ректор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 21 May 2023 07:07:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ректор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Шестмина кандидати за ректор – кој ќе успее да го издигне УКИМ од академското дно? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestmina-kandidati-za-rektor-koj-ke-uspee-da-go-izdigne-ukim-od-akademskoto-dno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestmina-kandidati-za-rektor-koj-ke-uspee-da-go-izdigne-ukim-od-akademskoto-dno/#respond Sun, 21 May 2023 07:07:32 +0000 https://kurir.mk/?p=836881

На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија. Нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk). Во пресрет на изборите, МИА разговараше со шестемина кандидати и ги објавува нивните клучни приоритети во работата доколку бидат избрани за прв човек на најстариот и најголем универзитет во државава. На факултетите и институтите во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје, на 30 мај од 12 до 14 часот ќе се спроведе гласање за избор на ректор на УКИМ за мандатниот период 16 септември 2023 – 15 септември 2026 година. На конкурсот се пријавија шест професори и сите кандидатури беа прифатени од Универзитетската изборна комисија. Нивните програми за работа се објавени на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk). Во пресрет на изборите, МИА разговараше со шестемина кандидати и, денеска и утре, ги објавува нивните клучни приоритети во работата доколку бидат избрани за прв човек на најстариот и најголем универзитет во државава. Вработување млад академски кадар со асистенти и зајакнување на кадровскиот потенцијал на УКИМ, зајакнување на компетентноста за аплицирање на меѓународни проекти, покачување на платите на наставниот кадар и администрација и постојан развој на студиските програми – се меѓу приоритетите на кандидатот за ректор проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет. Во однос на кадарот, тој вели дека негов приоритет како ректор ќе биде да бидат примени најдобрите, како добар начин тие да останат во државава, да го подигнат научниот потенцијал со научни истражувања и пишување трудови. За зајакнување на компетентноста за аплицирање на меѓународни проекти при УКИМ, посочува Ајдински, во ректоратот ќе се формира тело кое ќе биде одговорно за сите проектни активности, од професори и обучен персонал, експерти кои ќе ја синхронизираат целата работа и со другите тела на факултетите. –Платите на професорите и администрацијата се убедливо најниски во целиот регион. Слична состојба е и во нашата држава. Ќе настојуваме, ќе вршиме притисок, ќе разговараме со надлежните органи. Во тој контекст значајно ќе биде настојувањето за обединување на двата синдиката при УКИМ, изјави Ајдински за МИА, појаснувајќи го приоритетот за покачување на платите на наставниот кадар и администрација. Ајдински ќе се залага за постојан развој на студиските програми во текот на целиот период додека дојде следната акредитација. -Во програмата наведов дека наставниот кадар ќе може да направи интервенција во наставните програми во обем не повеќе од 30 отсто со Одлука од Наставно-научниот совет без повторна акредитација на програмата, посочува Ајдински. За поддршка на студентите кои, вели, се суштината на постоењето на Универзитетот, ќе се залага за основање фонд за поддршка на талентирани студенти, директна комуникација со работодавачите, стопанството, домашните и странските фирми за вработување на идните студенти, зголемување на нивната мобилност и унапредување на практичната работа и теренската настава. -Развој на универзитетскиот спорт и студентските лиги, унапредување и запознавање на студентите, пред сѐ, со нивните права, а не само обврски. Поттикнување на критичко мислење кај студентите и, конечно, оживување на студентскиот живот и стандард и културно-забавните активности, вели Ајдински. Во својата програма тој се осврнува и на соработката со стопанството и фокусирањето на постојан развој на дигитализацијата и унапредување на информатичкиот систем. Според кандидатката за ректор проф. д-р Биљана Ангелова од Економскиот институт, предизвиците со кои се соочува Универзитетот се комплексни, но мора да се менаџираат и да се решаваат. Тие произлегуваат, главно, од ограничената автономија, вели таа, пред сè финансиската и кадровската, но и од начинот на финансирање генерално, и наведува дека се двата горливи проблема во нивното секојдневно работење. -Ќе се залагам овие уставни и законски гарантирани права да ни бидат целосно обезбедени, бидејќи се едни од клучните фактори за ефикасно функционирање на Универзитетот. Мојата визија е УКИМ да прерасне во отворен Универзитет со европски вредности и видлив на меѓународниот високообразовен и научноистражувачки простор. Трансформацијата ќе се одвива со промени и подобрувања во наставата, науката и меѓународната соработка. Како нова активност ќе се залагам за развој на универзитетско претприемништво преку создавање иновации, нивна комерцијализација и трансфер на технологии. Отвореноста и посветеноста стануваат основен пристап во работата, изјави Ангелова за МИА. Во нејзините приоритети се модернизирање, евалуирање и унапредување на наставните програми и воведување нови современи пристапи на интерактивно учење, иновативни форми на настава и учење, со повеќе практична настава. За поголема вработливост на студентите, вели таа, ќе се залага за акредитирање атрактивни интердисциплинарни студиски програми кои се барани на пазарот на труд затоа што според Болоњската декларација, вработливоста е индикатор за квалитетот во високото образование, и вработливоста на студентите е компонента во многу индикатори за мерење на интернационалното рангирање на универзитетите. -Затоа е потребно студентите да стекнат не само стручни компетенции, туку и други дополнителни знаења и „трансферзални вештини“ како нумерички, бихевиорални и дигитални вештини. Така ќе добиеме комплетни стручњаци за пазарот на труд, вели Ангелова. Во својата програма за работа како исклучително важни ги има и