регистерски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Mar 2023 12:29:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png регистерски таблички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мариновски: Околу 300 таксисти не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/#respond Thu, 02 Mar 2023 12:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=807123

Околу 200 такси возила и повеќе од 300 такси возачи во главниот град не можат да работат поради бирократски проблеми со жолтите таблички кои тие мораат да го постават во своите возила. Таксистите велат дека не можат да добијат лиценца без жолти таблички, но и дека без лиценца не можат да ги добијат таквите таблички. Поради тоа бараат да се постави во мирување новиот Закон за патен сообраќај, за да можат во одреден период да добијат лиценци со белите таблички, за потоа да можат да си ги добијат и жолтите. - Имаме проблем со издавање на жолтите таблички со тоа што голем дел од колегите седат по неколку месеци дома и не можат да добијат жолти таблички. Проблемот е што кога ќе го сменат нивното возило, одат во станица за технички преглед, таму не им даваат жолти таблички, викаат треба да имаат мал извод од лиценца, а за да го добијат тоа се препраќаат во Градско собрание, додека таму им викаат дека треба да добијат жолти таблички. Значи се препраќаат од една страна на друга, а проблемот не се решава, изјави Ѓорги Мариновски, опренесувајќи го ставот на 19 такси компании. Тој вели дека околу 200 такси возила моментно се паркирани дома и не можат да работат поради тоа што не можат добијат лиценца, а во меѓувреме плаќаат придонеси за фирмата. Ако не може да се реши проблемот, како што рече, бараат новиот Закон за патен сообраќај да се стави во мирување и додека се промени таксистите да можат да добијат лиценца на белите таблички, па после тоа да се сменат и да извадат лиценца за жолти таблички. - Законот е донесен во Министерство за економија и тие треба да го разгледаат но како што разбравме треба најмалку три месеци тој закон да се смени. Затоа ги замолуваме институциите тој проблем да го стават во мирување, луѓето да можат да извадат лиценци на бели таблици, па кога ќе се усогласи законот ќе ги префрлат на жолти таблици за да можат луѓето да се вратат на работа, затоа што тие веќе неколку месеци седат дома. Мислам дека тоа е најдобро решение, рече Мариновски. Фаик Сулејмани, претставник од една од 19. такси компании вели дека од неговата компанија регуларно ги зеле табличките. Според него, пред една година не им бил баран мал извод на лиценцата и тие тоа го зеле од АМСМ, но кога треба да ги регистрираат возилата биле принудени да дадат изјави. Во спротивно, посочи, не им ги регистрираат возилата и затоа многу возачи не можат да работат околу три месеци. Таксистите исто така се жалат и на процедурите за технички преглед и како што велат, „високите казни за мали дефекти коишто не соодвестуваат со нивните примања“, а тоа пак, ги принудува возачите да се откажат од работата. Тие бараат промена и на тие законски одредби од страна на Министерството за внатрешни работи со адекватно решение за сите.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/marinovski-okolu-300-taksisti-ne-mozhat-da-rabotat-poradi-birokratski-problemi-so-zholtite-tablichki/feed/ 0
Еве колку чини замена на табличките со ознаката НМК, предвидени се и казни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-chini-zamena-na-tablichkite-so-oznakata-nmk-predvideni-se-i-kazni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-chini-zamena-na-tablichkite-so-oznakata-nmk-predvideni-se-i-kazni/#respond Fri, 03 Feb 2023 08:21:19 +0000 https://kurir.mk/?p=795534

Замената на регистарските таблички со ознака МК со нова НМК (NMK) граѓаните треба да ја направат во овластени станици за технички преглед, а тоа ќе ги чини од 1400 до 1500 денари. Министерството за внатрешни работи деновиве информираше дека граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката МК со ознаката НМК (NMK). -Сопствениците на возилата треба да поднесат барање за промена на регистарски таблици во овластени станици за технички преглед каде врз основа на барањето на шалтерот на МВР се поднесува барањето за промена на регистарски таблици и од страна на референтот на МВР се издава нова сообраќајна довола и нови регистарски таблици на трошок на сопственикот на возилото. Цената на сообраќајната дозвола е 200 денари, а цената на регистарските таблици е 1200 до 1300 денари во зависност од обликот на регистарската таблица, информираат од МВР. Сопственикот на возилото треба да приложи сообраќајна дозвола и регистарски таблици и важечка лична карта или ако сопственикот е правно лице тековна состојба издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија. Плаќањето се врши на пост терминал или на уплатница пп50. Согласно Законот за возила, доколку возилото е во сообраќај со поинакви регистарски таблици од пропишаните предвидена е глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/eve-kolku-chini-zamena-na-tablichkite-so-oznakata-nmk-predvideni-se-i-kazni/feed/ 0
МВР: До 12 февруари 2024 година мора да се сменат регистарските таблички со ознака „NMK“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-do-12-fevruari-2024-godina-mora-da-se-smenat-registarskite-tablichki-so-oznaka-nmk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-do-12-fevruari-2024-godina-mora-da-se-smenat-registarskite-tablichki-so-oznaka-nmk/#respond Wed, 01 Feb 2023 11:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=794673

