Рено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 17 Jan 2023 06:57:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Рено – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Откако Шакира ги спомена во новата песна се огласија од Касио и Рено, реакциите го „запалија“ Твитер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkako-shakira-gi-spomena-vo-novata-pesna-se-oglasija-od-kasio-i-reno-reaktsiite-go-zapalija-tviter/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkako-shakira-gi-spomena-vo-novata-pesna-se-oglasija-od-kasio-i-reno-reaktsiite-go-zapalija-tviter/#respond Tue, 17 Jan 2023 06:57:44 +0000 https://kurir.mk/?p=788168

Не запираат реакциите во светот кои ги предизвика новата песна на Шакира во која пејачката го прозива поранешниот сопруг Жерард Пике. Споредбата која ја направи во песната, а каде споменува брендови доведе до тоа да се огласат токму од Касио и Рено. Од Касио ја коментираа песната на Шакира преку официјалниот Твитер профил на Division Educativa. -Добивме многу известувања поради споменувањето на Касио во песна. Касио се за целиот живот, стои во објавата. На Твитер се појави и Касио профил на кој се објавуваат разни шеги и прозивки упатени кон Шакира. -Шакира, ние можеби не сме Ролекс, но јасно е дека нашите купувачи се верни. Батеријата на Касио часовниците трае подолго од врската на Шакира и Пике, се само дел од коментарите. Преку истата социјална мрежа се огласија и од Рено. Објавија фотографија од Твинго со број „22“ и коментар „За типови и типки како тебе. Попушти го звукот“, алудирајќи на делот од песната на Шакира каде таа пее „волчица како мене не е за тип како тебе“. Инаку песната на Шакира за пет дена брои над 133 милиони прегледи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-otkako-shakira-gi-spomena-vo-novata-pesna-se-oglasija-od-kasio-i-reno-reaktsiite-go-zapalija-tviter/feed/ 0
„Рено“ го претстави новиот „Аустрал“ модел https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-go-pretstavi-noviot-austral-model/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-go-pretstavi-noviot-austral-model/#respond Tue, 08 Mar 2022 13:42:12 +0000 https://kurir.mk/?p=643376

„Рено“ официјално го претстави својот нов „Аустрал“ модел. Ова е првиот нивен модел којшто се заснова на третата генерација на ЦМФ-ЦД платформата и доаѓа како замена за моделот „Кадџар“, притоа внесувајќи голем број новитети. Најочигледната промена е целосно новиот надворешен изглед и богатата технолошки опремена внатрешност. Новиот „Аустрал“ е долг 4,51 метар, широк 1,83 и висок 1,62 метра, а меѓуосовинското растојание е 2,67 метри. Волуменот на багажникот варира меѓу 500 и 575 литри во зависност од тоа дали возилото има фиксни или лизгачки задни седишта. Возилото е придвижувано од 1,2-литарски трицилиндричен турбомотор поврзан со хибридна технологија која што е претставена како „алтернатива на дизелот“. Дел од погонот е и „48-В“ литиум-јонска батерија и стартер-мотор. Вкупната моќност е 130 коњски и се пренесува преку 6-брзински менувач. Троши 5,3 литри на 100 км, а испуштањето ЦО2 е 123 г/км. Верзијата со рачен менувач развива 140 КС, додека онаа со „автоматик“ – 160 КС и 270 њутн-метри во вртежи. „Рено“ ќе почне со продажбата на „Аустрал“ во четвртото тримесечје од годинава. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-go-pretstavi-noviot-austral-model/feed/ 0
Рено најавува: До 2030 година компанијата целосно ќе биде пренасочена кон продажба на електрични автомобили https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/#respond Fri, 14 Jan 2022 10:20:17 +0000 https://kurir.mk/?p=619275

