рекламирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 26 Oct 2022 11:19:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рекламирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Паѓаат приходите на Гугл од рекламирање на Јутјуб https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pagjaat-prihodite-na-gugl-od-reklamiranje-na-jutjub/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pagjaat-prihodite-na-gugl-od-reklamiranje-na-jutjub/#respond Wed, 26 Oct 2022 11:19:35 +0000 https://kurir.mk/?p=750625

Матичната компанија на Гугл – Алфабет објави значително послаб раст на приходите во третиот квартал, наведувајќи го падот на приходите од рекламите на Јутјуб поради намалената потрошувачка на компаниите во услови на забавена економија. Приходите на Алфабет се зголемија за шест отсто во третиот квартал, на 69,1 милијарди долари. Во претходниот квартал се зголемија за 13 отсто. Нето добивката падна во периодот до септември за 26,5 отсто, на 13,9 милијарди долари. Приходите од рекламите на Јутјуб паднаа за 1,4 отсто на 7,1 милијарди долари. Рекламите на Гугл донесоа приход на Алфабет од 54,5 милијарди долари, што е за 2,4 отсто повеќе од истиот период минатата година. Во вториот квартал скокна за 11,6 отсто. Алфабет предупреди дека огласувачите ги намалуваат трошоците на Јутјуб, додавајќи дека ќе вработи половина од работниците од планираното поради намалувањето на трошоците за финансиските услуги на Гугл. Финансиската директорка на Алфабет, Рут Порат, рече дека поскромниот раст на вкупните приходи од рекламирање е одраз на „многу добар“ резултат во периодот април-јуни. Порат го припиша падот на приходите од рекламирањето на Јутјуб на послабата потрошувачка на некои компании. Меѓу групата која ги намали трошоците за рекламирање, Алфабет ги издвојува компаниите во секторот за финансиски услуги, како што се осигурување, хипотекарни кредити и криптовалути.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pagjaat-prihodite-na-gugl-od-reklamiranje-na-jutjub/feed/ 0
АВМУ е против трошењето буџетски средства за рекламирање на власта во медиумите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-e-protiv-troshenjeto-budzetski-sredstva-za-reklamiranje-na-vlasta-vo-mediumite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-e-protiv-troshenjeto-budzetski-sredstva-za-reklamiranje-na-vlasta-vo-mediumite/#respond Fri, 15 Jul 2022 06:39:21 +0000 https://kurir.mk/?p=705470

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е крајно загрижена поради предлозите за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за кои деновиве имаше реакции од релевантни здруженија и организации. Понудените решенија се проблематични од повеќе аспекти, почнувајќи од самото дефинирање на кампањите од јавен интерес, начинот на нивно спроведување, а особено нивното финансирање со средства од државниот буџет и од буџетите на единиците на локалната самоуправа. Медиумите имаат обврски и одговорност кон јавноста и оваа своја улога треба да ја извршуваат без надомест и без какви било влијанија. Со предложените измени, со буџетски средства ќе се плаќа за пренесувањето на идеите и активностите на централната и локалната власт што повторно отвора простор за директно нарушување на уредувачката самостојност и независност на медиумите, нивно корумпирање и создавање клиентелистички и сервилен однос кон власта. Во сегашниот Закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е предвидено дека кампањите од јавен интерес и апелите за добротворни цели се емитуваат бесплатно на програмите на радиодифузерите. Според стандардите, за кампањи од јавен интерес се сметаат исклучиво оние кои се однесуваат на теми од поширока општествена корист или алтруистичка цел (како безбедност во сообраќајот и на патиштата, граѓански должности, здравствени кампањи и така натаму), без разлика кој е нивниот нарачател. Агенцијата и претходно јавно реагираше дека средствата на даночните обврзници, односно на граѓаните не треба да се користат за рекламирање во медиумите. Исто така, кампањите од јавен интерес не смеат да се користат како начин за субвенционирање на медиумите. Регулаторот е на став дека треба да се субвенционира создавањето програмски содржини, но тоа да биде направено на таков начин што ќе придонесе за создавање квалитетни радио и телевизиски програми од интерес на јавноста, без да се поткопува