репортери без граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 17:26:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png репортери без граници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Репортери без граници: Последните 20 години многу смртоносни за новинарите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granitsi-poslednite-20-godini-mnogu-smrtonosni-za-novinarite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granitsi-poslednite-20-godini-mnogu-smrtonosni-za-novinarite/#respond Fri, 07 Apr 2023 17:40:46 +0000 https://kurir.mk/?p=821628

Во последните 20 години вкупно 1.657 новинари починале како резултат на нивната работа, соопшти денеска меѓународната организација Репортери без граници (РСФ) од Германија. Повеќето од смртните случаи се предизвикани од убиства или нарачани убиства, напади, напади во воени зони или повреди, соопшти РСФ. Се додава дека 95 отсто од сите убиени професионалци биле мажи. Германскиот огранок на РСФ го објави извештајот по повод 20-годишнината од смртта на германскиот новинар Кристијан Либиг. Либиг беше убиен со проектил во Ирак, додека ја придружуваше единицата на американската армија за информативниот магазин Фокус. Загинаа и неговиот шпански колега од Ел Мундо, Хулио Ангвита Парадо и двајца војници. Од 2003 година досега во Ирак се убиени вкупно 300 новинари. Ова го прави Ирак најопасната дестинација за новинарите во изминатите 20 години, соопшти РСФ, дури и повеќе од Сирија, каде што беа регистрирани 280 смртни случаи. Следуваат Авганистан, Јемен, палестинските територии и Сомалија. Според РСФ, во последните две децении, уште повеќе новинари се убиени во области кои се сметаат за мирни во споредба со новинарите во воените зони. Истражувањето на организираниот криминал и корупцијата е особено опасно, велат од организацијата, на пример во Мексико, Бразил или Колумбија. Според РСФ, Русија останува земја со најголем број на смртни случаи на новинари во Европа. Откако рускиот претседател Владимир Путин е на власт, во земјата се регистрирани посистематски напади врз слободата на печатот, што резултираше со 37 смртни случаи на новинари, како што е убиството на Ана Политковскаја на 7 октомври 2006 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granitsi-poslednite-20-godini-mnogu-smrtonosni-za-novinarite/feed/ 0
Викиликс: „Репортери без граници“ не добија пристап до Асанж во затворот во Лондон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-reporteri-bez-granitsi-ne-dobija-pristap-do-asanzh-vo-zatvorot-vo-london/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-reporteri-bez-granitsi-ne-dobija-pristap-do-asanzh-vo-zatvorot-vo-london/#respond Tue, 04 Apr 2023 16:19:13 +0000 https://kurir.mk/?p=820180

На претставниците на „Репортери без граници“ им беше забранет пристапот до основачот на Викиликс Џулијан Асанж во лондонскиот затвор Белмарш, објави Викиликс на Твитер. - На претставниците на Репортери без граници утринава им беше забрането да го посетат Џулијан Асанж во затворот Белмарш, и покрај тоа што претходно им беше дадена официјална дозвола, стои во твитот. Шефицата на Репортери без граници, Ребека Винсент, вчера најави дека претставници на организацијата ќе го посетат Асанж во затворот и потсети дека следната недела се навршуваат четири години откако е затворен таму. Асанж беше префрлен во Белмарш во 2019 година, откако беше изнесен од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што се криеше со години. САД го обвинија Асанж (51) поради досега најголемото истекување на доверливи информации во јавност. Вашингтон бара екстрадиција на Асанж, но неговите адвокати поднесоа жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур да ја блокира неговата екстрадиција во САД, каде што може да се соочи со вкупно 175 години затвор. Во јуни минатата година, тогашниот британски министер за внатрешни работи Прити Пател потпиша налог за екстрадиција на Асанж во САД, откако мерката претходно беше одобрена од британскиот суд.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vikiliks-reporteri-bez-granitsi-ne-dobija-pristap-do-asanzh-vo-zatvorot-vo-london/feed/ 0
Репортери без граници: Зголемен бројот на новинари во затвори, годинава 533 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-zgolemen-brojot-na-novinari-vo-zatvori-godinava-533/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-zgolemen-brojot-na-novinari-vo-zatvori-godinava-533/#respond Wed, 14 Dec 2022 07:00:36 +0000 https://kurir.mk/?p=775266

