рекет 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 22 Oct 2020 10:06:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рекет 2 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рочиштето за „Рекет 2“ одложено – Бојан Јовановски итно пренесен во болница https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-reket-2-odlozeno-bojan-jovanovski-itno-prenesen-vo-bolnica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-reket-2-odlozeno-bojan-jovanovski-itno-prenesen-vo-bolnica/#respond Thu, 22 Oct 2020 09:54:59 +0000 https://kurir.mk/?p=419355

Бојан Јовановски, познат како Боки-13, првообвинет во аферата „Меѓународен сојуз“ или во јавноста позната како „Рекет-2“, од затворскиот притвор пред два дена повторно, итно е пренесен и згрижен во универзитетската клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“. Денешното рочиште за случајот е одложено за 28 овој месец. Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски за „Слободен печат“ вели дека е зачуден што судските власти не го почитуваат и уважуваат ставот на лекарите кои строго препорачуваат Боки-13 да биде под строг режим на истрага и сместен во многу хигиенски услови, а такви во истражниот затвор „Скопје“ каде што го издржува притворот нема. Адвокатот вели дека на Јовановски премногу му е нарушена здравствена состојба. – Од 28 септември до 14 октомври Јовановски беше во болница. Примаше разни инфузии и медикаменти. На 14 октомври, деен среда, го отпуштаат од болница. Тоа што пишува во отпусната листа е страшно. Со големи букви пишува строг режим и хигиена на ниво, најмалку 4 до 6 оброци на ден и задолжителен медикаментски третман. Но, завчера пак му се слоши и повторно е во болница. Претходно, разговарав со лекарот. Ми кажа дека од стомакот му извадиле два литри течност. Кој знае кога му пикнал чирот. Од стомакот му извадиле мешавина на гној и некаква течност. Лекарите најстрого препорачуваат нега во домашни услови. Затоа ние и бараме домашен притвор. За нашето барање бевме и на седница на Апелација бевме, но искрено не очекуваме дека ќе го уважат нашето, и мислењето на лекарите – вели Дуковски. Во случајот „Рекет-2“ првообвинет е Бојан Јовановски познат како Боки 13, кој беше прв човек на невладината организација „Меѓународен сојуз“. Второобвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски која била заменик-претседателката на „Меѓународниот сојуз“, а потоа обвинети се Јасна Мандиќ, таткото на Боки Миле Јовановски и асистентката Христина Блажевска. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“, чиј претседател е Боки. Бојан Јовановски е обвинет за измама и перење пари. За помагање во извршување на измамата, обвинети се и Ременски, Мандиќ и Блажевска. За помагање на второто дело, перење пари, со обвинението се опфатени: Мандиќ, Блажевска и Миле Јовановски, кој исто така се товари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. За кривично дело измама се гони и „Меѓународниот сојуз“. - Во периодот од 8 јули 2017 година до 13 април 2018 година првообвинетиот, како претседател на обвинетата невладина организација, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, ги искористил документите од невладината и довел и одржувал во заблуда две оштетени лица. Тој лажно прикажувал дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилен сервис, како и субвенции од страна на државата и оштетените вака доведени во заблуда на штета на својот имот му исплатиле преку Македонска авторска агенција износи кои надминуваат значителна вредност, и тоа 719.905 евра, односно 233.821 евра во денарска противвредност, пишува во обвинителниот акт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rochishteto-za-reket-2-odlozeno-bojan-jovanovski-itno-prenesen-vo-bolnica/feed/ 0
Продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“, Боки 13 и Ременски дел од обвинетите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-i-remenski-del-od-obvinetite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-i-remenski-del-od-obvinetite/#respond Thu, 23 Jul 2020 05:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=379934

