не спроведува реформи во правосудниот систем бидејќи како што рече таа на некому му одговора ваквиот хаос се со цел да нема одговорност. За правосудството само зборуваме но никој не сака да направи ништо бидејќи по она што можам да го сфатам сега од оваа позиција е дека на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност, рече Зајкова. Зајкова додаде дека како резултат на катастрофален систем, секој ден по еден млад човек се иселува од државата, што практично призна дека владата на СДСМ и ДУИ не презема ништо за масовното иселување на младите. Не гледаме никакви суштински реформи кои се преземаат. Туку гледаме од година во година само дека системот тоне од надоле. Се согласувам со Наум е дека секој ден по еден млад човек ни се иселува од државата и тоа треба да не загрижува и треба стварно за одредени ресори да најдеме консензус и да направиме суштински реформи, изјави Зајкова, претседателка на ЛДП.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/koalitsiskiot-partner-na-sdsm-zajkova-nema-reformi-vo-pravosudniot-sistem-bidejki-na-nekoj-mu-odgovora-ovoj-haos-za-da-nema-odgovornost/feed/ 0
Шведската влада донесе нова реформска стратегија за Западен Балкан и Турција за периодот 2021-2027 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedskata-vlada-donese-nova-reformska-strategija-za-zapaden-balkan-i-turcija-za-periodot-2021-2027/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedskata-vlada-donese-nova-reformska-strategija-za-zapaden-balkan-i-turcija-za-periodot-2021-2027/#respond Fri, 08 Oct 2021 08:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=575224

Шведската влада вчера донесе нова седумгодишна стратегија за реформска соработка помеѓу Шведска и Западен Балкан и Турција. Постојаната соработка со земјите од регионот има цел да ги зајакне условите за демократски и инклузивен развој. Соработката со Западен Балкан ги вклучува Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора. Како што соопшти Шведската амбасада во Скопје, преку новата стратегија Шведска ќе ја интензивира својата работа во областа на човековите права, демократијата, владеењето на правото, родовата еднаквост, инклузивниот економски развој и заштитата на животната средина и борбата со климатските промени. Исто така, шведската поддршка ќе се фокусира и на миротворни и инклузивни општества и ќе гради широки и долгорочни односи помеѓу Шведска и земјите од регионот. – Развојот на соседството на ЕУ е од важност за Шведска и за Европската Унија и дека во интерес на Шведска е да продолжи соработката со земјите од Западен Балкан со цел да придонесе кон демократскиот развој со фокус на почитувањето на човековите права, родовата еднаквост и владеењето на правото, изјави Пер Олсон Фрид, министер за меѓународна развојна соработка. Како што наведува Амбасадата, Шведска е еден од најголемите билатерални донатори во земјите од Западен Балкан. Шведската поддршка ја надополнува работата на ЕУ во областите кои се приоритетни за Шведска. Согласно стратегијата, Шведска ќе продолжи да придонесува кон поддршката на ЕУ наменета за земјите од регионот во нивните реформски агенди и во нивното приближување кон ЕУ. Поддршката за граѓанското општество е од клучно значење за демократскиот развој и за шведската поддршка на земјите, што е одразено и во стратегијата. Стратегијата за реформската соработка ја донесува шведската влада, но ја спроведува Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Сида, Шведскиот институт, Академијата „Фолке Бернадоте“ и Генералниот конзулат на Шведска во Истанбул. – Финансирањето на новата стратегија за периодот 2021-2027 изнесува 5,6 милијарди шведски круни, од кои 5 милијарди шведски круни се наменети за земјите од Западен Балкан, а 0,6 милијарди шведски круни за Турција. Во Република Македонија Шведска ќе иницира инклузивен процес за операционализација на новата стратегија. Амбасада на Шведска ќе упати покана до разните чинители да учествуваат во овој процес, на е-пошта: [email protected], информира Амбасадата на Шведска во Скопје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shvedskata-vlada-donese-nova-reformska-strategija-za-zapaden-balkan-i-turcija-za-periodot-2021-2027/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе вистински реформи во образованието кои ќе значат подигање на дигнитетот на наставниците и зачувување на предметите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedi-vistinski-reformi-vo-obrazovanieto-koi-kje-znachat-podiganje-na-dignitetot-na-nastavnicite-i-zachuvuvanje-na-predmetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedi-vistinski-reformi-vo-obrazovanieto-koi-kje-znachat-podiganje-na-dignitetot-na-nastavnicite-i-zachuvuvanje-na-predmetite/#respond Fri, 09 Jul 2021 08:51:25 +0000 https://kurir.mk/?p=534294

