регулаторна комисија за енергетика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Jul 2023 13:22:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png регулаторна комисија за енергетика – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Бислимоски доби нов мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-regulatornata-komisija-za-energetika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-regulatornata-komisija-za-energetika/#respond Wed, 26 Jul 2023 13:17:56 +0000 https://kurir.mk/?p=860280

Марко Бислимоски доби поддршка од пратениците за втор мандат за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпат на денешното продолжение на 120. sобраниска седница. За членови на ова тело беа избрани Александар Чаботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема. Собранието на Република Македонија во продолжението на 120. седница ги избра Кети Петкова за член на Советот за јавни обвинители и Спасе Глигоров за директор на Агенцијата за администрација. Пратениците донесоа и одлука за испраќање на припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“во Република Либан. Во рамките на седницата беше отворена расправа по предлогот за именување претседател и членови на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување. Пратениците на опозициската ВМРО - ДПМНЕ забележаа дека иако се работи за самостојно и независно тело, сепак предложените кандидати се партиски претставници. Според нив, кандидатот за претседател на совет на експерти на ова петчлено тело, Максуд Али, бил кандидат за пратеник на СДСМ во 2014 година. Тие изразија и сомнеж дека во изборот нема доволно дефинирани критериуми што значи експерт, кој би можел да раководи со Советот на експерти. За членови на Советот предложени се Дарко Саздов, Борче Божиновски и Марина Макенаџиева. Собранието претходно одржа и Свечена седница по повод 60 годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје. Пратениците треба да продолжат со нова седница од 15 часот. На дневен ред на оваа седница е Предлог на одлука за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на дел од територијата на Република Македонија, заради спречување на безбедносните закани и зајакнување на обезбедувањето на КПУ КПД Идризово.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bislimoski-dobi-nov-mandat-za-pretsedatel-na-regulatornata-komisija-za-energetika/feed/ 0
СЛЕДУВА ПОСКАПУВАЊЕ: Ова се новите цени на горивата во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sleduva-poskapuvanje-ova-se-novite-ceni-na-gorivata-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sleduva-poskapuvanje-ova-se-novite-ceni-na-gorivata-vo-makedonija/#respond Fri, 16 Dec 2022 11:36:53 +0000 https://kurir.mk/?p=776571

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,44 % во однос на одлуката од 12.12.2022 година.  Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,078%, кај дизелот има зголемување за 4,832%, кај екстра лесното масло зголемување за 6,090%  и кај мазутот намалувањето е за 0,313%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,282%.  Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит.  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 3,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.  Од 17.12.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 95 76,00 (денари/литар) Моторен бензин  ЕУРОСУПЕР БС - 98   78,50(денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)  80,50 (денари/литар) Масло за горење  Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)  78,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС  39,370 (денари/килограм) -Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/sleduva-poskapuvanje-ova-se-novite-ceni-na-gorivata-vo-makedonija/feed/ 0
Ристески: Во време на 4 кризи, власта ги троши народните пари како во изреката „Село гори, баба се чешла“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-vo-vreme-na-4-krizi-vlasta-gi-troshi-narodnite-pari-kako-vo-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-vo-vreme-na-4-krizi-vlasta-gi-troshi-narodnite-pari-kako-vo-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla/#respond Thu, 31 Mar 2022 20:18:30 +0000 https://kurir.mk/?p=656600

Денес гледаме како преку овој финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика, власта располага и ги троши народните пари, парите на граѓаните. Ова е „Селото гори, бабата се чешла“. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика ни доставува финансиски план, во енергетска криза, од 4 кризи кои ги имаме во државата 2 се од неговиот сектор, енергетска и топлинска криза, а доставува план со кој ќе си се луксузира колку сака и како сака, истакна од Собранието пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески. Тој на пратениците од власта им порача дека треба конечно да се стави крај на ваквото однесување на претседателите и комисиите кои се однесуваат неодговорно со народните пари. -Овој извештај, откако постои РКЕ е со највисок износ на расходи. Скоро 92 милиони денари, што е зголемување за 15,86% во однос на претходната година, а дури цели 10 милиони денари повеќе од работата на претходниот состав на Регулаторна, истакна тој. Целиот говор на Ристески на оваа тема, слушнете го во продолжение: ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/risteski-vo-vreme-na-4-krizi-vlasta-gi-troshi-narodnite-pari-kako-vo-izrekata-selo-gori-baba-se-cheshla/feed/ 0
Регулаторна доцни со објавувањето на цените на горивата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-docni-so-objavuvanjeto-na-cenite-na-gorivata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-docni-so-objavuvanjeto-na-cenite-na-gorivata/#respond Mon, 07 Mar 2022 12:45:01 +0000 https://kurir.mk/?p=642636