Бројот на новинари во затвори годинава е 533, се наведува во годишниот извештај на невладината организација „Репортери без граници“. За споредба, лани бројот на новинари кои завршија во затвор беше 488. Зголемен е и бројот на убиени новинари. Годинава се 57. Лани беа 48, а во 2020 година – 50. Повеќе од половина од случаите на новинари во затвор оваа година (податоци од 1 декември) се во 5 земји: Кина (110 случаи), Мјанмар (62), Иран (47), Виетнам (39) и Белорусија (31). Во извештајот се истакнува дека иранските власти затвориле голем број новинари во последните 20 години, откако Исламската Република беше зафатена од масовни протести кои започнаа во септември. Во извештајот на невладината организација се наведува дека годинава биле затворени 78 новинарки. За споредба, лани таа цифра била 60.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-zgolemen-brojot-na-novinari-vo-zatvori-godinava-533/feed/ 0
Македонија на 57. место според Индексот на слобода на медиуми на Репортери без граници https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-na-sloboda-na-mediumi-na-reporteri-bez-granici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-na-sloboda-na-mediumi-na-reporteri-bez-granici/#respond Tue, 03 May 2022 07:58:31 +0000 https://kurir.mk/?p=670964

Република Македонија е на 57-мо место на листата од 180 земји според Индексот на слобода на медиумите на Репортери без граници за 2022 година, што е скок од 33 позиции во однос на лани кога беше рангирана на 90. место. Во Извештајот за државава се наведува дека иако новинарите не работат во непријателска атмосфера, распространетите дезинформации и недостигот на професионализам придонесуваат за опаѓање на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. – Иако телевизијата е доминантен извор на информации, онлајн медиумите играат важна улога. Сепак, мора да се направи разлика помеѓу професионални онлајн редакции кои вработуваат професионални новинари и објавуваат оригинална содржина, и поединечни портали кои објавуваат плагијат и прават копи-пејст на таквата содржина. Исто така, постои голем јаз помеѓу употребата и довербата: најгледаните ТВ станици имаат низок индекс на доверливост, стои во Извештајот во однос на медиумскиот пејзаж. Во однос на политичкиот контекст се наведува дека „целокупната средина останува поволна за слободата на печатот и дозволува критичко известување, иако транспарентноста на институциите е прилично слаба. Поради силната политичка поларизација, медиумите можат да бидат подложени на притисок од страна на властите, политичарите и бизнисмените“. – Двете најголеми партии (на власт и во опозиција) создадоа паралелни медиумски системи врз кои го вршат своето политичко и економско влијание. Јавниот радиодифузен сервис нема уредувачка и финансиска независност, стои во Извештајот. Во однос на правната рамка се наведува дека додека Уставот ја гарантира слободата на говорот и забранува цензура, земјата заостанува во однос на усогласувањето на законодавството за медиумите со стандардите на Европската Унија, на која има намера да се приклучи. – Судската злоупотреба на Законот за граѓанска одговорност за клевета поттикнува самоцензура во медиумите. Тужбите се користат како алатка за заплашување и притисок врз независните медиуми. Етичката рамка е составена од Кодекс на однесување и медиумски саморегулатор што и двете поттикнуваат добри новинарски практики, иако имплементацијата е слаба, стои во Извештајот. За економскиот контекст се вели дека „иако одредени видови медиумска концентрација се забранети со закон, редакцијата на некои од главните ТВ канали е изложена на економски притисоци од нивните сопственици. Државното финансирање е ограничено и нетранспарентно, а независните медиуми во голема мера се потпираат на донаторите. Странските грантови засновани на проекти придонесуваат само за опстанок, но не и за понатамошен развој. Постои влијание меѓу маркетиншките агенции и одредени медиумски куќи“. Во однос на социокулурниот концепт се наведува дека иако не постојат јасни ограничувања во социјалната и културната средина кои влијаат на слободното новинарство, социјалните мрежи и дигиталната сфера генерално го фаворизираат ширењето на дезинформации и сајбер-закани. – Во комбинација со ниските професионални стандарди, тие придонесуваат за опаѓање на довербата на јавноста во медиумите и го отвораат патот за напади врз новинари врз основа на полови, етнички или верски критериуми, стои во Извештајот. Во однос на безбедноста се наведува дека иако 2021 била релативно мирна, новинарите се често мета на вербални напади. – Под изговор за заштита на државните тајни и личните податоци, тие може да бидат изложени на правен притисок и навредливо гонење. Сепак, судовите имаат тенденција да ја поддржуваат слободата на печатот и да ги штитат новинарите. Се подготвуваат амандмани за подобра заштита на новинарите, се наведува во Извештајот на Репортери без граници за Северна Македонија во однос на Индексот на слобда на медиумите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedonija-na-57-mesto-spored-indeksot-na-sloboda-na-mediumi-na-reporteri-bez-granici/feed/ 0
Репортери без граници: Ситуацијата со медиумите во Македонија се влоши, високи владини претставници се закануваат и навредуваат новинари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-situacijata-so-mediumite-vo-makedonija-se-vloshi-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-situacijata-so-mediumite-vo-makedonija-se-vloshi-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari/#respond Tue, 20 Apr 2021 08:38:11 +0000 https://kurir.mk/?p=499691