капиталните инвестиции во градежните објекти, инсталирање нови лаборатории и обновување на опремата за настава и истражувања на единиците со што ќе продолжи реновирањето и креирање квалитетни услови за престој и учење. Ќе се залага и за воведување повеќе програми на англиски јазик со цел УКИМ да привлече повеќе студенти од странство. -Императив е Универзитетот да расте и да се развива. Современите универзитети се ориентирани кон наука и истражувања и нивно инкорпорирање во наставата. Затоа во мојата Програма е предвидена поддршка на универзитетските тимови за членство во Европските конзорциуми за истражувачка инфраструктура, како ERICs, и други истражувачки асоцијации фокусирани на одделни научни области, што ќе доведе до повеќе можности за учество на нашите единици на европските проекти и вмрежување во европската истражувачка инфраструктура. Како и досега, ќе се залагам за поголеми вложувања во подобрување на научноистражувачката инфраструктура на единиците преку обновување на опремата во постојните лаборатории и набавка на нова истражувачка опрема. Посебен акцент ќе биде ставен на поддршка на младите истражувачи (студенти, асистенти и доценти) кои се во раните фази на нивниот кариерен развој со цел да им се олесни патот во науката. Целта е да се задржат младите, квалитетни и талентирани кадри, бидејќи тие се иднината на нашиот Универзитет и на нашата земја, истакнува Ангелова. Меѓународната соработка и интернационализацијата на Универзитетот во наредниот период, додава таа, ќе бидат рефлексија на поголемата динамика условена од трендот на европеизација и глобализација. –Интернационализацијата нуди излез на европскиот високообразовен простор. Во современи услови и согласно европската стратегија за високо образование таа ќе се реализира преку вмрежување во меѓународните академски алијанси. За ефикасно вмрежување ќе мора да се зајакнат интерните капацитети во Одделението за меѓународна соработка со лица кои се докажани интернационални истражувачи од нашата академска заедница, додава Ангелова, која е актуелен проректор за финансии, инвестиции и развој на Скопскиот универзитет. Новиот столб на развој на УКИМ планира да биде и универзитетското претприемништво при што нагласува дека иновациите и технолошкиот трансфер на знаење кон бизнис-секторот ќе бидат мост на поврзување и можност за развој на универзитетски стартап-компании и развој на универзитетско претприемништво. – Ректоратот да не биде независна и одвоена еди­­ница од факултетите и институтите, туку нивни помагател и поддржувач во сите нивни научни, наставни и проектни активности. Да избереме ректор на УКИМ, а не ректор на ректоратот, изјави за МИА кандидатот за ректор Ратко Дуев од Филозофскиот факултет. За да се создадат пристојни услови за студирање и научна работа на сите единици на УКИМ, тој предвидува административна помош за изработка на проектна документација и елаборати од сопствените капацитети на УКИМ. Тоа, како што вели, ќе се постигне со правично вложување на акумулираните средства на сметките од Ректоратот за градежни зафати и набавка на современа опрема и ма­те­ријали за настава и научно-истражувачка дејност според ургентните потреби на единиците, потоа со зголемување на средствата од буџетот за капитални инвестиции и нивна правична распределба меѓу единиците, а преку новата Програмата за финансирање на видот и обемот на интегра­тивните функции на УКИМ (2023-2026 г.) акцентот ќе биде ставен на повеќе пари за опремување на лабораториите и осовременување на наставата. Постојано ќе се води кампања за подигање на општествената одговорност, во која особено улога ќе има Центарот за дијаспора за повр­зу­ва­ње со компании и фондации на наши иселеници и преку базата на алумни за привлекување на донатори. Приходите и платите на професорите и вработените во администрацијата, наведува Дуев, останува најголем проблем во нашето општество, а ниските плати и нама­лу­вањето на дополнителните примања, потребата од постојано инвестирање во соп­ствениот професионалниот развој во голема мера го отежнуваат рабо­те­њето на Универзитетот. -Во останатите степени на образованието, од 2006 до 2022 година, платите на вработените беа покачени за 85 проценти, а во високото образо­вание за наставниот кадар 27 проценти и 12 проценти за админстрацијата, посочува Дуев, кој е актуелен декан на Филозофскиот факултет. Синдикатите на УКИМ, Независниот академски синдикат по долги години, вели тој, потпиша договор за зголемување од 17 отсто, а 1 процент за администарцијата, што смета дека е недоволно. Се надева на пот­пишаниот Kолективен договор на Синдикатот на УКИМ кој треба да се применува од 2024. – На секој иден ректор приоритет во работата мора да му биде решавање на овој проблем, бидејќи во спротивно Универзитетот ќе се соочи со постепено губење на човечкиот ресурс и негово згаснување, порачува Дуев. За рангот на УКИМ на светските листи наведува дека подемот или падот е директно поврзан со научната инфраструктура и дека рангот неминовно ќе се подобри со решавање на инфраструктурните проблеми, повеќе научно-истражувачки проекти, поголема достапност до е-би­блиотеките на научни публикации, научни списанија со импакт-фактор, совре­мени лабoратории, алатки за онлајн-истражување што им овозможува на студен­тите, истражувачите и наставниците да создадат ком­плексни истражувања… Во однос на приоритетот поддршка на студентите, планира покрај средствата од ИКСА (информатички, култур­ни и спортски активности), да се обезбедат дополнителни финансии за стекнување дополнителни вештини и знаења за време на студирањето, преку вклучување на студенти во истражувачки проекти, поддршка на студентски списанија, поддршка на студентски проекти и зголемување на нивната мобилност, подобрување на инфраструктурата за студентите со попреченост итн, а како грижа за младите, ќе почне, како што вели, достојно одбележување на Меѓународниот ден на студентите – 17 Ноември. Подобрување на материјално-финансиската состојба и на наставно-образовниот процес се меѓу приоритетите во програмата на кандидатот за ректор