независноста на медиумите. Во оваа насока, Агенцијата го поддржа барањето на Здружението на регионални и локални станици „Медиум објектив“ за „формирање фонд за медиуми со кој би се субвенционирале програмски содржини од регионална и локална тематика заради развој на програмската понуда и стимулирање на демократскиот плурализам во општеството“. Со цел да се донесат законски решенија кои ќе ја гарантираат слободата и независноста на медиумите, секоја измена на медиумската легислатива треба да биде предмет на пошироки јавни консултации со сите засегнати страни, пред се со релевантните професионални здруженија и регулаторот, и да биде во правец на усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги на Европската Унија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/avmu-e-protiv-troshenjeto-budzetski-sredstva-za-reklamiranje-na-vlasta-vo-mediumite/feed/ 0
Драстични мерки во Шпанија против рекламирање спортско обложување и коцкање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichni-merki-vo-shpanija-protiv-reklamiranje-sportsko-oblozuvanje-i-kockanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichni-merki-vo-shpanija-protiv-reklamiranje-sportsko-oblozuvanje-i-kockanje/#respond Wed, 04 Nov 2020 09:20:03 +0000 https://kurir.mk/?p=424710

Шпанската Влада донесе одлука за драстично намалување на рекламирањето на спортски обложувачници и коцкање во медиумите и на интернет, со цел да се спречат социјалните проблеми предизвикани од зависноста од коцкање, особено кај младите. Регулативата забранува рекламирање на обложувачници и игри на среќа на телевизија и радио, освен помеѓу 01.00 и 05.00 часот и целосна забрана за рекламирање на интернет и социјалните мрежи. Указот ќе стапи на сила веднаш штом ќе биде објавен во Службен весник. Јавните личности, почнувајќи од спортски sвезди, повеќе нема да можат да се појавуваат во рекламирање за обложување и коцкање, додека обложувачници повеќе нема да можат да спонзорираат натпревари или клубови, иако тие имаат „многу важна улога“ во тоа. За непочитување се предвидени казни до милион евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/drastichni-merki-vo-shpanija-protiv-reklamiranje-sportsko-oblozuvanje-i-kockanje/feed/ 0
Поголема видливост на вашиот бренд и од промоција на фејсбук? Добредојде, Моби Промо! https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pogolema-vidlivost-na-vashiot-brend-i-od-promocija-na-fejsbuk-dobredojde-mobi-promo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pogolema-vidlivost-na-vashiot-brend-i-od-promocija-na-fejsbuk-dobredojde-mobi-promo/#respond Wed, 29 Jul 2020 08:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=382972

Сигурно сте слушнале дека денес, најголем дел од потрошувачите (околу 80%) бараат информации он-лајн, преку нивните смарт телефони? Но дали сте слушнале и дека потрошувачите очекуваат и бараат брендовите да комуницираат со нив како во вообичаени услови, така и во време на криза? Анализите покажаа дека токму континуираната комункација, ќе биде од исклучителна важност за купување по завршување на кризата „Односите на потрошувачите ќе бидат посилни со брендовите кои комуницирале со нив за време на кризата“ (http://polaris-see.com/reports/polaris-covid-19-recovery-plan/). Зошто е потребна поефикасна, широка, но таргетирана промоција? Бидејќи ПРОДАВА! Во времето на дигиталниот маркетинг, потрошувачите се изложени на околу 3.000-10.000 промотивни пораки на ден, поради што ги игнорираат и забораваат голем дел од нив, а ги паметат само пораките кои им делуваат попознато или поважно. Брендовите, поради ова, се соочуваат со голем проблем кој директно влијае на продажбата неможност да се најдат на врвот во умот на потрошувачот и да бидат потенцијален прв избор при купување. Всушност, бизниси кои најбрзо умираат се оние кои немаат креирано доволна висока свесност кај целната група и немаат доволна побарувачка за своите производи. Сепак, добрата вест е дека ова е процес на кој значително можеме да влијаеме, преку таргетирано и континуирано повторување на пораката за брендот, со Моби Промо. Затоа, секој бизнис неминовно е соочен со неколку клучни прашања: Дали сака свесноста за неговиот бренд да расте и да биде меѓу првите во умот на потрошувачите при одлука за купување? Дали сака потрошувачите да купуваат почесто и повеќе кај него, отколку кај неговите конкуренти? Дали