рекет 3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 30 Oct 2020 14:06:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рекет 3 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Героски: Во СДСМ се крчка нов мега скандал, „Рекет 3“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/#respond Fri, 30 Oct 2020 14:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=422699

Во СДСМ се крчка нов мега скандал. Рекет 3. Засега, ништо повеќе нема да кажам. Еве му шанса на Заев да се покрие дури е време, пишува на својот Фејсбук профил новинарот и уредник на Плусинфо Бранко Героски. Инаку, Героски претходно го обелодени „Рекет 1“, а пишуваше и за низа други скандали кој што ја тресеа изминатиов период владата на СДСМ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/geroski-vo-sdsm-se-krchka-nov-mega-skandal-reket-3/feed/ 0
Андонов за „Рекет 3“: СДС преку Здравството на мизерен начин сака да ги украде парите од македонските граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-za-reket-3-sds-preku-zdravstvoto-na-mizeren-nachin-saka-da-gi-ukrade-parite-od-makedonskite-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-za-reket-3-sds-preku-zdravstvoto-na-mizeren-nachin-saka-da-gi-ukrade-parite-od-makedonskite-gragjani/#respond Mon, 13 Jan 2020 16:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=288883

Во Штип нема болница, а јавноста нема одговори. Поминаа неколку дена откако во медиумите се објави аферата „Рекет 3“, а власта се уште молчи за истата. Граѓаните повторно се без одговори зошто не е изградена новата болница и каде заминаа милионите. Аналитичарот Оливер Андонов во изјава за Курир вели дека како што тргнала власта на СДС, нема да може да се добројат аферите и тоа само оние кои се именуваат како Рекет, а да не се зборават сите оние кои поминале онака „незабележително“, а кои не само што биле криминални, коруптивни и тешки по неколку милиони и десетици милиони евра, туку беа и навредливи за Македонија како држава. Андонов смета дека сите афери, особено аферите „Рекет“ претставуваат навреда за Македонија, слика за криминалната власт на СДС која и своите последни денови ги троши во непокајание и со огромна желба да собере - украде се што може од граѓаните. -Конкретната афера Рекет 3 во својата основа има 7 (седум) милиони евра. Пари кои на најбезобразен и мизерен начин, навредувајќи ја интелегенцијата на граѓаните СДС преку Министерството за здравство сака да ги украде од македонските граѓани. Не е можно да се објасни како тоа и која тоа најсофистицирана технологија (па дури и во здравството) за само две години (повторно да не заборавиме не намонтирана и неупотребена) застарила до тој степен што е потребно истата да се замени со нова во вредност од седум милиони евра.  Токму затоа, но и поради тоа што во овој бизнис се вмешани некои „стратешки“ внатрешни политички партнери на Заев и СДС, а времето истекува и Заев мора да се раздолжи кон нив, власта на СДС и Министерството за здравство во прв ред молчат. Тие и ќе продолжат да молчат, а при тоа ќе се обидат да ја замајуваат јавноста со некакви си клучни безбедносни прашања од типот: „Зошто се одземаат автомобилите од обезбедувањето на Спасовски и други“? Но, и за тоа зошто 35 службени автомобили на МВР се дадени на користење „несоодветно“ или тоа е намерно направено заради остварување на други цели може да биде вовед во некоја нова афера Рекет или со некое друго име, вели Андонов за Курир. Според него оваа власт на СДС дојде на власт на криминален начин и со изгубени избори, затоа ќе се обиде да се прави недоветна и дека ништо не знае, не гледа и не слуша и дека не е од тука. -Сепак, така како што дојдоа срамно, криминално и корумпирано, така и ќе си заминат. Ќе си заминат пред се засрамени, а потоа и ќе одговараат за сторените кривични дела и криминалот и корупцијата кои во оваа време невреме на владеење на СДС стана нивна препознатлива политичко-криминална матрица, смета Андонов. Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека граѓаните на Штип не виделе ништо од новата клиничка болница. -Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/andonov-za-reket-3-sds-preku-zdravstvoto-na-mizeren-nachin-saka-da-gi-ukrade-parite-od-makedonskite-gragjani/feed/ 0
