регистарски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 16 May 2023 17:54:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png регистарски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nalepnitsi-so-oznakata-nmk-namesto-novi-registarski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nalepnitsi-so-oznakata-nmk-namesto-novi-registarski-tablichki/#respond Tue, 16 May 2023 17:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=834955

Налепници со ознаката „НМК“ наместо нови регистарски таблички, за заштита на граѓаните од финансиски трошоци и вадење нова документација, одлучи Владата на денешната седница. Со ставањето налепница на регистарските таблици, според информацијата од МВР, во целост се почитува обврската за ознаката на новиот код на Република Северна Македонија на регистарските таблици на возилата, од една страна, а од друга страна, финансиските трошоци за ова решение се речиси неспоредливи со износот потребен за замена со нови регистарски таблици. Налепници ќе треба да стават возила кои имаат таблици со „МК“ ознака, со што ќе се избегнат дополнителни финансиски трошоци, за издавање повеќе нови документи/лиценци/сертификати, коишто се поврзани со бројот на регистарската таблица. Поставувањето налепници со ознака „НМК“ на регистарските таблици, според образложението од МВР, ќе биде олеснување и за транспортерите кои патуваат во Европската Унија. На овој начин тие имаат можност, на траспортните возила да ги задржат постоечките таблици, со што ќе бидат заштитени од потребата за промени во целокупната документација во државите членки на ЕУ. - По ова, МВР во најскоро време ќе изготви измена на постојниот Правилник за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање и граѓаните ќе може со минимални трошоци да ја завршат и оваа граѓанска обврска, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на „Фејсбук“ поздравувајќи ја одлуката на Владата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nalepnitsi-so-oznakata-nmk-namesto-novi-registarski-tablichki/feed/ 0
Спасовски: За регистарските таблички ќе донесеме решение кое ќе биде најдобро за граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-registarskite-tablichki-ke-doneseme-reshenie-koe-ke-bide-najdobro-za-graganite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-registarskite-tablichki-ke-doneseme-reshenie-koe-ke-bide-najdobro-za-graganite/#respond Wed, 29 Mar 2023 07:40:05 +0000 https://kurir.mk/?p=817594

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, гостувајќи во утринската програма на Националната телевизија, беше прашан за најавеното можно решение за употреба на налепници на регистарските таблици наместо да се издаваат нови како обврска од Преспанскиот договор, при што тој истакна дека тоа решение е во напредна фаза, но на крајот ќе се разговара на седница на Влада за конечното решение. „Како МВР сметаме дека едно од решенијата е да се стават налепници. Со налепници практично без некаков трошок или многу мал трошок, да се задоволи тој законски момент”, рече министерот Спасовски. Министерот Спасовски истакна дека има три категории на возила, на граѓани кои поседуваат такви возила. „Имаме регистарски таблици со три бројки кои се многу стари, кои не се променети воопшто, имаме околу 220-230.000 кои практично се со МК и нови таблици со 4 бројки кои треба да се променат и уште толку кои веќе се променети, значи преку 220-230 илјади кои се променети”, истакна министерот Спасовски. Министерот Спасовски нагласи дека најважно за МВР е да се донесе најдоброто решение. „За нас е важно да го донесе најдоброто решение за граѓаните и да се остави опциона можност, ако сака граѓанинот да ја смени табличката, ако сака да стави налепница. Тоа би било едно од можните решенија. Јас очекувам дека наскоро ќе го дефинираме и ќе излеземе пред јавноста. Ние стоиме на располагање преку измени во упатства да имаме поповолно решение за секој од нас”, рече министерот Спасовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spasovski-za-registarskite-tablichki-ke-doneseme-reshenie-koe-ke-bide-najdobro-za-graganite/feed/ 0
САД го поздравија договорот помеѓу Белград и Приштина за регистарските таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-go-pozdravija-dogovorot-pomegju-belgrad-i-prishtina-za-registarskite-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-go-pozdravija-dogovorot-pomegju-belgrad-i-prishtina-za-registarskite-tablichki/#respond Thu, 24 Nov 2022 07:05:44 +0000 https://kurir.mk/?p=765663