проф. Атанас Кочов од Машинскиот факултет, кој нагласува дека е голем предизвик да се биде ректор на најстариот универзитет во земјата зашто е стожер на нашето општество и државотворноста на земјата. -УКИМ мора да остане единствен и препознатлив со својата посебност – универзитет и во Македонија, но и пошироко. Имајќи ја предвид актуелната состојба на универзитетот, наспроти желбата, но и обврската не само моја, ами и на сите вработени да го одржиме и воздигнеме УКИМ како научна, културна ризница и традиција, се соочуваме со период во кој ќе треба да се зацртаат јасни приоритети, изјави Кочов за МИА. Подобрувањето на материјално-финансиската состојба на Универзитетот тој го гледа во посебни државни и интерни политики на финансирање со тоа што, како што наведува, мора да се реши законски статусот на УКИМ, да се изработи Стратегија на УКИМ 2030 со која ќе се обезбеди улогата на УКИМ како моторна сила за одржлив развој на земјата. -Да се зајакне инфраструктурата и капацитетите на универзитетот со подобро искористување на целокупниот имот на УКИМ, и секоја единица да има услови за непречена реализација на наставно-образовната, научноистражувачка и апликативна дејност – и како простор, и од аспект на опременост на лаборатории. Дел од ова ќе се постигне и преку отворање канцеларија за меѓународна соработка задолжена за помош во подготовка на меѓународни проекти. Преку јавно-приватно партнерство да се изградат студентски дом за подобри услови за домување на студентите. Мора да ја обезбедиме функционалноста на Универзитетскиот совет кој од донесување на Законот за високо образование во 2018 година сè уште не е конституиран, да го вратиме внатрешниот ревизор како функција и контролор на финансиското работење на УКИМ, истакнува Кочов. Во својата програма за работа тој планира осовременување на постојните и воведување нови мултидисциплинарни студиски програми согласно европските и светските стандарди, креирање веб-портал со електронска верзија од предавања и вежби, зголемување на бројот на гостувачки реномирани професори од земјата и странство. Посебно акцент на поддршка на единиците за акредитација на студиски програми за стекнување двојна диплома во партнерство со странски универзитети и обезбедување библиотечен фонд и пристап до светски реномирани списанија. Негов приоритет е и консолидирање и целосна автономна независност на единиците на УКИМ во донесување на интерните политики за наука, развој, истражување и соработка со стопанството и бизнис-заедницата. -Соработката со стопанството и бизнис-заедницата, чии потреби од специфични знаења, вештини ќе влијаат во креирањето на студиските програми во соодветните области. Креирање стручни студии за стручен назив во соработка со стопанските комори, а во насока на подготовка на кадар спремен да се соочи со предизвиците на новите технологии, наведува Кочов. За стимулирање на меѓународната соработка и научно-истражувачката дејност, уметност и спорт предлага стручна поддршка за апликација и подготовка на меѓународни проекти, целосна автономија на предлагачите со нивно управување, целосна децентрализација на финансиското водење на научно-истражувачките проекти финансирани од ЕУ. За оваа цел, вели, ќе се креира единствена база на научни трудови, публикации и книги од вработените на УКИМ, а ќе се поддржи и организирање и учество на настани од културата (изложби и концерти) и спортски настани. Студентите ги смета за партнери и ќе се залага за нивна целосна вклученост во наставната, научната и апликативна дејност на Универзитетот. Приоритет на проф. Кочов е и нов современ модел на претприемачки Универзитет за остварување на агендата 2030 и 2050 за реализација на Стратегијата за паметна специјализација. „Европско образование на УКИМ” е мотото на програмата за работа и развој на Универзитетот во наредните три години на кандидатот за ректор проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Мотото на нејзината програма смета дека може да се спроведе само со суштинска соработка меѓу професорите и студентите и заедничка насоченост кон подигнување на квалитетот на наставата и примена на европските стандарди. -Сите заедно да го промениме УКИМ во универзитет што постигнува врвни резултати, подготвен да ги следи трендовите во образованието, науката и уметноста. Со поглед далеку во иднината да го направиме нашиот универзитет расадник на високостручни кадри, подготвени за стопанството и новите технологии што доаѓаат. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ќе стане лидер на секое поле, со воспоставување одржливи механизми кои ќе овозможат значајно зголемување на меѓународната соработка и поголема вклученост на академскиот кадар во проекти финансирани од меѓународни програми. На тој начин ќе се подигне рејтингот на УКИМ на листата на најдобри светски универзитети. За спроведување на овие заложби ќе се основа Фонд за наука од средства на УКИМ, преку кој ќе се поддржуваат млади истражувачи и нивните ментори за меѓународно етаблирање. За административна помош на академскиот кадар, ќе се формираат канцеларии за меѓународни проекти и мобилност, наведува Спасевска за МИА. Во програмата на Спасевска, која е актуелен проректор за настава на УКИМ, во план е да се воспостават интегрирани дигитални системи коишто произлегуваат од барањата на наставната, научноистражувачката, уметничката и административно-стручната работа со што, како што вели, ќе се спроведе дигитална трансформација на УКИМ. Студентите ќе добијат е-индекс, можност за електронско плаќање и платформа за учење на далечина. Тие ќе имаат достапност до информации и податочни библиотеки, системи за комбиниран процес на учење, користење дигитални алатки за визуелизација на реални процеси, вклучување на странски професори и експерти во настава на далечина, избегнувајќи го временското и просторното ограничување. Исто така, додава Спасевска, „поврзувањето на сите дигитални алатки во нова современа интернет-страница на УКИМ и брендирањето во сите домени, многукратно ќе ја зголеми нашата видливост“. -За развојот на УКИМ значајно е негувањето