Регулаторната комисија за енергетика повеќе од 1 час доцни со објавувањето на новите малопродажни цени на нафтените деривати. Според некои извори се уште траат разговорите како би се нашол начин да се направи што е можно помала корекција на цените. Цената на суровата нафта на светските берзи изминатата недела забележа најголемо ниво во последните 14 години. Постојат стравувања дека растот на цените би можел да биде двоцифрен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/regulatorna-docni-so-objavuvanjeto-na-cenite-na-gorivata/feed/ 0
РКЕ утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/#respond Wed, 29 Dec 2021 14:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=614569

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) утре на главна седница ќе донесе конечна одлука за цената на електрична енергија, што ќе биде во важност од 1 јануари следната година. На денешната подготвителна седница се претставени вонредните механизми што РКЕ првпат ќе ги активира во кризна состојба. Се чекаат и забелешките што ќе бидат доставени во писмена форма од енергетските компаниии, кои ќе бидат разгледани на главната седница и ќе биде донесена конечната одлука. Новата цена на струјата за корисниците на регуларниот пазар ќе важи во првите шест месеци од наредната година. Сите енергетски компании веќе побараа зголемување на цената на електричната енергија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rke-utre-na-glavna-sednica-kje-donese-konechna-odluka-za-cenata-na-strujata/feed/ 0
Цените на бензините и дизелот остануваат исти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-benzinite-i-dizelot-ostanuvaat-isti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-benzinite-i-dizelot-ostanuvaat-isti/#respond Mon, 20 Dec 2021 11:33:32 +0000 https://kurir.mk/?p=610789

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25 % во однос на Одлуката од 13.12.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,189 денар/килограм и сега ќе изнесува 39,864 ден/кг. Од 21.12.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 75,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 39,864 (денари/килограм) Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 0,171% , кај дизелот има намалување за 0,742% , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,223 % и кај мазутот намалувањето е за 0,487%.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/cenite-na-benzinite-i-dizelot-ostanuvaat-isti/feed/ 0
Вработените на РКЕ со осуда за нападот врз Бислимоски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-rke-so-osuda-za-napadot-vrz-bislimoski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-rke-so-osuda-za-napadot-vrz-bislimoski/#respond Thu, 07 Oct 2021 14:09:29 +0000 https://kurir.mk/?p=574796

Вработените во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија во врска со немилиот настан во кој беше физички нападнат Претседателот Бислимоски го изразуваат својот револт и негодување и најостро го осудуваат нападот. - Имено, физичкиот напад врз Претседателот Бислимоски го сметаме како директен напад и притисок врз работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, но и врз системот на регулирањето на енергетските пазари во Република Македонија кој е воспоставен и успешно функционира од 2003 година. Ваквото нецивилизирано и дивјачко однесување на учесникот на енергетскиот пазар во 21-от век е недозволиво особено за нас како земја аспирант за влез во ЕУ, велат вработените во РКЕ во соопштението до јавноста. Тие посочуваат дека претседателот Бислимоски, претходно вработен во Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија од 2004 година помеѓу своите колеги важел за голем професионалец, без ниту една дамка во своето работење и човек спремен секогаш и секому да помогне. - Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија постапувала и ќе постапува во согласност со законите, а врз основа на начелата на објективност, транспарентност и недискриминација, со примена на најдобрите меѓународни искуства и практики. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија три последователни години е прогласувана за најдобро регулаторно тело во рамки на Енергетската заедница и ниту еден ваков недоличен настан не смее да го загрози интегритетот и угледот ниту на Претседателот, ниту на институцијата. Бараме надлежните институции да ги преземат сите законски мерки кои се во нивна надлежност и сторителот (сторителите) на ваквото дело најстрого да го санкционираат, додаваат вработените. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-na-rke-so-osuda-za-napadot-vrz-bislimoski/feed/ 0
ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gorivata-poskapuvaat-ova-se-novite-ceni-koi-kje-vazat-od-polnokj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gorivata-poskapuvaat-ova-se-novite-ceni-koi-kje-vazat-od-polnokj/#respond Mon, 13 Sep 2021 10:20:19 +0000 https://kurir.mk/?p=562979

