регрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Dec 2019 11:51:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png регрес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Последен ден за исплата на регрес за годишен одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/posleden-den-za-isplata-na-regres-za-godishen-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/posleden-den-za-isplata-na-regres-za-godishen-odmor/#respond Tue, 31 Dec 2019 11:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=284253

Денеска е последен ден за исплата на регрес за годишен одмор или таканаречен К-15. Неговата исплата е законска обврска за компаниите, а висината може да биде пониска од законски пропишаната само доколку одредена компанија се соочува во финансиски потешкотии  во работата. Од Организацијата на работодавачи немаат прецизни информации колку од фирмите го исплатиле регресот, иако посочуваат дека дел од нив ја исполниле оваа обврска уште пред годишните одмори. Сепак, како што посочуваат оттаму, праксата покажува дека поголем дел од нив го прават тоа пред крајот на годината. Со оглед на тоа што законски е дозволено во одредени случаи на потешкотии во финансиското работење на фирмите, да се исплаќа понизок износ од пропишаниот минимум, укажува Организацијата на работодавачи, треба да се внимава како ќе се направи спогодбата меѓу работниците и работодавачот. – Работниците се тие што го бираат нивниот претставник што ќе ја склучи таа спогодба, а не управителот или директорот. Работниците мора на собир на работници на нивно здружение да се договорат до кој износ ако фирмата има загуба, има финансиски проблеми, кој е тој минимален износ за кој се подготвени да преговараат и тие да го изберат лицето претставник. Само во тој случај оваа помала исплата ќе биде согласно со општиот колективен договор. Во сите други случаи, ако работодавачот сам си назначи лице и сам си склучи спогодба со тоа лице, тоа може да му падне на суд и мора да го исплати целиот износ на К-15, изјави Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи на Македонија, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата. На можност за исплата на понизок регрес за годишен одмор неодамна потсетија и од Сојузот на стопански комори на Македонија. -Со Спогодба за изменување и дополнување на Општиот колективен договор од 2015 година во членот 35 се додава дека работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна претходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со колективен договор, информираа од ССК. Компаниите кои не генерираат доволно профит не смее да се ставаат во ситуација да подигнуваат кредити или да бараат позајмици за да исплатат регрес, со што дополнително ќе си ја отежнат ликвидноста, сметаат од Комората и додаваат дека треба да се овозможи компаниите кои имаат тешка година да опстојат, а не дополнително да се оптоваруваат по секоја цена. Право на регрес за годишен одмор има секој работник во приватен сектор кој најмалку шест месеци во календарската година работел кај ист работодавач. Законски пропишаниот минимален износ изнесува 40 отсто од просечната нето плата на државно ниво исплатена во последните три месеци, односно околу 10.100 денари. За непочитување на оваа законска одредба од страна на работодавачот предвидени се и казни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/posleden-den-za-isplata-na-regres-za-godishen-odmor/feed/ 0
Проверувајте си ги сметките: Колку пари треба да земете К-15 оваа година? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/#respond Fri, 22 Nov 2019 10:01:24 +0000 https://kurir.mk/?p=267540

Регресот за годишен одмор или познат како К-15 е задолжителен и оваа година. Оваа 2019-та година до крајот на декември, на сметките на вработените треба да легнат минимални 9.610 денари. Според податоците за движењето на нето/бруто платата по вработен, К-15 за оваа година ќе се движи од 9.610 денари до 14.090 денари.  Услов кој треба да се исполни за  регресот за годишен одмор е  работникот да работел најмалку 6 месеци во календарската година кај ист работодавач, а право на регрес секој работник има еднаш во годината. За работодавците кои нема да дадат К-15 следат големи казни, до 4.000 евра. Истото важи и за оние кои ќе дадат К-15 па ќе го побараат назад од вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proveruvajte-si-gi-smetkite-kolku-pari-treba-da-zemete-k-15-ovaa-godina/feed/ 0
ССМ: Работодавачите од приватниот сектор да исплатат регрес за годишен одмор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotodavachite-od-privatniot-sektor-da-isplatat-regres-za-godishen-odmor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotodavachite-od-privatniot-sektor-da-isplatat-regres-za-godishen-odmor/#respond Fri, 08 Nov 2019 10:30:48 +0000 https://kurir.mk/?p=261628