академска и студентска автономија, транспарентно и отчетно работење и континуиран дијалог со државните институции за подобрување на академскиот и студентскиот стандард. Ќе станеме партнер на државата и Националниот совет за високо образование и научноистражувачка дејност во воспоставување мериторен и одржлив систем за финансирање кој ќе обезбеди квалитетно образование за сите. Исто така, ќе градиме дијалог со синдикалното организирање на УКИМ, поддржувајќи ги во нивните заложби за спроведувањето на колективните договори, посочува Спасевска. Хармонизација на студиските програми на УКИМ со европските програми со што ќе се подобри квалитетот на студиските програми и ќе се зголеми мобилноста на студентите е еден од 10-те приоритети наведени во програмата на кандидатот за ректор проф. д-р Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) за кои смета дека ќе го трансформираат УКИМ во современ, отворен и истражувачки универзитет. -Наставата ќе се фокусира на резултатите од учење, студентите ќе имаат зголемено ниво на практични знаења релевантни за нивната идна кариера, а наставната методологија ќе ги користи сите најзначајни дигитални технологии. За поддршка на овој процес, во мојата програма се предвидени неколку нови центри на УКИМ (за е-учење, за унапредување на компетенциите на наставниците, за инклузивно образование, за доживотно учење), како и Канцеларија за обезбедување квалитет, изјави Ташковски за МИА. Негов приоритет е трансформација на УКИМ во истражувачки универзитет со формирање силни интердисциплинарни истражувачки групи, зголемено учество во меѓународни проекти и повисок квалитет на објавени научни трудови. -За поддршка на овој процес, ќе се зајакне капацитетот на Канцеларијата за меѓународна соработка и ќе се формира сопствен Фонд за наука и развој, кој ќе се обезбеди од средствата кои се издвојуваат од меѓународните проекти кои се имплементираат на УКИМ, наведува Ташковски. Тој ќе се залага и за зголемен степен на трансфер на знаења и иновации кон нови и постојни компании и користење на академската експертиза на кадарот за развој на производи со додадена вредност што, генерално, како што вели, треба да води кон зголемен економски раст на краток и среден рок. -Во таа насока ќе се воспостави транспарентен систем за поттикнување развој на нови производи и иновации (вклучувајќи и поттик за отворање на академски стартап и спин-оф компании), ќе се формира Канцеларија за трансфер на технологии, а ќе предложам и воведување проректор за трансфер на технологии и иновации, додава Ташковски. Во однос на дигитализацијата на УКИМ, како еден од неговите приоритети, акцент ќе биде ставен на процесот на наставата преку воведување дигитални технологии и е-учење, на административното работење на единиците и ректоратот и на услугите за студентите. -Конечно, посебно внимание ќе посветам на подобрување на инфраструктурата затоа што на УКИМ сите единици мора да имаат висококвалитетни и современи просторни услови за изведување на наставата, како и соодветни просторни услови за развој на наука и иновации, развој на претприемништвото на професорите и студентите, за социјални иновации и за доживотно учење, додава Ташковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shestmina-kandidati-za-rektor-koj-ke-uspee-da-go-izdigne-ukim-od-akademskoto-dno/feed/ 0
Кандидатите за ректор на УКИМ се претставија на трибина организирана од НАкС https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidatite-za-rektor-na-ukim-se-pretstavija-na-tribina-organizirana-od-naks/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidatite-za-rektor-na-ukim-se-pretstavija-na-tribina-organizirana-od-naks/#respond Thu, 18 May 2023 19:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=836037

Вработување млад кадар, солидно финансирање, атрактивни студиски програми и вложувања во научни истражувања се залагања на сите кандидати за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје кои вечерва беа на трибина на Факултетот за драмски уметности, организирана од Независниот академски синдикат (НАкС). Пред професори од факултетите на УКИМ по три клучни сегменти од нивните програми за работа претставија кандидатите Горан Ајдински, Ратко Дуев, Атанас Кочов, Христина Спасевска и Димитар Ташковски. На трибината не присуствуваше кандидатката Биљана Ангелова. -Да срушиме една девијација – култот на ректорот, ректоратот да биде сервис на единиците на УКИМ, а не тие да бидат негов сервис. Тогаш работите ќе тргнат на подобро, рече проф. д-р Горан Ајдински од Филозофскиот факултет. Укажа дека на повеќе од половина од факултетите нема асистенти и дека УКИМ ќе „умира“ без вработување млад академски кадар. Втор горлив проблем, рече, се ниските примања на професорите и дека е „драматична состојбата“ со науката и научните истражувања кои наместо државата ги финансираат од сопствени средства. -Ќе треба да притиснеме, не да замолиме, силно да лобираме за Владата да нè планира од оваа за буџетот за наредна година, истакна Ајдински. Тој ќе се залага и за основање тело во ректоратот за поддршка во пишувањето проекти и за аплицирање во меѓународни фондови. Во просек има по два-три проекта на секој факултет и тоа, рече, треба да го мултиплицираме. Проф. д-р Ратко Дуев, актуелен декан на Филозофскиот факултет, рече дека ректоратот треба да биде крвотокот што ќе им биде помош на сите единици во состав на УКИМ и дека успехот е во нивното единство, а не во одделеност. И тој како прв приоритет ги има човечките ресурси и подмладување на кадарот, но ниските плати за асистент, рече, се причина за неатрактивност. Во состојба кога 85 отсто од приходите се од студенти, рече Дуев, а имајќи предвид дека за околу десет илјади е намален бројот на матуранти од 2011 до 2023 година, „се соочуваме со проблем што мора да го решаваме“. -Финансирањето не треба да биде само од државата туку да се користат и странски фондови и преку систем на донации, истакна Дуев, според кого за капитални инвестиции и за подобрување на просторни услови, опрема и лаборатории треба да се наменат и средствата