Рејчел Галовеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Apr 2022 14:00:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рејчел Галовеј – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски на средба со амбасадорката на Велика Британија во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-na-velika-britanija-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-na-velika-britanija-vo-makedonija/#respond Thu, 21 Apr 2022 14:00:22 +0000 https://kurir.mk/?p=666597

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба на државата, предизвиците од сиромаштијата со која се соочуваат граѓаните, криминалните афери од страна на владата на СДСМ и притисокот со кои се соочуваат просветните работници од страна на ресорните министерства и премиерот Димитар Ковачевски. Мицкоски во разговор со амбасадорката истакна дека ситуацијата секојдневно се влошува, потенцирајќи дека владата на СДСМ и Ковачевски ја носат државата во пропаст. Според Мицкоски, ваквата слика во државата покажува дека реформите се повеќе од потребни, како на промена на власта, така и во секој сегмент од животот, нагласувајќи дека со одржување на предвремени парламентарни избори граѓаните ќе изберат промени и иднина, како и дека ќе можат да ја казнат владата за сите лоши и штетни политики кои ги спроведуваат изминатите 5 години откако се на власт. Воедно, Мицкоски и се заблагодари на Галовеј за досегашната поддршка која Обединетото Кралство на Велика Британија и ја дава на Македонија. Соговорниците изразија подготвеност за продлабочување и интензивирање на соработката и пријателскиот однос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-ambasadorkata-na-velika-britanija-vo-makedonija/feed/ 0
Колумна на Рејчел Галовеј: Мора да продолжиме да дејствуваме заедно и да покажеме дека веруваме во нашите вредности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-rejchel-galovej-mora-da-prodolzime-da-dejstvuvame-zaedno-i-da-pokazeme-deka-veruvame-vo-nashite-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-rejchel-galovej-mora-da-prodolzime-da-dejstvuvame-zaedno-i-da-pokazeme-deka-veruvame-vo-nashite-vrednosti/#respond Fri, 04 Mar 2022 11:32:13 +0000 https://kurir.mk/?p=640864

Неиспровоцираниот, однапред смислен и варварски напад на Русија врз Украина го шокираше светот. Гледајќи ги сликите на крвопролевање и уништување, напади на станбени блокови и улици, се сеќаваме и на изгубените животи и на штетата направена за време на ужасите на други конфликти што се случуваа во 20. век во Европа. Конфликти за кои многумина тврдеа дека се далеку зад нас. Конфликти кои беа завршени преку меѓународни механизми дизајнирани да најдат други начини за решавање на проблемите на нациите. Се разбира, кревкоста на меѓународните механизми и тоа ветување за мир зависи од тоа каде живеете и од тоа колку неодамна конфликтите во Европа допреле до вашиот живот. Приказната на моето семејство е приказна на европски Евреи. Тоа е приказна за оние малкумината преживеани од конфликтите во 20. век. Мојот дедо е роден во Ривне (тогашно Ровно), што се наоѓа на 304 километри од Киев, во 1909 година. Неговите родители отпатувале во Англија во 1911 година откако Козаците се обиделе да го земат мојот четиригодишен правујко. Баба ми е родена во Англија, но во 1923 година отпатувала да го посети своето семејство во Лавов. Нејзината мајка, мојата прабаба, открила дека е бремена, па тие останале таму една година. Баба ми обожуваше да зборува за нејзиниот вујко и неговото семејство во Лавов и одржа еден неочекуван говор на нејзиниот 90. роденден за да ни ги раскаже приказните одново. Другиот мој дедо ни раскажуваше бајки што зависеа од знаењето на разликите помеѓу луѓето што живееле во Минск, Пинск и Хелм. А ќерка ми се роди во ноември 2013 година кога Украинците излегоа на улица да го побараат правото за избор на сопствената иднина. Па така, кога го гледам пустошот во Украина, не гледам некоја си приказна за далечна земја. Кога гледам дека Русија го бомбардираше Бабин Јар во 2022 година, се сеќавам на 33.771 украински Евреи убиени таму во 1941 година, исто како што секоја година овде се сеќаваме на депортацијата и убиството на 7.144 македонски Евреи во март 1943 година. И кога се сеќаваме, велиме никогаш повеќе да не се повтори. Велиме така зашто веруваме во тоа што го кажуваме. Затоа што тоа се нашите вредности. Путин покажа дека не сака да ги види тие вредности ниту во Русија, ниту во нејзините соседи. Тој не сака да види како суверена Украина го избира својот пат како западна демократија. Тој не сака да види Балкан кој го следи евроатлантскиот пат што го бараат граѓаните. Затоа мора да продолжиме да дејствуваме заедно за да покажеме дека веруваме во нашите вредности. Дека ќе донесеме тешки одлуки за да ги поддржиме тие вредности. Дека сме обединети во осудата на војната на Путин против Украина, против нејзиниот народ и против нивните вредности. Ние сме обединети и во меѓународните организации. 141 земја во Обединетите нации ја осудија војната и побараа повлекување на руските сили. 38 земји ги пријавија злосторствата на Русија во Украина до Меѓународниот кривичен суд. Ова е најголемата пријава што Судот ја добил во својата историја. Над 40 земји од ОБСЕ ги осудија постапките на Русија. Советот на Европа ја суспендираше Русија. Ние сме обединети во прекинот на финансирањето на воената машина на Путин. Ова се најсилните економски мерки што Обединетото Кралство и нашите сојузници некогаш ги донеле. Договоривме санкции за банкарскиот, одбранбениот и транспортниот сектор на Русија, за компаниите и олигарсите во срцето на режимот на Путин. Руските летови се забранети во воздушниот простор на Обединетото Кралство, а руските бродови се забранети на сите наши пристаништа. Ќе ги замрзнеме средствата на руските банки и ќе донесеме закон за забрана на руската држава и економски виталните индустрии и компании на Русија (како Гаспром) да собираат финансии на пазарите во Обединетото Кралство - најважниот финансиски центар во Европа. Ние сме обединети во нашата поддршка за Украина и нејзиниот народ. Обединетото Краластво и нашите сојузници веќе обезбедуваат економска, хуманитарна и одбранбена воена помош. Ние продолжуваме да правиме сѐ што е возможно за да ѝ помогнеме на Украина како на пример обучување на 22.000 војници, испорачување 2.000 противтенковски проектили, обезбедување 100 милиони фунти за економски реформи и енергетска независност, како и 120 милиони фунти хуманитарна помош и гаранција за 500 милиони долари за финансирање на Банката за развој. Сега мора да останеме обединети. Она што ќе се случува во наредниот период е критично за мирот и безбедноста во Европа, како и за вредностите за кои се бориме.   Колумна: Рејчел Галовеј, амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kolumna-na-rejchel-galovej-mora-da-prodolzime-da-dejstvuvame-zaedno-i-da-pokazeme-deka-veruvame-vo-nashite-vrednosti/feed/ 0
Муцунски оствари средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-ostvari-sredba-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-ostvari-sredba-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/#respond Fri, 10 Dec 2021 14:12:02 +0000 https://kurir.mk/?p=606721

