реорганизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 17 Nov 2022 15:52:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реорганизација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 2024 година ќе се намали бројот на директори и членови на Управните одбори во јавната администрација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/#respond Thu, 17 Nov 2022 15:52:43 +0000 https://kurir.mk/?p=762495

Кратење на директорски места , членови на управни одбори, затворање или спојување на агенции кои имаат исти надлежности, сето ова се планира со реорганизација на администрацијата, најавена за 2024. Ресорниот министер уверува дека нема да има отпуштања по министерствата, бидејки како што вели има дефицит на вработени. - Ќе се намали бројот на директори и на членови на Управни одбори, а не на вработени. Ќе имаме дефицит на вработени во централната власт. Вработените ќе останат, а ќе има директори кои во 2024 година нема да бидат повеќе на таа позиција, вели Адмирим Алити. Реформите во администрацијата се неопходни, порача евроамбасадорот Гир, иако , признава , се работи за политички процес кој е исклучително чувствителен. Веке се направени пилот проекти за реорганизација во три министерства за земјоделство, економија и информатичко општество со цел да се постигне ефикасности и транспарентност, но и да се избегнат досегашните лоши практики. Пилот проектите се спонзорирани од ЕУ, преку Ипа фондовите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-2024-godina-kje-se-namali-brojot-na-direktori-i-chlenovi-na-upravnite-odbori-vo-javnata-administracija/feed/ 0
Американската амбасада го поздрави донесувањето на новата реорганизација на судството во Албанија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/#respond Thu, 21 Jul 2022 15:51:27 +0000 https://kurir.mk/?p=708566

Амбасадата на САД во Тирана го поздрави донесувањето на новата судска мапа, оценувајќи дека тоа е „подготвеност да им се даде правда на граѓаните“. Во соопштението на Амбасадата се наведува дека новата мапа на албанските судови била изготвена од страна на Високиот судски совет преку процес во кој биле вклучени Министерството за правда и други актери, како и со техничка помош од Владата на Соединетите американски држави. Се оценува дека договорот за мапата, кој следел по опсежни консултации и разгледување на загриженоста на засегнатите страни како дел од тригодишниот процес, претставува добар пример за соработка меѓу независните институции. – Високиот судски совет успешно ја исполни својата законска обврска редовно да гарантира дека судскиот систем е подготвен да обезбеди ефективно судско работење и да ја испорача правдата без одлагање за албанските граѓани, се наведува во соопштението на Американската амбасада во Тирана. Инаку, и покрај спротивставувањето на Адвокатската комора на Албанија, во која членуваат над две илјади адвокати, Владата сепак ја усвои новата реорганизација на судството. Со неа сега ќе функционираат 13 наместо 22 првостепени судови, еден апелациски суд и тоа само во Тирана, претходно беа шест, како и два наместо шест Управни судови.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amerikanskata-ambasada-go-pozdravi-donesuvanjeto-na-novata-reorganizacija-na-sudstvoto-vo-albanija/feed/ 0
Талибанците извршија реорганизација пред преговорите во Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izvrshija-reorganizacija-pred-pregovorite-vo-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izvrshija-reorganizacija-pred-pregovorite-vo-avganistan/#respond Fri, 17 Jul 2020 13:54:27 +0000 https://kurir.mk/?p=377768