што не се трошат и стојат на сметката на Ректоратот. Проф. Атанас Кочов од Машинскиот факултет истакна дека на универзитетот му е потребен лидер и за тоа треба да работи тимски, односно со сите вработени на Универзитетот. Кажа дека УКИМ никогаш досега не бил на толку ниско ниво, „паднат на коленици“, 27 министри за образование досега од година во година го ничкосувале, и неправедно се става во ист кош со 33 акредитирани високи школи. -Од буџетот на МОН, само 2,2 отсто се доделени на УКИМ. За разлика од него, „Мајка Тереза“ има добиено 17 отсто. Дури и Штипскиот има повеќе проценти добиено од нас. Тоа значи дека државата не води грижа, а УКИМ е најстариот, најдобриот, најквалитетниот и треба да биде стожер, тој е научната, културната ризница на Македонија и нема ниту еден кадар на другите универзитети кој не излегол од УКИМ, рече Кочов. Посочи дека УКИМ три години нема финансиски ревизор и нема Универзитетски совет, што е проблем во неговото функционирање. Ќе се залага да се види, како што рече, кои се средствата што влегуваат во УКИМ и со колкави средства располага од недвижен имот. Она што не може државата да го даде, тој го гледа во склучување стратешки партнерства со Европскиот истражувачи центар. Тој има стратегија за развој на УКИМ во наредните десет години која се темели на донесување стратегија за паметна специјализација - обврска на земјава што и наметната од ЕУ. Проф. д-р Христина Спасевска од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), која е и актуелна проректорка за настава, смета дека ректорот е еден од еднаквите меѓу 1500 вработени на УКИМ, кој, како што рече, се нафатил три години да ги спроведува нивните потреби. -УКИМ да биде четвртата институција во државава, но не ректорот да биде четврти човек и да се укинат сите негови дискрециски права, рече Спасевска. Таа ќе се залага за целосна имплементација на Законот за високо образование донесен во 2018 и за транспарентни механизми, најпрво во финансирањето. За да се преговара за финансирање, рече, ако државата не знае колку чини квалитетно високо образование, УКИМ треба да си направи свој систем во кој со „реални бројки“ ќе се знае точно колку чини секоја студиска програма. Рече и дека Универзитетот мора да се посвети на што повеќе проекти и на факултетите да има ново вработување по секое пензионирање. -УКИМ е на „ниски гранки“ и треба да го фатиме последниот воз за да се приклучиме во европскиот образовен простор, порача проф. д-р Димитар Ташковски од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Тој ќе се залага за современи студиски програми компатибилни со европските и тука, рече, не смее да се импровизира. За да има квалитетно високо образование, рече Ташковски, ќе има дефинирани критериуми/стандарди за акредитирање на секоја студиска програма, како што се врвни професори, практична настава, е-учење... Меѓу приоритетите во неговата програма е основање Фонд за наука и развој затоа што, како што рече, научно-истражувачката работа е клучна за видливоста на УКИМ. Смета дека мора да се снаоѓаат самите додека во тоа ја убедат државата. Притоа посочи дека 80 отсто од сите иновации во светот доаѓаат од високото образование. – Без тоа да го сфати државата, нема развој. Поддршката од државата е неопходна, но не е пресудна. Во светот сите средства не доаѓаат од државата туку во соработка со стопанството, додаде Ташковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kandidatite-za-rektor-na-ukim-se-pretstavija-na-tribina-organizirana-od-naks/feed/ 0
Шест кандидати во трка за нов ректор на УКИМ, изборната комисија ги прифати сите пријавени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-vo-trka-za-nov-rektor-na-ukim-izbornata-komisija-gi-prifati-site-prijaveni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-vo-trka-za-nov-rektor-na-ukim-izbornata-komisija-gi-prifati-site-prijaveni/#respond Wed, 03 May 2023 14:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=830190

Билјана Ангелова од Економскиот институт, Горан Ајдински од Филозофски факултет, Ратко Дуев од Филозофски факултет, Атанас Кочов од Машинскиот факултет, Христина Спасевска од ФЕИТ и Димитар Ташковски од ФЕИТ се кандидати за нов ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје и ќе учествуваат на изборите на 30 мај. Нивните кандидатури се прифатени од Универзитетската изборна комисија која на состанок попладнево ги разгледа сите шест пријави што стигнале до вчера кога заврши огласот. Претседателката на Комисијата, проф. д-р Родна Живковска, за МИА изјави дека ја утврдиле листата со шест кандидати и дека сите шестмина кои се пријавиле доставиле сѐ што е потребно за да учествуваат во трката за избор на ректор за мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година. -Констатиравме дека сите имаат доставено согласност за комуникација (контакт), дека имаат пријава, имаат програма, биографски податоци, библиографски единици, избор за редовен професор и државјанство на Македонија, рече Живковска. Според Роковникот, до 9 мај ќе трае рокот за приговори, кои не се очекуваат со оглед дека се прифатени пријавите на сите шестмина што конкурираа. На 10 мај на веб-страницата на УКИМ (ukim.edu.mk) треба да бидат објавени програмите за работа и биографиите на кандидатите. Гласањето на факултетите и институтите во состав на УКИМ ќе се спроведе на 30 мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на Скопскиот универзитет. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет, кој беше ректор во два мандата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-vo-trka-za-nov-rektor-na-ukim-izbornata-komisija-gi-prifati-site-prijaveni/feed/ 0
Шест кандидати за изборот за ректор на УКИМ, листата ќе биде утврдена и објавена утре https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-za-izborot-za-rektor-na-ukim-listata-ke-bide-utvrdena-i-objavena-utre/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-za-izborot-za-rektor-na-ukim-listata-ke-bide-utvrdena-i-objavena-utre/#respond Tue, 02 May 2023 14:46:16 +0000 https://kurir.mk/?p=829780