Рекет 3: Заев и СДСМ се’ уште молчат за милиони евра тешкиот криминал! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-sinonim-za-kriminal-se-ushte-molchat-za-milioni-evra-teshkiot-reket-3/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-sinonim-za-kriminal-se-ushte-molchat-za-milioni-evra-teshkiot-reket-3/#respond Mon, 13 Jan 2020 08:12:22 +0000 https://kurir.mk/?p=288781

Зоран Заев и СДСМ се синоним за криминал. Поминаа неколку дена по обелоденување на скандалот, а власта се уште молчи за милиони евра тешкиот „Рекет 3“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните на Штип не видоа ништо од новата клиничка болница. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот, иако длабоко доцни со реализацијата. Тоа отвора сомнеж за лукративни мотиви. Главни ликови во оваа афера повторно се Венко Филипче и Зоран Заев и од нив се бара одговор: • Зошто во Штип се уште нема болница? • Зошто беше запрена градбата на болницата? • Зошто е прекинат договорот со подизведувачот? • Зошто не е активирана банкарската гаранција ? • Зошто два пати се продолжува рокот без пенали за незавршена градба? • Дали и што договарал Венко Филипче со шоумен во неговиот дом, а во врска со градба на болницата во Штип? Обвинителството треба веднаш да ја истражи аферата и да ја испита улогата на оваа влада во рекетите. Граѓаните на 12-ти април на Заев ќе му порачат ДОСТА Е! Неговата криминално рекетарската банда не смее да продолжи да ги полни џебовите со народни пари преку криминални тендери и грантови. Крајот на времето на Зоран Заев доаѓа. Доаѓа време на власт од народот и за народот. Доаѓа време за обнова на Република Македонија. Ова зло никогаш да не се повтори, се наведува во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-zaev-i-sdsm-se-sinonim-za-kriminal-se-ushte-molchat-za-milioni-evra-teshkiot-reket-3/feed/ 0
Стоилковски: Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градбата на штипската болница во куќа на шоумен? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-mora-da-objasni-dali-i-zoshto-dogovaral-detali-za-gradbata-na-shtipskata-bolnica-vo-kukja-na-shoumen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-mora-da-objasni-dali-i-zoshto-dogovaral-detali-za-gradbata-na-shtipskata-bolnica-vo-kukja-na-shoumen/#respond Fri, 10 Jan 2020 12:27:06 +0000 https://kurir.mk/?p=287942

Владата молчи за аферата „Рекет 3“, молчи Оливер Спасовски, молчи Венко Филипче. Нема ниту глас од Зоран Заев, иако „Рекет 3“ како надоврзување на „Рекет 1“ и „Рекет 2“ излегува во јавноста на три месеци пред избори, реагита Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Сега е јасно зошто Штип остана без болница, јасно е дека заради лукративни цели и незаконски постапувања болницата уште не е доградена. „Рекет 3“ е случај на рекетирање на домашна компанија и нејзино туркање во стечај заради нејзино преземање понатаму. „Рекет 3“ е случај на вмешаност на министер во рекетирање и непостапување по банкарската гаранција на штета на буџетот иако договорот не е испочитуван. „Рекет 3“ е случај наново барање на 7 милиони евра од буџетот за истата компанија која што должи пари и веќе две години доцни со градбата. Оливер Спасовски, неговиот ментор Зоран Заев, и пред се Венко Филипче мора да објаснат зошто не е активирана банкарската гаранција? Пробиени се сите рокови и раскинат е договорот со подизведувачот, порачува тој. Стоилковски повикува дека Венко Филипче мора да објасни дали и зошто договарал детали за градба на штипската болница во куќа на шоумен? -Која фирма ќе биде нов подизведувач и дали е навистина е таа блиска до власта? Дали градежните работи и градежните фирми на штипската болница ги координира човек од семејството на поранешен премиер? Оливер Спасовски мора да одговори дали планира да му одобри на Венко Филипче нови 7 милиони евра за проект кој што врзан за аферата „Рекет 3“? Однесувањето на власта е срамно, однесувањето на обвинителството за организиран криминал уште посрамно. Од одговорноста нема бегање. Одговорноста ќе дојде, а поразот за оние кои што денес ни носат порази е неминовен, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-filipche-mora-da-objasni-dali-i-zoshto-dogovaral-detali-za-gradbata-na-shtipskata-bolnica-vo-kukja-na-shoumen/feed/ 0