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс изјави дека САД го поздравуваат постигнатиот договор меѓу Белград и Приштина за регистарските таблички, што се „мерки за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите“. – Го поздравуваме договорот меѓу двете земји, кој целосно и итно ќе ги нормализира односите под покровителство на дијалогот на ЕУ. Го поддржуваме дијалогот со ЕУ како најдобар начин Србија и Косово да имаат европска иднина, посочи Прајс. Тој додаде дека САД ја поздравуваат одлуката на двете страни да ги стават интересите на луѓето на прво место и да го подобрат квалитетот на секојдневниот живот. Претставниците на Белград и на Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими синоќа во Брисел постигнаа договор за регистарските таблички.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-go-pozdravija-dogovorot-pomegju-belgrad-i-prishtina-za-registarskite-tablichki/feed/ 0
Борел: Белград и Приштина постигнаа договор за регистерските таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-belgrad-i-prishtina-postignaa-dogovor-za-registerskite-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-belgrad-i-prishtina-postignaa-dogovor-za-registerskite-tablichki/#respond Thu, 24 Nov 2022 06:11:06 +0000 https://kurir.mk/?p=765641

Белград и Приштина постигнаа договор во врска со регистерските таблички, потврди високиот преставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, јави дописникот на МИА од Белград. -Со радост ви соопштувам дека главните преговарачи на Белград и Приштина постигнаа договор за мерките, како би ја избегнале натамошната ескалација и во потполност се фокусираат на предлогот за нормализација на односите меѓу нив, напиша доцна вечерва Борел на Твитер. „Белград ќе престане да издава регистерски таблички со именување на косовските градови, а Приштина ќе ги прекине понатамошните акции поврзани со пререгистрација на возилата. Наредните денови ќе ги повикам страните да ги разгледаат следните чекори. Му изразувам благодарнсот на специјалниот претставник Мирослав Лајчак на напорната работа“, додаде Борел. Претходно во текот на денот специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изрази надеж дека во Брисел ќе се најде решение за смирување на тензиите во Косово. Тој денеска во Брисел се сретна со преговарачите на Србија и Косово, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими. -Искрено се надевам дека денеска ќе успееме да најдеме решение за деескалација на тензиите и да продолжиме да работиме на нормализација на односите. Разговорите се во тек, напиша Лајчак на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/borel-belgrad-i-prishtina-postignaa-dogovor-za-registerskite-tablichki/feed/ 0
Украле регистарски таблички, па ги монтирале на друго возило https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-registarski-tablichki-pa-gi-montirale-na-drugo-vozilo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-registarski-tablichki-pa-gi-montirale-na-drugo-vozilo/#respond Thu, 17 Feb 2022 15:23:17 +0000 https://kurir.mk/?p=632783

На 16.02.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ш.(30), Ф.Б.(36) и Н.И.(36), сите од Скопје. Тие се сомничат дека на 13.02.2022 на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје одзеле регистарски таблички од патничко возило „форд“, сопственост на А.А.(38) од Скопје и ги поставиле на друго возило. По преземени мерки и при извршен преглед на возило „фолксваген пасат“, кое било пронајдено на ул.„Качанички пат“ било констатирано дека регистарските таблички припаѓаат на возилото сопственост на А.А.. Исто така, било утврдено дека возачот Р.Ш. не поседува документи за возилото „фолксваген пасат“. Табличките и возилото биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица за понатамошна постапка. За случајот бил известен Јавен обвинител и по негово целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-registarski-tablichki-pa-gi-montirale-na-drugo-vozilo/feed/ 0
Веќе 3 месеци нема регистарски таблички во Македонија- сомнителни причините зошто државата не го даде тендерот на „Раде Кончар“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-3-meseci-nema-registarski-tablichki-vo-makedonija-somnitelni-prichinite-zoshto-drzavata-ne-go-dade-tenderot-na-rade-konchar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-3-meseci-nema-registarski-tablichki-vo-makedonija-somnitelni-prichinite-zoshto-drzavata-ne-go-dade-tenderot-na-rade-konchar/#respond Tue, 01 Jun 2021 16:16:20 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517787

