регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 29 Sep 2023 07:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png регион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Продолжува потрагата по пилотот од хеликоптерот што се урна во северниот дел на грчкиот остров Евија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/#respond Fri, 29 Sep 2023 07:14:04 +0000 https://kurir.mk/?p=883084

Спасувачките екипи од Крајбрежната служба на Грција и денеска, во море, на копно и од воздух, продолжуваат со потрагата на пилотот и приватниот хеликоптер, што вчера се урна во морето во северниот дел на грчкиот остров Евија, подрачјето што беше зафатено од невреме, јави дописничката на МИА од Атина. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека во потрагата по единствениот патник во хеликоптерот, 69-годишниот пилот, учествуваат четири патролни чамци, две патролни возила од копно, по еден хеликоптер од военото воздухопловство и воената морнарица, два чамци и морско такси. Вчера околу 10 часот наутро, хеликоптерот полетал од местото Мантуди на Евија полетал кон индустриската област во Волос, меѓутоа кусо по полетувањето се загубила комуникацијата и започна спасувачката акција, по што подоцна беше потврдено дека паднал во морскиот дел на северот на Евија. Хеликоптерот се урна во период кога островот беше зафатен од невремето „Илиас“, што предизвика проблеми и материјална штета не само на Евија, туку и во поширокиот регион на областа Магнисија и градот Волос. Според Противпожарната служба на Грција во Магнисија, од пладневните часови во средата заклучно до денеска примиле 1.820 повици за помош, а 312 лица биле пренесени на безбедни локации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prodolzhuva-potragata-po-pilotot-od-helikopterot-shto-se-urna-vo-severniot-del-na-grchkiot-ostrov-evija/feed/ 0
Европската комисија покренува инвестициски пакет во вредност од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/#respond Fri, 30 Jun 2023 19:42:33 +0000 https://kurir.mk/?p=851380

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ за Западен Балкан. Проектите се подготвени во тесна соработка со партнерите од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции со цел да се забрза европската перспектива на регионот. Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, рече: „Со овој нов инвестициски пакет испраќаме гласна и јасна порака до нашите партнери од Западен Балкан: нивната иднина е во ЕУ и ние правиме постојан напредок за да го затвориме јазот во економскиот развој. Овие проекти подобро ќе го поврзат регионот одвнатре и со ЕУ, ќе помогнат во декарбонизацијата на нивните економии и ќе ја поддржат конкурентноста на приватниот сектор во регионот. Сега, ги повикувам нашите партнери од Западен Балкан и меѓународните финансиски институции да ги реализираат овие проекти што е можно поскоро за граѓаните и бизнисите во регионот да можат да ги искористат придобивките од овие инвестиции“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/evropskata-komisija-pokrenuva-investitsiski-paket-vo-vrednost-od-2-1-milijardi-evra-za-zapaden-balkan/feed/ 0
Гувернерот на Луганск вели дека Русија контролира 80 отсто од регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/#respond Thu, 21 Apr 2022 13:23:45 +0000 https://kurir.mk/?p=666580

Гувернерот на Луганск, Сергеј Хајдај соопшти дека руските сили сега контролираат 80 отсто од украинскиот регион. Хајдај вели дека руските трупи успеале да остварат контрола врз поголем дел од регионот, како и дека по заземањето на малиот град Кремина сега се пред градовите Рубижне и Попасна. Пред руската извазија украинските власти контролираа 60 проценти од регионот Луганск – една од двете области што го сочинуваат Донбас. „Окупаторот контролира само делови од тие градови, неможејќи да се пробие до централните градски подрачја“, соопшти Хајдај преку објавата на апликацијата „Телеграм“. Аналитичарите проценуваат дека офанзивата во источниот дел на Украина би можела да стане исцрпувачка оттаму што руската армија таму е соочена со најискусните трупи на Украина кои осум години се борат со промосковските сепаратисти во Донбас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guvernerot-na-lugansk-veli-deka-rusija-kontrolira-80-otsto-od-regionot/feed/ 0
Пронајдени над 1.200 тела во регионот Киев, тврди украинската главна обвинителка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/#respond Sun, 10 Apr 2022 15:34:42 +0000 https://kurir.mk/?p=660923