Во една од најзначајните реорганизации низ годините, Талибанците го поставија Мула Мохамед Јакуб, син на основачот на движењето, на чело на своето воено крило. Тие, исто така, додадоа четворица нови членови на нивниот 20-членски преговарачки тим пред очекуваните разговори во насока на прекинување на децениската војна во Авганистан, соопштија талибанските власти. Реорганизацијата, надгледувана од лидерот на Талибанците, треба да ја засили неговата контрола и врз војската и во политичкиот дел од движењето, изјавија официјални лица. Аналитичарите велат дека реорганизацијата може да биде добра вест за преговори со авганистанските политички лидери во Кабул и знак за тоа колку сериозно го преземаат Талибанците овој втор, можеби најкритичен чекор во договорот што Вашингтон го потпиша со бунтовниците во февруари. – Јас би рекол дека се чини дека е позитивен развој на настаните затоа што Талибанците создаваат делегација која се чини е посериозна и поширока отколку што беше досега или можеби е неопходна за почетната фаза на разговорите, рече Ендрју Вајлдер, потпретседател на азиската програма при Институтот за мир со седиште во Вашингтон.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/talibancite-izvrshija-reorganizacija-pred-pregovorite-vo-avganistan/feed/ 0
222 вработени во прилепскиот Тутунски комбинат заминуваат од работа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/222-vraboteni-vo-prilepskiot-tutunski-kombinat-zaminuvaat-od-rabota/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/222-vraboteni-vo-prilepskiot-tutunski-kombinat-zaminuvaat-od-rabota/#respond Sun, 01 Jul 2018 12:23:10 +0000 https://kurir.mk/?p=71750

Од прилепскиот Тутунски комбинат 222 вработени доброволно ќе заминат со пакет-отпремнини кои им беа понудени, соопшти денеска компанијата. Според раководството на комбинатот, бројот на пријавени бил голем, а доброволното заминување од компанијата било спроведено во соработка со Синдикалната организација и било транспарентно. Со ова заврши и последната фаза на реорганизацијата на компанијата со што се очекува да се зголеми ефикасноста во работењето. - Ова е последна фаза на реструктуирањето во ваков формат и затоа интересот на вработените беше голем. Дополнително, доброволните пакети, односно условите за заминување беа направени на подобар и транспарентен начин, и голем дел од вработените, најмногу оние што имаат уште неколку години до пензија, решија да ја искористат понудената шанса, вели Игор Китаноски од синдикалната организација на Комбинатот. Како што соопштува компанијата, Тутунскиот комбинат во изминатите години интензивно работел на трансформацијата и со тоа бележи позитивни резултати. Веќе денес Комбинатот нема долгови кон државните институции и навреме ги плаќа обврските кон деловните партнери и банките. - На крајот на 2017 година се раздолживме спрема државата исплаќајќи долг стар 6 години, почнавме со редовно сервисирање на обврските спрема доверителите и банките, а имавме и година со добар откуп на тутунот, така што, изминатиот период направивме значителен чекор напред за враќање на финансиската стабилност на компанијата. Остана довршувањето на процесот на реорганизација со кој беа опфатени вработените со висока старосна структура. Со овој чекор одиме кон зголемување на ефикасноста паралелно со веќе започнатиот процес на модернизација, истакнува Кире Станкоски, генерален директор на прилепскиот Тутунски комбинат. Според министерот за економија Крешник Бектеши, добро е што Тутунскиот комбинат во Прилеп кој со децении беше загубар, а со тоа и еден од најгорливите проблеми на државата, конечно застанува на „здрави нозе“. - Како Влада сме задоволни што еден толку битен индустриски капацитет во земјава, особено за Пелагонискиот регион, конечно почнува да работи рентабилно, да се осовременува, да го проширува производството и е на вистинскиот пат да стане модерна и успешна компанија. Како Влада водиме грижа за тутунопроизводството, бидејќи тутунот е од исклучителна важност за државата. Имаме голем девизен прилив, а од него живеат и 23 000 семејства во Македонија,рече Бектеши. Во соопштението се истакнува дека Тутунски Комбинат Прилеп бележи позитивни години по стратегиското партнерство со „Филип Морис“. - Со процесот на реструктуирање, како и со модернизацијата помогната од светскиот тутунски гигант, со подобрувањето на квалитетот на производите и со проширеното портфолио во согласност со потребите на потрошувачите, се очекува Тутунскиот комбинат ја подобри ефикасноста и финансиската стабилност на компанијата, стои во соопштението на оваа команија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/222-vraboteni-vo-prilepskiot-tutunski-kombinat-zaminuvaat-od-rabota/feed/ 0