река вардар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 24 May 2023 18:50:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png река вардар – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ТРОТИНЕТ ПЛОВИ ВО ВАРДАР – срамот на граѓаните од ден на ден се поголем, ќе сноси ли некој одговорност? Еве во која населба е фрлен во вода! (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trotinet-plovi-vo-vardar-sramot-na-graganite-od-den-na-den-se-pogolem-ke-snosi-li-nekoj-odgovornost-eve-vo-koja-naselba-e-frlen-vo-voda-foto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trotinet-plovi-vo-vardar-sramot-na-graganite-od-den-na-den-se-pogolem-ke-snosi-li-nekoj-odgovornost-eve-vo-koja-naselba-e-frlen-vo-voda-foto/#respond Wed, 24 May 2023 18:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=838287

Срамот на граѓаните се поголем од ден на ден. Тротитетите кои беа поставени пред неколку дена на служење на граѓаните на Скопје очигледно наместо да бидат од функција, тие се од штета на граѓаните. Доказ дека тие им наштетуваат на скопјани наместо да им помогнат е тоа што тие масовно се „ослободуваат“ од нив фрлајќи ги во континјери, канти за ѓубре, езерцето во градскиот парк, па се до крадење во автомобил. Во овие моменти наш читател ни испрати веродостојни фотографии и видеа од тротинет како плови во реката Вардар во близина на Хром – Влае. Бидејќи истиот е целосно заглавен под вода и бидејќи е веќе ноќ не може да се долови убаво целата глетка, но дефинитивно станува збор за тротинетите кои се поставени на служба на граѓаните. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/trotinet-plovi-vo-vardar-sramot-na-graganite-od-den-na-den-se-pogolem-ke-snosi-li-nekoj-odgovornost-eve-vo-koja-naselba-e-frlen-vo-voda-foto/feed/ 0
Нивото на реката Вардар во Велес покачен и над априлскиот просек од минатите години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-rekata-vardar-vo-veles-pokachen-i-nad-aprilskiot-prosek-od-minatite-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-rekata-vardar-vo-veles-pokachen-i-nad-aprilskiot-prosek-od-minatite-godini/#respond Tue, 11 Apr 2023 12:30:02 +0000 https://kurir.mk/?p=822862

По последните обилни дождови изминатиот викенд денеска е зголемено нивото на водата во коритото на реката Вардар во Велес, а е видливо во Градскиот Парк и кај раклите на двата моста во центарот на градот. Како што информираат за МИА, од Центарот за управување со кризи денеска кај Стар мост од УХМР биле измерени 148 сантиметри, што е повеќе за 16 сантиметри споредено со вчера кога беа измерени 132 сантиметри, што исто така било повеќе споредено во деновите пред дождовите. Од Центарот за управување за кризи информираа дека средниот просек за април на Вардар во Велес изминатите години бил 111 сантиметри, со тоа што вчерашните и денешните вредности се 37 сантиметри над просекот за април од изминатите години. Тие информираат дека континуирано  ја следат состојбата со нивото на водата во реката Вардар, со цел навреме да се реагира во случај на опасност од излевање  на водите од реката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nivoto-na-rekata-vardar-vo-veles-pokachen-i-nad-aprilskiot-prosek-od-minatite-godini/feed/ 0
ЦУК: Отстранета опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-otstraneta-opasnosta-po-mostot-na-vardar-i-od-lokalno-poplavuvane-vo-negotinsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-otstraneta-opasnosta-po-mostot-na-vardar-i-od-lokalno-poplavuvane-vo-negotinsko/#respond Thu, 02 Feb 2023 12:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=795169

