рејтинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 06:41:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рејтинг – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета: Пад на рејтингот на СИРИЗА https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/#respond Thu, 26 Oct 2023 06:41:11 +0000 https://kurir.mk/?p=893222

Намален рејтингот на СИРИЗА и тесна трка со ПАСОК за втората позиција, владејачката Нова демократија естабилна на првото место, а Мицотакис за половина од анкетираните е најсоодветен за премиер, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата „GPO“ за телевизијата „Стар“, јави дописничката на МИА од Атина. По изборот на Стефанос Каселакис за лидер на СИРИЗА, 70,6 проценти од анкетираните сметаат дека (сигурно или веројатно) најголемата грчка опозициска партија оди во погрешна насока, додека пак оние кои би гласале за СИРИЗА на следните избори, велат дека партијата е во правилна насока. Во однос на распоредот на силите, Нова демократија добива 36,6 отсто, 23,7 проценти повеќе од СИРИЗА, која има 12,9 отсто, а потоа следи ПАСОК со 11,9 отсто. За ситуацијата на Блискиот Исток, речиси девет од десет анкетирани изразуваат загриженост, а 65,4 отсто сметаат дека Грција треба да задржи строго неутрална позиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/anketa-pad-na-rejtingot-na-siriza/feed/ 0
„СДС падна на трето место по рејтинг – но ако не веруваат тогаш да се соочиме на избори таму се добива најреална слика“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-padna-na-treto-mesto-po-rejting-no-ako-ne-veruvaat-togash-da-se-soochime-na-izbori-tamu-se-dobiva-najrealna-slika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-padna-na-treto-mesto-po-rejting-no-ako-ne-veruvaat-togash-da-se-soochime-na-izbori-tamu-se-dobiva-najrealna-slika/#respond Mon, 09 Oct 2023 07:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=886716

Уште една анкета ја потврдува реалноста, дека оваа влада на Ковачевски е целосно делегитимирана, а СДС, не само метафорички, туку и фактички се претвора во помал коалициски партнер во власта. СДС стана трета партија по рејтинг со тенденции да падне на четврто место, со над два и пол пати помал рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. „СДС и Ковачевски може да стават крај на оваа нивна агонија и агонијата во која ја држат Македонија. Нека излезат на избори час поскоро и на тој начин да си олеснат. Резултатот сега веројатно ќе им биде подобар, отколку да го одложуваат неминовното соочување со народот. Но пред се, брзите избори ќе бидат во корист на Македонија, која ќе се куртули од оваа неспособна а крајно криминализирана и корумпирана влада. Оставаме простор СДС да не ја прифатат и оваа анкета, да и најдат замерка, што е легитимно, па затоа ги повикуваме на соочување со народот, бидејќи изборите се најдобрата анкета во една земја. Ако СДС навистина мисли дека добро стои меѓу граѓаните, а дека другите се со лош рејтинг, тогаш нека не чека, нека се охрабри и уште утре неа распише избори. Каде отиде храброста со која Ковачевски се фалеше на конференции? Издишаа ли?“, потенцираат од партијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sds-padna-na-treto-mesto-po-rejting-no-ako-ne-veruvaat-togash-da-se-soochime-na-izbori-tamu-se-dobiva-najrealna-slika/feed/ 0
Анкета: Раст на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, паѓа на СДСМ и Ковачевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-rast-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-i-mitskoski-paga-na-sdsm-i-kovachevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-rast-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-i-mitskoski-paga-na-sdsm-i-kovachevski/#respond Sat, 24 Jun 2023 06:49:56 +0000 https://kurir.mk/?p=849187

