реконструирано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 31 Aug 2022 13:29:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реконструирано – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште во ОУ „Коле Канински“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/#respond Wed, 31 Aug 2022 13:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=726740

Во основното училиште Коле Канински, денеска беше пуштено во употреба реконструираното ракометно игралиште. За реализација на овој проект беше обезбедена донација од Видеолотарија, во вредност од 3 284 819 денари. Во своето обраќање на денешниот настан градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овој проект е од особено значење за учениците, што е доста значајно за поттикнување на спортскиот дух кај младите генерации: „Создавањето услови за развој на спортот и подобрувањето на спортската инфраструктура во општината се меѓу главните фактори кои треба да бидат поттик и можност за учениците да го развиваат својот спортски и натпреварувачки дух, истовремено јакнејќи ја дисциплината и одговорноста, да се изградат како здрави личности. Поттикнувањето на позитивните вредности кај младите, особено е важно да биде од најрана возраст, преку предучилишните установи и основните училишта, со цел да се придонесе кон развој на успешни генерации. Како локална самоуправа, нашите активности се насочени токму и во оваа насока, почнувајќи од создавање на нови детски рекреативни катчиња кои ќе овозможуваат физички активности на отворено, па се до еден од капиталните проекти со кој верувам Битола ќе се гордее, а за што во тек е конкурс за избор на идејно решение за изградба на модерен спортско рекреативен центар во градот. Ваквото делување, како што е реализацијата на овој проект, уште еднаш дополнително ја отсликува нашата заедничка заложба за партнерски пристап со сите заинтересирани субјекти, со цел подобрување на условите во заедницата, за развој на спортот, образованието и подобра иднина на младите во Битола. Уште еднаш голема благодарност до Видеолотарија за реконструкцијата на ракометното игралиште во ОУ Коле Канински и посакувам што повеќе млади луѓе да го следат примерот на големите спортисти од Македонија, кои зад себе имаат одбележано високи резултати, а еден од нив, Кире Лазаров е денес и тука со нас, сопственото искуство да го пренесе до најмладите кои веќе од утре започнуваат да чекорат кон нов предизвик. На сите ученици им посакувам лесен почеток на новата учебна година, добро здравје и многу успех“, рече во своето обраќање градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски. Свое обраќање на настанот имаше и директорот на ОУ Коле Канински, Зоран Мирчевски, како и маркетинг менаџерот на Видеолотарија Вики Чадиковска и бренд амбасадорот на Видеолотарија, Кире Лазаров, кој меѓу другото нагласи дека својата професионална ракометна кариера ја започнал токму од Битола.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pushteno-vo-upotreba-rekonstruiranoto-rakometno-igralishte-vo-ou-kole-kaninski-vo-bitola/feed/ 0