рено гарсија фонс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 Oct 2019 05:43:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рено гарсија фонс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Контрабасистот Рено Гарсија Фонс ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontrabasistot-reno-garsija-fons-kje-nastapi-kako-solist-so-orkestarot-na-filharmonijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontrabasistot-reno-garsija-fons-kje-nastapi-kako-solist-so-orkestarot-na-filharmonijata/#respond Thu, 24 Oct 2019 05:43:34 +0000 https://kurir.mk/?p=255399

Францускиот контрабасист Рено Гарсија Фонс вечер во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонијата. Пред македонската публика овој исклучителен басист ќе се претстави со свои композиции. На програмата на овој концерт се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира Џијан Емин. По работата во врвни француски симфониски оркестри, Рено Гарсија Фонс во 90-тите години на минатиот век се одлучува за солистичка кариера. Тој разви свој музички јазик и стил со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири. Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориенталната култура, посочуваат од Филхармонијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontrabasistot-reno-garsija-fons-kje-nastapi-kako-solist-so-orkestarot-na-filharmonijata/feed/ 0
Врвниот контрабасист Рено Гарсија Фонс во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrvniot-kontrabasist-reno-garsija-fons-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrvniot-kontrabasist-reno-garsija-fons-vo-filharmonija/#respond Mon, 21 Oct 2019 09:28:33 +0000 https://kurir.mk/?p=254253

Врвниот француски контрабасист Рено Гарсија Фонс в четврток во 20 часот ќе настапи како солист со оркестарот на Филхармонија. Пред македонската публика овој исклучителен басист ќе се претстави со свои композиции. На програмата на овој концерт се и Суитите 1 и 2 од балетот „Дафнис и Клое“ од Морис Равел. Со оркестарот на Филхармонија ќе диригира Џијан Емин. По работата во врвни француски симфониски оркестри, Рено Гарсија Фонс во 1990-тите се одлучува за солистичка кариера. Тој разви свој музички јазик и стил со кој на автентичен начин го еманципира инструментот на кој свири. Контрабасот во рацете на Фонс звучи како шпанска гитара, африканска бас лаута, како виола или персиска виолина. Станува збор за врвен инструменталист со каталонско потекло, и од таму всушност потекнува неговиот интерес кон шпанската и ориенталната култура. -Оригинално контрабасот бил создаден да ја интензивира басовата линија во оркестарот и бил чисто функционален инструмент. Потребни беа повеќе векови овој инструмент да излезе од овие рамки, благодарение на пионерските дела и истражувањата со кои почна да се развива техниката, репертоарот, прво романтичниот, а потоа и во џезот и современата музика. Поради тоа, навистина репертоарот за контрабас е лимитиран. Денеска, посебно преку мојата работа, контрабасот почнува да добива нов статус, на соло инструмент кој е рамноправен со останатите, преку репертоар кој главно е свртен кон т.н. ворлд мјузик, не само кон џезот и класичната музика – вели овој исклучителен инструменталист. „Кога ја пишував „Дафнис и Клое“ сакав да создадам музичка фреска, не толку архаична, туку повеќе како одраз на мојата верба, мојот сон врзан со Грција. Нешто слично на она што го создаваа француските уметници на крајот од 18 век“, напишал Равел во своите забелешки. Во „Дафнис и Клое“ Равел употребува светол колорит и прецизно избрана инструментација преку која ја ослободува француската музика од заштитната школка на вагнеризмот. Равел бил инспириран и од индустрискиот звук на фабриките и нивниот пулсирачки ритам може да се почувствува во делови од оваа композиција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vrvniot-kontrabasist-reno-garsija-fons-vo-filharmonija/feed/ 0