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со британската амбасадорка, Рејчел Галовеј и претставници на НВО Новинари за човекови права. „На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на Новинари за човекови права, а поддржан од Британската амбасада во Скопје Во склоп на настанот беа презентирани дрвените куќички - хотели за опрашувачи кои беа изработени во склоп на проектот, а подоцна беа донирани на општината. Овие куќички претставуваат прибежишта за опрашувачите во текот на зимските месеци, помагаат во нивно зачувување во урбани средини. Освен тоа, на средбата со британската амбасадорка Галовеј зборувавме за идни проекти во Општина Аеродром поврзани со менаџментот на кризи, заштита на животната средина и слично. Заедничкиот заклучок од средбата е дека со децата треба да се работи од најрана возраст на едукација за важноста на климатските промени, потребата да се делува итно и чекорите кои може да ги преземе секој од нас за да се заштити животната средина“ - порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/mucunski-ostvari-sredba-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/feed/ 0
Мицкоски на средба со Галовеј: Македонија тоне на секое поле, а големиот степен на корупција во земјава ги коси сите меѓународни стандарди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-galovej-makedonija-tone-na-sekoe-pole-a-golemiot-stepen-na-korupcija-vo-zemjava-gi-kosi-site-megjunarodni-standardi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-galovej-makedonija-tone-na-sekoe-pole-a-golemiot-stepen-na-korupcija-vo-zemjava-gi-kosi-site-megjunarodni-standardi/#respond Mon, 17 May 2021 14:22:07 +0000 https://kurir.mk/?p=511450