Отстранета е опасноста по мостот на Вардар и од локално поплавување во Неготинско, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. - Центарот за управување со кризи, по добиената информација на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, презеде превентивни координативни активности за да се отстрани опасноста по мостот на Вардар кај Неготино, кај село Пепелиште и од поголемо локално поплавување. Практично, пријавената опасност беше резултат од нанесените гранки и дрва, што беа како своевидна брана, на столбовите од мостот од надојдената вода на реката, појаснија од Центарот. Регионалниот ЦУК Неготино известил дека од страна на водостопанство АД „Тиквеш“, подружница Кавадарци, вчера било извршено чистење и отстранување на дрвната маса и друга вегетација од бетонските столбови на мостот на реката Вардар, од патниот правец Неготино – Штип, близу село Пепелиште.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tsuk-otstraneta-opasnosta-po-mostot-na-vardar-i-od-lokalno-poplavuvane-vo-negotinsko/feed/ 0
Излевање на реката Вардар во Зелениково, ЦУК побара намалување на истекот на Козјак и Матка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlevane-na-rekata-vardar-vo-zelenikovo-tsuk-pobara-namaluvane-na-istekot-na-kozjak-i-matka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlevane-na-rekata-vardar-vo-zelenikovo-tsuk-pobara-namaluvane-na-istekot-na-kozjak-i-matka/#respond Wed, 25 Jan 2023 20:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=791953

Центарот за управување со кризи побара намалување на истекот на Козјак и Матка по добиените известувања преку бројот за итни повици 112 во регионалниот ЦУК Скопје дека се има излеано во реонот на Зелениково и има зафатено 15 до 20 метри од нивите, а доколку се зголеми водостојот на водата постои опасност од поголемо излевање и можност од поплавување на куќите. – Вечерва, Центарот за управување со кризи за да се заштити населението покрај Вардар во Зелениково и Велешко од поплава побара да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково, известуваат од ЦУК. Ппријавата е добиена од вработено лице од Општина Зелениково. Известуваат дека за справување со поплава немаат сили и средства доколку таа се случи. Од страна на ЦУК известени се Дирекцијата за заштита и спасување за превземање на мерки и активности во нивната надлежност. – Тоа се реализираше преку Секторот за операции и координација на Центарот за управување со кризи до раководните претставници на диспечерски центар на ЕЛЕМ и ЕСМ подружници ХЕЦ Козјак и Матка преку нивно информирање и барање до нив за да пристапат со контролирано производство на електрична енергија и оптимално, а што помало испуштање, на водата од браните „Козјак“ и „Матка“. Тоа барање е со цел да не дојде до поголеми штети, а со тоа и до загрозување на живот на луѓето коишто живеат во реонот на поплави или се наоѓаат во непосредна близина, а и да нема штети од поплави по нивните материјални добра, посочуваат од ЦУК.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izlevane-na-rekata-vardar-vo-zelenikovo-tsuk-pobara-namaluvane-na-istekot-na-kozjak-i-matka/feed/ 0
Жената по која се трагаше од Нова Година пронајдена почината во Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zenata-po-koja-se-tragashe-od-nova-godina-pronajdena-pochinata-vo-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zenata-po-koja-se-tragashe-od-nova-godina-pronajdena-pochinata-vo-vardar/#respond Tue, 03 Jan 2023 15:07:41 +0000 https://kurir.mk/?p=783566

На 02.01.2023 во 12.20 часот во СВР Велес било пријавено дека во реката Вардар, во близина на мостот кај с.Кочилари, Велешко, полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица Тигар при Министерство за внатрешни работи ја пронашле почината М.К.(55) од с.Сојаклари, Велешко. За неа на 31.12.2022 во СВР Велес било пријавено дека се оддалечила од домот. Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/zenata-po-koja-se-tragashe-od-nova-godina-pronajdena-pochinata-vo-vardar/feed/ 0
СЕ ФРЛИЛ ОД СКАЛИТЕ ПОД КАМЕНИ МОСТ – утрово спасен маж од реката Вардар (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-frlil-od-skalite-pod-kameni-most-utrovo-spasen-maz-od-rekata-vardar-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-frlil-od-skalite-pod-kameni-most-utrovo-spasen-maz-od-rekata-vardar-foto/#respond Tue, 13 Dec 2022 09:03:59 +0000 https://kurir.mk/?p=774786

