рената десковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 21 Dec 2020 18:09:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рената десковска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Василевска: Законското решение за попис е старо, кај нас пратениците дојде со потпис од Рената Дескоска не со потпис од Маричиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-zakonskoto-reshenie-za-popis-e-staro-kaj-nas-pratenicite-dojde-so-potpis-od-renata-deskoska-ne-so-potpis-od-marichikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-zakonskoto-reshenie-za-popis-e-staro-kaj-nas-pratenicite-dojde-so-potpis-od-renata-deskoska-ne-so-potpis-od-marichikj/#respond Mon, 21 Dec 2020 18:09:09 +0000 https://kurir.mk/?p=446372

- Има низа на прашања кои што се дискутабилни во рамките на предлог законското решение, ова е старо – ново законско решение, за тоа и дојде со потпис од поранешната министерка за правда проф. Рената Дескоска. Сегашниот, актуелниот министер за правда воопшто не се ни обиде тоа да го корегира, ниту да се занимава. Бидејќи очигледно политиката сепак доминира и врз ова законско решение,појасни Иванка Василевска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата„За обнова на Македонија“ на емисија „24 анализа“. Василевска додаде дека за опозицијата не постои дилема за спремноста и стручноста на ДЗС и на луѓето кои што се таму. ДЗС е една од петте најважни институции во државата без оглед колку им се дава реално внимание. ДЗС заедно со Државниот Архив на Република Македонија тоа се двете најсуштински, најзначајни и најстратешки институции кои што имаат и те како сериозно влијание и значење едната кон минатото, а другата кон иднината. Од тука не станува збор за стручноста и спремноста на ДЗС. „Станува збор за суштински и политички дилеми и прашања кои како што се спомна се случија и во 201-тата година. Но имаат и своја генеза и во 2002, и од пописот во 1994, па и во пописот од 1981 година во поранешната Федерација. Зошто го велам ова? Ова го велам од аспект на тоа што Балканот воопшто генерално целиот Балкански полуостров има таква специфична политичка, етнографска и психолошка мапа и во која се уште некои процеси за западно европски вредности кои што не влечат нанапред оние не влечат наназад бидејќи треба да ги преживееме и да ги надживееме. И веројатно ние како генерација во овој век ќе треба да се справуваме со истите и да наоѓаме начини како тоа да биде што побезболно“, истакна Василевска. Василевска посочи дека во однос на законот за попис има сериозни недоследности кои сериозно отвораат дебата за кредибилноста на истиот тој процес кој што треба да се одвива наредната година. „И од таа причина ние како ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ сме многу против доколку власта насилнички се обиде и ова вака понуденото законско решение нели на боксови, бидејќи се се става европско знаменце, се се става на брза лента, и тоа што требаше да помине лани ќе помине сега за два дена. Како граѓаните ќе се снајдат со некои закони не е битно, битно власта да си ги истурка набрзина законите за да излезе Зоран Заев и да каже дека спровел попис“, нагласи Василевска. Василевска рече тој попис што сака Заев да го спроведе нема да биде кредибилен. И поради таа причина опозицијата повеќе пати апелира и ќе апелира пописот да се изврши според правилата и законите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vasilevska-zakonskoto-reshenie-za-popis-e-staro-kaj-nas-pratenicite-dojde-so-potpis-od-renata-deskoska-ne-so-potpis-od-marichikj/feed/ 0
Ветингот на „стенд бај“ до изборите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/#respond Thu, 12 Dec 2019 07:07:08 +0000 https://kurir.mk/?p=276359

