Регистар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Dec 2020 06:22:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Регистар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шпанија планира регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-planira-registar-na-lugje-koi-odbivaat-vakcina-protiv-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-planira-registar-na-lugje-koi-odbivaat-vakcina-protiv-kovid-19/#respond Tue, 29 Dec 2020 06:22:39 +0000 https://kurir.mk/?p=449618

Шпанија планира да состави регистар на луѓе кои одбиваат вакцина против коронавирусот, јави ДПА, повикувајќи се на изјава на шпанскиот министер за здравство Салдавор Илја. – Сите во Шпанија се повикани да примат вакцина. Вакцинацијата е доброволна. Но, оние што ќе одбијат вакцинација ќе бидат регистрирани, изјави Илја за телевизијата „Ла Секста“. Регистарот нема да биде објавен во јавноста и ќе биде предмет на строги правила за заштита на личните податоци, додаде министерот. Сепак, информациите во него можат да бидат достапни за другите европски партнери. Како и другите европски земји, Шпанија започна да вакцинира во неделата. Во следните 12 недели, Шпанија очекува да добие 4,6 милиони дози вакцина, што може да се искористи за вакцинирање на 2,3 милиони луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shpanija-planira-registar-na-lugje-koi-odbivaat-vakcina-protiv-kovid-19/feed/ 0
Банките продаваат 165 деловни простории, 91 стан, 134 парцели.. https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/#respond Tue, 16 Jun 2020 05:45:08 +0000 https://kurir.mk/?p=358383

Податоци за 165 деловни простории, 91 стан, 74 помошни простории, 27 гаражи, 134 парцели (градежно неизградено земјиште, дворни места, земјишта под згради, неизградено земјиште, шуми, лозје, ливади, пасишта, овоштарници), содржи моментно Регистарот на преземен имот наменет за продажба. Тоа се податоци за имот на граѓани што им бил одземен од банки поради ненавремено плаќање долгови или пак бил одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата. Најголем број деловни простории што се дел од регистарот има во Скопје, 32, по што следи Свети Николе со 21, Кочани со 10, Радовиш, 9, Кратово 8, Битола 7, …. Деловните простории се со површина од 113 до 450 квадратни метри. Од становите што се дел од регистарот, најголемиот дел, 64, се во Скопје и тоа 28 во Ѓорче Петров, 15 во Центар, девет во  Радишани, четири во Визбегово, по да во Бутел и во Сингелиќ… Агенцијата за катастар на недвижности го воспостави Регистарот во декември лани.Во него се достапни податоци  за број на парцела и на имотен лист, квадратура, местоположба и сопственост. Податоците автоматски го ажурира Катастарот, но нема увид во цената по која банката ја врши продажбата, ниту пак динамика за продажба на имотот. Тоа го ажурираат комерцијалните банки, а продажбата се евидентира во регистарот кога ќе биде реализирана. Од моментот на воспоставување или продажба на самата недвижност таа се трга од регистарот. Во втората фаза од проектот беше планирано во базата да бидат вклучени и податоци од извршители, стечајни управници и Министерството за финансии. Од Агенцијата за катастар на недвижности за МИА изјавија дека се работи на надградбата на системот за вклучувањето на дополнителните чинители. – Се надеваме дека тоа ќе биде наскоро, но, за жал не сме во состојба да утврдиме точен датум, велат од Катастарот. Истакнуваат дека Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба функционира според предвидената динамика и според предвидените правила на функционирање.  Досега немало пречки од каков било вид, за негово непречено функционирање. Регистарот на преземени недвижности наменети за продажба го води Агенцијата за катастар на недвижности, но исклучиво врз основа на податоците доставени од субјекти кои ги преземале недвижноститеа кои се наменети за продажба, појаснуваат од Катастарот. Целта на алатката е на едно место секој заинтересиран инвеститор или купувач на недвижен имот да добие точна информација за недвижниот имот, расположив на продажба]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bankite-prodavaat-165-delovni-prostorii-91-stan-134-parceli/feed/ 0
Прв Регистар на оператори со органски производи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-registar-na-operatori-so-organski-proizvodi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-registar-na-operatori-so-organski-proizvodi/#respond Fri, 28 Sep 2018 08:26:14 +0000 https://kurir.mk/?p=107326

Преку 600 оператори со органски призводи се опфатени со Регистарот што ќе го промовира денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Ова е прв Регистар на органски оператори во земјава, а опфаќа производители, преработувачи и трговци. - Регистарот содржи податоци за секој производител, преработувач и трговец со органски производи, но доминираат производителите. Практично, се овозможува пристап до информации во секое време за тоа каде има органски производи, кој ги произведува и каков вид органски производи се нудат. Во регистарот се наведени и контакти на операторите, па кој сака може директно да ги искомуницира, вели за МИА Габриела Мицевска од ИМЕ Програмата што ја финансира Швајцарската агенција за развој и соработка. Швајцарската агенција за развој и соработка му помогна на Министерството за земјоделство да го изготви Регистарот. На промоцијата во МЗШВ ќе присуствува и ресорниот министер Љупчо Николовски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prv-registar-na-operatori-so-organski-proizvodi/feed/ 0