На прашањето „за која партија ќе гласате на наредните избори“, повеќе од 43 отсто од гласачите одговориле дека нема да гласаат, дека не знаат за кого ќе гласаат или дека ќе го поништат ливчето. Од определените во убедливо водство е ВМРО-ДПМНЕ (22%), 11,5% од испитаниците рекле дека ќе гласаат за СДСМ, за ДУИ 9,2 отсто, за Левица 5 %, Алијанса за Албанците 3,5 отсто..., покажуваат резултатите на анкетата на МКД.мк спроведена од агенцијата Маркет вижн од 5 до 16 јуни. Приближно две третини или 60,9% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена. Додека од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, доверба имаат 12%, во Димитар Ковачевски 6,1%, Али Ахмети 5,9%, во Димитар Апасиев 3,7%, во Никола Груевски 2,9% од испитаниците... За разлика од анкетата во февруари, Мицкоски има благ раст (од 11% на 12%) во популарноста меѓу гласачите, а Ковачевски пад – од 8,2 на 6,1 отсто. Раст во овој период бележи и популарноста на Ахмети – од 5,1 на 5,9 отсто. Интересно е и тоа што поранешниот лидер на Алијанса за Албанците Зијадин Села има поголем рејтинг (1,2%) од актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари (0,9%). Освен тоа, на оваа анкета за првпат се појавува и името на Максим Димитровски (1,0%), градоначалник на Куманово кој најавува основање на ново политичко движење. Ако се соберат процентите на популарноста на партиите на Албанците во Македонија (ДУИ, Алијанса за Албанците, Беса, Алтернатива и ДПА) таа бројка е многу поголема од рејтингот на СДСМ (16:11). Споредено со февруарската анкета, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст за нешто повеќе од еден процент, СДСМ пад за 0,9%, популарноста на ДУИ, Левица и Беса растат... Повеќе од половина или 56,8% од испитаниците би излегле да гласаат доколку утре се одржат избори. Дали според вас формирањето на коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би било добро за Македонија и дали мислите дека коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би можела да функционира успешно? Половина од испитаниците или 51,9% сметаат дека формирање на коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би било добро за Македонија, додека само 30,7% веруваат дека истата би можела да функционира успешно. За гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, најмалку прифатлива опција е коалицијата на нивната партија со ДУИ, при што дури 70,7% се изјасниле против оваа можност. Според етничката припадност за ВМРО-ДПМНЕ освен Македонците би гласале и Србите и Турците и Ромите и Власите..., но не и Албанциуте. За СДСМ освен Македонците, би гласале и Албанци и Роми и Срби и Турци. Анкетирањето беше спроведено од 5 до 16 јуни 2023 година со употреба на CATI метода - телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници со ниво на статистичка грешка од 3% и интервал на доверба од 95%. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-rast-na-rejtingot-na-vmro-dpmne-i-mitskoski-paga-na-sdsm-i-kovachevski/feed/ 0
АНКЕТА: Граѓаните сметаат дека Македонија се движи во негативна насока, ВМРО-ДПМНЕ со двојна предност пред СДСМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-makedonija-se-dvizi-vo-negativna-nasoka-vmro-dpmne-so-dvojna-prednost-pred-sdsm/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-makedonija-se-dvizi-vo-negativna-nasoka-vmro-dpmne-so-dvojna-prednost-pred-sdsm/#respond Mon, 21 Nov 2022 09:55:00 +0000 https://kurir.mk/?p=764068

Речиси 60 отсто од анкетираните македонски граѓани одговориле негативно на прашањето дали Македонија се движи во позитивна или негативна насока. Најголема одговорност за состојбата во земјата, испитаниците ја лоцираат во Владата и во капацитетот на владејачките партии (61,2%). Резултатот на ова е двојната предност на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ, водечката партија од владината коалиција, покажува истражувањето на МКД.мк кое на 1.200 испитаници го спроведе агенцијата Маркет вижн. Мал дел од испитаниците, само 13% сметаат дека земјата се движи во позитивна насока, околу една четвртина сметаат дека стои во место. Според испитаниците најголем проблем со кој се соочува нашата земја е инфлацијата и растот на цените на струјата и нафтените деривати (44%), додека 26,3% одговориле невработеноста и намалената стопанска активност. Оттука 70,3% од испитаниците сметаат дека најголем проблем во земјата се економски фактори. Од неекономските фактори се издвојува криминалот и корупцијата со 20 отсто. Од 1 до 5 испитаниците ја оценуваа работата на државните институции. Најниски оценки за успешноста во работењето добија Владата (2,2) и судството (1,86). Две третини од испитаниците (67%) сметаат дека Владата работи неуспешно, а 76% од испитаниците сметаат дека судството не работи успешно.