Веќе трети месец нема регистарски таблички во Македонија. Сопствениците кои набавиле нови возила или пак, вршат пререгистрација не можат да добијат таблици. Се чека дури со недели. Од Алфа ТВ се јавиле на неколку Станици за технички преглед, претставувајќи се како заинтересирани за услуга и им го потврдиле истото. По повеќе од две децении прекина соработката на “Раде Кончар” со МВР, но прашањето е зошто? Министерството повеќе не набавува регистерски таблици за автомобили од фабриката.Во раководството велат ,дека не им е јасно зошто биле елиминирани како понудувач и не го добиле тендерот. Образложението, според нив ,не било воопшто издржано и чекаат да заврши постапка околу жалбата“. Алфа од свои извори дознава дека тендерот го добива фирма со чудно потекло регистрирана во Западна Македонија, но бидејќи е регистрирана само како канцеларија нема можност да печати таблички. За да не избие скандал државата, според нашите извори, одлучува да нарача таблички од Германија. Што се случува? Која е фирмата што го добила тендерот, дали во моментов таблици се носат од странски држави и дали тоа е причина за нивен недостиг изминатиов период? Сите прашања ги испративме официјално до МВР. Фирмата од Западна Македонија не се споменува во одговорот од нив. Велат договорот со “Раде Кончар” бил временски истечен и вредносно истрошен. Редовната постапка за набавка била обжалена и се чекало на решение. “Во меѓувреме спроведена е итна постапка со цел обезбедување на таблици до завршување на редовната постапка, каде избран е економскиот оператор Квантум од Скопје кој настапува како група на понудувачи со оператор од Германија. Со тоа се надминати проблемите односно евентуални застои во издавањето на таблиците. Што се однесува до Тетово, Ве информираме дека уште во текот на денешниот ден ќе бидат доставени таблици.” велат од МВР. Во меѓувреме дали ќе биде прифатена жалбата на “Раде Кончар”, треба да одлучи Комисијата за жалби при јавни набавки .Дотогаш, преку оператор Квантум ќе се набавуваат таблици,што не ја исклучува можноста, повторно да има застој во испораките.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vekje-3-meseci-nema-registarski-tablichki-vo-makedonija-somnitelni-prichinite-zoshto-drzavata-ne-go-dade-tenderot-na-rade-konchar/feed/ 0
Пехчево доби свои регистарски таблички https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pehchevo-dobi-svoi-registarski-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pehchevo-dobi-svoi-registarski-tablichki/#respond Mon, 01 Jun 2020 08:19:41 +0000 https://kurir.mk/?p=352145