Украинската јавна обвинителка Ирина Венедиктова денеска изјави дека досега се пронајдени 1.222 тела во регионот околу главниот град Киев. „Пронајдовме 1.222 мртви само во регионот на Киев“, изјави Венедиктова во интервју за британски „Скај њуз“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pronajdeni-nad-1-200-tela-vo-regionot-kiev-tvrdi-ukrainskata-glavna-obvinitelka/feed/ 0
ЛИТАР ГОРИВО ДО 120 ДЕНАРИ: Каде во регионот има најевтини, а каде најскапи дизел и бензин? https://arhiva.kurir.mk/svet/region/litar-gorivo-do-120-denari-kade-vo-regionot-ima-najevtini-a-kade-najskapi-dizel-i-benzin/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/litar-gorivo-do-120-denari-kade-vo-regionot-ima-najevtini-a-kade-najskapi-dizel-i-benzin/#respond Tue, 15 Mar 2022 06:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=647264

Цената на нафтата на светскиот пазар деновиве благо опаѓа. Во однос на 130 долари, колку што чинеше барел пред една недела, сегашните цени, кои се движат под 110 долари, многумина ги поздравуваат. Но, она што граѓаните го плаќаат деновиве во околните земји е далеку поскапо од пред само две недели. Здружението на нафтени компании на Србија објави детален преглед на цените на горивата во 11 земји во регионот. Гледајќи ги цените на дизелот, бензините и гасот, лесно може да се заклучи дека ценовниците добро се разликуваат дури и во соседните земји. Грција е на чело кога се во прашање цените на бензинот и дизелот. Претворен во денари, литар бензин во Грција чини 119 дeнари. Во исто време, гасот е најскап во Хрватска, пишува српски „Блиц“. Цена на бензинот Грција 1, 94 евра Албанија 1,62 евра Хрватска 1,57 евра Црна Гора 1,54 евра Романија 1,5 евра Србија 1,45 евра Бугарија 1,39 Македонија 1,36 евра БиХ 1,3 евра Унгарија 1,22 евра Кога станува збор за дизелот, просечната цена во регионот e 1,44 евра. Највисока цена е забележана во Грција, а најниска во Македонија и Унгарија. Цена на дизелот Грција 1,68 евра Албанија 1,61 евро Хрватска 1,54 евра Србија 1,52 евра Романија 1,48 евра Словенија 1,47 евра Црна Гора 1,43 евра Бугарија 1,37 евра БиХ 1,29 евра Македонија 1,22 евра Унгарија 1 22 евра Просечната цена на автогасот или ТНГ во регионот е 0,79 евра. Највисока е во Хрватска, а најниска во Македонија Цена на автогас Хрватска 0,87 евра Словенија 0, 86 евра Унгарија 0, 84 евра Србија 0,81 евра БиХ 0,78 евра Романија 0,770 евра Албанија 0, 767 евра Црна Гора 0,75 евра Бугарија 0,75 евра Македонија 0,71 евро]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/litar-gorivo-do-120-denari-kade-vo-regionot-ima-najevtini-a-kade-najskapi-dizel-i-benzin/feed/ 0
Активни над 9000 КОВИД-случаи во земјава, каква е состојбата со коронавирусот во регионот и светот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/#respond Sun, 09 Jan 2022 08:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=617117

Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301. Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6531 тест, 470 се во Скопје. Од последици од КОВИД-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8023. Од почетокот на епидемијата бројот на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја достигна 232 068, а оздравени се 214 506 пациенти. Во светот надмина 300 милиони вкупниот број регистрирани КОВИД-случаи. Тоа се должи на новите рекорди на инфицирани во десетици земји во текот на минатата недела поради брзото ширење на сојот омикрон. Во изминатите седум дена, 34 земји го регистрирале својот најголем број неделни случаи од почетокот на пандемијата, вклучувајќи 18 нации во Европа и седум во Африка. Омикрон предизвика голем скок на инфекции и приеми во болница. Бројот на КОВИД-пациенти во Велика Британија се искачи на 18 454 во четвртокот, двојно повеќе во однос на две недели претходно. Поради зголемувањето на отсуствата на вработени во британските болници, армијата веќе му помага на медицинскиот персонал. И во регионот се преземаат нови мерки за справување со КОВИД-кризата поради брзото ширење на позаразниот сој на коронавирусот. Од три региони во северниот дел на Грција в среда ќе почне мобилизација на приватни лекари, кои еден месец ќе помагаат во државните болници во борбата со пандемијата. Грчките болници се соочуваат со сериозни проблеми и недостиг на персонал со оглед на тоа што околу 2500 здравствени работници се во карантин поради зараза со КОВИД-19. Во карантин во Грција се и околу 2000 полицајци. Средношколците во Војводина, пак, од утре, кога треба да го почнат второто полугодие, ќе ја следат наставата на далечина поради зголемениот број новозарзени со омикрон. Во Италија вчера стапи во сила задолжителна вакцинација против коронавирус за Италијанците над 50-годишна возраст. Оние кои до крајот на месецов не се вакцинирале, примиле втора доза или „бустер“ доза, од 1 февруари ќе бидат казнети со 100 евра. Мерката ќе биде во сила до 15 јуни и ќе важи за сите жители на возраст над 50 години, вклучително и за странски државјани. Филипинскиот претседател Родриго Дутерте во телевизиско обраќање пред два дена се закани дека невакцинираните луѓе ќе бидат приведени доколку не ја послушаат наредбата да останат дома откако во државата е потврден најголем број новозаразени во изминатите три месеци. Вкупниот број на инфекции во таа земја е над 2,88 милиони и има повеќе од 51 700 смртни случаи. По Индонезија, тоа е втор најголем број заразени и починати со КОВИД-19 во Југоисточна Азија. Највисока стапка на смртност од коронавирус во светот има Перу и е на врвот по вкупни смртни случаи од КОВИД-19 по глава на жител. Земјата со 33 милиони жители има повеќе од 6000 на милион починати од болеста. Во таа јужноамериканска земја повеќе од 202 900 луѓе починале од почетокот на пандемијата. Владата на Перу соопшти дека КОВИД-19 убил најмалку еден родител или примарен старател на речиси 98 000 деца во земјата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aktivni-nad-9000-kovid-sluchai-vo-zemjava-kakva-e-sostojbata-so-koronavirusot-vo-regionot-i-svetot/feed/ 0
СЕ БАРААТ НОВИ МЕРКИ ЗА ТЕТОВО И РЕГИОНОТ ПОРАДИ КОВИД-19: Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/#respond Sat, 07 Aug 2021 09:14:15 +0000 https://kurir.mk/?p=547535

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19. Состојбата во Тетово е крајно сериозна и новиот бран е веќе пристигнат, а тоа беше за очекување бидејќи состојбата е слична секаде во регионот. Летните одмори донесоа голема фреквенција на движење и тоа беше очекувано, оттука мора да се вратат одредени мерки на сила за да се спречи поголемо ширење на вирусот. Анализите кои беа изработени изминативе денови од страна на ИЈЗ укажуваат дека, вирусот пред се се шири кај невакцинираните, над 90% од новите случаи се невакцинирани граѓани. Од друга страна опфатот со вакцинација е под 20% во Тетово. Како кластери каде најбрзо се шири вирусот се свадби и прослави на затворено кои ги има многу во овој регион,а според информациите на локално ниво воопшто не се почитуваат мерките за превенција, пред се носење маски на затворено. Министерот и членовите на Комисијата на ГККШ ги предложуваат следните мерки и рестрикции: -Забрана за одржување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна. -Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица. -Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено. - Зсилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите. Од анализата на ИЈЗ за изминатиов период само 11 пациенти досега се воопшто хоспитализирани кои биле целосно вакцинирани, само 167 воопшто се инфицирале од преку 400.000 вакцинирани граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-baraat-novi-merki-za-tetovo-i-regionot-poradi-kovid-19-zabrana-za-odrzuvanje-na-site-masovni-nastani-na-zatvoreno-svadbi-proslavi/feed/ 0
ОВА ДЕФИНИТИВНО Е НАЈАТРАКТИВНАТА ПОЛИЦАЈКА ВО РЕГИОНОТ: Од убавината на Лидија никој нема да остане рамнодушен (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-definitivno-e-najatraktivnata-policajka-vo-regionot-od-ubavinata-na-lidija-nikoj-nema-da-ostane-ramnodushen-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-definitivno-e-najatraktivnata-policajka-vo-regionot-od-ubavinata-na-lidija-nikoj-nema-da-ostane-ramnodushen-foto-video/#respond Mon, 05 Jul 2021 12:42:09 +0000 https://kurir.mk/?p=532244

