реконструкција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Oct 2023 09:14:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реконструкција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од понеделник реконструкција на наплатната станица Желино, времен режим на сообраќај на автопатот Скопје – Тетово https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/#respond Sat, 21 Oct 2023 09:14:06 +0000 https://kurir.mk/?p=891545

Од 23 октомври (понеделник) ќе започне реконструкција на постоечката наплатна станица Желино, на државен пат А2 - делница Скопје – Тетово. Сообраќајот на автопатот ќе се одвива согласно одобрен времен режим на сообраќај, информираат утрово од АМСМ. -Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, се наведува во соопштението. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-ponedelnik-rekonstruktsija-na-naplatnata-stanitsa-zhelino-vremen-rezhim-na-soobrakaj-na-avtopatot-skopje-tetovo/feed/ 0
Се реконструира дел од велешката улица „Прохор Пчински“ кон црквата „Св. Спас“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/#respond Mon, 07 Aug 2023 15:37:03 +0000 https://kurir.mk/?p=864300

Во тек се градежните работи за реконструкција на оштетените површини на дел од велешката улица „Прохор Пчински“ што води кон црквата „Свети Спас“. Како што информираат од Општина Велес, градежните работи започнаа во петокот и треба да завршат за десеттина дена, односно до крајот на ова недела. Во текот на изведувањето на градежните зафати поставена е сообраќајна сигнализација. -Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација, да покажат трпение и разбирање додека се изведуваат градежните работи, апелираат од Општина Велес.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/se-rekonstruira-del-od-veleshkata-ulitsa-prohor-pchinski-kon-tsrkvata-sv-spas/feed/ 0
Реконструкција на коловоз во битолско Логоварди https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruktsija-na-kolovoz-vo-bitolsko-logovardi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruktsija-na-kolovoz-vo-bitolsko-logovardi/#respond Fri, 14 Jul 2023 15:54:50 +0000 https://kurir.mk/?p=856774

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес го посети селото Логоварди, каде во завршна фаза е реализацијата на проектот за реконструкција на коловоз на уличен крак 2 низ селото во должина од 235 метри. За овој проект, локалната самоуправа од општинскиот буџет инвестира 2.315.112 денари. Ова е еден од проектите со кои општина Битола, продолжува да вложува во подобрување на патната инфраструктура во руралните средини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruktsija-na-kolovoz-vo-bitolsko-logovardi/feed/ 0
Во Пехчево потпишан договор за реконструкција на градинката во село Црник https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/#respond Wed, 17 May 2023 15:04:19 +0000 https://kurir.mk/?p=835422

Во Пехчево беше потпишан договор за реализација на локална акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“. Договорот денеска го потпишаа градоначалникот на Општина Пехчево, Александар Китански, проектниот директор на Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико, Суад Скендери, и директорката на Детската градинка „7 Септември – Пехчево“, Васка Симовска. -Во рамки на активностите е предвидена изведба на систем за одводнување/дренажа на основните темели на објектот во кој е лоцирана градинката, со цел да се спречи создавање влага како резултат на влијанието на атмосферските води, информираше градочалникот на Пехчево, Китански. Во реализацијата на активностите, како што додаде, ќе биде вклучено локалното население и бизнис секторот. -Како дел од реализацијата на оваа активност ќе биде поставена хидроизолација на ѕидовите на објектот и реконструкција која предвидува внатрешно доопремување со цел овозможување соодветни услови за одржување на целодневен престој, додаде Китански. Локалната акција „Реконструкција на градинка во село Црник и изведба на дренажа“ финансиски е поддржана од Општина Пехчево, Институтот за истражување и анализа на политики - Ромалитико, преку проект на УСАИД – Заедно за просперитетна заедница, ОЈУДГ „7 Септември – Пехчево“ и КХАМ – Делчево.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-pehchevo-potpishan-dogovor-za-rekonstruktsija-na-gradinkata-vo-selo-tsrnik/feed/ 0
Нова 3-Д реконструкција на „Титаник“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-3-d-rekonstruktsija-na-titanik/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-3-d-rekonstruktsija-na-titanik/#respond Wed, 17 May 2023 09:45:19 +0000 https://kurir.mk/?p=835216