Последниот извештај на Репортери без граници за сите земји во светот е објавен денеска, Македонија бележи подобрување од две места во глобалниот индекс, но се соочува со критики за заканите и нападите кон новинарите и медиумите, јави дописничката на МИА од Брисел. Организацијата за слобода на медиумите и заштита на новинарите во светот нагласува дека ситуацијата со медиумите се влошува во сѐ повеќе земји во светот и дека пандемијата од Ковид-19 се злоупотреби за да се ограничи работата на новинарите. Најдобро котирана останува Норвешка петта година по ред, следуваат Финска, Данска и Шведска. На дното се Северна Кореа на 179-то место, потоа Туркменистан и Кина. Северна Македонија од 92 се искачи на 90-то место во глобалниот индекс, но описот на состојбата е критичен за 2020 година, а земјата е полошо пласирана од Босна и Херцеговина, Албанија и Косово, но подобро од Србија, Црна Гора и Бугарија. Како поради пандемијата така и поради парламентарните избори. -Ситуацијата со медиумите се влоши, високи владини претставници продолжија да им се закануваат и да навредуваат медиуми, а сајбер вознемирувањето и вербалните напади кон новинарите се зголемија на социјалните медиуми. Сето ова послужи да се засили добро вкоренетата култура на неказнивост, пишува Репортери без граници за состојбата со слободата на медиумите во Македонија во 2020. Организацијата забележува и дека пандемијата, како на многу други места во светот, ја усложни работата на новинарите на терен. -Медиумските организации силно се противеа на разните предложени амандмани за законот за аудиовизуелни медиуми кои би овозможиле државно рекламирање во медиумите. Тие се противат на ова врз основа на фактот што тоа ќе охрабри клиентелизам, стои во освртот на Репортери без граници за Македонија. Според невладината организација, промените во кривичниот законик кои ги подготвува Министерството за правда би требало да донесат поголема заштита за новинарите во државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-situacijata-so-mediumite-vo-makedonija-se-vloshi-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari/feed/ 0
Репортери без граници: Скоро 400 новинари се в затвор во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-skoro-400-novinari-se-v-zatvor-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-skoro-400-novinari-se-v-zatvor-vo-svetot/#respond Mon, 14 Dec 2020 10:14:03 +0000 https://kurir.mk/?p=442979