Вчера вечер ВМРО-ДПМНЕ организираше трибини на тема состојбите во образованието на кои говореа проф. д-р Весна Јаневска, вон. Проф. Томе Димовски, проф. д-р Никита Шекутовски, и доц. Д-р Викторија Трајков. Пред присутните проф. д-р Јаневска која воедно е и претседател на Комисијата за образование на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе спроведе вистински реформи во образованието кои ќе значат подигање на дигнитетот на наставниците и зачувување на посебните предмети. -Ќе спроведуваме вистински реформи со зачувани посебни предмети, ќе го вратиме дигнитетот на наставниците, не де откажуваме од идентитетот, јазикот, културата. Потрошените средства од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ се видливи. ВМРО-ДПМНЕ е државнотворна партија која ја негува културата традицијата и историјата а СДСМ ја распродава. Ќе ги блокираме сите закони кои сметаме дека се штетни. ВМРО-ДПМНЕ го слуша гласот на народот додека СДСМ се раководи од гласот на парите., децидна е Јаневска. Според проф. д-р Димовски дигитализацијата која ја најави Мила Царовска значи дискриминација, додека пак проф. д-р Шекутковски пред присутните посочи дека толку се неспособни што ниту државната матура не можат да ја спроведат. Доц. д-р Викторија Трајков пак рече дека со непостоечки достигнувања, непостоечки публикации, непостоечка цитираност на нивните ,,мудри“ мисли кои претпоставено ги имаат, не можат да бидат луѓе кои ќе сменат нешто на подобро. На трибината беше присутна и пратеничката во Собранието проф. д-р Силвана Ангелевска која додаде дека во собранието се води вистинска битка против штетните реформи на царовска, се злоупотребува европското знаменце за носење на закони по скратена постапка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-kje-sprovedi-vistinski-reformi-vo-obrazovanieto-koi-kje-znachat-podiganje-na-dignitetot-na-nastavnicite-i-zachuvuvanje-na-predmetite/feed/ 0
Родителите не прифаќаат децата да им учат од ПДФ скрипти, отпорот го конкретизираат со референдум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-ne-prifakjaat-decata-da-im-uchat-od-pdf-skripti-otporot-go-konkretiziraat-so-referendum/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-ne-prifakjaat-decata-da-im-uchat-od-pdf-skripti-otporot-go-konkretiziraat-so-referendum/#respond Tue, 25 May 2021 11:08:31 +0000 https://kurir.mk/?p=514846

Родителите не прифаќаат нивните деца да учат од дигитални учебници, кои ќе бидат во ПДФ формат и со големина колку една скрипта. Отпорот против, таканаречениот нов концепт, кој од учебната 2021-2022 година, во македонското образование планира да го инсталира министерката за образование, Мила Царовска веќе се конкретизира со иницијатива за референдумско изјаснување. Од групата на граѓани здружени во преку социјалните мрежи во неформална група „Учебници и настава мора да има“, преку подрачните единици на Државна изборна комисија, покренаа иницијатива за собирање потписи за организирање референдум за реформите во образованието. Драгана Спасевска, која се води како претставник на Фејсбук групата „Учебници и настава мора да има“ која брои скоро 80 илјади членови извести дека во име на граѓанската иницијатива поднесено е барање до ДИК за распишување референдум за дигиталните учебници. Од денеска до четврток треба да соберат 100 потписи за да се прифати оваа иницијатива. Граѓаните ќе можат да го дадат својот потпис во подрачните одделенија во Центар и во Битола. Иницијативата за референдум против реформите во образование доаѓа по одбивањето на министерката Мила Царовска да се средни со нив и да ги слушне нивните забелешки и аргументи против истите, и нејзината одлучност по секоја цена да ја имплементира нова концепција која предвидува учениците од четврто до деветто одделение и средношколците, класичните печатени учебници да ги заменат со дигитални. Исто така се предвидува и спојување на неколку предмети во еден, со што би се намалила можноста за изучување и совладување на материјата по индивидуалните предмети, а исто така концепцијата предвидува сеопфатно сексуално образование. Во однос на најавите за замена на хартиените печатени учебници со дигитални во ПДФ формат во големина на една скрипта, освен родителите се спротивставија и голем број општествени дејци, државници и организации. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ на чело со претседателот, Христијан Мицкоски остро се спротивставуваат на оваа идеја, потенцирајќи сека тие не се против дигитализација на образованието, кое е сосема спротивно од воведување само на дигитални учебници, но дека се против реформата да се одвива на тој начин, затоа што тоа предизвикува дискриминација на кај учениците бидејќи над 20 илјади ученици немаат ИТ уреди преку кој требаше годинава да следат онлајн настава. - Дигитализација не претставува PDF формат на учебник, туку дигитализација претставува мултимедијална интеракција со компјутерот. И ние го имавме тоа предвидено во програмата, но ги имавме предвидено и учебниците, оние ученици што не можат од определени причини, не само поради недостаток на хардвер или компјутер, можеби поради здравствени причини некое дете не може да седи пред компјутер и да помине осум часа и на тој начин да ја следи наставата и да се надградува. Развојот на моториката на децата е со читање на книга, со пишување. Тоа се моменти кои овие политичари, за жал водејќи се од провизии и квази реформи, ги забораваат. И она што е најсуштински проблем за нас кај овие политичари, е тоа што не прават суштинска анализа, туку носат политика, па потоа ги гледаат негативните последици од истата, пишува на Фејсбук Мицкоски. Од друга страна, вчера во својата честитката по повод Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј, македонскиот претседател Стево Пендаровски, го цитираше Свети Кирил каде што вели дека без книга сите народи се голи и подложни на асимилација и исчезнување, со што како да сака да му прати порака на извршната која планира да го реформира образованието. - Св. Кирил вели дека „без книга сите народи се голи“ и подложни на асимилација и исчезнување. Создавајќи ја првата пишана словенска азбука – глаголицата и преведувајќи го Светото писмо и другите црковни и световни текстови на старословенски јазик, светите браќа отворија нови просветни, духовни и културни видици за словенските народи во Европа. Со тоа Св. Кирил и Методиј на словенските народи им го дадоа клучот за самоидентификација и самоопределување низ вековите. Бранејќи го фундаменталното право на словенските народи на свој јазик и писменост, Св. Кирил и Методиј се изборија и за достоинството на различноста како суштинска европска вредност, стои во честитката на претседателот на Републиката, Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/roditelite-ne-prifakjaat-decata-da-im-uchat-od-pdf-skripti-otporot-go-konkretiziraat-so-referendum/feed/ 0
Митева: Реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, одат директно на штета на државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformite-nemaat-za-cel-podobruvanje-na-obrazovniot-proces-odat-direktno-na-shteta-na-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformite-nemaat-za-cel-podobruvanje-na-obrazovniot-proces-odat-direktno-na-shteta-na-drzavata/#respond Mon, 24 May 2021 14:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=514482

