рек битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 28 Oct 2023 17:16:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рек битола – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски: РЕК Битола дала тендер од 4 милиони евра за одмастување на котлите на фирма која основна дејност и е трговија и дистрибуција на канцелариски материјал, власта уште еднаш докажа дека го допре дното https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-rek-bitola-dala-tender-od-4-milioni-evra-za-odmastuvane-na-kotlite-na-firma-koja-osnovna-dejnost-i-e-trgovija-i-distributsija-na-kantselariski-materijal-vlasta-ushte-ednash-dokazha-deka-go-d/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-rek-bitola-dala-tender-od-4-milioni-evra-za-odmastuvane-na-kotlite-na-firma-koja-osnovna-dejnost-i-e-trgovija-i-distributsija-na-kantselariski-materijal-vlasta-ushte-ednash-dokazha-deka-go-d/#respond Sat, 28 Oct 2023 12:41:44 +0000 https://kurir.mk/?p=893987

Кога мислевме дека завршија со срамот кога ангажираа производител на долен веш да биде надзор на епски капиталниот инфраструктурен проект дел од коридорите 8 и 10Д, мислевме дека е последниот срам на ова влада, но, сме биле песимисти, тие можеле да одат подолу, изјави Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во рамките на активноста „Важно е! Од тебе зависат промените кој беше во посета во општина Петровец запрашан на прашање како го коментира последниот скандал со РЕК Битола. Мицкоски во врска со скандалот со РЕК Битола потсети дека тендерот го добива компанија која што има основна дејност трговија и дистрибуција на канцелариски материјал. Имено претседателот Мицкоски додаде дека тендерот е всушност 10-12 пати поголем од основни приходи кои компанијата ги имала претходната година. -Сега да речеме во РЕК Битола тендер за одмастување на котлите, доби компанија која што има основна дејност трговија и дистрибуција на канцелариски материјал, тендер е отприлика 4.2 милиони евра, а минатата година истата оваа компанија имала приходи не поголеми од 350.000 евра. Значи тендерот е за повеќе од 10-12 пати која што го добива компанијата поголем од нејзините основни приходи претходната година и добива работа која што не е нејзина основна дејност. Затоа велам кога мислевме дека со долниот веш го допреле дното, ние сме биле песимисти, требало да бидеме оптимисти, тие можеле да одат подлабоко, истакна Мицкоски. Претседателот Мицкоски на крај порача дека за сето ова многу скоро ќе има одговорност. -Да не се повторувам, сето ова многу скоро ќе има одговорност, рече Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mitskoski-rek-bitola-dala-tender-od-4-milioni-evra-za-odmastuvane-na-kotlite-na-firma-koja-osnovna-dejnost-i-e-trgovija-i-distributsija-na-kantselariski-materijal-vlasta-ushte-ednash-dokazha-deka-go-d/feed/ 0
„Додека држат пресови, во РЕК Битола им паѓаат блокови“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-drzhat-presovi-vo-rek-bitola-im-pagaat-blokovi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-drzhat-presovi-vo-rek-bitola-im-pagaat-blokovi/#respond Tue, 17 Oct 2023 17:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=889944