Возачите од Пехчево добија сопствени регистарски таблички. Сите новорегистрирани автомобили, наместо досегашната ознака „БЕ“ отсега ќе имаат сопствената ознака „ПЕ“ испишана на латиница (PE). Градоначалникот Драган Тренчовски изјави дека му е чест и задоволство што со граѓаните ја споделува информацијата дека е целосно завршена процедурата за добивање сопствени регистарски таблички на Општина Пехчево. -Одлуката е донесена согласно со правилникот за регистрациски и нивни ознаки и е објавена во Службен весник. Тоа значи дека ознаката ПЕ (PE) отсега ќе биде единствената при регистрирање на возилата на граѓаните кои потекнуваат од пехчевскиот регион, рече Тренчовски. Граѓаните изразија задоволство од одлуката со која Пехчево како една од најмалите општини добива свое обележје во автомобилската регистрација и дека ќе ги препознаваат како жители на Пехчево, а не на Берово. За добивање регистарски таблички со новата ознака, на која го пишува и кодот НМК, Општината ги упати граѓаните во пехчевската полиција, каде детално ќе им биде образложена процедурата. Пехчево е последната општина од Пијанечко-малешевскиот регион која досега немаше сопствена регистарска ознака. Претходно, нови регистерски табли со ознаката МК добија жителите на општина Македонска Каменица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pehchevo-dobi-svoi-registarski-tablichki/feed/ 0
„Дојде живот“: Почнува издавањето на новите таблички со ознаката NMK https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-pochnuva-izdavanjeto-na-novite-tablichki-so-oznakata-nmk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-pochnuva-izdavanjeto-na-novite-tablichki-so-oznakata-nmk/#respond Sun, 16 Jun 2019 07:21:29 +0000 https://kurir.mk/?p=209532

Од понеделник се очекува да започне издавањето на новите регистарски таблички за возилата со ознаката NMK. Замената на старите регистарски таблички со новите ќе се врши постепено при регистрација на возилата. Обврската за замена на табличките на кои е досегашната ознака МК со новата NMK произлегува од Договорот од Преспа со кој се реши спорот за името со Грција. Од стапувањето во сила на Преспанскиот договор, досега се даваа бесплатни налепници со ознаката NMK на граничните премини при влез или излез на возилата од Република Северна Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dojde-zivot-pochnuva-izdavanjeto-na-novite-tablichki-so-oznakata-nmk/feed/ 0
Заев повторно излажа пред македонската јавност: На регистарските таблички на автомобилот на Мицкоски стои „МК“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-pred-makedonskata-javnost-na-registarskite-tablichki-na-avtomobilot-na-mickoski-stoi-mk-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-pred-makedonskata-javnost-na-registarskite-tablichki-na-avtomobilot-na-mickoski-stoi-mk-foto/#respond Wed, 27 Mar 2019 18:43:48 +0000 https://kurir.mk/?p=179581

Зоран Заев уште еднаш ја излaжa македонската јавност, имено во текот на вчерашниот дyeл Зоран Заев го обвини лидерот на опозицијата дека иако декларативно не го прифаќа новото име на државата, а ги променил регистарски таблички на својот автомобил на кои стоела кратенката МК со нови на кои пишува НМК, пренесува Инфомакс. -Ќе се овозможи Република ,,С” Македонија да стане членка на НАТО и на ЕУ и тоа треба чесно да се одговори, став е, со Договорот од Грција и притоа треба да се одговори ќе го менувате, ќе го поништите, нема да го почитувате, Уставот нема да го почитувате или слично, а притоа гледам дека регистарската табличка од колата ја ставивте тука НМК, вели Заев. Редакцијата на „Инфомакс“ обезбеди фотографија од регистарските таблички на автомобилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на кои јасно се гледа дека на нив се уште стои старата кратенка МК. Со ова добивме уште една потврда дека Зоран Заев вчера нoтopно ја лaжeшe македонската јавност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-povtorno-izlaza-pred-makedonskata-javnost-na-registarskite-tablichki-na-avtomobilot-na-mickoski-stoi-mk-foto/feed/ 0
Еве како изгледаат новите регистарски таблички со ознаката „NMK“ (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgledaat-novite-registarski-tablichki-so-oznakata-nmk-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgledaat-novite-registarski-tablichki-so-oznakata-nmk-foto/#respond Thu, 28 Feb 2019 19:27:30 +0000 https://kurir.mk/?p=169597

Од Министерството за внатрешни работи на Сверна Македонија информираат дека започна издавањето на документи со новото уставно име „Република Северна Македонија“, пренесува тв21. Направени се и првите регистарски таблички со новиот код „NMK“.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kako-izgledaat-novite-registarski-tablichki-so-oznakata-nmk-foto/feed/ 0