рехабилитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 28 Mar 2022 11:37:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рехабилитација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од денеска започна рехабилитацијата на пистата на скопскиот аеродром, летови само по 17 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/#respond Mon, 28 Mar 2022 11:37:32 +0000 https://kurir.mk/?p=654547

Од Мешународниот аеродром Скопје потсетуваат дека градежните работи за рехабилитацијата на пистата на почнаа утрово и ќе траат 50 дена, до 16-ти мај. Во овој временски период, авиосообраќајот ќе се одвива од  17 часот попладне, до  9 часот наутро, секој ден. -Ве молимепристигнувајте на аеродром 3 до 4 часа пред планираното полетување, за да имате време да ги завршите сите аеродромски процедури. Шалтерите за регистрација на патници и багаж отвораат 3 часа пред полетување, а затвораат 1 час пред полетување. Откако ќе се регистрирате и ќе добиете бординг-карта, ве молиме веднаш упатете се кон Царинска и Пасошка контрола, како и кон Пунктот за безбедносна проверка, за да имате доволно време за сите проверки, и потоа релаксирано да чекате додека дојде време за качување во авион, велат од ТАВ Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-zapochna-rehabilitacijata-na-pistata-na-skopskiot-aerodrom-letovi-samo-po-17-chasot/feed/ 0
Доктор Јота оставен од државата откако беше прегазен: Неподвижен бев пет месеци, во Љубљана проодев за два дена, сам платив 12.000 евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/#respond Sun, 11 Jul 2021 12:33:17 +0000 https://kurir.mk/?p=535059

Професорот на Медицински факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорги Јота за „Слободен печат“ раскажува со какви проблеми се соочувал за време на неговото опоравување откако малолетник без возачка дозвола го прегази на пешачки премин кај Клиничкиот центар. Несреќата се случи пред неколку месеци кога доктор Јота, бил во посета на пациенти кои ги оперирал. При заминување од Клинички беше прегазен од 16 годишник без возачка дозвола и тешко повреден. Малолетникот уште не е осуден, а доктор Јота од свој џеб за рехабилитацијата во Љубљана платил 12 илјади евра, бидејќи формално правно, како што навеле правниците на ФЗОМ, рефундација не му следувала за рехабилитација, вели тој за „Слободен печат“ Меѓутоа самата рехабилитација во Љубљана, за него била и лекување, затоа што благодарение на методата што ја користеле тамошните доктори, успеал да прооди за само два дена. Истото не можел да го направи во Македонија со месеци. Тој за „Слободен печат“ вели дека после 35 години хируршка работа и спасени илјадници животи, смета дека заслужил не отстапка, туку да се олеснат условите за неговото лекување во Љубљана, наместо да се занимава со бирократски процедури. – Комисијата што беше надлежна за мене, составена меѓу другото од неврохируг и од трауматолог, поднесе барање до Фондот, но од Фондот ме одбија. Специјалистите ја проценија ситуацијата и проценија што е најдобро за мене во тој момент. Во барањето пишува дека со оглед на типот на повредите и тоа што се очекува понатаму, за мене ќе е најдобро да одам на физикална терапија во Љубљана, каде што постои робот-проодување, бидејќи неподвижен бев пет месеци. Меѓутоа, пред десетина дена проодев во Љубљана. Тоа е навистина одличен центар и ми кажаа дека таму за два дена ќе проодам, што и се случи. Пред тоа се обидував на секој начин во Македонија, но не успеав. Но, ФЗОМ ме одбиле за рефундација, затоа што не е предвидена рефундација на средства за рехабилитација, туку само за лекување. Но, јас бев на лекување во Љубљана фактички. Самата рехабилитација со робот, мене ме излечи од неподвижноста. Ме чинеше тоа 12 илјади евра, си ги платив од џеб. Размислував дека животот ми е помил отколку да се расправам со бирократите на ФЗОМ. Нема шанса. Бев пред четири години во Норвешка, работев, па дел од тие заработени пари ги дадов за лекување, само да проодам. Правниците рекле дека не е предвидено рехабилитација да биде рефундирана. Но, јас овде не проодев. Овде тапкав во место, вели доктор Јота за „Слободен печат“. Целиот текст може да го прочитате на Слободен печат]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/doktor-jota-ostaven-od-drzavata-otkako-beshe-pregazen-nepodvizen-bev-pet-meseci-vo-ljubljana-proodev-za-dva-dena-sam-plativ-12-000-evra/feed/ 0
Кнајсел бара рехабилитација за Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knajsel-bara-rehabilitacija-za-asanz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knajsel-bara-rehabilitacija-za-asanz/#respond Fri, 21 Feb 2020 10:28:21 +0000 https://kurir.mk/?p=306905

Поранешната австриска министерка за надворешни работи Карин Кнајсел побара рехабилитација за основачот на Викиликс, Џулијан Асанж. Таа истакна дека со извештајот на специјалниот известувач на ОН за злоставување, Нилс Мелцер се случил пресврт во целиот случај. Според неа, сега се потребни политички последици. – Станува збор дека тој човек треба да се рехабилитира, нагласи Кнајсел, укажувајќи дека Асанж претставува предупредување како „во демократските општества свиркачите се замолчуваат“. Поранешната шефица на австриската дипломатија потсети дека Асанж бил обвинет за силување, кое воопшто не се случило. – Тоа е посебно перфидно во целиот случај. Асанж имаше храброст и сега неговиот живот е уништен, истакна Кнајсел]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/knajsel-bara-rehabilitacija-za-asanz/feed/ 0
Не може да се откаже од лекови и алкохол: Славната актерка повторно на рехабилитација https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-moze-da-se-otkaze-od-lekovi-i-alkohol-slavnata-akterka-povtorno-na-rehabilitacija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-moze-da-se-otkaze-od-lekovi-i-alkohol-slavnata-akterka-povtorno-na-rehabilitacija/#respond Thu, 16 May 2019 14:57:19 +0000 https://kurir.mk/?p=198742

Актерката Хедер Локлир, позната по својата улога во „Мелроуз плејс“ повторно е на рехабилитација, откако пред шест месеци излезе поради лечење од алкохолизам. Но, таа не престанала да пие, особено поради тоа што се соочува со ментално растројство, а алкохолот и лековите ѝ помагаат да заборави на притисоците. Сепак, сфатила дека решението не е во тоа, па повторно побарала медицинска помош. Локлир моментално нема никаков актерски ангажман, нешто што би ѝ го одвлекло вниманието, а поради тоа ѝ страда семејството, особено ќерката Ава. Отказ дал дури и нејзиниот тим за односи со јавноста. Ѕвездата на „Мелроуз плејс“ и „Династија“ еднаш веќе беше хоспитализирана поради мешање лекови и алкохол. Пред две години имаше и нервен слом. Тогаш беше приклучена присилно на програма за одвикнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-moze-da-se-otkaze-od-lekovi-i-alkohol-slavnata-akterka-povtorno-na-rehabilitacija/feed/ 0