Шест кандидати се пријавиле за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за изборите што ќе се одржат на 30 мај. Според конкурсниот рок за доставување кандидатури во Архивата на УКИМ, денеска до 16 часот, биле примени пријавите на шест професори од Скопскиот универзитет кои се кандидати за ректор на УКИМ во мандатниот период 16 септември 2023 - 15 септември 2026 година. Претседателката на Универзитетската изборна комисија, проф. д-р Родна Живковска, за МИА изјави дека Комисијата утре на состанок ќе ја утврди листата на кандидатите кои ќе влезат во трка за прв човек на најстариот и најголем универзитет во земјава и тие ќе бидат објавени на веб-страницата на УКИМ. Според Роковникот за изборите за ректор, листата ќе им биде доставена на кандидатите и тие ќе имаат право на приговор во рок од три работни дена. По рокот за приговори ќе бидат објавени и програмите за работа на кандидатите за нов ректор. Гласањето на факултетите ќе се спроведе на 30 мај кога се очекува да биде избран новиот ректор на УКИМ. Тој треба да го наследи актуелниот, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој оваа функција ја извршуваше во два мандата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shest-kandidati-za-izborot-za-rektor-na-ukim-listata-ke-bide-utvrdena-i-objavena-utre/feed/ 0
Проректорката за настава на УКИМ Христина Спасевска поднесе кандидатура за ректор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/#respond Tue, 02 May 2023 14:21:00 +0000 https://kurir.mk/?p=829769

Проректорката за настава на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, проф. д-р Христина Спасевска поднесе кандидатура за ректор на УКИМ за мандатниот период 2023-2026 година. Проректорката Спасевска неодамна во изјава за медиум истакна дека во оваа ректорска трка влегува со уверување дека во соработка со професорите, асистентите и студентите може да се направат вистински промени на УКИМ како најстара и најреномирана образовна институција во земјава. Мотив за оваа кандидатура, според Спасевска е подигнување на квалитетот на високото образование, зголемување на реномето на УКИМ и создавање услови за добивање поголем број на меѓународни проекти и создавање европско образование дома. Таа поддршка побара и од колегите професори и студенти, со доставување идеи и предлози кои можат да придонесат кон креирање на сеопфатна програма за УКИМ која нуди решенија на актуелните состојби и придобивки за сите. Д-р Христина Спасевска е професорка на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Последните десетина години посветено работи и како координатор или учесник на повеќе од 20 научноистражувачки и апликативни меѓународни проекти во програмите ФП7, ЕУРЕКА, Хоризонт 2020, ИПА и КОСТ, како и проекти финансирани од Меѓународната агенција за атомска енергија, Светска банка, Централноевропската иницијатива и Министерството за образование и наука, а воедно е и коавтор на повеќе од 80 научноистражувачки и стручни трудови. Во 2019 година добитник е на наградата „13 Ноември” на Град Скопје за остварување во науката, техниката и стопанството од областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Постапката за пријавување на кандидати за ректор на УКИМ започна на 3 април па се до денес, по што ќе следи утврдување на листата на пријавени кандидати, а гласање во единиците на УКИМ е закажано за 30 мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/prorektorkata-za-nastava-na-ukim-hristina-spasevska-podnese-kandidatura-za-rektor/feed/ 0
Ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски одликуван со престижното француско признание „Витез од редот на заслуги“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/#respond Tue, 31 Jan 2023 22:00:21 +0000 https://kurir.mk/?p=794438

На ректорот УКИМ, еминентен професор на Медицинскиот факултет во Скопје и еден од најпознатите абдоминални хирурзи Никола Јанкуловски вечерва во француската резиденција за значајниот придонес во фарнцуско – македонската универзитетска соработка му беше врачено престижното признание „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција. Во присуство на блиските, соработници, пријатели, министрите за здравство и за образование Беким Сали и Јетон Шаќири, гувернерката на НБ Анита Ангеловска Бежовска, на поглаварот на МПЦ ОА г.г. Стефан и монсињор Киро Стојанов католички бискуп на Скопската бискупија, како и Струмичко-скопски епарх на Католичката црква, и бројни гости од политичкиот, економскиот и културниот живот во земјават одликувањето му го врачи францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер. -Покажавте голема отвореност за различни форми на соработка со Франција. Од вашето именување за декан на Медицинскиот факултет при УКИМ во Скопје во 2009-та, благодарение на добрата соработка Францускиот институт успеа да реализира повеќе настани во амфитеатарот на Деканатот како „Празникот на науката“ и бројни конференции од областа на физиката, медицината и радиофармацијата. Од вашиот избор за ректор на УКИМ во 2016 година оваа соработка вклучува и нова димензија. Тука мислам на потпишувањето на Договорот со Универзитетската агенција за франкофонија кој овозможи отворање на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот – проект кој се чекаше со години а се реализираше благодарени на вас, рече меѓу другото францускиот амбасадор, нарекувајќи го Јанкуловски пријател на Франција. Бомгартнер се освна на силната поддршка од ректорот Јанкуловски и за издавањето двојна диплома по применети странски јазици помеѓу УКИМ и Универзитетот во Кајен, а особено го подвлече деблокирањето на средствата од Константин Стојанов во рамки на Фондацијата што го носи името на овој богат македонски покровител и можноста тие да се користат за универзитетската мобилност со Франција, особено на студентите од Катедрата по фарнцуски јазик и книжевност. Ректорот Јанкуловски нагласи дека ова одликување го смета за голема привилегија и чест, но и голем мотив да продолжи по патот кој го одбрал – да и служи на својата земја, но и да придонесува за пријателството и соработката меѓу двете земји.