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за случајот „Меѓународен сојуз“ во кој се обвинети Бојан Јовановски-Боки 13, Јасна Мандиќ, Фросина Ременски, Миле Јовановски и Христина Блажеска за кривичните дела „измама“ и „перење пари“. На денешното рочиште одбраната треба да продолжи со давање воведни зборови. Судскиот процес го води судијката Софче Гаврилова-Ефремова. На минатото рочиште во воведните зборови обвинителката Вилма Рускоска рече дека ќе докаже оти обвинетите свесно ги сториле делата и дека од почетокот оваа организација е темелена на лаги, за да им се извлечат пари на бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски. Обвинетите, пак, се изјаснија дека не чувствуваат вина за делата кои им се ставаат на товар. Според обвинението, обвинетите ги измамиле бизнисмените Силјан Мицески и Ардијан Амзоски дека ќе учествуваат во проект преку „Меѓународен сојуз“ на Бојан Јовановски-Боки 13 и ги оштетиле со повеќе од милион евра. Основачот на невладината „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, е обвинет на девет години затвор со неправосилна пресуда за случајот „Рекет“, каде што е обвинет за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „перење пари“, заедно со поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која доби затворска казна од седум години за „злоупотреба на службена положба и овластувања“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prodolzuva-sudenjeto-za-megjunaroden-sojuz-boki-13-i-remenski-del-od-obvinetite/feed/ 0
Миле Јовановски: Ме правите криминалец на 60 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mile-jovanovski-me-pravite-kriminalec-na-60-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mile-jovanovski-me-pravite-kriminalec-na-60-godini/#respond Tue, 21 Jul 2020 10:20:12 +0000 https://kurir.mk/?p=379101

Во Кривичниот суд денеска започна судењето за предметот познат како „Меѓународен сојуз“ во кој обвинети се Бојан Јовановски - Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски и екс пратеничката Фросина Ременски. На прашањето дали разбира за што е обвинет, таткото на Бојан Јовановски, Миле направи мало „шоу“ во судницата. -Не разбирам, ништо не е точно, ме правите криминалец на 60 години, рече Јовановски. Судијката му посочи дека не треба да коментира, туку треба да одговори со да или со не, по што Јовановски рече дека го разбира, но дека не чувствува вина. Потоа Миле Јовановски бараше да објасни, но судијата му рече дека во текот на судењето ќе има можност да даде образложение.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mile-jovanovski-me-pravite-kriminalec-na-60-godini/feed/ 0
Стартува судењето за Меѓународниот сојуз, на обвинителна клупа Боки 13 и Ременски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/#respond Tue, 21 Jul 2020 06:49:26 +0000 https://kurir.mk/?p=378971

По одложувањето на 1 јули, денеска треба да се одржи судското рочиште за случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која, како што пишува во обвинението, биле измамени бизнисмен за наводни центри за возрасни лица. Јовановски, кој посочи дека Луј Витон торбите завршиле кај Заеви, е осуден за случајот „Рекет“ и денеска треба да биде спроведен до Основниот кривичен суд во Скопје. Во овој случај обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ. Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски – екс потпретседателка на СДСМ, пратеничка и потпретседател на Собранието на РМ, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари/ Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. При претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација. Судии во овој случај се Софче Гаврилова-Ефремова и Васка Николовска-Масевска, истите судијки од случајот „Рекет“. Јовановски тврди дека обвинението за овој случај е конструиран случај. Ременски дава изјави дека ќе ја докаже својата невиност во овој случај и дека целта на ова судење е нејзина политичка елиминација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/startuva-sudenjeto-za-megjunarodniot-sojuz-na-obvinitelna-klupa-boki-13-i-remenski/feed/ 0
Рускоска порача дека Јовески ќе одлучи дали треба да го води „Рекет 2“. Социјални мрежи: Што мислите, ќе је изземе ли? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-poracha-deka-joveski-kje-odluchi-dali-treba-da-go-vodi-reket-2-socijalni-mrezi-shto-mislite-kje-je-izzeme-li/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-poracha-deka-joveski-kje-odluchi-dali-treba-da-go-vodi-reket-2-socijalni-mrezi-shto-mislite-kje-je-izzeme-li/#respond Wed, 01 Jul 2020 10:08:26 +0000 https://kurir.mk/?p=366529

Откако и Бојан Јовановски и Фросина Ременски денеска побараа нејзино изземање поради пристрасност, за која рекоа дека имаат и силни докази, Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска во изјава на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз”, рече дека денес дури кога влегла во судница разбрала дека е побарано нејзино изземање од предметот и дека го добила барањето поднесено до државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.
 
Русковска нагласи дека наводно секогаш работела согласно законот и никогаш ниту си дозволила, ниту ќе дозволела да работи под емоции, а одлуката за тоа дали таа треба да постапува во предметот или не, рече ќе ја оставела на државниот јавен обвинител.
 
