реклами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Oct 2022 07:14:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реклами – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Нова голема промена која на никој нема да му се допадне – еве што „досадно“ ќе воведе Инстаграм, веќе може и сте го забележале https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-koja-na-nikoj-nema-da-mu-se-dopadne-eve-shto-dosadno-kje-vovede-instagram-vekje-moze-i-ste-go-zabelezale/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-koja-na-nikoj-nema-da-mu-se-dopadne-eve-shto-dosadno-kje-vovede-instagram-vekje-moze-i-ste-go-zabelezale/#respond Fri, 07 Oct 2022 07:14:58 +0000 https://kurir.mk/?p=742187

Кварталните приходи на Мета паднаа за прв пат во историјата, а сега бараат начин да ги зголемат бројките и да ја вратат насмевката на лицата на инвеститорите. Една од стратегиите за раст на приходите е обидот да се извлечат повеќе пари од Инстаграм, така што рекламите ќе се појавуваат во повеќе сегменти на апликацијата, вклучително и „Explore feed“ и feed-от на објави на корисничките профили. Брендовите сега можат да поставуваат реклами во feed Explore, но рекламите во feed-от на профилите сè уште се во фаза на тестирање. Компанијата ќе им понуди на некои од креаторите шанса да заработат дел од приходите од рекламите што ќе се појават во „фидовите“ на нивните профили. Мета објави низа други вести поврзани со рекламирањето, кои ќе имаат влијание и на Инстаграм. Компанијата ќе ги тестира рекламите за AR во „фидови“ и приказни, а брендовите би можеле да ги користат за да им дозволат на луѓето виртуелно да „тестираат“ мебел во нивните домови или да го погледнат одблизу автомобилот. Исто така, се експериментираат со нови формати на реклами во Фејсбук и Инстаграм Reels, кои вклучуваат формат „post-loop“, реклами кои траат меѓу четири и 10 секунди и се прикажуваат по reels-от и може да се прескокнат. По завршувањето на рекламата, reels-от ќе почне повторно. Компанијата тестира и рекламни „вртелешки“ со фотографии, кои ќе се наоѓаат на дното на Facebook Reels. Покрај тоа, брендовите ќе имаат пристап до бесплатна музичка библиотека за користење во рекламите на Reels. Што се однесува до бројот на реклами што корисниците всушност ќе ги видат, тој може да биде различен за секоја личност. Можеби ќе ги видат, можеби не, но дефинитивно ќе се појавуваат во поставки каде што не биле досега. „Бројот на реклами на платформата варира во зависност од тоа како луѓето го користат Instagram. Ние внимателно го следиме расположението на луѓето, како за рекламите, така и за целокупната комерцијалност“, изјави портпаролот на Instagram за Engadget. Изгледа дека Мета не размислува за фактот дека некои луѓе не сакаат да гледаат реклами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/nova-golema-promena-koja-na-nikoj-nema-da-mu-se-dopadne-eve-shto-dosadno-kje-vovede-instagram-vekje-moze-i-ste-go-zabelezale/feed/ 0
Ла Лига им забрани на шпанските екипи да рекламираат обложувачници https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/la-liga-im-zabrani-na-shpanskite-ekipi-da-reklamiraat-oblozuvachnici/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/la-liga-im-zabrani-na-shpanskite-ekipi-da-reklamiraat-oblozuvachnici/#respond Mon, 30 Aug 2021 09:58:28 +0000 https://kurir.mk/?p=556559

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат на своите дресови обложувачници и казина, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори иако веќе се одиграа три кола од новата сезона. Реал Сосиедад, Алавес, Кадиз, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадиз изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувачница „Dafabet“. – Баравме правен начин, сепак, да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мораме да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа, соопшти клубот од југот на Шпанија, кој годишно од „Dafabet“ инкасираше два милиони евра. Шпанската левичарска Влада на крајот од минатата година донесе закон со кој рекламирањето на обложувалници и игри на среќа од денеска целосно се забранува на спортски настани, додека на телевизиите и радијата се ограничува само во период од 01 до 05 часот наутро. Ла Лига, телото кое ги организира натпреварувањата во првата и втората фудбалска лига во Шпанија, објави дека 32 од вкупно 42 професионални екипи имаат спонзор поврзан со секторот на обложување и игри на среќа. – Да се има толку голем број на фудбалери, кои рекламираат обложувалници, или, носат дресови со име на обложувалници и на тој начин ги повикуваат младите да се обложуваат не е добра порака. Тоа не е игра каква што сакаме, изјави директорот на владиното тело за регулирање на игрите на среќа во Шпанија, Микел Арана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/la-liga-im-zabrani-na-shpanskite-ekipi-da-reklamiraat-oblozuvachnici/feed/ 0
(ВИДЕО) Историја на контроверзни реклами https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-istorija-na-kontroverzni-reklami/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-istorija-na-kontroverzni-reklami/#respond Thu, 06 Aug 2020 14:52:03 +0000 https://kurir.mk/?p=387348