Од скалите под Камени мост машко лице утрово скокнало во реката Вардар, а по преземените мерки е извадено живо, информираат од Министерството за внатрешни работи. – Утрово околу 8:30 часот е пријавено дека од скалите под Камен мост машко лице скокнало во реката Вардар. Веднаш по добиената пријава се преземени мерки од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар и Бригада за противпожарна заштита Скопје, и лицето е извадено живо, велат од МВР. Со итна медицинска помош лицето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. ФОТО:МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-frlil-od-skalite-pod-kameni-most-utrovo-spasen-maz-od-rekata-vardar-foto/feed/ 0
ТРАОРНО ВИДЕО ОД ИЗВЛЕКУВАЊЕТО НА ТЕЛОТО – по пет дена потрага, еве каде беше пронајдено младото момче кое во Вардар падна со „Голф“ (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traorno-video-od-izvlekuvanjeto-na-teloto-po-pet-dena-potraga-eve-kade-beshe-pronajdeno-mladoto-momche-koe-vo-vardar-padna-so-golf-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traorno-video-od-izvlekuvanjeto-na-teloto-po-pet-dena-potraga-eve-kade-beshe-pronajdeno-mladoto-momche-koe-vo-vardar-padna-so-golf-video/#respond Sun, 02 Oct 2022 16:11:27 +0000 https://kurir.mk/?p=740141

Во водите на реката Вардар е пронајдено безживотното тело на кумановецот Ердон Рамадани, кој на 27 септември имаше несреќа кај селото Желина. Извори од местото на настанот велат дека неговото тело било пронајдено во близина на касарната, поточно на 1 километар од местото каде што имал незгода. Телевизијата Алсат-М објави и видео од местото каде е пронајдено младото момче и истото можете да го погледнете ТУКА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/traorno-video-od-izvlekuvanjeto-na-teloto-po-pet-dena-potraga-eve-kade-beshe-pronajdeno-mladoto-momche-koe-vo-vardar-padna-so-golf-video/feed/ 0
Најдено безживотно тело во Вардар: Градоначалникот на Желино објави дека е младото момче кој излета со „голфот“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-bezzivotno-telo-vo-vardar-gradonachalnikot-na-zelino-objavi-deka-e-mladoto-momche-koj-izleta-so-golfot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-bezzivotno-telo-vo-vardar-gradonachalnikot-na-zelino-objavi-deka-e-mladoto-momche-koj-izleta-so-golfot/#respond Sun, 02 Oct 2022 10:23:22 +0000 https://kurir.mk/?p=740079

Градоначалникот на општина Желино, Блерим Сејдиу, преку социјалните мрежи објави дека утринава во реката Вардар е најдено телото на Ердон Рамадани, 22 годишното момче кое на 27 септември излета од автопатот Тетово-Скопје. Младиот Ердон со возило фолксваген голф излета од коловозната лента на автопатот кај мостот што поминува над реката Вардар во близина на Желино. -Најден е младиот кумановец, во реката Вардар. Благодарност до сите спасувачки екипи кои придонесоа во текот на сите овие денови. Длабоко сочувство до семејството, порача преку социјалната мрежа Блерим Сејдуи, градоначалникот на Желино. Од тетовската полиција потврдија дека е најдено тело во реката Вардар, но се уште не е извршена официјалната идентификација. Полицајци од СВР Тетово го нашле телото. -Во 10:40 пронајдено е безживотно тело на машко лице во непосредна близина на касарната Еребино, до вториот бетонски мост. Телото наскоро треба да се извлече од водите и да се изврши официјална идентификација. Повикан е лекар од Судска медицина и јавен обвинител, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Изминативе денови претставници на повеќе институции учествуваа во потрагата по младиот кумановец, а беа вклучени нуркачи и кучиња трагачи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/najdeno-bezzivotno-telo-vo-vardar-gradonachalnikot-na-zelino-objavi-deka-e-mladoto-momche-koj-izleta-so-golfot/feed/ 0
СО НАД 80 ЛУЃЕ И 5 ДРОНА СЕ УШТЕ СЕ ТРАГА – и денес продолжува потрагата по возачот чиј автомобил падна во Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nad-80-lugje-i-5-drona-se-ushte-se-traga-i-denes-prodolzuva-potragata-po-vozachot-chij-avtomobil-padna-vo-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nad-80-lugje-i-5-drona-se-ushte-se-traga-i-denes-prodolzuva-potragata-po-vozachot-chij-avtomobil-padna-vo-vardar/#respond Sat, 01 Oct 2022 12:49:09 +0000 https://kurir.mk/?p=739889

РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово известува дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот кој на 27.09.2022 година излета и потона во водите на реката Вардар во близина на с.Желино. Од 09.00 часот на терен се и извршуваат копнена претрага 50 војници од Касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ од Тетово, девет (9) припадници од армиската специјална единица „Волци“ со нуркачки тим, осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население. Од страна на граѓани се обезбедени и пет (5) дрона за воздушно набљудување, но поради дождот истите моментално не дејствуваат и се чека да се создадат услови за и тие да се вклучат во потрагата. Состојбата се следи и ако има нови моменти ќе информираме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/so-nad-80-lugje-i-5-drona-se-ushte-se-traga-i-denes-prodolzuva-potragata-po-vozachot-chij-avtomobil-padna-vo-vardar/feed/ 0
ФОТО: И кучиња ќе трагаат по возачот и евентуални сопатници од „голфот“ што падна во Вардар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/#respond Thu, 29 Sep 2022 11:46:50 +0000 https://kurir.mk/?p=739003

На третиот ден од потрагата по возачот и евентуални сопатници од автомобилот „голф“ што излета во реката Вардар кај тетовско Желино денеска се вклучени и кучиња трагачи. Освен тоа ќе се прави обид со допирање на протокот на вода во реката Вардар да се намали водостојот и олесни потрагата. Претставниците на надлежните институции проценуваат дека треба да се бара во реката Вардар, но и надвор од тетовското подрајче, во правец кон Скопје и Велес согласно текот на речната вода. -Ние побаравме да се намали водата од Водостопанство. Но, тоа не е наша надлежност. Тие во меѓувреме рекоа дека ќе го намалат водостојот. Имаме четири екипи во терен. Првата екипа ни е на левата, втората на десната страна на Вардар, третата кај мостот Сиричино и четврата ќе ја ангажираме денеска после 13 часот во Зелениково бидејќи претпоставувме дека таму може да го влече водата до таму поради брзината. Имаме 16 нуркачи и 16 вработени од Дирекција за заштита и спасување на терен, изјави Ариф Арифи раководител на тетовската секција на Дирекција за заштита и спасување. Ангажирани се луѓе кои вработени во специјалната антитерористичка единица „Тигри“, другите секции на ДЗС, пожарникари, Општуна Желино. Екипа од ДЗС Тетово побарала во текот на денот да ангажира и екипа од ДЗС Велес кои во текот на денот треба да извраш пребарување во малото езеро во Зелениково. -Тука сме од седум изутрината, го провериме целиот терен каде што ја најдовме колата па одиме надоле. Вардар носи многу вода и е тешко за побарување. Почнуваме пак да се враќаме назад, затоа што има многу вода и треба да се провери цел терен пополека. Водата е многу јака и можеби телото е заглавено некаде во длабочината и треба многу време додека го најдеме, изјави Авни Амети, командант на тетовската пожарна. Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф“ во реката Вардар од кај мостот кај Желино. Засега се трага по 22 годишниот кумановец Е.Р, чие семејство го поседува автомобилот. Се уште се утврдува и дали имало и други сопатници во возилото.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vklucheni-i-kuchinja-tragachi-vo-potragata-po-vozachot-i-eventualnite-sopatnici-od-golfot-shto-padna-vo-vardar/feed/ 0