Годишниот извештај на „Репортери без граници“ открива зголемување на произволните апсења поврзани со здравствената криза, како и зголемување на бројот на уапсени жени новинари, јави дописникот на МИА. Бројот на приведени новинари ширум светот изнесуваше 387 на крајот на 2020 година, бројка скоро стабилна за една година и покрај зголемувањето на произволните апсења во врска со здравствената криза, според годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) објавен денес во Париз, Како и во 2019 година, каде „Репортери без граници“ идентификуваа 389 затворени новинари заради вршење на својата професија, пет земји учествуваат со повеќе од половина од нив (61 отсто), укажува невладината организација во својот извештај. Кина на тој начин останува во предност со затворени 117 новинари (професионални или не), пред Египет (30), Саудиска Арабија (34), Виетнам (28) и Сирија (27). -Бројот на притворени новинари ширум светот останува на историско високо ниво, подвлекува невладината организација. И жените, „сè побројни во професијата, не се поштедени“, осудува генералниот секретар на РСФ, Кристоф Делуар, цитиран во соопштението за печатот. Според извештајот, 42 од нив „во моментов се лишени од слобода“, во споредба со 31 во 2019 година (+ 35 отсто). Вкупно, 17 беа „ставени зад решетки“ во текот на годината, од кои 4 во Белорусија, центар на „невидена репресија откако“ беше реизбран Александар Лукашенко. Друг забележителен развој на настаните: зголемувањето на апсењата поврзано со здравствената криза, со 14 новинари „сè уште зад решетки“ за следење на пандемијата, од кои 7 во Кина. Невладината организација, која ја лансира „Опсерваторијата 19“, посветена на ова прашање во март, регистрира „повеќе од 300 инциденти директно поврзани со новинарско покривање на здравствената криза“ помеѓу февруари и крајот на ноември, во кои учествуваа скоро 450 новинари. -Самоволното апсење, претставува „35 отсто од забележаните злоупотреби (пред физичко или морално насилство)“, биле „биле зголемени за четири пати“ помеѓу март и мај, се наведува во извештајот. „Законите за вонредни состојби или мерките донесени“ во повеќето земји за да ја задржат пандемијата „придонесоа“ за „задржување на информациите“, објаснува РСФ. Покрај тоа, „најмалку 54 новинари во моментот се заложници“ во Сирија, Јемен и Ирак, нивниот број падна за 5 отсто за една година. Невладината организација идентификува и 4 новинари пријавени за исчезнати во 2020 година, додека во 2019 година не биле забележани нови случаи на исчезнување. Тие се од Блискиот исток, субсахарска Африка и Латинска Америка. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-skoro-400-novinari-se-v-zatvor-vo-svetot/feed/ 0
Репортери без граници го осуди апсењето на египетската уредничка https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reporteri-bez-granici-go-osudi-apsenjeto-na-egipetskata-urednichka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reporteri-bez-granici-go-osudi-apsenjeto-na-egipetskata-urednichka/#respond Thu, 25 Jun 2020 14:18:01 +0000 https://kurir.mk/?p=362913

Меѓународната организација за медиуми „Репортери без граници“ денеска го осуди апсењето на Нора Јунис, уредничка на еден од неколкуте преостанати независни медиуми во Египет и ги повика властите во земјата да ја ослободат веднаш и да ги отфрлат сите обвиненија. Нора Јунис, уредничка на веб-страницата Ал-Манас, беше уапсена вчера откако безбедносните сили извршија рација во нејзината канцеларија во Каиро „Таа е обвинета за водење веб-страница без дозвола за работа“, соопшти Ал-Манас. „Со постојани административни одложувања, властите спречија Ал-Манас да се легализира, поради што недостига официјална дозвола за работа, што е причина за судска постапка,  соопшти „Репортери без граници“. Тие ги повикаа египетските власти да престанат со гонење на независните медиуми. Во Египет е потребно медиумите да имаат лиценца за работа, но неиздавањето дозвола честопати се користи како изговор за замолчување на медиумите што ја критикуваат власта. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/reporteri-bez-granici-go-osudi-apsenjeto-na-egipetskata-urednichka/feed/ 0
Репортери без граници: Високи владини претставници се закануваат и навредуваат новинари, Македонија полоша од Гамбија, Хаити и Киргистан https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari-makedonija-polosha-od-gambija-haiti-i-kirgistan/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari-makedonija-polosha-od-gambija-haiti-i-kirgistan/#respond Tue, 21 Apr 2020 10:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=334972