„Рекет 3“: Нов скандал во низата, тежок криминал ја тресе и така раздрманата Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-3-nov-skandal-vo-nizata-tezok-kriminal-ja-trese-i-taka-razdrmanata-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-3-nov-skandal-vo-nizata-tezok-kriminal-ja-trese-i-taka-razdrmanata-vladata/#respond Fri, 10 Jan 2020 09:08:12 +0000 https://kurir.mk/?p=287758

Откако „Рекет“ на Бојан Јовановски и Катица Јанева ја крена на нозе македонската јавност, скандалите не престануваат. Потоа се појавија и „Рекет 2“ и „Рекет 3“, кои откриваат криминал во кој се вмешани високи функционери на власта. Најновите информации кои излегоа во јавноста се за „Рекет 3“, случај тежок неколку милиони евра. „ВЕЧЕР“ го откри големиот скандал, објавен под наслов „Рекет не е затворен, нов криминал со Клинички центар Штип“. На 3-ти март 2016-та година, тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ постави камен темелник за изградба на нов клинички центар во Штип кој требаше да биде завршен до крајот на 2019-та година. На површина од 34.000 квадратни метри требаше да работи овој клинички центар и да задоволи потреби на над 200.000 луѓе од тој регион на Македонија. Таа инвестиција, заедно со автопатот Скопје-Штип, со над 100 милиони вкупна заедничка вредност е најголем инвестициски проект во Источна Македонија од Втората светска војна до денес. Самиот клинички центар е проектиран на вкупна вредност на градбата од 30 милиони евра, со финансиска поддршка од европски кредити, а работата за изградба, по избор на европската комисија за овој проект, е доверена на грчката компанија Интракат. Дополнително, за опремување на клиничкиот центар според проектот биле предвидени 16 милиони евра. Под овие услови изведувачот на работите Интракат прифатил да го  изгради новиот Клинички центар според тие услови, и во договорено време. Но, еве на почетокот на 2020 година Клиничкиот центар Штип – го нема, анализира „Вечер“. На почетокот на февруари 2019-та година, министерот за здравство Венко Филипче изјави: „Добивме информација од грчката градежна фирма Интракат, со која ова министерство има потпишано договор, дека го раскинале договорот со досегашниот подизведувач (Бетон Штип) и бараат продолжување на рокот за градба. Рокот го продолживме и сега крајниот рок треба да биде почетокот на 2020-та година“.  -Зошто Интракат го раскинал договорот со Бетон Штип? Зошто Министерството за здравство, без да бара финансиска надомест за доцнењето од Интракат дозволило продолжување на рокот за дури една година? Зошто Венко Филипче не постапил како што законот го обврзува – ако изведувачот Интракат не ја исполнил обврската да му се активира банкарската гаранција? Како што е наведено, подизведувач на градежните работи била фирмата Бетон Штип. Против сопствениците на Бетон Штип, на 9-ти ноември 2018-та година, СЈО отвори истрага под име „Империја“ по што веднаш беше уапсен Орце Камчев со други лица од таа истрага. Непосредно пред да се отвори истрагата за „Империја“, во мај 2018-та година, констатирано е дека грчката фирма Интракат должи на подизведувачот Бетон Штип околу 2 милиони евра. Тие пари Интракат ги примил од државата за градба на Клинички центар  но, одбива дел од нив да плати на Бетон Штип што им е обврска кон подизведувачот кој, заради големиот долг, не е во можност да ги плаќа понатаму своите работници, материјали за работа, како ни фирмите кои работат за нив на тој објект. Ова е причина за подоцнежното раскинување на соработката помеѓу Интракат и Бетон Штип. Веднаш по притварањето на Орце Камчев директорот на Интракат, Димитриос Кутрас, врши притисок Бетон Штип да биде продаден на Интракат за износ од 1,2 милиони евра. Значи, да ја купат фирмата на која и должат 2 милиони за само 1,2 милиони евра што е