Рене Зелвегер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Jul 2023 11:19:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рене Зелвегер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се сврши Рене Зелвегер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-svrshi-rene-zelveger/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-svrshi-rene-zelveger/#respond Wed, 19 Jul 2023 11:19:59 +0000 https://kurir.mk/?p=858099

Познатата глумица Рене Зелвегер се сврши со своето момче, 10 години помладиот ТВ-водител Ант Анстед. Извор за „Сан“ (The Sun) вели дека двојката ги држи своите планови подалеку од очите на јавноста и дека не планираат „голема врева“ околу тоа. Оскаровката и Ант (44) се во врска од 2021 година. Таа, наводно, им кажала на пријателите дека веќе ја планираат свадбата. Неименуваниот извор вели оти врската меѓу нив е „многу силна, дека тие се лудо заљубени“ и едвај чекаат да се венчаат. Ѕвездата на филмот „Бриџит Џонс“ претходно беше в брак со кантри-ѕвездата Кени Чесни, со кого се разведе четири месеци по свадбата, во 2005 година. Претходно таа беше накратко свршена и со Џим Кери од 1999 до 2000 година. Беше поврзувана со глумецот Бредли Купер, по снимањето на нивниот филм „Случај 39“ во 2009 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/se-svrshi-rene-zelveger/feed/ 0
„Паразит“ со четири Оскари влезе во историјата, „1917“ доби два, Феникс и Зелвегер наградени за главни улоги https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/#respond Mon, 10 Feb 2020 06:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=301544

Годинешните награди Оскар приредија повеќе изненадувања, наградата за најдобар интернацинален филм, најдобра режија и најдобар филм отиде кај ривалот на „Медена земја“, јужнокорејскиот филм „Паразит“. Со двојната номинација на документарецот „Медена земја“ и главната награда за најдобар филм првпат да ја добие филм од неанглиско говорно подрачје, 92. Оскари станаа навистина историски и го покажува фокусот на Американската филмска академија на меѓународната кинематографија. Американската филмска академија му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар, додека наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Зелвегер има добиено Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Студена планина“ од 2003 година. За најдобра машка споредна улога Оскарот го доби Бред Пит. Ова е прв Оскар на Пит за најдобра улога, има добиено уште еден, за продукција на филмот „12 мајмуни“. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн за филмот „Брачна приказна“. Детскиот „Приказна за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“. Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио успеа Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“. Оскарот за најдобар документарен филм сепак го доби „Американска фабрика“, во истата категорија беше номиниран и македонскиот „Медена земја“. Во својот настап пред преполната сала во театарот Долби во Лос Анџелес, режисерите на „Американска фабрика“, Стивен Богнер и Џулија Рајхард, изјавија дека се восхитуваат на филмските работници од документаристиката. -Имаме голема чест што овде покрај нас се филмаџии кои ни го пренесуваат реалниот живот од боиштата во Сирија, од политиката во Бразил и од природата во Македонија, изјави режисерката Рајхард. Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозорецот на соседот“. Понатаму, статуетки за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивуд“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“. Воената драма „1917“ доби три Оскари, за најдобри звук, кинематографија и визуелни ефекти. Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“. Наградата за интернационален филм, сепак не ја доби нашиот „Медена земја“, туку отиде кај јужнокорејскиот „Паразит“ кој доби Оскар и за најдобро оригинално сценарио и за најдобар филм и со тоа се впиша во истријата на Американската филмака академија. Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за своето остварување во „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/feed/ 0
Омилената актерка на многумина ја немаше цели 6 години: Причината поради која се повлече е мрачна и тажна https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omilenata-akterka-na-mnogumina-ja-nemashe-celi-6-godini-prichinata-poradi-koja-se-povleche-e-mrachna-i-tazna/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omilenata-akterka-na-mnogumina-ja-nemashe-celi-6-godini-prichinata-poradi-koja-se-povleche-e-mrachna-i-tazna/#respond Thu, 29 Aug 2019 09:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=234604

Рене Зелвегер отворено зборуваше за тешките години кои се зад неа во големото интервју за „Ред магазин“, истакнувајќи дека се чувствувала мрачно и тажно, па тоа ја натерало да се повлече од Холивуд некое време. Актерката веќе шест години е “надвор од игра“, земајќи пауза од снимањето на филмови. Вели дека таа ја донела оваа тешка одлука кога станала свесна за фактот дека „гледала во себе и ги превртувала очите“. -Добив неколку лоши совети. Донесов неколку прилично лоши одлуки. Беше многу мрачно. И тажно! Но, не гледам на тоа како на губење време, затоа што научив многу во тој период и претпоставувам дека тоа и ми требаше. Научив многу за перспективата. Да ги препознаете различните модели на моето однесување. Да се разбере дека тие можат да доведат до различни последици. И, затоа сум благодарна. Благодарна сум затоа што научив и направив нешто поразлично, започна Рене. Се повлекла затоа што почнала да се грижи самата за себе. -Изгледав како да не се грижам за себе. И јас се чувствував така. Си бев досадна самата на себе. Имаше момент кога се чувствував како да седам самата покрај себе, додека снимав филм. Се гледав себеси и превртував со очите, продолжи таа. Русокосата 50-годишна актерка коментираше и за култната улога на Брицит Џоунс и не ја исклучи можноста за четвртото продолжение на филмот. -Ако Хелен Филдинг (авторот) сака да го стори тоа, звучи како забавно за мене, коментира таа. Инаку, кога после долги години изолација се врати на малите и големи екрани и во јавниот живот, публиката практично не ја препозна, а актерката доби голем број критики дека претерала со пластична хирургија. Таа не се осврна конкретно на овие гласини, освен во една прилика кога изјави дека е „стара и среќна“ и затоа изгледа поинаку.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/omilenata-akterka-na-mnogumina-ja-nemashe-celi-6-godini-prichinata-poradi-koja-se-povleche-e-mrachna-i-tazna/feed/ 0