Благодарение на првото дигитално скенирање на бродот „Титаник“, неговите остатоци сега се прикажани на сосем нов, досега невиден начин, објави Би-би-си. Станува збор за најпознатиот брод на светот, кој повеќе од еден век лежи во Атлантскиот Океан, на длабочина од 3.800 метри. Дигитално скенираниот модел на „Титаник“ е создаден со мапирање на длабокото море и претставува уникатен 3-Д поглед на целото пловило - изгледа како Атлантикот да е пресушен. Ова ја поттикнува надежта да се открие повеќе за тоа - што всушност се случило со бродот што потона во 1912 година? - Сè уште има суштински (неодговорени) прашања за бродот коишто треба да се расветлат. Овој модел е еден од првите големи чекори кон истражување засновано на докази, а не претпоставки, вели аналитичарот Паркс Стивенсон. Титаник е нашироко проучуван откако неговите остатоци беа откриени во 1985 година, но тој е толку огромен што камерите во темните длабочини можат да покажат само делови од бродот што се распаѓа, а не од целото пловило. Новите снимки целосно го покриваат бродот поделен на два дела. Бродот беше скениран летото 2022 година од „Магелан Лтд.“, компанија за мапирање на длабочините на морето, како и од „Атлантик“ продукција којашто сними документарен филм за целиот проект. Водачот на експедицијата Герхард Зајферт рече дека „Магелан“ го завршил најголемиот проект за скенирање под вода досега. - Длабочината од речиси 4.000 метри каде што се наоѓа бродот е голем предизвик поради струите, а и не смеевме да допреме ништо за да не го оштетиме потонатиот брод. Предизвикувачки е и тоа што секој квадратен сантиметар мора да биде мапиран, дури и незанимливи делови, како кал во отпадот, но и тоа е неопходно за целокупната слика, изјави Зајферт. Скенирањето го покажува обемот на бродот, како и многу ситници и подробности. Клунот (предниот дел) што сега е покриен со 'рѓа, на пр., сè уште е препознатлив, а горе е палубата за чамци каде што отворена дупка гледа кон празнината каде што некогаш се наоѓале големите скали. Крмата, пак, (задниот дел од бродот) е еден хаотичен куп метал, бидејќи овој дел се урнисал додека „џиновското“ пловило потонувало кон океанското дно. При несреќата од почетокот на 20. век, загинаа повеќе од 1.500 луѓе. Бродот удрил во леден брег на своето прво патување, кога тргнал од Саутемптон, Англија и требало да стигне до Њујорк, САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/nova-3-d-rekonstruktsija-na-titanik/feed/ 0
Започна реконструкцијата на велешката улица „Лазо Осмаков“ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-rekonstruktsijata-na-veleshkata-ulitsa-lazo-osmakov/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-rekonstruktsijata-na-veleshkata-ulitsa-lazo-osmakov/#respond Wed, 03 May 2023 15:22:38 +0000 https://kurir.mk/?p=830225

Во Велес денеска започна реконструкцијата на улицата „Лазо Осмаков“, од потегот на спојот со улица „Љубљанска“ до спој со улица „8 Велешка“. Градежните работи се изведуваат со ангажирање на градежна механизација од различен обем и вид, градежни машини, транспортни средства, механизација за асфалтирање и ваљаци, информираат од Општина Велес. Воедно појаснуваат дека на лице место денеска била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на СВР Велес. Истиот ќе биде на сила се’ до завршување на градежните работи, информираат од Општина Велес. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochna-rekonstruktsijata-na-veleshkata-ulitsa-lazo-osmakov/feed/ 0
Во завршна фаза реконструкцијата на летна сцена на штипски Дом на млади https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-zavrshna-faza-rekonstruktsijata-na-letna-stsena-na-shtipski-dom-na-mladi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-zavrshna-faza-rekonstruktsijata-na-letna-stsena-na-shtipski-dom-na-mladi/#respond Tue, 02 May 2023 15:48:20 +0000 https://kurir.mk/?p=829807

Реконструкцијата на летната сцена во Дом на млади е веќе во завршна фаза, а целиот објект ќе биде отворен за јавноста и посетителите со концерт на легендарните Леб и сол, информираше градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов. Забележува дека повозрасните штипјани знаат дека оваа група во ’90 години беше чест гостин во Дом на млади, па затоа, како што вели годинава реотворањето на летната сцена на оваа култна институција, повторно ќе биде со препознатливите звуци од овој бенд. - Штип ќе добие ново руво на летната сцена во Дом на млади, вели Јорданов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/vo-zavrshna-faza-rekonstruktsijata-na-letna-stsena-na-shtipski-dom-na-mladi/feed/ 0
Започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“ во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-rabotnite-aktivnosti-za-rekonstruktsija-na-10-ulitsi-vo-naselbata-nedopirlivi-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-rabotnite-aktivnosti-za-rekonstruktsija-na-10-ulitsi-vo-naselbata-nedopirlivi-vo-bitola/#respond Tue, 02 May 2023 13:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=829755

