Рекс Тилерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 08 Dec 2018 09:25:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рекс Тилерсон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп остро му одговори на Тилерсон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ostro-mu-odgovori-na-tilerson/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ostro-mu-odgovori-na-tilerson/#respond Sat, 08 Dec 2018 09:24:52 +0000 https://kurir.mk/?p=137321

Американскиот претседател Доналд Трамп остро одговори на критиките од поранешниот државен секретар Рекс Тилерсон, опишувајќи го како ужасно неинтелигентен и мрзелив човек. Тилерсон, во четвртокот го нарече Трамп „недисциплиниран“, појаснувајќи дека американскиот претседател „не сака да чита, не чита извештаи и не се внесува во детали во однос на многу прашања“. Тилерсон рече дека Трамп, честопати од него барал да прави работи за кои тој морал да му објаснува дека не се легални или дека се лош совет. Одговарајќи му на Тилерсон, Трамп на Твитер објави дека поранешниот државен секретар немал „ментален капацитет неопходен за работата“ и оти не можел „доволно бргу да се ослободи од него“. „Мајк Помпео одлично работи. Многу сум горд на него“, напиша Трамп за новиот државен секретар.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-ostro-mu-odgovori-na-tilerson/feed/ 0
Тилерсон сакал да остане на позицијата државен секретар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-sakal-da-ostane-na-pozicijata-drzaven-sekretar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-sakal-da-ostane-na-pozicijata-drzaven-sekretar/#respond Tue, 13 Mar 2018 15:47:37 +0000 http://kurir.mk/?p=29640

Рекс Тилерсон очекувал да остане на позицијата државен секретар, не разговарал за негова можна оставка со претседателот Доналд Трамп и не ги знае причините за таквата одлука, соопшти денес заменик државниот секретар Стив Голдстин, јави дописникот на МИА од Вашингтон. -Тилерсон нема разговарано со претседателот на таа тема, причините за негова оставка му се непознати, изјави Голдстин на брифинг за новинарите. Во меѓувреме, Тилерсон се заблагодари за тоа што му била дадена можност да работи на позицијата државен секретар, и му посака успех во работата на Мајк Помпео, досегашен директор на ЦИА, кој доаѓа на негово место. Во Белата куќа смената ја објаснуваат со желбите на американскиот претседател да собере нов тим пред почетокот на преговорите со Северна Кореја. Притоа Трамп изјави дека Тилерсон бил ослободен од должноста поради „разидување во ставовите“. Пред да стапи на функцијата државен секретар, Тилерсон беше директор на „Ексон Мобајл“. Американскиот нафтен гигант развива неколку значајни нафтено-енергетски проекти во Русија и Тилерсон во тоа својство често патуваше во Русија и беше близок со рускиот претседател Владимир Путин. Во еден од своите последни настапи како државен секретар минатата недела пред студенти во универзитетот Џорџ Мејсон, Тилерсон изјави дека тој во 2017 планирал да оди во пензија доколку Трамп не му понудил да стапи на оваа висока функција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-sakal-da-ostane-na-pozicijata-drzaven-sekretar/feed/ 0
Трамп го смени Тилерсон, директорот на ЦИА е новиот државен секретар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-tilerson-direktorot-na-cia-e-noviot-drzaven-sekretar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-tilerson-direktorot-na-cia-e-noviot-drzaven-sekretar/#respond Tue, 13 Mar 2018 14:13:07 +0000 http://kurir.mk/?p=29591

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени денеска државниот секретар Рекс Тилерсон. - Мајк Помпео, директор на ЦИА, ќе биде нашиот нов државен секретар. Од него чекаме фантастична работа. Џина Хаспел ќе биде новиот директор на ЦИА и прва жена на таа позиција. Честитки!, напиша Трамп на „Твитер“. На чело на ЦИА е именувана Џина Хаспел, додегашен заменик директор. Според анонимен претставник на Белата куќа, претседателот на САД сака да има нов тим пред планираните преговори со Северна Кореја и различни трговски преговори. Тилерсон, поранешен извршен директор во Ексон Мобил ја извршуваше функцијата државен секретар нешто повеќе од една година Директорот на ЦИА Мајк Помпео наведе по повод именувањето, дека е благодарен што претседателот  Трамп му дал шанса „да служи како директор на ЦИА и за можноста да служи како државен секретар“. „Неговото лидерство ги направи САД безбедни и се радувам што го претставувам него и американскиот народ пред останатиот свет. Работата со големи луѓе во ЦИА кои се најнапредни и најталентирани државни службеници со кои се сретнав, беше една голема чест во мојот живот“, напиша Помпео во соопштение. Џина Хаспел е прва жена именувана за нова директорка на ЦИА изјави: - По 30 години работа во ЦИА, чест ми е што бев заменик на Мајк Помпео во претходната година. Благодарна сум за можноста дадена од претседателот Трамп и неговата доверба во мене да ме избере за нов директор на ЦИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-go-smeni-tilerson-direktorot-na-cia-e-noviot-drzaven-sekretar/feed/ 0
Дачиќ – Тилерсон: Србија сака да ги „ресетира“ односите со САД https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-tilerson-srbija-saka-da-gi-resetira-odnosite-so-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-tilerson-srbija-saka-da-gi-resetira-odnosite-so-sad/#respond Sat, 10 Feb 2018 08:34:09 +0000 http://kurir.mk/?p=20211