„На кратко го видов барањето за мое изземање и од она што успеав да го прочитам можам да кажам дека апсолутно не држи барањето, но нека одлучи јавниот обвинител на Република Македонија. За цела моја кариера никогаш пристрасно не сум се однесува кон ниту еден предмет, а сум сработила повеќе од 1.000 предмети. Од 90 година како стручен соработник и нема никогаш да си дозволам емоции или било што друго да ме води при постапување на предмет. Единствена работа што ми е важна е само дали е сторено кривични дело и дали има докази. До сега работев така, а така и ќе биде до крајот на мојата кариера. За случајот „Меѓународен сојуз”, Русковска нагласи дека очекува да докаже дека обвинетите ги сториле кривичните дела за кои ги гони. Поведени од досегашното искуство и поврзаноста на спрегата ТРАС-ТРАС во македонското судство и обвинителство, граѓаните на социјалните мрежи веќе прогнозираат дека „некој“, лично засегнат од адресирањето на Луј Витон торбите во неговото семејство од обвинетиот кого милува да го вика на буквата „П“, од екс Бихаќка ќе дигне телефон и дека резултатот од можното изземање на Рускоска е повеќе од јасен. Прашањето на социјалните мрежи е: Што мислите, дали Јовески ќе ја изземе Рускоска од „Рекет 2“?
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-poracha-deka-joveski-kje-odluchi-dali-treba-da-go-vodi-reket-2-socijalni-mrezi-shto-mislite-kje-je-izzeme-li/feed/ 0
Барањето за изземање на пристрасната Рускоска го одложи „Рекет 2“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-izzemanje-na-pristrasnata-ruskoska-go-odlozi-reket-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-izzemanje-na-pristrasnata-ruskoska-go-odlozi-reket-2/#respond Wed, 01 Jul 2020 09:11:03 +0000 https://kurir.mk/?p=366475

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ се одложува за 21 јули 2020 година, поради барањето на поранешната потпретседателка на Собранието и пратеничка од редовите на СДСМ Фросина Ременски за изземање на обвинителката Вилма Русковска за понатамошно постапување во овој случај. Ременски, преку нејзиниот адвокат Владимир Донески, во барањето доставено до Јавното обвинителство на РСМ образложува дека има сомневање во пристрасноста на постапувањето на обвинителката Вилма Русковска. Кон барањето за иземање на обвинителката Русковска, се приклучи и обвинетиот Бојан Јовановски – Боки 13.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/baranjeto-za-izzemanje-na-pristrasnata-ruskoska-go-odlozi-reket-2/feed/ 0
„Рекет 2“: Дури и за Ременски Рускоска е селективна – побара нејзино изземање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-2-duri-i-za-remenski-ruskoska-e-selektivna-pobara-nejzino-izzemanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-2-duri-i-za-remenski-ruskoska-e-selektivna-pobara-nejzino-izzemanje/#respond Wed, 01 Jul 2020 08:10:18 +0000 https://kurir.mk/?p=366392

Третобовинетата во случајот за Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13, Фросина Ременски денеска рече дека до Јавното обвинителство поднела барање за изземање на јавната обвинителка Вилма Рускоска за Меѓународниот сојуз за кој денеска почнува судењето. „Денеска пред почетокот на судското рочиште за Меѓународниот сојуз во кој што сум третобовинита, во Јавното обвинителство поднесов барање за изземање на обвинителката Вилма Рускоска, бидејќи имаме цврсти докази дека има селективност на основниот јавен обвинител, преку кршење на правата на мене, и во делот на попречување на правдата која е во надлежност на постапување на други институции“, рече Ременски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-2-duri-i-za-remenski-ruskoska-e-selektivna-pobara-nejzino-izzemanje/feed/ 0
„Трас-трас“ судството на Заев прави напори да го одложи почетокот на Рекет 2 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvoto-na-zaev-pravi-napori-da-go-odlozi-pochetokot-na-reket-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvoto-na-zaev-pravi-napori-da-go-odlozi-pochetokot-na-reket-2/#respond Mon, 29 Jun 2020 09:36:22 +0000 https://kurir.mk/?p=364878