Атрактивната плавуша Лидија Такач преку ноќ стана на ѕвезда на социјалните мрежи отккако во медиумите беше претставена за најубава српска полицајка. Таа на социјалната мрежа на Инстаграм има околу 170.000 следбеници кои и се восхитуваат на нејзиниот изглед и убавина. Таа доста фотогенична, а обожава да се фотографира и во полициска униформа, која дополнително ја прави уште по сексапилна. Во последно време за овие топли летни денови, убавата полицајка објавува и провокативни фотографии во бикини, од кои секој маж би останал без здив. Слободно може да се кажи дека Лидија, како во костим за капење, така и во униформа изгледа феномнално и предизвикувачки, при што со сигурност никој нема да остане рамнодушен на нејзината убавина. Во продолжение погледнете ги провокативните фотографии и видеа, од атрактивната српска полицајка:
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ova-definitivno-e-najatraktivnata-policajka-vo-regionot-od-ubavinata-na-lidija-nikoj-nema-da-ostane-ramnodushen-foto-video/feed/ 0
УБАВА ВЕСТ ЗА СИТЕ ШТО ЌЕ ПАТУВААТ НАДВОР: Од 1 јули се укинува роамингот на Западен Балкан https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubava-vest-za-site-shto-kje-patuvaat-nadvor-od-1-juli-se-ukinuva-roamingot-na-zapaden-balkan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubava-vest-za-site-shto-kje-patuvaat-nadvor-od-1-juli-se-ukinuva-roamingot-na-zapaden-balkan/#respond Tue, 29 Jun 2021 16:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=529506

Од четврток се укинува роамингот помеѓу Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Албанија. Тоа во изјава за српски медиуми го потврди помошникот министер за трговија, туризам и телекомуникации на Србија, Милан Добријевиќ. „Ова е последната фаза од спроведувањето на договорот склучен во Белград во април 2019 година и во таа последна фаза, чија имплементација започнува на 1 јули, ние целосно ќе го укинеме роамингот на Западен Балкан. Тоа значи дека цените за СМС пораки и користените податоци на мобилните мрежи во националниот сообраќај ќе бидат идентични на територијата на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија и Србија“, нагласи Добријевиќ. Тој потенцираше дека цените на услугите за мобилна телефонија се изедначени за сите споменати земји, но ги замоли граѓаните да ги информираат своите оператори за деталите пред патувањето поради различните пакет-услуги што ги имаат, со цел да се избегнат недоразбирања и непријатности.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ubava-vest-za-site-shto-kje-patuvaat-nadvor-od-1-juli-se-ukinuva-roamingot-na-zapaden-balkan/feed/ 0
Хрватска е против промената на границите во регионот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-e-protiv-promenata-na-granicite-vo-regionot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-e-protiv-promenata-na-granicite-vo-regionot/#respond Thu, 06 May 2021 10:43:01 +0000 https://kurir.mk/?p=506509

Министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлич Радман, кој престојува во еднодневна официјална посета на Косово, изјави дека неговата држава се противи на каква било промена на границите во регионот, јави дописникот на МИА од Приштина. По средбата со шефицата на косовската дипломатија, Доника Грвала-Шварц, Радман изјави дека Хрватска, како членка на Европската унија, го поддржува дијалогот меѓу Косово и Србија и се надева дека двете земји набргу ќе дојдат до решение за меѓусебните спорови. Како една од првите земји кои ја признале косовската независност, Хрватска „ќе се залага Косово да го признаат и тие земји кои досега не го наравиле тоа“, рече Радман. Тој, како што рече, ја гарантира поддршката на Загреб за визната либерализација за косовските граѓани, како и воопшто за напорите на Косово во правец на евроатлантските интеграции. Шефот на хрватската дипломатија информира дека неговата земја му подарила на Косово 10 илјади вакцини против Ковид-19. Освен со министерката Грвала-Шварц, Радман се сретна и со претседателката на државата, Вјоса Османи и со претседателот на Собранието на Косово, Глаук Коњуфца, а предвидена е и средба со премиерот Албин Курти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/hrvatska-e-protiv-promenata-na-granicite-vo-regionot/feed/ 0