реконструирана улица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 24 Dec 2022 17:02:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реконструирана улица – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Сарамандов: Целосно се асфалтира улицата „Серменинска“ во Гевгелија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/#respond Sat, 24 Dec 2022 17:02:10 +0000 https://kurir.mk/?p=780074

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов преку статус на Фејсбук пишува дека била реконструирана улицата „Серменинска“. „ЦЕЛОСНО СЕ АСФАЛТИРА УЛИЦАТА „СЕРМЕНИНСКА“ ОТКАКО БЕШЕ ПОСТАВЕНА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА✅ Денес извршив увид на улицата „Серменинска“ во Гевгелија, каде течат градежните активности за асфалтирање на истата. По поставувањето на подземната инфраструктура - канализација за атмосферски води, денес улицата целосно ќе се реконструира и ќе добие нов лик. Во Гевгелија повеќе не се работи без надзор и со лош квалитет, нивелирани се сите шахти и сливници, со цел граѓаните да добијат квалитетна изведба на патната инфраструктура. Изградбата на атмосферска канализациона инфраструктура е со вкупна должина од 6.388 метри, на една третина од Гевгелија. Како и на почетокот од овој проект повторно сакам да упатам АПЕЛ до моите сограѓани за трпеливост, станува збор за проекти кои се од огромно значење за Гевгелија и решаваат децениски проблеми на сите нас. Градежните активности се одвиваат на повеќе места низ Гевгелија и во одредени моменти ќе го отежнуваат нормалното движење во сообраќајот. Ние како локална самоуправа сме во постојана комуникација со фирмата изведувач, со цел во тек на реализацијата да се избира секогаш правото и ефикасно решение, кое предизвикува најмалку проблеми“, стои во неговиот пост на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/saramandov-celosno-se-asfaltira-ulicata-sermeninska-vo-gevgelija/feed/ 0
Кисела Вода ја санира ­ улицата “Иван Хаџи Николов” во Драчево https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-ja-sanira-ulicata-ivan-hadzi-nikolov-vo-drachevo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-ja-sanira-ulicata-ivan-hadzi-nikolov-vo-drachevo/#respond Fri, 19 Aug 2022 13:03:44 +0000 https://kurir.mk/?p=721088

Се санира улицата “Иван Хаџи Николов”. На оваа клучна сообраќајница во населбата Драчево, лоцирана непосредно до Паркот на бранителите, до повеќе комерцијални и деловни објекти, која воедно е и адреса на голем број граѓани, децении наназад не е извршен никаков реконструктивен зафат. Со денешното асфалтирање, Општина Кисела Вода, освен што го подобрува естетскиот изглед на населбата, врши директно унапредување на условите под кои се одвива патниот сообраќај. Уништениот асфалт, дупките и нерамнините директно ја загрозоваа безбедноста на возачите и другите учесници во сообраќајот. “Иван Хаџи Николов”, е уште една од големиот број на улици во Општина Кисела Вода, опфатени со вакви и слични градежни зафати. Во Драчево во изминатите неколку седмици се работеше на санација и на други 13 улици. Претходно, целосно се санираа “Румена Хаџипанзова”, “Јанко Мишиќ” и “Речиште”. Паралелно течат градежните активности за целосна реконструкција на улицата Живко Фирфов, за проширување на булеварот Борис Трајковски, а следната седмица отпочнува и проектот за целосна реконструкција на “Славка Динкова”. Патната мрежа се подобрува рамномерно,низ сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода, со што приоритетни се најфревентните и оние улици каде декади наназад не е извршена никаква инвестициска и градежна активност. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/kisela-voda-ja-sanira-ulicata-ivan-hadzi-nikolov-vo-drachevo/feed/ 0
Реконструирана пешачката патека на улица Љубљанска во Карпош https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-ulica-ljubljanska-vo-karposh/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-ulica-ljubljanska-vo-karposh/#respond Fri, 27 May 2022 11:30:37 +0000 https://kurir.mk/?p=682415

Со асфалтирањето на третиот дел од пешачката патека на улица Љубљанска, на потегот од улицата Разловечко Востание до булевар Илинден, целосно е реконструирана пешачката патека, на вкупна површина од 1300 квадратни метри. На овој потег, исто така ќе бидат поставени заштитни столпчиња, со цел зголемување на безбедноста за пешаците и спречување на непрописно паркирање возила на пешачката патека. Досега се поставени 94 заштитни столпчиња на реконструираната пешачка патека на улицата Љубљанска, на потегот од од булеварот Партизански Одреди до улицата Разловечко востание. Реконструкцијата на пешачката патека продолжува од другата страна на улицата Љубљанска, во насока од булеварот Илинден до Сити Мол, на површина од 1000 квадратни метри. Со обновувањето на пешачката патека се олеснува движењето на пешаците на овој потег и се зголемува безбедноста за учесниците во сообраќајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/rekonstruirana-peshachkata-pateka-na-ulica-ljubljanska-vo-karposh/feed/ 0