одбиено, анализира ВЕЧЕР. Според информации од фирмите кои работеле за Бетон Штип, Вечер дознава дека нивниот ангажман одел преку Трајче Заев. -Интракат е поврзан со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски и неговиот министер за граджеништво Љупчо Балковски кој е директор на проектната единица. По запирање на работите од страна на Бетон Штип на објектот менаџментот на проектот и на Интракат се договараат со партнерите на Бетон Штип самостојно да продолжат со работење на објектот, без оглед што имаат обврзувачки договори со Бетон Штип. Интракат, откако е одбиен со понудата да го купи Бетон Штип за цена двојно помала од износот кој тој им го должи, на 2 јули 2019 година паѓа под стечај. Долгот на Бетон Штип во стечај е 1,25 милиони евра што значи само околу половина од она што Интракат им го должи и дека Интракат, со поддршка од власта, свесно ја уништил Бетон Штип откако не успеал да ја купи по дампинг цена. Зошто се спомнува поддршка од власта за Интракат во овој бизнис однос? Кога го добил тендерот за градба Интракат поднел банкарска гаранција до Министерството за здравство но, банкарскатата гараница е од Бетон Штип! Имено, тие до Интракат поднеле банкарска гаранција во износ од 3,5 милиони евра за да станат подизведувачи во градбата на Клинички центар Штип која, потоа, Интракат ја поднесува до Министерството за здравство како своја гаранција. Ова значи дека по раскинување на договорот помеѓу Интракат и Бетон Штип банкарската гаранција пред Министерството за здравство не важи, и Интракат мора да ја повлече и врати на Бетон Штип а да даде своја. Во ваков случај или се распишува нов тендер или, ако не поднесе своја гаранција, министерот Венко Филипче е должен тендерскиот договор да го раскине и да бара финансиски надомест од Интракат, но ова не го сторил, пишуваше порталот. Наместо ова, Венко Филипче во 2018-та го продлжува рокот за градба на Интракат до почетокот на 2020-та, а сега се најавува ново продолжување до почетокот на 2021 година. -Патем, Министерството за здравство и Венко Филипче најавуваат одобрување на дополнителна исплата од 7 милиони евра за Интракат над договорената цена затоа што имало поголеми трошоци поради доцнење на градбата! Да ги награди со 7 милиони евра затоа што две години доцнат со извршување на работи кои ги прифатиле со договор. Дали се сеќавате дека пред судот, кога сведочеше Орце Камчев во случајот Рекет, Боки 13 го праша за негова средба со министерот за здравство Венко Филипче, и се потврди дека кај Боки 13 дома имало таква средба во време кога СЈО има истрага за Империја. Ова се случува пред Бетон Штип да замине во стечај поради долгот од Интракат кон нив, и кога е активно барањето на Интракат под реална цена да го преземе Бетон Штип. Според последниот сертификат изготвен од брокерска куќа, објавен на веб страницата на Бетон Штип, во сопственичката структура се компаниите ТИМ ДОО Скопје со 8.150 акции и со право на глас од 19, 50%, Орка Холдинг АД Скопје со 7.101 акција и со право на глас од 16, 99%, Езимит ДООЕЛ Штип со 6.611 акции и со право на глас од 15. 81%, ДПТИ Ексико ДООЕЛ Скопје со 6.000 акции и право на глас од 14, 35%. Истрагата за Рекет, како и анализите околу неа, спомнуваат дека се рекетирани лица директно поврзани со Бетон Штип: Орце Камчев од Орка Холдинг, Зоранчо Митровски (Езимит Штип) кој бил претседател на одборот на директори и Цветан Панделевски (Пелистерка) член на одборот. Димитрис Кутрас, главен директор на грчката компанија Интракат ни е познат и како директор на грчката компанија Актор за која беа покренати истраги поради извлекување кеш и перење пари во изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица. Истраги за Кутрас и Актор беа отворени и во Србија и Бугарија. Кутрас, според медиумите, имал средба со функционери на македонската влада во неговата канцеларија во ГТЦ, како и со министерот Венко Филипче во Грција. На власта која се гади на самото спомнување на Русија и руски интереси не и пречи што Димитрис Кутрас е пријател и соработник на Сергеј Степашин, претседател на православното братство, анализираше Вечер.