„Рено“ најави можно целосно пренасочување кон продажба на електрични автомобили, во Европа, до 2030 година. Но, има и „план Б“ доколку тоа не успее поради неразвиената инфраструктура за полнење, или скапата струја, според извршниот директор на француската авто-компанија, Лука де Мео. Имено, тој изјави и дека во случај на проблеми што би ја спречиле целосната електрификација на возилата, оттаму сепак ќе продолжат да испорачуваат автомобили со внатрешно согорување. Претходно, предвидениот удел на електромобилите во продажбата на „Рено“ во 2030 година се очекуваше да биде 90 отсто. Постепено ќе се електрифицира и марката „Дачија“ – членка на „Рено груп“, но „во последен можен миг“, што веројатно значи – по 2030 година, најавуваат од „Рено“. Од овој бренд наскоро се очекува да ги претстави електричните модели „Меган“ и „Кангу“, а во подготовка е и малиот „Рено 5“ електричен автомобил во ретростил. Европската Унија сака до 2035 година да престане да продава нови автомобили со мотори со внатрешно согорување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-najavuva-do-2030-godina-kompanijata-celosno-kje-bide-prenasochena-kon-prodazba-na-elektrichni-avtomobili/feed/ 0
Рено се ребрендираше во Алпин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/reno-se-rebrendirashe-vo-alpin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/reno-se-rebrendirashe-vo-alpin/#respond Thu, 14 Jan 2021 11:16:13 +0000 https://kurir.mk/?p=455213

Францускиот тим во Формула 1, Рено официјално го смени името и амблемот. Од денес нивното ново име е Алпин. Тимот веќе го смени името на профилот на Твитер, како и боите од жолта во црна, сина, бела и црвена. Според „Диарио Спорт“, има промени во раководството на тимот. На Алпин му се придружија поранешниот шеф на „Сузуки“ во Мото ГП, Давиде Бривио и Лоран Роси, кој ја презеде функцијата извршен директор и комерцијален директор. Кирил Абитебул го напушти Алпин. Рено заврши како петти во поредокот на тимот Формула 1 во 2020 година. Новата сезона започнува со Големата награда на Бахреин на 28 март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/reno-se-rebrendirashe-vo-alpin/feed/ 0
Продажбата на „Рено“ во светот лани опадна за 21,3 отсто https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/#respond Tue, 12 Jan 2021 11:47:25 +0000 https://kurir.mk/?p=454240

Производителот на автомобили „Рено“ во 2020 година забележа пад на продажбата од 21,3 отсто, јави дописникот на МИА. Групацијата лани има продадено 2,9 милиони автомобили. Падот на продажбата на групацијата е „главно како резултат на високата изложеност во земјите кои претрпеа строги ограничувања и прекинување на нивните трговски активности во вториот квартал, како и забавувањето во четвртиот квартал, особено во Франција“, прецизира „Рено“. Во Европа, продажбата опадна за 25,8 отсто, на 1,4 милиони автомобили. -Второто полугодие покажа подобра еластичност и добри перформанси на пазарот на електрични и хибридни автомобили, уверува директорот за продажба Денис ле Вот. На крајот на декември, додаде тој, групацијата објави ниво на нарачки за 14 отсто поголеми од оние за 2019 година во Европа и ниво на залихи опаднати за 20 отсто. -Сега се фокусираме на профитабилноста во однос на обемот на продажба, со поголема нето маржа по возило, на секој наш пазар, рече генералниот директор на „Рено“, Италијанецот, Лука де Мео. Според него, првичните резултати се веќе видливи во втората половина на 2020 година, особено во Европа каде што брендот „Рено“ напредуваше на најпрофитабилните канали на продажба и го зајакнува своето лидерство на автомобилите на електричната енергија. Рено продолжи да доминира на пазарот на електрична енергија во Европа во 2020 година со продадени 115.888 возила, од кои 100.000 автомобили од типотЗОЕ. Исто така, лансираше електрифицирана верзија на својот мини-градски автомобил „Твинго“ и за 2021 година го претстави електричниот модел, што сака да биде најевтиниот на пазарот, „Дачиа Спринг“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prodazbata-na-reno-vo-svetot-lani-opadna-za-21-3-otsto/feed/ 0
Рено со рекордна загуба од 7,3 милијарди евра во првата половина од 2020 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-so-rekordna-zaguba-od-7-3-milijardi-evra-vo-prvite-shest-meseci-od-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-so-rekordna-zaguba-od-7-3-milijardi-evra-vo-prvite-shest-meseci-od-2020-godina/#respond Thu, 30 Jul 2020 10:21:59 +0000 https://kurir.mk/?p=383663