Долго време наназад предупредувавме дека реформите во образованието се погрешни и несправедливи во пракса. Исто така, предупредувавме дека реформите немаат за цел подобрување на образовниот процес, напротив станува збор за задоволување на туѓи потреби, коментира Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение следува нејзиниот коментар:  Во наставните програми за I и IV одделение преку темата мојата држава се предвидува учениците да градат некаков идентитет на граѓанин. Тенденцијата е јасна, да се сруши односот спрема нашата држава Република Македонија. Нема план за развој, нема долгорочна стратегија за образованието. Напротив, на сила се спроведува реформа која оди директно на штета на образовниот процес и воопшто на штета на државата. Додека универзитетски професори, наставници, академици и родители се спротивставуваат на ваквите реформи, Царовска упорна во своите намери продолжува да објавува кратки рокови за изработка на учебници, како да станува збор за пишување на семинарска работа, а не за учебник. Всушност, ако добро забележавте конкурсот е за избор на автори кои ќе подготват материјали и прирачници за учење, а не за учебници како основно средство за едукација. Овие таканаречени реформи се предвидени и осмислени само од Царовска и неколкумина околу неа, немаме никаква дебата во општеството, а уште помалку се слуша гласот на најзасегнатите. А, гаранција за вистински реформи е кога една политичка партија дели исти ставови со граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-reformite-nemaat-za-cel-podobruvanje-na-obrazovniot-proces-odat-direktno-na-shteta-na-drzavata/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никакво менување на учебниците, притисокот од страна нека го прават во Бугарија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-nema-da-dozvoli-nikakvo-menuvanje-na-uchebnicite-pritisokot-od-strana-neka-go-pravat-vo-bugarija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-nema-da-dozvoli-nikakvo-menuvanje-na-uchebnicite-pritisokot-od-strana-neka-go-pravat-vo-bugarija/#respond Fri, 21 May 2021 07:55:12 +0000 https://kurir.mk/?p=513158

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за неделникот „Фокус“ посочи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи никакво менување учебниците, а притисокот од страна нека го прават во Бугарија. „Очекувам целосна дипломатска офанзива од ЕУ врз Бугарија, затоа што ако се фокусираат врз македонските политичари, нема да има успех. Ние нема да го дозволиме тоа во Парламентот и ќе бидеме против каква било нова промена во учебниците. Не може во 21 век, историјата да ни биде пречка за иднината. Не очекувам дека Македонија ќе се раздели од Албанија. Има земји членки што нема да го дозволат тоа. Замислете каков парадокс доживеавме. Ако пред три години, ние критикувавме што бевме ставени во група со Албанија, сега не сакаме да се отпуштиме по ниту една цена. Еве до каде нѐ дотераа. Срам, понижување, буквално распродавање на сето она што со години е градено“, рече Мицкоски. Мицкоски додаде дека Заев, Димитров и останатите од власта не покажаа зрелост во преговорите. На овие луѓе им се брзаше и ги пренесоа „жедни преку вода“. „Денеска секој преку грбот на Македонија се обидува да си ги реши своите историски проблеми. Ние сме денес исправени пред невозможна мисија. Историјата да ни е критериум за влез во ЕУ. Ние во 21 век треба да бараме решенија за проблеми од 19 век. Тоа не е нормално. Ама, тоа е сѐ заслуга на овој брзоплет политичар“, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-nema-da-dozvoli-nikakvo-menuvanje-na-uchebnicite-pritisokot-od-strana-neka-go-pravat-vo-bugarija/feed/ 0