Во желбата да бидат различни и да го привлечат вниманието на клиентите со провокативно рекламирање, производителите на автомобили честопати го губат компасот. Контроверзната фотографија што Ауди ја повлече по реакциите на социјалните мрежи е само една во низата проблематични реклами за кои автомобилските компании не се прославија. Пред само неколку месеци, Фолксваген, кој исто така е сопственик на „Ауди“, се најде под оган за рекламирање на новиот голф кое беше оценето како расистичко: Хјундаи исто така имаше „свои моменти“ кога тривијализираше самоубиство во ТВ реклама во 2013 година за британскиот пазар со пораката дека не е можно да се убиете во нивниот модел – затоа што издувните гасови се направени исклучиво од водена пареа. Реакцијата на јавноста беше очекувана: И споменатиот Фолксваген имаше своја „самоубиствена реклама“ што исто така предизвика бес кај гледачите. Имено, германскиот производител поради некоја причина мислел дека е добра идеја главниот лик на рекламата за моделот Поло да биде бомбаш самоубиец: Поради една реклама, се „зацрвениле“ и во Форд пред неколку години. Индискиот оддел на овој американски производител на автомобили во 2013. година се извинил за навредливите рекламни карикатури што биле објавени во таа земја, а во кои главни ликови се Силвио Берлускони, Парис Хилтон и Михаел Шумахер. Една од контроверзните реклами го покажува поранешниот италијански премиер Берлускони зад воланот на „Форд фиго“, покажувајќи знак „V“ со два прста како симбол на победата, додека три врзани киднапирани девојки се во багажникот. Реакциите биле бурни. Форд рекол дека жали за инцидентот и ги окарактеризирал контроверзните реклами како „спротивно на стандардите на професионализмот и пристојноста“. Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-istorija-na-kontroverzni-reklami/feed/ 0
ФОТО: СДСМ троши 27.000 евра дневно за реклами на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sdsm-troshi-27-000-evra-dnevno-za-reklami-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sdsm-troshi-27-000-evra-dnevno-za-reklami-na-fejsbuk/#respond Sat, 04 Jul 2020 08:43:42 +0000 https://kurir.mk/?p=368791

Партијата на власт троши огромни пари за спонзорирани реклами и објави на Фејсбук. На дневна основа СДСМ за реклами на оваа социјална мрежа плаќа по 27.000 евра. На Фејсбук се појавија фотографии на кои јасно се гледаат направените пресметки за тоа колку СДСМ одвојува на рекламирање на социјалната мрежа. Дали овие пари се испумпуваат од државната каса или пак се финансирани од личниот капитал на Заев висок 8,5 милиони евра, сума идентична за која тој беше амнестиран, не е познато. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sdsm-troshi-27-000-evra-dnevno-za-reklami-na-fejsbuk/feed/ 0
Канадски компании се откажуваат од рекламирање на фејсбук https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadski-kompanii-se-otkazuvaat-od-reklamiranje-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadski-kompanii-se-otkazuvaat-od-reklamiranje-na-fejsbuk/#respond Tue, 30 Jun 2020 09:06:00 +0000 https://kurir.mk/?p=365633

Канадските компании се приклучуваат кон се поголемиот список на светски познати брендови кои решија да не се рекламираат на „Фејсбук“ во јули, поради одбивањето на компанијата да преземе мерки против ширење содржини со омраза на својата платформа. Канадските компании „Лулулемон“, „МЕЦ“ и „Арктерикс“ ќе ги повлечат своите платени реклами од „Фејсбук“ и ќе се приклучат на бојкотот, кој веќе го поддржаа „Кока-Кола“, „Мајкрософт“, „Форд Моторс“ и многу други. Различни групи за граѓански права, вклучително и Лигата против клевета и Националното здружение за унапредување на животите на „обоените“ луѓе, велат дека „Фејсбук“ не направил доволно за да спречи расистички, лажни и опасни содржин на својата платформа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadski-kompanii-se-otkazuvaat-od-reklamiranje-na-fejsbuk/feed/ 0
Медиумите кои сакаат реклами за изборите, да се регистрираат и да достават ценовник до ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mediumite-koi-sakaat-reklami-za-izborite-da-se-registriraat-i-da-dostavat-cenovnik-do-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mediumite-koi-sakaat-reklami-za-izborite-da-se-registriraat-i-da-dostavat-cenovnik-do-dik/#respond Tue, 18 Feb 2020 09:13:17 +0000 https://kurir.mk/?p=305363