Дебатата за ветинг, како и започнувањето на процесот не може да се заврши пред изборите, рече министерката за правда Рената Дескоска, образложувајќи дека за да се почне процес на ветинг во правосудството потребно е двотретинско мнозинство во Парламентот, додека претседателот на Советот на јавни обвинители Ацо Колевски во однос на ветингот посочи дека не е проблем само малиот број на обвинители, туку и тоа што на јавното обвинителство му е загарантирана самостојноста согласно Уставот и треба да се внимава тоа да не биде прекршено. – Тоа е реалност, ниту еден процес не треба да биде избрзан. Драго ми е дека веќе се јакне свеста и се отвора дебата и во рамките на самите правосудни институции дека потребни се одредени корекции во нивното работење, така што тоа 99 отсто, ако не и 100 отсто ќе остане за после изборите, нагласи Дескоска. Во однос на моделот и кој ќе го спроведе, Дескоска рече дека се можни повеќе варијанти, односно една варијанта е да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но можно е тоа да оди и преку активност на повеќе институции. – Можни се повеќе варијанти, една варијанта е дека може да се врши ветинг од страна на заедничка комисија која ќе испитува повеќе аспекти, но исто можно е и прочистувањето да оди преку активност на повеќе институции почнувајќи од постојни институции кои постојат во комбинација со вршење на нивните надлежности, но имаме и модели што ги гледаме дека постојат и се спроведувале во други земји, односно комисија што целосно ја презема таа надлежност и го спорведува процесот. Тоа треба да биде процес договорен со консензус од двотретинско мнозинство, рече Дескоска. Колевски смета дека Советот на јавни обвинители би требало да учествува во процесот на ветинг и тоа да се спроведе со внатрешни сили. – Најпосле тука е Владата која го именува јавниот обвинител и надзор врз работењето на јавните обвинители секогаш врши повисокото јавно обвинителство, односно јавниот обвинител така да во секој момент тој може да нареди да се изврши вонредна контрола врз работењето на јавните обвинители покрај редовната контрола што се врши два пати годишно, рече Колевски. Тој додаде дека во процесот на ветинг може да се вклучат и меѓународни структури, но само како советници, затоа што целата операција околу стручното работење на јавните обвинители го врши самото јавно обвинителство. Колевски смета дека домашните институциите треба секојдневно да вршат проверки ако има сомневање за извршена корупција и веднаш да стапат во дејство, а не да се чека посебна акција. – Тоа е нивна работа и овластување согласно Уставот и законите, доколку тие затаат тогаш грешката е во нивна страна, односно тука се работи за нивно неработење во откривањето на криминалитетот, оцени Колевски. Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи истакна дека ДУИ сака добро да го осмисли ветингот за да се се врати кредибилитетот на носителите на јавни функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vetingot-na-stend-baj-do-izborite/feed/ 0
Адеми вети искрена и максимална заложба на новата функција во МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/#respond Mon, 04 Jun 2018 12:28:51 +0000 https://kurir.mk/?p=62166

Арбр Адеми денеска ја презема функцијата министер за образование и наука, на местото на досегашната министерка Рената Дескоска. Како досегашен заменик министер во МОН Адеми вети искрена и максимална заложба, но и целосна посветеност во работењето. - Заедно, партнерски се справуваме со сите предизвици, заедно успеавме да реализираме многобројни активности и по мое лично убедување мислам дека покажавме ажурност, истрајност и искрена заложба за подобрување на состојбите во националниот образовен систем, нагласи Адеми за досегашната соработка со Дескоска. Истакна дека и во иднина ентузијастички, со целото Министерство за образовение и наука, ќе продолжат со реализација на сите приоритети, активности, мерки и проекти, што се дел од програмата на Владата. - Фокусот, секако, останува на реформирање на основното и средното образование преку спроведување на новите законски решенија, како и примена на новите наставни програми, потенцираше новиот министер за образование и наука. Адеми наведе дека се работи на изработка на учебници со подобрена содржина, поголема промоција на средното стручно образование, како и имплементација на концептот на дуално образование и поттикнување на креативноста на наставниците и учениците. - Во делот на високото образование, секако, останува да водиме сметка за имплементација на сите одредби што се дел од новиот закон за високо образование, што треба да обезбеди подобри стандарди за работа и квалитет во таа сфера, посочи Адеми. Адеми информираше дека во согласност со генералните одредби на Владата, Министерството за образование и наука ќе се потруди да издвои поголеми средства за нови можности и развој во областа на науката. - Министерството стои на располагање за соработка со сите засегнати страни, со сите оние кои имаат добри предлози со цел да се подобри состојбата, наведе Адеми. Тој и посака голема успех на Дескоска, која од денеска преминува на функцијата министерка за правда. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ademi-veti-iskrena-i-maksimalna-zalozba-na-novata-funkcija-vo-mon/feed/ 0