Судството под палката на Зоран Заев прави сериозни напори за одложување на почетокот на судскиот процес за случајот „Рекет 2“. Судењето кое требаше да започне во среда, неофицијално дознаваме дека најверојатно ќе биде одложено. Една од причините е стравот кој власта го има од дознавањето на вистината пред изборите. Во случајот вмешани се и функционери од власта Стефан Богоев, Александар Кирацовски, градоначалничката на Битола, Наташа Петровска. Меѓу обвинетите во овој случај е и Фросина Ременски. За незаконското работење на невладината Меѓународен сојуз, како претседател на организацијата првообвинет е Бојан Јовановски - Боки 13 за перење пари и измама. За помагање на овие кривични дела, покрај Ременски обвинети се и таткото на Боки 13, Миле Јовановски и соработничките Јасна Мандиќ и Христина Блажевска. Според Обвинителството од јули 2017 до април следната година, Јовановски како претседател на невладината, измамил двајца бизнисмени, лажно прикажувајќи дека ќе обезбеди државно неизградено земјиште за изградба на Европски центар за возрасни лица, и субвенции од државата. Тројца обвинети со умисла му помогнале на првообвинетиот во измамата. Две обвинети лица му ставиле средства на располагање – ги изготвувале договорите, ги подигале уплатените пари и му ги давале на рака на првообвинетиот и на тој начин помагале да ги пушти во оптек иако знаеле дека потекнуваат од кривично дело Измама и Примање награда за противзаконито посредување. Двајцата измамени бизнисмени биле убедени да исплатат близу 1. 000.000 евра, се вели во соопштенито на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Според обвинението, пратеничката Ременски како третообвинета со својот углед и авторитет го поддржувала Боки 13 на средбите со оштетените, давајќи му совети и упатства за да оштетените стекнат доверба во наводниот проект и однапред да уплатат одреден износ пари и да ги потпишат договорите. Имено, во петок треба да продолжи исказот на Јовановски пред обвинителството за тужбите кои ги најави, а во врска со случајот Рекет. По претходните негови искази во Обвинителството, Јовановски и неговиот адвокат истакнаа дека добивале сериозни закани по живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tras-tras-sudstvoto-na-zaev-pravi-napori-da-go-odlozi-pochetokot-na-reket-2/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Власта прави операција за спасување на Ден Дончев од аферата Рекет 2 затоа што пипците од октоподот одат до Зоран Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-vlasta-pravi-operacija-za-spasuvanje-na-den-donchev-od-aferata-reket-2-zatoa-shto-pipcite-od-oktopodot-odat-do-zoran-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-vlasta-pravi-operacija-za-spasuvanje-na-den-donchev-od-aferata-reket-2-zatoa-shto-pipcite-od-oktopodot-odat-do-zoran-zaev/#respond Wed, 06 May 2020 10:53:01 +0000 https://kurir.mk/?p=342368

Мора навистина да се покажал Ден Дончев чим Рускоска обвинителството на толку афери и сомневања за криминал дозволува да слободно да си замине. И веројатно тие сомневања ги прави должни и врвот на власта и Зоран Заев бидејќи истите му угодуваат на Ден Дончев, истакна на денешната прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека власта прави операција за спасување на Ден Дончев од аферата Рекет 2 затоа што пипците од овој октоподот одат директно до Зоран Заев. -Оставката на Дончев е бегство од правдата која доаѓа во Македонија со цел бегство од одговорност за сторените криминали, а Зоран Заев и Оливер Спасовски директно му помагаат во сето ова. За Дончев постои сомневање дека е вмешан во рекетарска шема со директно земање на пари преку посредници, криминал од кој годишно земал и до 2 милиони евра, како што впрочем вчера кажаа медиумите веднаш по неговата оставка. Според напишаното од медиумите, доказите за овој криминал ги имаат и во Јавното Обвинителство. Зошто молчат на сите ни е нејасно. Дали ОЈО и понатаму глуми маша на Заев и сака да го спасува од криминалот во кој е потонат тој и неговите луѓе? И сето тоа на штета на нашите граѓаните и на нашата државата? ОЈО не смее да молчи! По овие експлицитно нотирани сцени од страна на новинарите, Ден Дончев мора да биде повикан на распит и да биде поведена постапка против него, вели Ѓорѓиевски. Тој истакнува дека дополнително против Дончев до сега има голем број на индиции кои укажуваат на милионски криминал. -Неговото име беше директно посочено од страна на Вера Иванова, сопственичката на Диамед, дека противправно, злоупотребувајќи ја својата службена положба и овластување влијаел да не се случи влез на шведската инвестиција Диаверум во Македонија, која што сакала впрочем да ја купи Дијамед. Адвокатот на компанијата директно во телевизиско гостување кажа дека Дончев заедно со Зоки Кичеец првин барал удел во компанијата, за откако сопствениците не му го дадат, да бара дел од парите во продажбата. И после ова Дончев не е повикан во ЈО, кое што де факто е под контрола на Заеви. ОЈО не смее да молчи. Дотолку повеќе што се шпекулира и со бегство на Ден Дончев во Австралија. До колку ОЈО не преземе ништо не покрене истраги и не направи ништо во насока на дополнително расветлување на овој случај однапред го покриваат евентуалното бегство на Ден Дончев. Потенцираме дека секој еден кој ќе прикрива или помага криминал за истото ќе одговара со воспоставувањето на правната држава во Република Македонија, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gjorgjievski-vlasta-pravi-operacija-za-spasuvanje-na-den-donchev-od-aferata-reket-2-zatoa-shto-pipcite-od-oktopodot-odat-do-zoran-zaev/feed/ 0
Мицкоски: Зошто нема истрага за Рекет 2 чии пипци одат до Струмица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zoshto-nema-istraga-za-reket-2-chii-pipci-odat-do-strumica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zoshto-nema-istraga-za-reket-2-chii-pipci-odat-do-strumica/#respond Wed, 18 Dec 2019 13:24:53 +0000 https://kurir.mk/?p=279230