Течат роковите за предвремените парламентарни избори закажани за 12 април. До утре на полноќ радиодифузерите, печатените медиуми и интернет порталите, доколку обезбедуваат платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања за предвремените избори за пратеници во Собранието се должни да се регистрираат во ДИК. Тие треба да достават барање за упис во регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет порталите до ДИК, а кон барањето задолжително се приложува тековна состојба издадена од Централниот регистар. Врз основа на поднесените барања за упис, ДИК ќе изготви Регистар на радиодифузери, печатени медиуми и интернет портали кои ќе даваат услуги на платено политичко рекламирање за време на предвремените избори за пратеници. Регистарот по прифаќање на барањата на седница ќе биде јавно објавен на интернет страната на Комисијата. Медиумите се должни во рок од пет дена од денот на распишувањето на изборите да утврдат ценовници за платено политичко рекламирање за изборите. Ценовниците се доставуваат до ДИК најдоцна на 21 февруари на полноќ. На првата седница на ДИК во неделата по распишување на изборите, претседателот на Комисијата Оливер Спасовски ги соопшти највисоките и најниските цени за политичко рекламирање за медиумите. За секунда за телевизија највисока цена за платено политичко рекламирање е 112 денари (евро и 83), а најниска е 12, 30 денари (0,2 евра), за секунда за радио 40, 50 денари (0,66 евра), а најниска 2 денари (0,03 евра). Во весниците, 24.907 денари за една внатрешна црно бела страница или 32.628 (530, 53 евра) една внатрешна во боја, а најниската е 19.372 (315 евра) за една внатрешна црно бела страница или 25.953 денари (422 евра) за една внатрешна страница во боја. Сумата која може да се исплати на еден електронски медиум (интернет портал) и печатени медиуми од еден учесник во изборниот процес, не може да биде поголема од 15.000 евра во денарска противвредност. Медиумите се должни ценовниците за платено политичко рекламирање да ги порименуваат и за време на изборната кампања и притоа цената по секунда за платено политичпко рекламирање и цената за закуп на рекламен простор во печатениот медиум да не ја надминува просечната цена на рекламирање пресметана во последните пет изминати изборни циклуси. Ценовниците не смеат да се менуваат до конечно завршување на изборниот процес. Од парите што ги има ДИК за платено политичко рекламирање за учениците на изборите 45 отсто отпаѓаат за партиите од коалициите на власт, 45 отсто во опозиција и 10 отсто за останати вонпарламентарни партии и групи избирачи. Медиумите кои нема да се регистрираат во ДИК и нема да бидат во Регистарот и кои нема да достават ценовници во предвидениот законски рок, нема да имаат право да користат финансиски средства за платено политичко рекламирање за изборите 2020 обезбедени од Буџетот. Според известувањето од ДИК, учесникот во изборната кампања не може да нарача платено политичко рекламирање од медиумите кои не се регистрирани во Регистарот и да ги исплати од средства на трансакциската сметка за изборна кампања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mediumite-koi-sakaat-reklami-za-izborite-da-se-registriraat-i-da-dostavat-cenovnik-do-dik/feed/ 0
Ви пречат рекламите на ЈуТјуб? Воведени нови промени кои нема да ви допаднат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-prechat-reklamite-na-jutjub-vovedeni-novi-promeni-koi-nema-da-vi-dopadnat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-prechat-reklamite-na-jutjub-vovedeni-novi-promeni-koi-nema-da-vi-dopadnat/#respond Fri, 23 Nov 2018 21:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=131241

На голем број луѓе им пречат рекламите кои се појавуваат на почетокот на прикажувањето на некое ЈуТјуб видео, поради што оваа видео платформа најави промени кога станува збор за рекламите - уште реклами. Од ЈуТјуб најавија дека експериментално воведување на реклами на почетокот на видеото. Тоа значи дека рекламите ќе бидат поретко емитувани за време на гледањето на самото видео. Од видео платформата проценуваат дека на тој начин, ќе се остварат 40 проценти помалку прекини поради реклами за време на гледање на едно видео. „Пре-roll“ рекламите, на почетокот на видеото ќе може да се прескокнат. Иако 40 проценти можеби звучи многу, одлуката на ЈуТјуб е донесена како реакција на резултатите од истражувањето кое било спроведено при што се покажало дека корисниците се „особено чувствителни“ на честото паузирање на видеата, особено кога се гледаат подолги видео снимки. Новиот начин на прикажување на рекламите за десктоп верзијата на ЈуТјуб ќе биде воведен годинава, по што ќе следуваат мобилната и ТВ верзијата. Новите промени ќе бидат добра вест за огласувачите со оглед на фактот дека од ЈуТјуб соопштија дека при првите тестови измерено е зголемување на reach-от за 8 до 11 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/vi-prechat-reklamite-na-jutjub-vovedeni-novi-promeni-koi-nema-da-vi-dopadnat/feed/ 0