-Целокупниот личен и професионален капацитет ќе го насочам за продолабочување на соработката меѓу нашите две земји нашата земја Република Македонија и Република Франција, посебно во делот на академската соработка која отвора многу предизвици, идеи, многу можности и многу хоризонти за нас, и создава дополнителни вредности како што се слободната мисла, демократијата, просперитетот и благосостопјбата на граѓаните од нашата земја, рече меѓу другото Јанкуловски. Тој се согласи со амбасадорот дека настан кој означува пресврт во нивната соработка е токму успехот по повеќегодишни заеднички напори отворањето на Центарот за универзитетска успешност во септември 2018 година во кругот на кампусот на Универзитетот УКИМ, и пристапот до средствата на Фондацијата на Константин Стојанов, Македонец кој долги години живеел и работел во Франција, а која била формирана во далечната 1973 година на УКИМ. Во овие активности во кои биле вклучени повеќе институции, првата транша била реализиарана во 2021 година согласно статутот на Фондацијата, а досега од страна на УКИМ се распишани два конкурса за студентите по француски јазик и книжевност од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. -Со оваа Фондација ние направивме еден голем исчекор, со што се овозможени стипендии за прв, втор и трет циклус на студии за студентите кои студираат на програмата за француски јазик и литература…Искрено посакувам, очекувам, се надевам и сум убеден дека ваквата успешна соработка ќе продолжи и понатаму и ќе се интензивира и со нови форми и модалитети, рече Јанкуловски посочувајќи на голем универзитетски проект со кој Универзитетот во Кајен аплицира за европски средства, а во кој учествуваат повеќе земји меѓу кои и нашата земја. Одликувањето „Витез од Национален ред за заслуги“ на Република Франција, е воведено 1963 година од францускиот претседател Шарл Де Гол и едно од најпрестижните одличја што Франција го дава на лица за особени заслуги за Републиката.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-nikola-jankulovski-odlikuvan-so-prestizhnoto-frantsusko-priznanie-vitez-od-redot-na-zaslugi/feed/ 0
Ректорот на УКИМ бара вработените на Универзитетот да се вакцинираат пред испитните сесии https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-bara-vrabotenite-na-univerzitetot-da-se-vakciniraat-pred-ispitnite-sesii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-bara-vrabotenite-na-univerzitetot-da-se-vakciniraat-pred-ispitnite-sesii/#respond Sat, 15 May 2021 17:21:46 +0000 https://kurir.mk/?p=510790

Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Никола Јанкуловски бара вработените од овој Универзитет да бидат што поскоро вакцинирани, но бара и одговор од надлежните по кои критериуми се одвива имунизацијата во високото образование.  -Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје со најголем број студенти и вработени во високото образование и како здравствен работник сериозно сум загрижен за односот на надлежните авторитети кон високото образование во врска со имунизација на вработените заради претстојната испитна сесија и високообразовниот процес воопшто. Имено, пред извесно време Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје се обрати до надлежните со образложени причини за потребата од имунизација за вработените на Универзитетот. До сега немаме добиено никаков одговор, а овие денови се вакцинираа вработените на Универзитетот “Гоце Делчев“ во Штип, пишува ректорот Јанкуловски во реакцијата испратена до медиумите. Тој, како што додава, ја поздравува имунизацијата на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, но,  истовремено тоа го сфаќа како дискриминација, бидејќи Универзитетот чиј ректор е тој, не добил никаков распоред за имунизација на универзитетите, што, според него, укажува дека имунизацијата се одвива без да се води сметка и за другите универзитети. -Ова од причини што очекував дека штом вработените на еден универзитет се вакцинирале, дека надлежните имаат распоред и за другите универзитети и дека за распоредот ќе бидеме известени, но за жал изгледа такво нешто не постои, вели ректорот на „Св. Кирил и Методиј“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/rektorot-na-ukim-bara-vrabotenite-na-univerzitetot-da-se-vakciniraat-pred-ispitnite-sesii/feed/ 0
ДКСК ја запре постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ja-zapre-postapkata-za-izbor-na-rektor-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ja-zapre-postapkata-za-izbor-na-rektor-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-skopje/#respond Fri, 17 Jul 2020 10:37:20 +0000 https://kurir.mk/?p=377619

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на 35-та седница го запре предметот оформен по сопствена иницијатива за постоење на сомневање за прекршување на член 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје бидејќи нема основни услови заради состојбата со коронавирусот за доставување уредна достава на уредба до Ректоратот и до ректорот, што е еден од основните услови за понатамошно постапување согласно законските прописи. Како што беше појаснето на седницата од страна на ДКСК бил направен обид да се достави уредба на лице место, Ректоратот бил затворен поради состојбите со Ковид – 19. Во врска со добиена реакција од вработен во Министерството за надворешни работи за покрената дисциплинска постаака против него во февруари, ДКСК констатира дека треба да се стави во мирување, од аспект на тоа дека постапката може да резултира со престанок на работен однос. Од ДКСК информираа дека го известиле МНР и оти оттаму добиле известување дека постапиле по нивната препораката и ја запреле постпката.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-ja-zapre-postapkata-za-izbor-na-rektor-na-univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-skopje/feed/ 0