Рејтинг на партиите

На прашањето „Доколку утре се одржат избори дали ќе излезете да гласате“, 56,6% од испитаниците одговориле „да“. Од определените граѓани 18,6 отсто изјавиле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 9,4 отсто за СДСМ. Во групата нема да гласа или не сака да одговори се 43,4 отсто од испитаниците, а 21,5 % одговориле дека не сакаат да кажат дали ќе излезат или не на наредните избори. Целата анкета погледнете ја на МКД.мк.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-gragjanite-smetaat-deka-makedonija-se-dvizi-vo-negativna-nasoka-vmro-dpmne-so-dvojna-prednost-pred-sdsm/feed/ 0
Анкета: Рејтингот на Бајден е 40 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-e-40-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-e-40-otsto/#respond Wed, 19 Oct 2022 07:19:29 +0000 https://kurir.mk/?p=747435

Три недели пред изборите на половина мандат во САД, рејтингот на претседателот Џо Бајден останува близу најниското ниво од почетокот на неговиот мандат, според анкетата на Ројтерс/Ипсос. Дводневната национална анкета на 1.002 возрасни, вклучувајќи 446 демократи и 353 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден. Во последниве недели, Бајден се обиде да ги собере гласачите околу ветувањата на неговата партија за заштита на правата за абортус. Но, анкетите покажуваат дека гласачите се многу позагрижени за економијата, која под Бајден забележа највисоки стапки на инфлација од 1970-те и 1980-те, период во кој нестабилната економија му помогна на републиканецот Роналд Реган да го собори демократскиот претседател Џими Картер на претседателските избори во 1980 година. Секој трет испитаник на овонеделната анкета на Ројтерс/Ипсос ја нарече економијата како најголем проблем на САД. Само еден од десет укажал на ограничување на правото на абортус. Рејтингот на Бајден падна на 36 отсто во мај и јуни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-e-40-otsto/feed/ 0
Рејтингот на Бајден расте трет месец по ред https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-raste-tret-mesec-po-red/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-raste-tret-mesec-po-red/#respond Thu, 06 Oct 2022 14:07:52 +0000 https://kurir.mk/?p=741985

На нешто повеќе од еден месец до среднорочните избори во САД, закажани за ноември, американските демократи му даваат поддршка на претседателот Џо Бајден, меѓутоа, мнозинтсвото граѓани не веруваат дека земјата оди по исправен пат. Според најновата анкета на Ен-пи-ар/Марист, рејтингот на Бајден се зголемил до 44 отсто, што е подобрување трет месец по ред, откако во јули беше намален до 36 отсто. Иако има релативно зголемување на неговата доверба, сепак, од анкетата се дознава дека седум од десет испитаници одговориле дека земјата оди во погрешна насока, и дека инфлацијата и натаму е главниот проблем за кој гласачите ќе размислуваат кога ќе треба да го уфрлат гласачкото ливче во ноември. Од анкетата, исто така, се дознава дека како републиканците, така и демократите се мотивирани да гласаат масовно оваа изборна сезона, пред се поради укинувањето на гарантираното право за абортус од страна на Врховниот суд, во јули годинава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-raste-tret-mesec-po-red/feed/ 0
Анкета: Рејтингот на Бајден забележа уште еден пад https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-zabeleza-ushte-eden-pad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-zabeleza-ushte-eden-pad/#respond Wed, 05 Oct 2022 05:16:17 +0000 https://kurir.mk/?p=741148

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден дополнително се намали оваа недела и е блиску до најниското ниво во неговиот мандат, покажува истражувањето на Ројтерс и на Ипсос. Дводневната национална анкета покажа дека 40 отсто од Американците ја одобруваат работата на Бајден, наспроти 41 отсто минатата недела. Рејтингот на американскиот претседател падна на 36 отсто во мај и јуни, поттикнувајќи ги очекувањата дека неговата Демократска партија би можела да ја изгуби контролата врз Претставничкиот дом на САД во ноември, а можеби и врз Сенатот. Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година, среде пандемијата Ковид-19, со неговиот мандат нарушен од економските последици од глобалната здравствена криза, вклучително и високата инфлација. Последното истражување на Ројтерс и Ипсос, спроведено онлајн во САД, беше засновано на одговори од 1.003 возрасни, вклучувајќи 448 демократи и 383 републиканци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rejtingot-na-bajden-zabeleza-ushte-eden-pad/feed/ 0
Анкета: Раст на поддршката за Бајден https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rast-na-poddrshkata-za-bajden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rast-na-poddrshkata-za-bajden/#respond Thu, 15 Sep 2022 09:44:32 +0000 https://kurir.mk/?p=733124

Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден бележи раст откако во текот на летото достигна најниско ниво, покажуваат резултатите од анкетата на Центарот за истражување на јавните прашања на Асошиејтед прес и Националниот центар за истражување на мислењето. Поддршката за Бајден е зголемена на 45 проценти, додека во јули изнесуваше 36 отсто. Растот главно се должи на неговата популарност помеѓу демократите пред среднорочните избори за Конгресот, што ќе се одржат во ноември. Анкетата покажува дека 53 отсто од Американците не се задоволни од економската политиката на Бајден. Според резултатите зголемена е и поддршката за Бајден кај демократите, всушност 78 проценти од испитаниците изјавиле дека се задоволни од работата на претседателот, а во јули поддршка му дале 65 отсто. Во моментов, рејтингот на Бајден е сличен на оној од првиот квартал од годината, откако не надмина 40 отсто во мај, јуни и јули. Сепак, неговата популарност сè уште не е на нивото на почетокот на неговото претседателствување, кога во првите шест месеци од неговиот мандат имаше поддршка од 60 проценти од Американците. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketa-rast-na-poddrshkata-za-bajden/feed/ 0
Рејтингот на Бајден највисок од почетокот на јуни,но останува историски низок https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-najvisok-od-pochetokot-na-juni-no-ostanuva-istoriski-nizok/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-najvisok-od-pochetokot-na-juni-no-ostanuva-istoriski-nizok/#respond Wed, 10 Aug 2022 08:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=716471

Рејтингот на американскиот претседател Џозеф Бајден неделава е на највисоко ниво од почетокот на јуни, но останува историски низок, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос. Дводневната национална онлајн анкета, при што се испитани 1.005 возрасни, вклучително 445 демократи и 357 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците го одобруваат работењето на Бајден, ниво на поддршка што е историски ниско за американски претседател. Истражувањето завршено вчера, исто така, покажа дека 78 отсто од испитаниците, кои се изјасниле како демократи, го поддржуваат Бајден, наспроти 69 отсто еден месец претходно. Само 12 отсто од републиканците го одобрија настапот на Бајден оваа недела, бројка што остана во голема мера стабилна во последните недели. Вкупниот рејтинг на Бајден според слично истражување во мај достигна најниско ниво од неговиот мандат, 36 отсто, а под 50 отсто колку што беше во август минатата година, во време кога Американците се соочуваат со висока инфлација и економски тешкотии, предизвикани од кризата Ковид-19. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rejtingot-na-bajden-najvisok-od-pochetokot-na-juni-no-ostanuva-istoriski-nizok/feed/ 0
СДСМ губи контрола, атакува врз ВМРО како компензација за слабиот рејтинг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gubi-kontrola-atakuva-vrz-vmro-kako-kompenzacija-za-slabiot-rejting/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gubi-kontrola-atakuva-vrz-vmro-kako-kompenzacija-za-slabiot-rejting/#respond Thu, 09 Jun 2022 13:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=688982

Со најновата пресуда за случајот „Талир2“ власта директно атаува и врши политички прогон врз опозициската ВМРО-ДМНЕ. СДСМ е свесна за својот слаб политички рејтинг во однос на ВМРО-ДПМНЕ која е на врвот. Политичките мерења и анкетите јасно укажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба од граѓаните во однос на СДСМ. Очигледно дека СДСМ ја губи контролата и врши директен напад со цел компензација за нејзиниот слаб политички рејтинг. Според последната анкета на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС) објавена на 08.05.2022 пред само еден месец ВМРО-ДПМНЕ има апсоултна и убедлива предност од 5% во однос на СДСМ. Според резултатите од анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку следната недела има парламентарни избори, 21,2% од испитаниците се изјасниле за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,2% за СДСМ. Една недела подоцна ИПСОС објави анкета од најновиот рејтинг на политичките партии каде политичката партија ВМРО-ДПМНЕ има 11% предност пред владејачката СДСМ. Според неа, доколку утре се одржат парламентарни избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 22% од граѓаните а за СДСМ нешто помалку од 13%. Резултатите од најновите политички мерења и анкети доведуваат до заклучок дека СДСМ тотално ја има изгубено контролата и напразно атакува и политички ја прогонува ВМРО-ДПМНЕ во обид за зголемување на сопствениот рејтинг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-gubi-kontrola-atakuva-vrz-vmro-kako-kompenzacija-za-slabiot-rejting/feed/ 0