Надлежните молчат, за скандалите од епски размери во ЕЛЕМ и ЕСМ - само последниот од нив тежи 22 милиони евра, кредитот од ЕБОР од 100 милиони евра ќе го враќаат граѓаните, а раководството на РЕК Битола држи небулозни прес - конференции. Првин, излегуваат за да кажат во идно време дека трите блока ќе проработат до крајот на претстојната грејна сезона, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ Битола. Во продолжение следува интегрален текст од нивната прес-конферениција: Потврдуваат дека им фалат работници, а од друга страна не ја кријат намерата дека ќе го затворат РЕК Битола, без око да им трепне за вработените и за уништувањето на најголемиот енергетски систем во Македонија, со што и економски и енергетски ја уриваат и ја ставаат во зависна и крајно очајна положба. Потврдуваат дека експлоатациониот век на рудниците е при крај, а домашниот јаглен нискокалоричен. И, почитувани, замислете, на крај, сосема бесрамно, соопштуваат дека ќе продолжат со “бизнисот” набавка на јаглен со сомнителен квалитет од Грција и Албанија! Да, дрско и без срам, обзнануваат почитувани, дека до нив не допираат мислењата на експертската јавност, во однос на јагленот што го набавуваат од Грција и Албанија, не ги согледуваат непоправливите штети, што се предизвикани од тој јаглен во Комбинатот! Почитувани, што треба повеќе за по кој знае кој пат да бидат поставени прашањата за нивната неспособност и нестручност и прашањето дали се една од клучните алки во криминално - тендерските релации на оваа централна власт на СДСМ и ДУИ во енергетиката? Нема друг излез, освен избори, а совест никогаш и немале за да поднесат оставки! Оваа власт, за сите злодела, треба да ја плати сметката пред вас, почитувани граѓани! А, двата блока со кои се пофалија не ја издржаа ни нивната небулозна прес - конференција! Важно е, да си заминат! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/dodeka-drzhat-presovi-vo-rek-bitola-im-pagaat-blokovi/feed/ 0
Исклучени Блок 1 и Блок 3 во РЕК Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isklucheni-blok-1-i-blok-3-vo-rek-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isklucheni-blok-1-i-blok-3-vo-rek-bitola/#respond Fri, 06 Oct 2023 06:23:16 +0000 https://kurir.mk/?p=885809

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем. Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока, соопшти АД ЕСМ. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија. Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година. Овојпат, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, а стручни лица од РЕК Битола и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денхешниот инцидент. Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/isklucheni-blok-1-i-blok-3-vo-rek-bitola/feed/ 0
ЕСМ: Блок 3 попладево ќе биде плански исклучен од мрежа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-blok-3-popladevo-ke-bide-planski-iskluchen-od-mrezha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-blok-3-popladevo-ke-bide-planski-iskluchen-od-mrezha/#respond Thu, 09 Mar 2023 15:42:29 +0000 https://kurir.mk/?p=810094

Блок 3 на РЕК Битола попладнево ќе биде исклучен заради сервисни активности на опремата во постројката, информираат од ЕСМ. Интервенцијата се реализира во период кога временските услови и производствениот план на АД ЕСМ го дозволуваат тоа. Планирано е санацијата да заврши до недела, по што РЕК Битола ќе продолжи да работи со целиот свој капацитет.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/esm-blok-3-popladevo-ke-bide-planski-iskluchen-od-mrezha/feed/ 0
Блок 1 на РЕК Битола исклучен од мрежа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-iskluchen-od-mrezha/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-iskluchen-od-mrezha/#respond Tue, 07 Feb 2023 08:39:51 +0000 https://kurir.mk/?p=797158

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради интервенции во цевководниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот, информираат од АД ЕСМ. Како што нагласуваат, се очекува блокот да биде ставен во функција во следните 24 до 48 часа. -Заради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено тоа се прави, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа, соопшти АД ЕСМ. Блок 2 и Блок 3 на РЕК Битола, се посочува во соопштението, во моментов работат без проблеми. Ремонтни активности на Блок 2 се предвидени за следната недела. -За сиот овој период, АД ЕСМ ги задоволува потребите за електрична енергија на конзумот со производство од останатите свои капацитетите. Увоз на електрична енергија нема, потенцираат од компанијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-iskluchen-od-mrezha/feed/ 0
Комисии на ВМРО-ДПМНЕ: Дали ќе се активира гаранцијата и пеналите за доцнење на новиот трансформатор за блок 4 во РЕК Битола? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/#respond Tue, 17 Jan 2023 13:35:52 +0000 https://kurir.mk/?p=788428