ДКСК ќе разгледува дали е прекршен Изборниот закон при изборот на ректор на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/#respond Fri, 17 Jul 2020 05:22:43 +0000 https://kurir.mk/?p=377382

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи својата 35-та седница. Според најавата, ДКСК на седницата ќе расправа по предметот оформен по сопствена иницијатива заради постоење на сомневање за прекршување на членот 8-а став 1 алинеа 3 од Изборниот законик во постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, како и по други предмети поврзани со изборниот период 2020 година. Согласно препораките на Владата за спречување на ширењето на Ковид-19, како и немањето услови за присуство на новинарски екипи во овој период, седницата ќе се одржи без присуство на медиуми, a во живо ќе биде пренесувана на линкот https://us02web.zoom.us/j/86398457855.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dksk-kje-razgleduva-dali-e-prekrshen-izborniot-zakon-pri-izborot-na-rektor-na-ukim/feed/ 0
Никола Јанкуловски реизбран за ректор на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/#respond Fri, 26 Jun 2020 18:15:37 +0000 https://kurir.mk/?p=363726

Универзитетската изборна комисија ја објави Одлуката за утврдување избран кандидат за ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ според која за ректор на УКИМ е избран досегашниот и актуелен – проф. д-р Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет. Во Одлуката УИК наведува дека таа е врз основа на сумираните резултати од тајното гласање што денеска беше спороведено на единиците во состав на УКИМ. Составен дел од Одлуката е и Записник на УИК од сумираните резултати од гласањето, потпишан од седумте члена на Комисијата, а според кој Јанкуловски освоил 3.604.454 поени. Најмалку од седумте кандидати за ректор на УКИМ освоил кандидатот Јане Ацевски (89.902 поени). Денеска од 12 до 14 часот се гласаше на 22 од 23-те факултети на УКИМ и на пет институти во состав на Универзитетот.. Гласање немаше на Факултетот за драмски уметности зашто оттаму не прифатија нивни професори да бидат во состав на изборна комисија на нивниот факултет, а УИК не им назначи друга комисија. Наставно-научниот и уметнички совет на ФДУ на 23 јуни одлучи да не учествува на изборите со став дека тие треба да бидат одложени поради бројни законски прекршувања на целокупната постапка за избор на ректор, како и со оглед на отпочнувањето на парламентарните избори во државата. УИК наведува дека според доставените записници од изборните комисии, гласањето поминало без проблеми и неправилнсти. Како што е наведено во Записникот во прилог кон Одлукат, според избирачките списоци на единиците, запишани се вкупно 1450 гласачи, од кои 30 гласачки ливчиња за ФДУ, поради одлуката на нивниот Наставно-научен и уметнички совет за неучество, останале во архивата на УИК. Комисијата соопштува дека гласале 942 члена на Наставно-научните/Научните совети. По извршеното гласање, 478 гласачки ливчиња се неискористени и 106 се неважечки. Во Записникот се доставени резултатите од гласањето изразени во број на поени што ги освоил секој кандидат на секоја единица. На листата се седум кандидати кои се кандидираа за ректор по огласот од 30 мај 2020: актуелниот ректор Никола Јанкуловски од Медицинскиот факултет; Јане Ацевски и Коле Василевски од Шумарскиот факултет, Александар Димитров од Технолошко-металуршкиот факултет, Петар Атанасов од Институтот за социолошко-правни истражувања, Вујица Живковиќ од Факултетот за физичко образование и Драги Димитриевски од Земјоделскиот факултет. Нивните програми за работа УКИМ ги објави на веб-страницата, но тројца кандидати, Атанасов, Живковиќ и Димитриевски, вчера соопштија дека нема да учествуваат на овие избори зашто ги сметаат недемократски и нетранспарентни, а и поради ставот на Антикорупциската комисија дека избори за ректор не треба да има зашто се распишани Парламентарни избори. Соопштија дека кандидатурите ги ставаат во мирување, но нивните имиња беа денеска на гласачките ливчиња запто не ги повлекле кандидатурите. -Мандатот на избраниот ректор трае три години, почнувајќи од 15 септември кога стапува на должност. Правата и обврските на ректорот се утврдени со Законот за високото образование, Статутот и со други акти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето, пишува во Одлуката на Универзитетската изборна комисија под претседателство на проф. д-р Гордана Лажетиќ, која вечерва беше објавена на веб-страницата на УКИМ. Наведено е и дека врз основа на член 182 од Статутот на УКИМ, до Комисијата може да се поднесе приговор на Одлуката во рок од три работни дена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikola-jankulovski-reizbran-za-rektor-na-ukim/feed/ 0