Францускиот производител на автомобили Рено претрпе најтешка загуба во својата историја во првите шест месеци од 2020 година, во износ од 7,3 милијарди евра, јави дописникот на МИА. Групацијата, која веќе беше во тешка состојба пред пандемијата на новиот коронавирус, и која на крајот на мај најави намалување на 15.000 работни места ширум светот (од кои 4.600 во Франција), посочи дека се откажува од секоја прогноза за финансискиот резултат за 2020 година, наспроти неизвесностите поврзани со пандемијата со Ковид-19. -Ситуацијата е без преседан, коментираше новиот генерален директор Лука де Мео, кој ја презеде функцијата на почетокот од овој месец. Историската загуба главно се објаснува со придонесот на производителот на автомобили Нисан, во кој Рено поседува 43 отсто од капиталот. Бројките се во спротивност со оние на францускиот ривал ПСА (Пежо, Цитроен) кои успеаја да заработат пари во првото полугодие и покрај кризата, со чиста добивка од 595 милиони евра. Но, Рено (во кој спаѓаат и брендовите Дачија, Лада, Алпин и Самсунг Моторс) страда од производство на прекумерен капацитет на светско ниво. Групата беше особено погодена од падот на пазарот поврзан со здравствената криза. Прометот опадна за 34,3 отсто во текот на првите шест месеци од годината на 18,4 милијарди евра. Оперативната маргина падна нагло на минус 1,2 милијарди евра. Рено го проценува негативното влијание од здравствената криза на 1,8 милијарди. Оваа маргина беше позитивна од 1,7 милијарди евра во првата половина од 2019 година. Производителот најави отпис на средства за 445 милиони евра, со цел да се земат во предвид „ревидираните претпоставки за волуменот“ „за одредени возила“, како и одредби за надоместоци за реструктуирање за 166 милиони евра „главно поврзани со планот за рано заминување во пензија во Франција“. На крајот, неуспехот на стратегијата на групата во Кина е забележан и на сметките со 153 милиони евра капитални загуби од продажбата во оваа земја, поврзано со продажбата на акциите на Рено во својата заедничка подружница со Донгфенг Мотор корпорација. Рено објави дека се откажува од продажба на автомобили на термички погон во Кина во насока на фокусирање на тешки и електрични возила. Овие трошоци се рефлектираат во загубата на работење што достигна две милијарди евра, наспроти профитот од 1,5 милијарди минатата година за истиот период. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/reno-so-rekordna-zaguba-od-7-3-milijardi-evra-vo-prvite-shest-meseci-od-2020-godina/feed/ 0
Рикардо смета дека Рено е побрз од Ферари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-smeta-deka-reno-e-pobrz-od-ferari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-smeta-deka-reno-e-pobrz-od-ferari/#respond Wed, 22 Jul 2020 08:56:36 +0000 https://kurir.mk/?p=379506

Возачот на Рено, Даниел Рикардо ги сумираше резултатите од трите почетни трки во сезоната. Неговиот тим се наоѓа на шестото место на шампионатот во поредокот на конструктори. -На сите трки завршивме на осмото место. Мислам дека нашиот автомобил овозможува да сметаме на повеќе. На последните две трки, можевме да завршиме повисоко. Ние сме во состојба да го заземеме петтото или шесто место. Изгледа дека сме малку побрзи од Ферари, а во Унгарија го победивме и Мекларен. Не сме многу далеку и од Рејсинг Поинт, изјави Рикардо за веб-страницата на Формула 1.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-smeta-deka-reno-e-pobrz-od-ferari/feed/ 0
Рикардо не верува дека ќе има трки во јуни https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-ne-veruva-deka-kje-ima-trki-vo-juni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-ne-veruva-deka-kje-ima-trki-vo-juni/#respond Tue, 07 Apr 2020 06:52:47 +0000 https://kurir.mk/?p=328446