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ оствари средба во Вашингтон со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, што е негов прв состанок со највисокиот официјален претставник на Стејт департментот.

Дачиќ го изнел ставот дека треба да се „ресетираат“ билатералните односи меѓу САД и Србија.

- Сакаме да ги ресетираме нашите односи, да бараме заеднички интереси, да бараме начини како САД можат да ни помогнат да ја оствариме нашата клучна цел - стабилност, мир во регионот и решавање на отворени прашања, пред се за трајно решавање на проблемите на Косово и Метохија, се наведува во соопштението од кабинетот на Дачиќ.

Според српскиот шеф на дипломатијата, на состанокот било наведено дека некој треба да ги сослуша аргументите и причините поради кои Србија има малку поостри ставови во регионот.

- Овој состанок потврдува дека новата американска администрација има повеќе разбирање за она што го зборува Србија во однос на претходните администрации, особено оние што беа инволвирани во воениот конфликт во поранешна Југославија. Исто така, сметам дека е време американскиот претседател да дојде во Србија, имајќи предвид дека последниот американскиот претседател кој ја посетил Југославија е Џими Картер, истакнал Дачиќ.

Во соопштението, исто така, се додава дека „во име на претседателот Александар Вучиќ, Србија е подготвена да одговори во секој момент на предлозите на САД кои ќе дојдат во врска со прашањата на безбедноста и стабилноста во регионот. Состанокот беше многу добар и дава голема надеж за успешната соработка меѓу САД и Србија во наредниот период“. (МИА)

]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/dachikj-tilerson-srbija-saka-da-gi-resetira-odnosite-so-sad/feed/ 0
Тилерсон му се заканил на Ким: Продолжи со оваа политика и ќе те нападнеме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-mu-se-zakanil-na-kim-prodolzi-so-ovaa-politika-i-kje-te-napadneme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-mu-se-zakanil-na-kim-prodolzi-so-ovaa-politika-i-kje-te-napadneme/#respond Wed, 17 Jan 2018 10:07:54 +0000 http://kurir.mk/?p=12176

Државниот секретар на САД, Рекс Тилерсон, предупредил дека Северна Кореја, ако не се одлучи да преговара за својата нуклеарна програма, која претставува се поголема опасност за САД, би можела да предизвика воен одговор. "Ние сите треба да бидеме многу трезни и реални во оваа ситуација", рекол Тилерсон на прашањето дали Америка треба да биде загрижена поради можноста од војна. Тој истакнал дека Северна Кореја продолжила да напредува во својот нуклеарен вооружен програм преку термонуклеарни тестови и во областа на интерконтиненталните балистички ракети. "Мораме да препознаеме дека заканата е се поголема и дека доколку Северна Кореја не го одбере патот на соработка, дискусија, преговори, тогаш самата ќе ја започне таа опција", рекол тој. Неговата бескомпромисна порака уследила по собирот во Ванкувер, на кој присуствувале 20 земји кои биле на страната на САД во текот на Корејската војна од 1950. до 1953. година, а во време кога се појавил скептицизам меѓу сојузниците по прашањето за искреноста на Пјонгјанг во воспоставувањето на дипломатски односи со Северна Кореја. Тилерсон нагласил дека администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, трага по дипломатско решение во нуклеарниот спор, но и додал дека Северна Кореја допрва треба да се покаже како "кредибилен преговарачки партнер". Тој, како што се наведува, одбил да одговори на прашањето дали Белата куќа разгледува ограничена воена акција против официјален Пјонгјанг, а по повод наводите на медиумите дека некои луѓе во администрацијата ја заговараат таа идеја. И покрај остриот став на Вашингтон и одлучноста да продолжи да врши притисок на Северна Кореја, Трамп покажал отвореност за преговори со Пјонгјанг. По низата навреди и закани кои со месеци ги разменувал со Ким Јонг Ун, Трамп во интервју минатата недела рекол дека тие двајца би можеле да имаат позитивен однос.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tilerson-mu-se-zakanil-na-kim-prodolzi-so-ovaa-politika-i-kje-te-napadneme/feed/ 0