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката “МК“ со ознаката “NMK“. Имено, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака ,,МК”, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-do-12-fevruari-2024-godina-mora-da-se-smenat-registarskite-tablichki-so-oznaka-nmk/feed/ 0
Курти го прифати американскиот предлог за 48-часовно одлагање на казнувањето за таблички https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-go-prifati-amerikanskiot-predlog-za-48-chasovno-odlaganje-na-kaznuvanjeto-za-tablichki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-go-prifati-amerikanskiot-predlog-za-48-chasovno-odlaganje-na-kaznuvanjeto-za-tablichki/#respond Tue, 22 Nov 2022 06:12:29 +0000 https://kurir.mk/?p=764475

Косовскиот премиер, Албин Курти објави дека го прифаќа барањето на амбасадорот на САД, Џефри Ховениер за одлагање за 48 часа на почетокот на казнување на лицата кои не ги смениле регистерските таблички издадени од Србија со таблички со ознаката РКС – Република Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во објава на неговата страница на Твитер, Курти доцна синоќа му се заблагодари на Ховениер „за неговата посветеност и залагањето“ во изнаоѓањето решение за споровите со Србија. „Јас го прифаќам неговото барање за 48-часовно одлагање на почетокот на изрекување казни за нелегалните таблички со ознаките „КМ“ (Косовска Митровица) и други (издадени од Србија). Задоволство ми е да работам со САД и ЕУ за изнаоѓање решение во текот на наредните два дена“, напиша Курти. Ховениер синоќа изрази загриженост поради неуспехот на вчерашните преговори во Брисел меѓу Курти и српскиот претседател, Александар Вучиќ и побара одлагање на спроведувањето на одлуката за 48 часа, со цел, како што порача, „да им овозможат на ЕУ и САД да продолжат да ги поттикнуваат страните да изнајдат решение“. Претходно синоќа, по неуспехот на преговорите со посредство на ЕУ за решение за спорот околу табличките, официјална Приштина најави дека ќе почне да ги казнува лицата кои ќе се затекнат на косовските патишта со возила со таблички издадени од Србија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-go-prifati-amerikanskiot-predlog-za-48-chasovno-odlaganje-na-kaznuvanjeto-za-tablichki/feed/ 0
МВР: Да се одјават возилата чија сообраќајна дозвола не е продолжена повеќе од две години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-da-se-odjavat-vozilata-chija-soobrakjajna-dozvola-ne-e-prodolzena-povekje-od-dve-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-da-se-odjavat-vozilata-chija-soobrakjajna-dozvola-ne-e-prodolzena-povekje-od-dve-godini/#respond Fri, 01 Jul 2022 10:16:32 +0000 https://kurir.mk/?p=698307

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека согласно одредбите од Законот за возила сите оние кои се водат како сопственици на возила за коишто не ја продолжиле важноста на сообраќајната дозвола повеќе од две години, законски се должни да го одјават своето возило во Министерството за внатрешни работи, односно во регистрационото подрачје каде возилото се води во евиденција. Исто така, согласно пропишаните норми, сопственикот на возилото е должен да го одјави своето возило кај органот што го регистрирал доколку возилото е уништено, односно има статус на искористено возило, согласно прописите за заштита на животната средина; ако возилото е трајно изнесено надвор од територијата на Република Северна Македонија; ако возилото се регистрира во странство поради преселба на сопственикот на возилото или од други причини. Министерството за внатрешни работи уште еднаш упатува апел до граѓаните – сопственици на ваквата категорија на возила, најдоцна до 31.12.2022 година да ја извршат законската обврска за одјава на возилата, согласно законската процедура. Доколку сопственикот на возилото не го одјави своето возило, Министерството за внатрешни работи ќе го избрише од евиденцијата на регистрирани возила и ќе преземе мерки за одземање на регистарските таблички на трошок на сопственикот на возилото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-da-se-odjavat-vozilata-chija-soobrakjajna-dozvola-ne-e-prodolzena-povekje-od-dve-godini/feed/ 0