ренџерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 11 Sep 2022 15:47:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ренџерс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЛШ: Натпреварот Глазгов Ренџерс – Наполи одложен поради смртта на британската кралица https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-natprevarot-glazgov-rendzers-napoli-odlozen-poradi-smrtta-na-britanskata-kralica/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-natprevarot-glazgov-rendzers-napoli-odlozen-poradi-smrtta-na-britanskata-kralica/#respond Sun, 11 Sep 2022 15:47:07 +0000 https://kurir.mk/?p=731367

Нион, 11 септември 2022 (МИА) – Натпреварот од второто коло во Лигата на шампиони (ЛШ) меѓу Глазгов Ренџерс и Наполи е поместен од вторник за среда поради логистички ограничувања поврзани со смртта на британската кралица Елизабета Втора, објави денеска УЕФА. Одлуката за 24-часовно одложување на натпреварот од групата А е донесена „поради сериозни ограничувања на полициските и организациските ресурси поврзани со деновите на жалост“, се појаснува во соопштението од Нион. Од истите причини, како што соопшти УЕФА, нема да биде дозволено присуство на стадионот во Глазгов за навивачи на Наполи, а во интерес на фер однос, ниту навивачите на Ренџерс нема да можат да го бодрат својот тим на реваншот во Неапол на 26 октомври. Поради смртта на кралицата Елизабета Втора сите натпревари во англискиот и шкотскиот фудбал се одложенби на неодредено време. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/lsh-natprevarot-glazgov-rendzers-napoli-odlozen-poradi-smrtta-na-britanskata-kralica/feed/ 0
Стивен Џерард потпиша нов договор со Ренџерс https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stiven-dzerard-potpisha-nov-dogovor-so-rendzers/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stiven-dzerard-potpisha-nov-dogovor-so-rendzers/#respond Fri, 13 Dec 2019 15:51:35 +0000 https://kurir.mk/?p=277256

Менаџерот на Ренџерс, Стивен Џерард, го продолжи за уште две сезони договорот со клубот до јуни 2024 година. Џерард го презеде клубот од „Ајброкс“ минатото лето и го доведе тимот до второто место во првата сезона по враќањето во Премиер лигата. Ренџерс во моментов е на второто место во привремениот пласман во Шкотска, заостанувајќи 2 бода зад шампионот Селтик по 15 одиграни натпревари. „Сините“ од Глазгов се квалификуваа и за шеснаесетфиналето на Лига Европа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/stiven-dzerard-potpisha-nov-dogovor-so-rendzers/feed/ 0
Големи ѕвезди на пат кон Глазгов: Џерард прави вистински дрим- тим од Ренџерс? (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-dzvezdi-na-pat-kon-glazgov-dzerard-pravi-vistinski-drim-tim-od-rendzers-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-dzvezdi-na-pat-kon-glazgov-dzerard-pravi-vistinski-drim-tim-od-rendzers-video/#respond Tue, 08 May 2018 12:22:03 +0000 https://kurir.mk/?p=51506

Можеби најголемата легенда во историјата на Ливерпул и еден од најдобрите англиски фудбалери на сите времиња, Стивен Џерард неодамна стана тренер на шкотскиот великан Глазгов Ренџерс. Ова е прв негов сениорски ангажман како тренер, тој досега беше тренер на тимот на Ливерпул до 18 години, со кои успеа да стигне до финалето на младинската Лига на Шампиони, каде сепак беше поразен од младинскиот тим на Барселона. Ренџерс оваа сезона беше далеку од својот ривал Селтик, што се покажа и на последното дерби одиграно овој месец, каде новиот тим на Стиви Џи изгуби со 5:0 од зелено- белите. Како што пишуваат медиумите на Островот, Џерард не сака да троши многу пари и целта му е да донесе слободни играчи. Оваа најава од Џерард беше доволна за британските медиуми да почнат да пишуваат ѕвездени имиња кои би дошле во Ренџерс, а како најголема ѕвезда се споменува Фернандо Торес, кој потврди дека следната година нема да настапува во Атлетико Мардид. Тој кажа дека желба му е да замине надвор од Европа, но според британските медиуми Џерард ќе се обиде да го убеди да се пресели во Шкотска. А крајно интересна е и листата која англиските медиуми ја склопија како потенцијални засилувања на Ливерпул, може да се каже дека таму има ѕвезди кои тешко можеа да се замислат во дресот на шкотскиот великан, но сега со новиот тренер се е можно, бидејќи станува збор се за поранешни играчи на Ливерпул, каде што Џерард им беше капитен. Покрај Торес, тука е и Хавиер Маскерано, кому му истекува договор кој го има со клуб од Кина, друга потенцијална трансфер мета според медиумите би можела да биде Пепе Реина, кој иако има договорен трансфер во Милан, се уште нема потпишано договор, дали ќе успее Џерард да го предомисли ќе видиме. Тука е и Даниел Стариџ, кој има договор на уште една година со Ливерпул, но не е во плановите на Јирген Клоп, како и Џејмс Милнер, за кого има најава дека ќе потпише нов договор со клубот од градот на Битлси, меѓутоа доколку не дојде до такво нешто и тој според англиските медиуми е потенцијално засилување на Ренџерс. Уште еден играч кој може да дојде е Мартин Шкртел, понатаму доаѓа Макси Родригез, Јуси Бенајун, Рајан Бабел, Глен Џонсон, Чарли Адам, Алберто Аквилани, Мартин Кели, Давид Нгог, Пол Кончески, Емилијано Инсуа, Џеј Спиринг, Андреа Досена... Сепак тука има и имиња кои претешко може да се замислат во шкотскиот клуб како што се Марио Балотели и Алберто Морено, фудбалери за кои има интерес од многу посилни европски клубови. Дали ова се само типувања на спортските новинари на Островот или има нешто вистинито останува да видиме во преодниот рок кој доаѓа пред нас. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/golemi-dzvezdi-na-pat-kon-glazgov-dzerard-pravi-vistinski-drim-tim-od-rendzers-video/feed/ 0