Денес започнаа работните активности за реконструкција на 10 улици во населбата „Недопирливи“. Проектот вклучува реконструкција на водоводната, канализационата мрежа и нов коловоз во должина над 2 километри. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и стручните екипи од општинската администрација, заедно со директорот на КЈП „Никоградба“, Зоран Талевски, извршија увид на активностите кои започнаа со реконструкција на мешовитата канализација од улица „Студентска“, профил 1. Градоначалникот Коњановски, информираше дека, наскоро се очекува да започне и реконструкцијата на водоводната мрежа во овој дел, за да може реализацијата на проектот да се одвива со предвидената динамика и обезбедените средства од општинскиот буџет за реконструкција на водоводната и канализационата мрежа во износ од 37.000.000 денари. По завршувањето на овие фази, продолжува реконструкцијата на коловозот, за што од Светска банка обезбедени се 28.725.287 денари. Покрај големите инфраструктурни активности кои се во тек на 6 други локации во општината, паралелно се врши и партерно уредување на помали улици, а во селото Кременица, со цел времено санирање на проблемите со патната инфраструктура, екипите на КЈП Нискоградба вршат вградување на гребен асфалт на местата каде што тоа е неопходно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zapochnaa-rabotnite-aktivnosti-za-rekonstruktsija-na-10-ulitsi-vo-naselbata-nedopirlivi-vo-bitola/feed/ 0
Реконструирано детското катче пред Здравствениот дом во Велес https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/#respond Tue, 25 Apr 2023 16:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=827493

Детскиот катче кај велешкиот Здравствен дом е целосно реконструирано со нови елементи и содржини, а просторот е уреден со клупи. Реконструкцијата е извршена со донација од Евангелската црква во Велес и граѓанската организација Линк Акрос Македонија, информира за МИА Нино Николов директор на ЈЗУ Здравствен дом - Велес. Наместо поранешните лулки, новиот забавен парк за деца има дрвена кула со четири мини платформи, внатрешни клупи во самата кула, ѕид со елементи за „алпинистичко“ качување, шипка за „пожарникарски“ спуст и лизгалка. Просторот во околината е уреден со тампон за детска игра, а има и клупи за седење на возрасните кои ќе ги чекаат децата додека си играат. Пасторот Филип Иванов од Евангелската црква им порача на децата да го користат овој забавен парк за радосни игри, но и да го чува за повторно да му се навраќаат со нови радости. Во изјавата за МИА, директорот на велешкиот Здравствен дом, Николов најави дека годинава од буџетот на оваа јавна здравствена установа се планира да се реновираа првиот кат на Центарот за јавно здравје, каде се сместени лабораторија, детска забна амбуланта за превентивна заштита и неколку лекарски ординации. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/rekonstruirano-detskoto-katche-pred-zdravstveniot-dom-vo-veles/feed/ 0
Се реконструира улицата “Малешевска” во општина Кисела Вода https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-rekonstruira-ulitsata-maleshevska-vo-opshtina-kisela-voda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-rekonstruira-ulitsata-maleshevska-vo-opshtina-kisela-voda/#respond Thu, 30 Mar 2023 12:13:29 +0000 https://kurir.mk/?p=818137

Продолжува големиот градежен зафат на Општина Кисела Вода за санација на улиците во населбата Драчево. Денес градоначалникот Ѓорѓиевски ја посети улицата “Малешевска”, која поради својата местоположба, важи за една од најфреквентните улици во овој дел од општината, но и покрај тоа, не е темелно санирана од 80-тите години на минатиот век, кога била изградена. Се работи за сообраќајница долга речиси 1 км која до крајот на април ќе добие нов асфалт и нови тротоари. За да се заокружи реконструкцијата, со нов асфалт ќе бидат опфатени и краците на улицата “Малешевска”, кои водат кон улицата “Славка Динкова”. Едновремено, Општина Кисела Вода на “Малешевска” се поставува ново модерно штедливо осветлување. Досегашните живини, се заменуваат со лед светилки. Ќе се реши проблемот и со атмосферските отпадни води, кои ќе се одведуваат во попивателни бунари. -Се наоѓаме на улицата “Малешевска” во населбата Драчево, долга околу 1 километар, каде во наредните триесетина дена, ќе работиме интензивно на нејзина целосна санација. За жал, во последните 40-тина години откако е изградена, оваа фреквентна сообраќајница, лоцирана и до училиште и до повеќе значајни објекти, не била предмет на интерес на ниту еден од моите претходници, што е евидентно од големите оштетувања. Санацијата на “Малешевска”, заедно со нејзините краци кои излегуваат на главна улица, на “Славка Динкова”, во голема мера ќе ги унапредат условите за живеење. Ќе ги санираме и тротоарите, а паралелно, рабoтиме на поставување на нови штедливи ЛЕД светилки. Го решаваме и проблемот со одведување на атмосферските води, кои ќе бидат прифаќани во попивателни бунари. За потсетување во населбата Драчево, во првата година од мојот мандат, беше опфатена обнова на патната инфраструктура во вкупна должина од околу 12 км. Денес отпочнатиот проект е доказ дека не застануваме, дека моите ветувања не се само празни зборови и дека целосно ќе го смениме ликот не само на Драчево, каде сме денес, туку и на сите месни и урбани заедници. Градежната офанзива низ улиците на општина Кисела Вода продолжува и ќе биде интензивирана во периодот што е пред нас-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. (Интегрален текст од соопштение на општина Кисела Вода)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/se-rekonstruira-ulitsata-maleshevska-vo-opshtina-kisela-voda/feed/ 0