е насочен кон креирање на вредност за потрошувачите преку правилна комуникација со нив? Дали знае како размислуваат на истиве теми неговите конкуренти и дали преземаат нешто околу тоа? Доколку, одговорите на овие прашања се НЕ, тогаш бизнисот нема потреба од натамошната содржина на овој текст, НО доколку барем еден од одговорите е ДА, тогаш во продолжение е претставено решението за наведените проблеми. Моби Промо е иновативна и уникатка промотивна алатка/платформа со која за брзо време се зголемува свесноста за брендот и можноста за стекнување на нови потрошувачи и продажби. Моби Промо овозможува таргетирана, автоматизирана комуникација преку креирање на реклама која може да биде пласирана едновремено на повеќе од 40 најпосетувани и релевантни интернет портали во земјата (на македонски и албански јазик), во повеќе различни категории: информативни, бизнис, спортски и забавни портали (Сакам да кажам; Фокус; Кафе пауза; Нова Македонија; Бизнис инфо; Лејди.мк; Утрински весник; Слободен печат; АлсатМ; Алба спорт и други), со преку 15 милиони прегледи на месец од мобилен уред, од страна на потрошувачите кои се носители на потрошувачката: генерација Х (36-54 год.), генерација Милениумци/Y (25-35 год.) и генерација Z (под 25 год.). НО, покрај лесно видлива и повторувана порака, многу е важно и резултатот од истата да може да се МЕРИ! Со нашата алатка дилемата на бизнисменот John Wanamaker и проблем на традиционалниот маркетинг (ТВ, радио, списанија, билборди, плакати, флаери, брошури...) дека „половина од парите за реклама се потрошени/фрлени, само не се знае која половина“, е успешно решена:
  • Се добива детална аналитика за увид во резултатите од кампањата (број на прегледи, број на уникатни корисници, број на кликови, фрекфенција, ефикасност, трошење на буџет)
  • Истовремено, според ефективноста на кампањите, може да се вршат промени на тековна кампања во реално време.
Моби Промо функционира на основа на едноставен и лесно пристапен софтвер во 3 едноставни чекори:
  • Креирате доживотно бесплатен профил за бизнисот на нашата платформа, за само 2-3 минути;
  • Ја креирате рекламата во форма на банер која сакате да биде прикажана на избраните интернет портали и видена од целната група на нивните смарт телефони (промотивни акции, нов производ/услуга, нов начин на плаќање, нова он-лајн продавница...) и ја активирате за време и буџет по ваша желба и потреба;
  • Следите аналитика и сведочите раст на видливоста и свесноста за брендот и производите на бизнисот!
Најдобиот дел е тоа што го добивате како наш НОВ клиент/огласувач:
  • Водич за користење на платформата и за дизајнирање содржина на ефективен банер,
  • 10 бесплатни преддизајнирани урнеци на банери,
  • Бесплатна експертиза и помош при изработката на првата маркетинг кампања,
  • Значителна заштеда на време и енергија преку избегнување на договори со голем број на поединечни интернет медиуми;
  • За проба на софтверот и прва уплата на реклама - попуст и заштеда од 20%,
  • Голема видливост и зголемена свесност за брендот на домашниот пазар.
Ефикасноста и уникатноста на Моби Промо веќе привлече значителен број на клиенти, кои  ни ја дадоа својата доверба и се наши лојални соработници: Витаминка (Чоко Стоби флипс, Брилијант), А1, DM, PharmaS (Центравит), Неотел, Cashback World, Рефан, USA Shops, Ресторан Зинг... „Откако го користиме Моби Промо, нашата реклама е значително повидлива, а брендот подостапен до потрошувачите. Youtube видео спотот за Чоко Стоби флипс од 1.000 прегледи стигна на 10.500 прегледи за кампања од само 1 месец. Ова не можевме толку брзо да го постигнеме без Моби Промо.“ - Влатко Трпаноски, комерцијален директор во Витаминка „Откако лансиравме кампања преку Моби Промо, свесноста за нашиот бренд Центравит е зголемена, а со тоа нашата цел остварена.“ - Филип Ачкоски, регионален директор на компанијата PharmaS Вербата во нашиот производ ни дозволува квалитетот на услугата да го гарантираме и со ВРАЌАЊЕ НА УПЛАТЕНИТЕ ПАРИ, иако досега НИКОЈ не побарал да ги вратиме парите, пред се, затоа што ИСПОРАЧУВАМЕ РЕЗУЛТАТИ.  За дополнителни информации за Моби Промо и регистрација, погледнете следниот линк (https://bit.ly/2ZsFH4s) Проектот е кофинансиран од страна на ФИТР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/pogolema-vidlivost-na-vashiot-brend-i-od-promocija-na-fejsbuk-dobredojde-mobi-promo/feed/ 0