Исплатата на регресот за годишен одмор воспоставена со Општиот колективен договор (ОКД) за приватниот сектор од областа на стопанството е задолжителна за работниците и треба работодавачите да ја реализираат до крајот на годината, се посочува во денешното соопштение од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Сојузот на синдикатите на Македонија заедно со Организацијата на работодавачите, со потпишување на Спогодбата за измени и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството во 2013 година го уредија правото на регрес за годишен одмор за вработените во приватниот сектор. Регресот за годишен одмор е право воспоставено по пат на дијалог помеѓу претставниците на работниците во конкретниот случај Сојузот на синдикатите на Македонија и од претставниците на работодавачите – ОРМ и со оглед на тоа што се работи за право уредено спогодбено со потпишување на колективен договор, стои во соопштението, очекувано е работодавачите целосно да ја исполнат обврската која доброволно ја презеле. – Согласно член 35 од ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството регресот за годишен одмор се исплатува во висина од најмалку 40 проценти од основицата, под услов работникот да работел најмалку шест месеци во календарската година кај ист работодавач. Основицата за пресметување на надоместоците на работниците преставува просечната месечна нето плата по работник во Република Македонија исплатена во последните три месеци, се појаснува во соопштението. Со колективен договор на ниво на дејност или колективен договор на ниво на работодавач може да се утврди регрес за годишен одмор во поголем износ од износот утврден со овој колективен договор. Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината. Износот се утврдува според основицата која важи на денот на донесувањето на одлуката за исплата. Со Спогодба за изменување и дополнување на ОКД за приватниот сектор од областа на стопанството ( Сл. весник бр. 119 од 2015 ), се појаснува во соопштението, е определено дека кај работодавачите кај кои настанале потешкотии во работењето, ценејќи ја економско – финансиската состојба на работодавачот, по задолжителна предходна консултација со синдикатот на ниво на гранка односно оддел, со спогодба потпишана од работодавачот и репрезентативната синдикална организација може да се утврди регрес за годишен одмор во помал износ од износот утврден со овој колективен договор. Кај работодавачите во кои нема формирано синдикат спогодбата се потпишува со избран претставник од работниците. Во соопштението се посочува дека службите за бесплатна правна помош на ССМ во Скопје и во регионалните синдикални претставништва низ Републиката за своето членство обезбедуваат правна помош и заштита и за ова право од работен однос. – За неодговорните работодавачи кои не исплаќаат регрес за годишен одмор или бараат од работниците да ги вратат исплатените средства по овој основ, Кривичниот закон предвидува затворската казна до 1 година. Оваа законска обврска дополнително ќе придонесе за заштита и остварување на ова уставно и законско право на работниците (Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик, Сл. весник бр.226 од 2015г.), предупредуваат во соопштението од Сојузот на синдикати на Македонија. ССМ очекува како резултат на зајакнатата санкциона политика и измените на Кривичниот закон да се елиминираат и оние појави каде што имаше практика исплатата да се изврши формално, а потоа да се враќаат средствата бидејќи и ова е предвидено во Кривичниот закон за што следува казна согласно член 166 нов став 2, кои гласи: – Тој што ќе побара од работник да му врати или ќе прими одреден износ од плата или други надоместоци исплатени од работодавачот, ќе се казни со затвор од три месеци до една година. На работниците на кои нема да им биде исплатен регресот за годишен одмор им укажуваме дека можат да побараат интервенција од Државниот инспекторат за труд , или пак да покренат судска постапка за заштита на своите права, стои во соопштението од Сојуз на синдикатите на Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssm-rabotodavachite-od-privatniot-sektor-da-isplatat-regres-za-godishen-odmor/feed/ 0
До 31 декември на сметка треба да Ви исплатат од 9.665 до 14.190 денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-31-dekemvri-na-smetka-treba-da-vi-isplatat-od-9-665-do-14-190-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-31-dekemvri-na-smetka-treba-da-vi-isplatat-od-9-665-do-14-190-denari/#respond Thu, 08 Nov 2018 13:58:00 +0000 https://kurir.mk/?p=125311

Регрес за годишен одмор работодавачот треба да им исплати на сите работници кои за него работеле најмалку шест месеци во календарската година, а ако не го стори тоа, може да добие парична или затворска казна. Регресот за годишен одмор или К-15, и годинава им следува на вработените во приватните компании од стопанство. Вработените во јавните институции се уште немаат право на него бидејќи истиот не е пропишан со нивниот Колективен договор од 2010 година. Износот на К-15 зависи од висината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните 3 месеци пред датумот на исплата. Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40% од висината на просечната бруто плата. Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), вработените во приватниот сектор во следните три месеци на своите сметки треба да очекуваат минимум 9.665 денари, а максимум до 14.190 денари. Изминатата година, вработените кои чекаа исплата на К-15 до декември, од своите работодавачи добија износ од 9.300 до 13.675 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-31-dekemvri-na-smetka-treba-da-vi-isplatat-od-9-665-do-14-190-denari/feed/ 0