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски, денеска остварија средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Македонија, Рејчел Галовеј. На средбата се разговараше за актуелните случувања во земјава, по што претседателот Мицкоски посочи на истата дека Македонија стана земја каде навистина тешко се живее, за жал ветувањата за развојна економија на власта резултираа со економско дно за граѓаните. Претседателот Мицкоски на амбасадорката и ги пренесе причините за се поголема загриженост на ВМРО-ДПМНЕ за начинот на кој власта и институциите се справуваат со големиот степен на корупција во земјава која ги коси сите меѓународни стандарди, како што се скандалите поврзани со издавањето на македонски пасоши на криминални картели, како и потопеноста во криминалните дејствувања на одредени функционери од власта и недоволниот број на суштински реформи е само тапкање во место на меѓународната интеграција на земјава. Мицкоски порача дека немањето на доволен број на инвестиции како и навистина катастрофалната реализација на капиталните расходи, но и екстремното задолжување кое стигна над 60% од БДП не им овозможува на македонските граѓани стабилна иднина. Претседателот Мицкоски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за поддршката која Обединетото кралство и ја дава на Македонија, како и интересот да се слушнат проблемите на граѓаните по насока на создавање подобри демократски капацитети и дијалог за изнаоѓање на решенија за суштински реформи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-na-sredba-so-galovej-makedonija-tone-na-sekoe-pole-a-golemiot-stepen-na-korupcija-vo-zemjava-gi-kosi-site-megjunarodni-standardi/feed/ 0
Амбасадорката Галовеј во посета на Кичево https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-galovej-vo-poseta-na-kichevo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-galovej-vo-poseta-na-kichevo/#respond Thu, 24 Sep 2020 05:43:29 +0000 https://kurir.mk/?p=407649

Во повеќечасовна посета на Кичево денес престојуваше амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Таа најпрво ја посети локалната самоуправа, каде оствари средба со градоначалникот Фатмир Дехари, со кого имаше подолг разговор околу економската и безбедносната состојба во општината а во текот на денешниот ден заедно ќе ги посетат и училиштата ОУ „Кузман Јосифоски- Питу“, ОУ „Реџо Рушит Зајази“ и манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“, и изрази желба да прошета низ градот. Амбасадорката беше задоволна од средбата со Дехари и со содржината на нејзината денешна агенда. – Кичево е една од трите општини покрај Чаир и Гостивар, каде се реализира проектот „Зајакнување на отпорноста против насилниот екстремизам“, чија цел е намалување на насилството. Токму промоцијата на овој проект е цел на денешната посета. Не случајно се одбрани овие три општини со мешан етнички состав за реализирање на овој проект. Во текот на оваа посета ќе посетиме и две основни училишта, по едно во Кичево и село Зајас , како и манастирот „Пресвета Богородица“ и би сакала одблизу да го запознаам и градот – рече Галовеј. Градоначалникот Фатмир Дехари беше задоволен од остварената средна со Британската амбасадорока и нејзиниот интерес за случувањата во општината. – Денес во посета на Општина Кичево беше амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј. Нашиот град отсекогаш го краселе добри меѓучовечки односи и верска толеранција и во тој поглед Кичево е пример и за останатите градови со мешан етнички состав. Денес ќе посетиме и две основни училишта „КЈ Питу“ во градот и „Р.Р. Зајази“ во село Зајас, а ќе го посетиме и манастирот „Света Пречиста Богородица“ – истакна Дехари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-galovej-vo-poseta-na-kichevo/feed/ 0
Британската амбасадорка во посета на Прилеп https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/britanskata-ambasadorka-vo-poseta-na-prilep/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/britanskata-ambasadorka-vo-poseta-na-prilep/#respond Thu, 17 Sep 2020 20:40:19 +0000 https://kurir.mk/?p=404832

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј дводневната посета на Прилеп ја започна со средба со градоначалникот Илија Јованоски. Јованоски и Галовеј разговараа за актуелните состојби во општината, за проблемите со кои се соочуваат граѓаните, пред се’ проблемот со пандемијата на коронавирус, како и за активностите кои Општината ги презема за нивно надминување. „Посебно внимание обрнавме на лицата со посебни потреби и лицата кои примаат социјална помош, односно оние категории на граѓани кои во континуитет се соочуваат со проблеми во нивното живеење, проблеми од егзистенцијален карактер. Ја информирав амбасадорката за функционирањето на дневниот центар за лица со детска парализа, за проширениот центар за лица со попреченост ‘Порака’ и за тоа дека во тек е јавна набавка во сите училишта за изградба на пристапни рампи. Во таа насока, позитивен пример е поставувањето на тактилната трака при реконструкцијата на булеварот“, изјави после средбата со британската амбасадорка, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски. Како што истакна градоначалникот, на средбата се разговарало за начинот на кој Општината и здравствените институции се справуваат со пандемијата на Ковид- 19, како и за локалните компании кои покажаа општествена одговорност и се вклучија во овој процес. Заблагодарувајќи му се на градоначалникот за укажаното гостопримство, британската амбасадорка Рејчел Галовеј рече дека и’ е драго што имала можност да биде информирана за работата на Општината, како и за моменталната ситуација со коронавирусот. „Многу ми е драго што имавме можност да разговараме за работата во Општината и за справувањето со пандемијата. Воодушевена сум што Општината работи со граѓаните од најранливите категории и се надевам на заедничка соработка на овие теми. Дводневната посета ќе ја искористам да се видам со граѓаните на Прилеп, со претставници на локалните бизниси и бизниси кои имаат британски сопственици, со членови на општинскиот Совет, пратеници во Парламентот и невладини организации. Воедно, ќе го посетам и основното училиште ‘Блаже Конески’, кое работеше на проект поддржан од Британија ‘Училишта на 21 век’. Драго ми е што имам можност за дводневна посета на општината и се надевам дека повторно ќе дојдам“, рече во изјавата за медиумите британската амбасадорка, Рејчел Галовеј. Покрај официјалните средби на амбасадорката, денеска во големата сала на Општина Прилеп британската амбасада организираше презентација за Чивнинг стипендиите кои се поддржани од страна на британската влада. Стипендиите се отворени за сите македонски граѓани кои се заинтересирани да студираат едногодишни постдипломски студии, на било кој универзитет Велика Британија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/britanskata-ambasadorka-vo-poseta-na-prilep/feed/ 0
Британската амбасадорка на средба со Пендаровски: Нема да престанеме да ја поддржуваме Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasadorka-na-sredba-so-pendarovski-nema-da-prestaneme-da-ja-poddrzuvame-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasadorka-na-sredba-so-pendarovski-nema-da-prestaneme-da-ja-poddrzuvame-makedonija/#respond Thu, 03 Sep 2020 14:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=398821

