рекордни температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 14 May 2023 10:49:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рекордни температури – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Под влијание на Ел Нињо можни се рекордни температури https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/#respond Sun, 14 May 2023 11:05:18 +0000 https://kurir.mk/?p=833999

Се поизвесно е дека Ел Нињо, затоплувањето на тропскиот Пацифик, ќе се случи оваа година, објави Светската метеоролошка организација. Меѓутоа, бидејќи овој климатски феномен има многу поширока резонанца, можно е Ел Нињо да придонесе за рекордни температури во регионите ширум светот. Ла Ниња, студената фаза на покомплексниот феномен Ел Нињо - Јужна осцилација (ENSO), заврши по три години, а тропскиот Пацифик моментално е во неутрална фаза. Сепак, наскоро би можело да биде заменет со топла фаза, Ел Нињо. Како што се наведува, постои 60 отсто веројатност дека транзицијата ќе се случи во периодот од мај до јули. Според досегашните прогнози на метеоролозите, веројатноста се зголемува до 80 проценти во периодот од јули до септември. Засега нема индикации колку долго ќе трае Ел Нињо или колку ќе биде интензивен, но овој феномен може да ги продлабочи ризиците со кои се соочува планетата поради климатските промени. „Доживеавме осум најтопли години во историјата на мерењата, без оглед на ладењето предизвикано од Ла Ниња во изминатите три години, што делуваше како привремена кочница за зголемувањето на температурата“, рече генералниот секретар на Светската метеоролошка организација, Петери Талас. „Развојот на Ел Нињо веројатно ќе доведе до нов скок на глобалното затоплување и ќе ја зголеми шансата за соборување на температурни рекорди. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, 2016 година била најжешката година во историјата поради „двојниот удар“ на силниот бран на Ел Нињо и затоплувањето предизвикано од човекот преку ослободување на стакленички гасови. Влијанието на топлата ENSO фаза најмногу се забележува во годината по нејзиното појавување, па се очекува последиците да бидат поочигледни во текот на 2024 година. „Треба да се подготвиме за развојот на Ел Нињо, кој често се поврзува со големи горештини, суша и врнежи во различни делови на светот“, предупреди Талас, додавајќи дека може да има и зголемување на временските екстреми. Ел Нињо е природен феномен кој се случува периодично, на секои две до седум години, и придонесува за затоплување на површината на Тихиот Океан во тропските предели. Епизодите траат помеѓу девет и дванаесет месеци. За време на Ел Нињо, има зголемување на врнежите во јужниот дел на Јужна Америка и во јужните региони на Соединетите Американски Држави, како и во Рогот на Африка и во Централна Азија. Спротивно на тоа, големи суши се можни во Австралија, Индонезија и Јужна Азија. Додека е во централниот и источниот дел на Тихиот Океан, Ел Нињо може да поттикне формирање на урагани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pod-vlijanie-na-el-nino-mozhni-se-rekordni-temperaturi/feed/ 0
Во Австралија измерени рекордни 50,7 Целзиусови степени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-izmereni-rekordni-50-7-celziusovi-stepeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-izmereni-rekordni-50-7-celziusovi-stepeni/#respond Thu, 13 Jan 2022 13:26:25 +0000 https://kurir.mk/?p=618899

Во Австралија денеска е регистрираната рекордно висока температура, откако во градот Онслоу, на западниот брег беа измерени 50,7 степени Целзиусови. Како што јави Би-Би-Си, со ова е израмнет рекордот од 1962 година, кога во јужниот дел на Австралија биле измерени 50,7 степени. Локалната метеоролошка служба потврди дека Онслоу го израмнил рекордот во 14:26 часот по локално време. Просечната температура во градот во овој период од годината изнесува 36,5 Целзиусови степени. Два други града, Марди и Роборн, вчера исто така пријавија температури од над 50 степени, изјави Лук Хантингтон од Службата. Според метеоролозите, температурите утре дополнително ќе растат, а во наредните денови се очекува „заладување“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-avstralija-izmereni-rekordni-50-7-celziusovi-stepeni/feed/ 0
Во Калифорнија измерени рекордни 54,4 степени Целзиусови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kalifornija-izmereni-rekordni-54-4-stepeni-celziusovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kalifornija-izmereni-rekordni-54-4-stepeni-celziusovi/#respond Mon, 17 Aug 2020 12:04:44 +0000 https://kurir.mk/?p=391626

Во американскиот Национален парк Долина на смртта, што се наоѓа во Калифорнија, е измерена највисоката температура досега на земјата, од дури 54,4 степени Целзиусови. Таа температура ја потврди и Американската метеоролошка служба, јави Би-Би-Си. Во претходните денови, а особено минатиот викенд, топлотен бран го погоди американскиот западен брег, а високите температури, исто така, придонесоа за прекин на струја во некои делови, затоа што електраните не функционираа како што треба. Претходно, највисоката температура беше 54 степени и беше измерена и во Долината на смртта во 2013 година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-kalifornija-izmereni-rekordni-54-4-stepeni-celziusovi/feed/ 0
Топлотен бран во Европа: Можна нова рекордна температура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toploten-bran-vo-evropa-mozna-nova-rekordna-temperatura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toploten-bran-vo-evropa-mozna-nova-rekordna-temperatura/#respond Tue, 07 Aug 2018 07:20:42 +0000 https://kurir.mk/?p=85274

Европа се соочува со топлотeн бран, а метеоролозите најавуваат дека во наредните денови, може да „падне“ температурниот рекорд, јави Би-Би-Си. Тековниот европски рекорд е 48 степени Целзиусови, измерени во Атина во јули 1977 година. Прогнозата за јужна Шпанија и Португалија за петок и сабота е 47 степени Целзиусови. Медиумите во Европа објавуваат фотографии од намалени езера и суви реки и луѓе кои се ладат во чешми и се обидуваат да се кријат под чадори. Шпанската национална метеоролошка служба издаде предупредување до граѓаните и објави дека топлотниот бран ќе биде „особено интензивен на југозапад".]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/toploten-bran-vo-evropa-mozna-nova-rekordna-temperatura/feed/ 0