Комисиите на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук прашуваат дали ќе се активира гаранцијата и пенали за доцнење на нов трансформатор за блок 4 во РЕК Битола? „ЌЕ СЕ АКТИВИРА ЛИ ГАРАНЦИЈА И ПЕНАЛИ ЗА ДОЦНЕЊЕ НА “НОВ“ ТРАНСФОРМАТОР ЗА БЛОК 3 ВО РЕК БИТОЛА Деновиве секојдневно ги слушаме фалбите на пресови на ДУИ и СДСМ за работа и производство на енергетските капацитети во Македонија. Интересно е дека тоа се случува веднаш после ставање во функција на “новиот“ трансформатор за блок 3 во РЕК Битола. За да не се замајува јавноста со цел да се подзаборават некои работи за оваа набавка, аплерима на следнтото: “Новиот“ трансформатор требаше да биде ставен во функција најкасно на 15 ноември 2022 година. Така стои во договорот склучен на 28.07.2022 број 09т-4378/1 со бугарската компанија Actael N Ltd-Bulgaria. Блокот 3 во РЕК Битола се синхронизира на мрежа на 10 јануари 2023 година. Тоа значи доцнење од вкупно 56 дена. Ова се прашања за појаснување до АД ЕСМ и до владеачката гарнитура на ДУИ и СДСМ: Дали ќе се активира банкарската гаранција на договорот за навремено и квалитетно извршување на договорот во висина од 321.550 евра како што е дефинирано во договорот? Дали ќе се наплатат пенали согласно договорот заради доцнење со испораката на трансформаторот? Дали ќе се бара надомест на претрпена штета поради набавка од увоз на електрична енергија во периодот од 15 ноември 2022 година до 10 јануари 2023 година поради доцна испорака? Дали АД ЕСМ има преземено некои дополнителни плаќања кон бугарската компанија поради проблемите со транспорт на трансформаторот? Според технички можности за производство на нов трансформатор од оваа големина се неопходи минимум од 12 до 20 месеци. Испорака на трансформаторот за само 110 дена односно нешто помалку од 4 месеци може да значи само дека е тоа некој стар користен трансформатор и репариран во турската компанија и овде продаден како сосема нов. Дали АД ЕСМ ќе објави на македонската јавност од каде е најден овој “нов“ трансформатор со вака превисока цена од 6.431.000 евра? Имајќи ја во предвид вака експресно брзата изработка на “новиот“ трансформатор се поставува прашање дали пред да се врши јавна набавка со директно преговарање без објава на оглас некој не дошол кај директорот на АД ЕСМ или во владеачките ДУИ и СДСМ да договори купување на репариран трансформатор кој итно ни треба? Дали има независно испитување или надзор врз проверка на бараните и гарантирани технички карактеристики согласно договорот и дали се исполнети бараните технички гарантирани податоци? Кој и кога ги изврши овие испитувања, ако се воопшто извршени, после ставање на трансформаторот во функција и кој беше независен надзор над овие испитувања? Стариот трансформатор кој беше оштетен под сомнителни околности е на поправка во компанијата ПД ЦОМЕЛ од Србија. Досега нема никаква информација до каде е оваа поправка. ПОДИЗВЕДУВАЊЕ И ПОДИЗВЕДУВАЧИ – Со договорот е ангажиран подизведувач. Според Прилог-1 кон договорот, понудата, а со тоа и самиот договор, се состои од само една и единствена ставка. Од друга страна согласно член 118 став 2 алинеа 1 од Законот за јавни набавки се дозволува подизведување, но тоа може само за „дел од договорот“, но во никој случај на цел договор. Во конкретниов случај иако е наведено дека се отстапува дел од договорот, произлегува дека цел договор се доделува на подизведувач и тоа “испорака на стоката и преземање на сите обврски согласно техничката понуда од договорот“. ОВА НЕ Е СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ БИДЕЈЌИ ИСТИОТ ДОЗВОЛУВА САМО ДЕЛ ОД ДОГОВОРОТ ДА СЕ ДОДЕЛИ НА ПОДИЗВЕДУВАЧИ, А НЕ ЦЕЛ ДОГОВОР. Уште позагадочно е што подизведувач е всушност производителот на трансформаторот, па од прашањето зошто носител на набавка да не биде самиот производител, туку друга компанија, се отвораат низа други потпрашања. Јавноста треба да знае која е улогата на компанија Actael N Ltd-Bulgaria, која се јавува како носител на набавката. Овие трансформатори се платени со парите на Македонските граѓани и одговор на овие прашања мора да има“, стои во нивниот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisii-na-vmro-dpmne-dali-ke-se-aktivira-garantsijata-i-penalite-za-dotsnene-na-noviot-transformator-za-blok-4-vo-rek-bitola/feed/ 0
Топловодната инсталација од РЕК Битола на еден километар пред Битола https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplovodnata-instalatsija-od-rek-bitola-na-eden-kilometar-pred-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplovodnata-instalatsija-od-rek-bitola-na-eden-kilometar-pred-bitola/#respond Tue, 10 Jan 2023 13:19:04 +0000 https://kurir.mk/?p=785577