Освен аферата Рекет 1,  тука е и аферата Рекет 2, за која сеуште нема обвинение, ова денеска во дел од своето обраќање го потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. -Бизнисмен со име и презиме посведочи дека му бил баран поткуп од власта, од Фондот за здравство, а осудено лице од Рекет 1 еден е омилениот лик за матни трансфери и во Рекет 2. Воедно пипците на оваа афера одат и до Струмица, а таа улога треба допрва треба да биде расветлена. Да не се заборави и аферата Вирус, каде Владата исто како и обвинителството е без одговор. Бизнисмен вели дека посредник пратен од поранешниот директор на Агенцијата за лекови  барал мито за да тргува со одреден лек. Нема никаква истрага, а уште помалку обвинение за овој случај. Аферата Инсулин открива дека е уништен инсулин вреден илјадници евра чиј рок на траење не е истечен. Министерството и Филипче тврдат дека бил со сомнително потеклото, но тогаш ако е тоа така каде е постапката за одговорност кон тие кои го набавиле, и нели тоа е прикривање и противправно дејство ако сето тоа е вистина. Или пак не ја говорат вистината како и за се друго. Потоа нема одговор ниту која државна институција констатирала дека е сомнителен инсулинот, што укажува дека не е сомнителен инсулинот, туку сомнителен е министерот Филипче кој нема афера каде што е Заев, а да не е тој вториот партнер во нејзе. Инсулинот го нема, ама нема ниту истрага на обвинителството, вели Мицкоски. Тој додава дека аферата со централата ТЕ-ТО, открива сомнеж дека преку бизнис-политичко-судска шема е направен обрт од црни 200 милиони евра, преку руски тајкун во кој оштетена е и државата и акционерите, а со тоа се разбира посредно и граѓаните. Фиктивен стечај преку кој се исмпумпувани милиони, а сомнежот оди до првите луѓе на владата, а за тоа нема никаква реакција ниту од владата, ниту пак од обвинителството. -И нема да продолжам за илјадниците претходно отворени и дознаени афери за кој нема никаков епилог, за набавката на хеликоптерите, за Леонардо и за системот за навигација, за пратеникот со недозволена супстанца, за градоначалникот насилник, градоначалникот снимач, за градоначалникот трговец преку граничен со недозволени материјали, за случајот со прислушкуваното обвинителство кој се заборави. Реакција нема затоа што се работи за едно исто тело, за брак помеѓу мафијата, власта и дел од судско обвинителската фела. Оваа власт освен тоа што е извор на криминал, е главна пречка за правдата и затоа се блокираат истрагите за десетици афери, за да не се дознае улогата на првите луѓе на владата. Ваквото бегање од одговори е и аларм дека им се ближи крајот, и дека ова се очајни обиди да се одбегне одговорност. Ако Зоран Заев сака правна држава, тогаш правната држава налага одговорност за Рекет 1, Рекет 2, Инсулин, Вирус, 200 милиони евра криминал и сите останати афери. И затоа треба јавноста да се фокусира кон прашањата од кои бега власта, затоа што таму е вистината, а вистината иако е болна за власта убеден сум дека ќе се дознае, а по дознавањето мора да има одговорност, зашто што без одговорност нема правда. Обновата ќе дојде и тоа ќе значи надеж, и апсолутна, безусловна правда за секого, истакна Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zoshto-nema-istraga-za-reket-2-chii-pipci-odat-do-strumica/feed/ 0