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Заев и Филипче на три месеци пред избори

Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Зоран Заев и Венко Филипче на три месеци пред избори, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните не видоа ништо од новата клиничка болница во Штип, а сега гледаме и слушаме зошто. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Дали зад доцнењето на градбата, не стои рекетирање на македонски бизнисмени, преземање на домашна компанија со нејзино намерно туркање во стечај заради долг и потоа купување под реалната цена? Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот иако длабоко доцни со реализацијата, што отвора можност и сомнеж за нови лукративни позадини. Деновиве министерот за здравство Венко Филипче побара од владата нови 7 милиони евра за изградба на клиничката болница во Штип, градба за која веќе втор пат и се продолжува рокот, без никакви последици кон изведувачот, истакнува тој. Стоилковски вели дека изведувачот, грчката компанија „Интракат“, сега бара дополнителни пари од Филипче за болницата. -Филипче на истата компанија претходно и го продолжи рокот за една година за градба, без притоа да ги активира парите оставени како банкарска гаранција. Гаранцијата, всушност и не е на „Интракат“, туку гаранција од домашниот подизведувач „Бетон“ Штип. Филипче го продолжи рокот за градба на грчката „Интракат“, откако изведувачот го раскинал договорот со домашниот „Бетон“ Штип. Како што пишуваат медиумите, кој што остава 3,5 милиони евра гаранција за да добијат работата како подизведувачи, а „Интракат“ тие пари до министерството за здравство ги прикажува, ги поднесува како сопствена гаранција.  Согласно ова, при прекинувањето на договорот меѓу „Интракат“ и „Бетон“ Штип, банкарската гаранција не важи – парите требало да бидат вратени на „Бетон“ Штип, а изведувачот да даде своја гаранција. Потоа требало да се распише нов тендер за подизведувач. Во спротивно, Филипче требал да го раскине договорот и да бара финансиски надомест од „Интракат“ за нанесена штета односно за незавршена работа. Наместо ова, Венко Филипче во 2018 година го продолжува рокот за градба со „Интракат“ до почетокот на 2020 година, а сега најавува нов рок до 2021 година. Притоа се најавуваат дополнителна исплата од 7 милиони евра за „Интракат“, со образложение – поголеми трошоци поради цели две години доцнење со реализација на изградбата на болницата, посочува Стоилковски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека јавноста заслужува одговори, а обвинителството мора да преземе сериозни чекори кон расчистување на случајот, особено што медиумите за овој случај споменуваат актуелни министри, лице од семејството на Зоран Заев како посредник во изведувањето, како и други лица поврзани со активни судски предмети. -„Рекет 3“ е продолжение на „Рекет 2“ и на „Рекет 1“, и е само дел од севкупната криминално рекетарска активност на власта во заминување. Одговори и одговорност мора да има, порача тој.    ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reket-3-nov-skandal-vo-nizata-tezok-kriminal-ja-trese-i-taka-razdrmanata-vladata/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Заев и Филипче на три месеци пред избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sluchajot-reket-3-tezok-milioni-evra-eksplodira-vo-racete-na-zaev-i-filipche-na-tri-meseci-pred-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sluchajot-reket-3-tezok-milioni-evra-eksplodira-vo-racete-na-zaev-i-filipche-na-tri-meseci-pred-izbori/#respond Thu, 09 Jan 2020 16:38:10 +0000 https://kurir.mk/?p=287515