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,84 % во однос на Одлуката од 6.9.2021 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 денар/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле утврдени со одлуката од 06.09.2021 година. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,552 денар/килограм и сега ќе изнесува 38,395 ден/кг. Од 14.9.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 73,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 75,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 63,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 63,00 (денари/литар) Мазут М-1 НС 38,395 (денари/килограм) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/gorivata-poskapuvaat-ova-se-novite-ceni-koi-kje-vazat-od-polnokj/feed/ 0
РКЕ донесе конечна одлука во врска со цената на струјата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-konechna-odluka-vo-vrska-so-cenata-na-strujata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-konechna-odluka-vo-vrska-so-cenata-na-strujata/#respond Wed, 30 Jun 2021 10:30:25 +0000 https://kurir.mk/?p=529847

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која сметките за електрична енергија на универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ незначително ќе се намалат, со примена на измените на Законот со кои ДДВ за електрична енергија ќе се намали од 18 % на 5%. На одржаната главна седница регулаторите одобрија регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје. - Евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали како и до сега, а сметките за електрична енергија практично ќе останат непроменети со носење на законот со кој ќе се намали ДДВто за електрична енергија, изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Со донесената одлука се гарантира сигурност и стабилност во испораката на електрична енергија. Од побараните 50 денари на 1000 денари сметка за електрична енергија од страна на сите енергетски компании што ги регулираме, одобрени се 6 денари. На останатите елементи во крајната цена РКЕ нема влијание, а тоа се: увозот на струјата кој во првите шест месеци изнесуваше 32 милиони евра, маржата на ЕВН Хоме, трошокот за обновливи извори кој е зголемен за 1,5 милиони евра, цената на ЕСМ која во просек во однос на минатата година е зголемена за 2,5%. - Намалувањето на ддв-то е добро решение, но неопходeн е системски одговор – да се прошири опфатот на ранливи категории кои ќе добиваат субвенции за сметките за електрична енергија , изјави Марко Бислимоски претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/rke-donese-konechna-odluka-vo-vrska-so-cenata-na-strujata/feed/ 0
Демант на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-regulatorna-komisija-za-energetika-i-vodni-uslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-regulatorna-komisija-za-energetika-i-vodni-uslugi/#respond Mon, 07 Jun 2021 13:22:56 +0000 https://kurir.mk/?p=520119

До редакцијата на КУРИР пристигна демант од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги во врска со прес конференцијата на Наум Стоилковски. Демантот во продолжение ви го пренесуваме во целост: „Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги демантира наводите искажани од страна на г-динот Стоилковски на прес конференција на 7.6.2021 година како неточни и невистинити. РКЕ ја известува јавноста дека во процесот на издавање сите лиценци воопшто се води од стандардите кои се предвидени во Законот за енергетика и соодветни прописи и истите во целост се применети и за предметната лиценца. Согласно Законот за енергетика член 38 став 4 “Лиценцата се издава за период од три до 35 години во зависност од видот на енергетската дејност, видот и обемот на обврската за обезбедување јавна услуга во вршењето на енергетската дејност, обемот на средствата потребни за извршување на енергетската дејност, времетраењето на правото за користење на соодветниот енергетски ресурс, како и од барањето доставено од вршителот на енергетска дејност.” За појаснување - датумот на важење на лиценцата не може да биде подолг од датумот на важење на договорот за закуп или користење на земјиштето или концесијата/јавно приватно партнерство. Не сакаме да веруваме дека г- динот Стоилковски кој е претставник на една сериозна партија со умисла и намерно ја доведува јавноста во заблуда. Претпоставуваме дека станува збор за неинформираност и не познавање на секторот. За својата експертиза и професионалност РКЕ се води од референци од Енергетска заедница која три години по ред не прогласуваат за број еден регулаторно тело.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/demant-na-regulatorna-komisija-za-energetika-i-vodni-uslugi/feed/ 0