Пилотот на Рено, Даниел Рикардо не верува дека ниту во јуни ќе има почеток на сезоната во Шампионатот во Формула 1. Претходно, раководството на Ф1, прогнозира дека првата трка ќе се одржи во јуни на канадското Гранд при. – Не знаеме кога ќе почнеме. Мислам, тогаш ќе имаме исцрпувачки календар, бидејќи тие ќе сакаат да исцедат што повеќе трки во него пред Нова Година. Сакам да бидам подготвен во моментот кога ќе бидеме информирани. Јас би сакал трките да започнат во јуни. Досега сè е откажано до средината на јуни, но ова е само во идеална ситуација. Мислам дека сезоната ќе започне подоцна од јуни, изјави Рикардо. Како и најголемиот број првенства, така и натпреварите во Формула 1 се во застој поради пандемијата на корона вирусот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/rikardo-ne-veruva-deka-kje-ima-trki-vo-juni/feed/ 0
Renault – официјален партнер на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/renault-oficijalen-partner-na-filmskiot-festival-brakja-manaki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/renault-oficijalen-partner-na-filmskiot-festival-brakja-manaki/#respond Fri, 13 Sep 2019 10:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=240249

Францускиот производител Renault е светски партнер на кинематографијата повеќе од 120 години, а со огромно задоволство компанијата Аутомотив Груп како генерален увозник на брендот во земјава ја продолжува традицијата поддржувајќи го јубилејното издание на Браќа Манаки. Најновите модели од гамата на  брендот со својот моќен дизајн, луксузен ентериер и модерни технологии ќе го овозможат пристигнувањето на  шпанскиот кинематографер Хозе Луис Алкаине, познатиот режисер Фатих Акин, светски познатиот Џим Шеридан и останатите специјални гости на црвениот тепих.
„Како компанија која е препознатлива по почитта кон филмската уметност и културата заедничката успешна приказна со Интернационалниот фестивал „Браќа Манаки“ и Аутомотив Груп трае со години. За време на гламурозното отворање на фестивалот, автомобилска ѕвезда ќе биде моделот Renault Clio и тоа од најновата петта генерација кој ексклузивно ќе биде претставен пред својата премиера во Македонија, која е закажана за месец oктомври оваа година“ — Симона Николовска, лице за односи со јавност – Аутомотив Груп.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/renault-oficijalen-partner-na-filmskiot-festival-brakja-manaki/feed/ 0
Рено ги одложи разговорите за соединување со Фиат Крајслер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reno-gi-odlozi-razgovorite-za-soedinuvanje-so-fiat-krajsler/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reno-gi-odlozi-razgovorite-za-soedinuvanje-so-fiat-krajsler/#respond Wed, 05 Jun 2019 08:45:31 +0000 https://kurir.mk/?p=205429

Француската автомобилска компанија „Рено“ денеска ги одложи разговорите за соединување со италијанско –американската компанија „Фиат Крајслер“ (ФЦА), иако Управниот одбор на „Рено“ вчера, по состанокот во своето седиште, во близина на Париз, соопшти дека одлучиле денеска повторно да се сретнат и да ја разгледаат понудата на компанијата „Фиат Крајслер“ за соединување. По неколкудневни преговори, „Фиат Крајслер“ предложи „трансформативен“ договор за спојување со француската автокомпанија „Рено“. Италијанско-американскиот гигант претходно соопшти дека со таа спогодба ќе се создаде производител на автомобил што ќе продава 8,7 милиони возила годишно, на сите клучни пазари. – Благодарение на новите технологии, таквата компанија ќе има и до пет милијарди евра годишна заштеда. Широкото и комплементарно портфолио на двата бренда ќе овозможи целосна покриеност на пазарот, од луксуз до секојдневие, се наведува во соопштението на ФЦА. По исплата на специјална дивиденда од 2,5 милијарди евра на акционерите на ФЦА, секоја групација треба да добие по 50 отсто од комбинираниот ентитет во нови акции. Притисокот за консолидација меѓу производителите на автомобили е предизвикан од електрификацијата, заострување на прописите за емисија на штетни гасови и поскапите нови технологии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reno-gi-odlozi-razgovorite-za-soedinuvanje-so-fiat-krajsler/feed/ 0