Случајот „Рекет 3“ тежок милиони евра експлодира во рацете на Зоран Заев и Венко Филипче на три месеци пред избори, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. -Граѓаните не видоа ништо од новата клиничка болница во Штип, а сега гледаме и слушаме зошто. Постои сериозен сомнеж кој што се отвори во медиумите дека незавршувањето на клиничката болница во Штип е поврзано со нова рекетарска афера. Дали зад доцнењето на градбата, не стои рекетирање на македонски бизнисмени, преземање на домашна компанија со нејзино намерно туркање во стечај заради долг и потоа купување под реалната цена? Сето тоа е зачинето и со определувањето дополнителни буџетски средства, без казна за изведувачот иако длабоко доцни со реализацијата, што отвора можност и сомнеж за нови лукративни позадини. Деновиве министерот за здравство Венко Филипче побара од владата нови 7 милиони евра за изградба на клиничката болница во Штип, градба за која веќе втор пат и се продолжува рокот, без никакви последици кон изведувачот, истакнува тој. Стоилковски вели дека изведувачот, грчката компанија „Интракат“, сега бара дополнителни пари од Филипче за болницата. -Филипче на истата компанија претходно и го продолжи рокот за една година за градба, без притоа да ги активира парите оставени како банкарска гаранција. Гаранцијата, всушност и не е на „Интракат“, туку гаранција од домашниот подизведувач „Бетон“ Штип. Филипче го продолжи рокот за градба на грчката „Интракат“, откако изведувачот го раскинал договорот со домашниот „Бетон“ Штип. Како што пишуваат медиумите, кој што остава 3,5 милиони евра гаранција за да добијат работата како подизведувачи, а „Интракат“ тие пари до министерството за здравство ги прикажува, ги поднесува како сопствена гаранција.  Согласно ова, при прекинувањето на договорот меѓу „Интракат“ и „Бетон“ Штип, банкарската гаранција не важи - парите требало да бидат вратени на „Бетон“ Штип, а изведувачот да даде своја гаранција. Потоа требало да се распише нов тендер за подизведувач. Во спротивно, Филипче требал да го раскине договорот и да бара финансиски надомест од „Интракат“ за нанесена штета односно за незавршена работа. Наместо ова, Венко Филипче во 2018 година го продолжува рокот за градба со „Интракат“ до почетокот на 2020 година, а сега најавува нов рок до 2021 година. Притоа се најавуваат дополнителна исплата од 7 милиони евра за „Интракат“, со образложение - поголеми трошоци поради цели две години доцнење со реализација на изградбата на болницата, посочува Стоилковски. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ порачува дека јавноста заслужува одговори, а обвинителството мора да преземе сериозни чекори кон расчистување на случајот, особено што медиумите за овој случај споменуваат актуелни министри, лице од семејството на Зоран Заев како посредник во изведувањето, како и други лица поврзани со активни судски предмети. -„Рекет 3“ е продолжение на „Рекет 2“ и на „Рекет 1“, и е само дел од севкупната криминално рекетарска активност на власта во заминување. Одговори и одговорност мора да има, порача тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-sluchajot-reket-3-tezok-milioni-evra-eksplodira-vo-racete-na-zaev-i-filipche-na-tri-meseci-pred-izbori/feed/ 0