Со амбасадорката Рејчел Галовеј разговаравме за одличните односи меѓу Британија и Северна Македонија кои одат по нагорна линија уште од нашата независност. Пандемијата на #КОВИД19 донесе многу предизвици, но тоа не нѐ спречи да ги одржиме одличните политички и економски врски меѓу двете земји. Амбасадорката Галовеј ме увери дека како нова земја-членка на #НАТО, поддршката од британските колеги ќе продолжи на рамноправна основа, придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/britanskata-ambasadorka-na-sredba-so-pendarovski-nema-da-prestaneme-da-ja-poddrzuvame-makedonija/feed/ 0
Проштална средба на министерот Чулев со британската амбасадорка Рејчел Галовеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-ministerot-chulev-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-ministerot-chulev-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/#respond Thu, 23 Jul 2020 15:26:56 +0000 https://kurir.mk/?p=380437

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев денеска оствари работна средба со амбасадорката на Кралството Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. Во фокус на работниот состанок беа вонредните парламентарни избори кои се спроведоа во државата, како и активностите кои треба да се преземат по нивното завршување. На средбата Чулев изразил голема благодарност до амбасадорката Галовеј за исклучителната соработка за време на неговиот мандат во извршување на функцијата – министер за внатрешни работи. Двете страни заеднички се согласија дека во иднина во Министерството за внатрешни работи е потребно продолжување на реформските процеси, како важен сегмент во евроинтегративниот процес на државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proshtalna-sredba-na-ministerot-chulev-so-britanskata-ambasadorka-rejchel-galovej/feed/ 0
Мицкоски оствари средба со амбасадорката на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Галовеј https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-i-severna-irska-galovej/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-i-severna-irska-galovej/#respond Fri, 03 Aug 2018 14:14:48 +0000 https://kurir.mk/?p=84240

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес заедно со партиска делегација оствари прва работна средба со амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Рејчел Галовеј. На средбата претседателот Мицкоски и посака добредојде и посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија за која клучни приоритети на надворешно политички план се членството во НАТО и ЕУ, и развој на односите со Обединетото Кралство. Претседателот Мицкоски образложи дека Република Македонија и нејзините граѓани се соочуваат со неодговорна и непринципиелна политика од страна на власта. Тој истакна дека и државата и граѓаните се заложници на коруптивното владеење и неспособноста на власта да ги спроведе реформите неопходни за исполнување на европските стандарди, информираат од партијата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски искажа незадоволство од формулирањето на референдумското прашање за кое власта одби консензус со опозицијата. Самоволието кое што парламентарното мнозинство го демонстрираше за вака важно прашање од страна на Мицкоски беше посочено како неодговорен и антидемократски чин. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е клучно за Република Македонија да се фокусира на реформските процеси насочени кон создавање на посилна економија, правна држава, а се со цел зголемување на благосостојбата на граѓаните во Македонија. Соговорниците се согласија дека процесот на Евроатланска интеграција на Македонија е единствен пат кон обезбедување на стабилност во регионот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ostvari-sredba-so-ambasadorkata-na-obedinetoto-kralstvo-na-velika-britanija-i-severna-irska-galovej/feed/ 0