религиска припадност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Apr 2022 16:38:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png религиска припадност – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пиши-бриши: Променети графиконите за верската припадност во пописот, некои се и избришани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pishi-brishi-promeneti-grafikonite-za-verskata-pripadnost-vo-popisot-nekoi-se-i-izbrishani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pishi-brishi-promeneti-grafikonite-za-verskata-pripadnost-vo-popisot-nekoi-se-i-izbrishani/#respond Sat, 02 Apr 2022 16:38:13 +0000 https://kurir.mk/?p=657495

Променети се пописните резултати за религиската припадност. Новата табела за верската определба на населението во земјава не е иста како таа објавена дента кога беа соопштени резултатите. Највпечатлива е промената на бројот на атеисти. Од првичната бројка на 355 лица кои се изјасниле како атеисти, сега бројката е 8764. Графата Евангелско-протестантски христијани која броеше исто толку попишани 8764 лица сега ја нема. Во новата табела се избришани, или не се прикажани лицата чија верска опрделба е помала од 500, па така ја нема ниту графата за Евреи. Се забележува и преполување на новиот графикон. Комисијата за верски заедници реагира дека она што го сподели Статистика како резултати од пописот не даваат точна слика за религиската определеност на граѓаните. Иако во делот на православните христијани на терен не дошло до реално намалување на процентуалната застапеност, сепак стои нејасниот формален впечаток за верската карта поради посебната графа „Христијани“ и деноминациите. -Јас имам полно разбирање за реакциите на јавноста кои се во делот на религиската определеност. Ваквите резултати не ја покажуваат точната верска слика. Првиот дел е во категоријата на Христијани – религиска определеност, и вториот оној процент од 7.2 административно заведени, без детални информации, вели првиот човек на Комисијата за верски заедници Даријан Сотировски. По низата сериозни забелешки на скоро сите основи во пописот, сменетите податоци во електронската верзија, непризнавањето на резултатите од статистичката операција, Статистика треба да даде одговор зошто и покрај тврдењата дека со вкрстувањето на 12 бази на податоци нема простор за грешка се дозволени вакви работи или станува збор за нешто друго? По објавувањето на резултатите од пописот реакција имаше и од академик Катица Ќулавкова. Таа напиша дека не го признава овој лажиран попис, побара јавно објавување на резултатите од непризнаениот попис од 2011 година и да се направи споредба. -Оваа фарса од попис на населението во режија на парадржавата Северна Македонија е политички, национален, законски и морален криминал без преседан во европската историја. Овој попис е уште еден показател дека се наоѓаме во завршна, терминална фаза од одумирањето на македонската национална држава и делегитимацијата на македонската нација. Ова е хаотичен, трагикомичен, противзаконски чин. Онеправдани се Македонците како народ, но и македонските Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми... напиша на ФБ академик Ќулавкова. Власта пак смета дека е направен успешен попис после 20 години според европски стандарди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pishi-brishi-promeneti-grafikonite-za-verskata-pripadnost-vo-popisot-nekoi-se-i-izbrishani/feed/ 0
Попис 2021: Ова се резултатите според религиска припадност https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-ova-se-rezultatite-spored-religiska-pripadnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-ova-se-rezultatite-spored-religiska-pripadnost/#respond Wed, 30 Mar 2022 16:42:41 +0000 https://kurir.mk/?p=655894

Според религиската припадност, 46.14 % од резидентоното население во земјава или 847 390 лица се изјасниле како православни, 590 878 (32.17%) како муслимани, 6 746 (0.37%) како католици, а 242 579 (13.21%) се издвоени во посебна група како „христијани“, покажуваат пописните резултати што ги објави денеска Државниот завод за статистика. Како протестанти се декларирале 1 313 лица, а како посебни религиски групи се посочени и евангелско-протестанстки христијани 8 764, евангелисти-методисти 889, евангелсисти 678, адвентисти 371, баптисти 70, реформисти 50, јеховини сведоци 1 137. Има и 74 припадници на еврејско (мојсиева) заедница, 96 харе кришна и 894 будисти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/popis-2021-ova-se-rezultatite-spored-religiska-pripadnost/feed/ 0