Топловодната инсталација од РЕК Битола, главните цевки се наоѓаат на еден километар пред градот, изјави Горан Козаров, управител на ДОЕЛ на АД ЕСМ, Топловод-Битола. – Топловодната гранка од РЕК Битола од каде ќе се одзема топлината до кулата за дотоплување е траса во должина од 13 километри и во моментов сме на 12 километар, а машините ги трасираат последните километри со што топловодот за брзо време ќе влезе во Битола, изјави Козаров. -Оваа фаза е прва од топловодот, се поставуваат главните цевки, доводната и повратната цевка, во втората фаза од топловодот ќе биде градската мрежа и разводните шахти, а потоа ќе биде изграден одземач во РЕК Битола и кулата која ќе се користи за дотоплување на водата во градот. Ова е еден од најпосакуваните проекти, кој ќе овозможи намалување на загаденоста во градот, а користа за граѓаните – огромна, посочи Козаров. Според проектот, со завршување на трите фаза, топловодот ќе биде разгранет на три гранки кои ќе ги користат 37 институции, а потоа колективните објекти згради и други корисници од Битола, Могила и Новаци. Првите корисници топловодот се очекува да се вклучат во 2025 година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toplovodnata-instalatsija-od-rek-bitola-na-eden-kilometar-pred-bitola/feed/ 0
Блок 1 на РЕК Битола попладнево ставен во функција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-popladnevo-staven-vo-funkcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-popladnevo-staven-vo-funkcija/#respond Thu, 05 Jan 2023 14:28:50 +0000 https://kurir.mk/?p=784036

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција. Постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. -Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото мораше да биде исклучен, информираат од АД ЕСМ. РЕК Битола во моментов работи со два блока. На Блок 3 во тек се завршните зафати за монтажа на новиот трансформатор, по што и оваа постројка ќе биде ставена во функција.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-popladnevo-staven-vo-funkcija/feed/ 0
Блок 1 на РЕК Битола утрово исклучен од мрежа поради скинати цевки во котелот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-iskluchen-od-mreza-poradi-skinati-cevki-vo-kotelot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-iskluchen-od-mreza-poradi-skinati-cevki-vo-kotelot/#respond Wed, 04 Jan 2023 08:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=783673

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од АД ЕСМ. -На Блок 1 пред една недела беа извршени сервисно – ремонтни активности кои, за жал, не можат да предвидат или превенираат ситуација како денешната. Секој од трите блока на РЕК Битола има котел составен од цевки со должина од околу 700 километри, поставени на различни нивоа, низ кои поминува пареа со топлина од над 500 степени Целзиусови. Кон санација на оштетувањето се пристапува откако ќе се создадат физички услови за интервенција, појаснуваат од АД ЕСМ Воедно, наведуваат дека заради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-iskluchen-od-mreza-poradi-skinati-cevki-vo-kotelot/feed/ 0
Блок 1 на РЕК Битола утрово вратен во мрежа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-vraten-vo-mreza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-vraten-vo-mreza/#respond Thu, 29 Dec 2022 08:56:05 +0000 https://kurir.mk/?p=781997

Блок 1 на РЕК Битола утрово е вратен во мрежа. Од АД ЕСМ соопштија дека по завршување на сервисно–ремонтните активности, постројката е во функција и работи со максимален капацитет. – РЕК Битола во моментов работи со два од трите блока. Покрај Блок 1, во функција е и Блок 2, а на Блок 3 во тек се активности за монтажа на новиот трансформатор, информираа од АД ЕСМ. Поради енергетската криза во која се наоѓа државата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, како што подвлекуваат д АД ЕСМ, ремонти и санација на делови од блоковите се изведуваат кога ќе се укаже можност за тоа, без притоа да се загрози стабилноста на постројките.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/blok-1-na-rek-bitola-utrovo-vraten-vo-mreza/feed/ 0