Репортерите без граници во својот најнов извештај ја рангираше Македонија на 92-то место со средна оценка од 31,28 поени. Нашата држава на оваа ранг листа е полоша дури и од Гамбија, Хаити и Киргистан, а во изв ештајот се потенцира дека високи владини претставници не престануваат да се закануваат и навредуваат новинари. Репортери без граници забележуваат дека на општините им е дозволено да се рекламираат во локалните медиуми и со тоа да задржат средство за нивно контролирање. „Друга ризична одлука на владата: купување реклами во медиумите за запознавање со достигнувањата на владата“, стои во извештајот и се додава дека Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја осуди оваа практика. Тие констатираат дека физичките напади врз новинарите иако се смирија „за жал, традиционалните закани и навреди од високи функционери кон печатот остануваат силни, а сајбер-нападите се во пораст“ пишува во извештајот. Според слободата на медиумите, од соседството пред Македонија се Грција на 65-то, Косово на 70-то и Албанија на 84-то место. Следна е Србија, на 93-то место, Црна Гора на 105-то и Бугарија на 111-то место. Прва на листата е Норвешка, а по неа се Финска, Данска, Шведска и Холандија. Последни се, на 177 место, Кина, Еритреја и Туркменистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reporteri-bez-granici-visoki-vladini-pretstavnici-se-zakanuvaat-i-navreduvaat-novinari-makedonija-polosha-od-gambija-haiti-i-kirgistan/feed/ 0
Репортери без граници бараат ослободување на Асанж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-baraat-osloboduvanje-na-asanz/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-baraat-osloboduvanje-na-asanz/#respond Tue, 24 Dec 2019 14:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=281719

Репортери без граници (РСФ) денеска побара ослободување на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж поради хуманитарни причини и да биде отфрлена тужбата против него за шпионирање на САД. РСФ изрази загриженост поради извештајот во кој се наведува дека сериозно е нарушено здравјето на Асанж и побара веднаш да се ослободи од затвор. -РСФ ги осудува континуираните напади врз Асанж поради неговите новинарски активности и тоа станува опасен преседан, се посочува во соопштението на невладината организација. Сослушувањето за екстрадиција на Асанж треба да се одржи на 24 февруари во вестминистерскиот суд во Лондон, а според РСФ тој нема доволно можности да се подготви за сослушувањето и оти неговите адвокати немаат соодветен пристап до него во затворот. -Овие две мерки ги кршат неговите основни права. Претставниците на РСФ планираат да го следат рочиштето за екстрадиција. Многу сме загрижени и поради соопштенијата на специјалниот известувач на Обединети нации за тортура Нилс Мелцер од 1 ноември поради континуираното нарушување на здравјето на Асанж од неговото апсење на почетокот од годината, во кое е наведено дека неговиот живот е под ризик, истакнува РСФ. Асанж се појави пред судот во Мадрид на 20 декември преку видео линк, кога даде изјава за неговите наводи дека една шпанска компанија го шпионирала додека живеел во Амбасадата на Еквадор во Лондон. РСФ додаде и дека не би требало да му биде судено на Асанж, бидејќи тој е посредник помеѓу свиркачите и медиумите. Против Асанж во САД се покренати 18 обвиненија од кои 17 по Законот за шпионажа. РСФ ја осудува и одлуката на британското Министерство за внатрешни работи кое одобри екстрадиција на Асанж во САД. Асанж во моментот е во затворот Белмарш во Лондон и го чека сослушувањето за екстрадиција, откако беше осуден на казна од 50 недели во мај 2019 година, бидејќи ја прекрши условната казна со тоа што побара азил во Амбасадата на Еквадор во јуни 2012 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-baraat-osloboduvanje-na-asanz/feed/ 0
Репортери без граници: Оваа година убиени 49 новинари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/#respond Tue, 17 Dec 2019 07:50:53 +0000 https://kurir.mk/?p=278510

Четириесет и девет новинари загинаа низ целиот свет во 2019 година, објавија „Репортери без граници“. Според нив, тоа е најмал број за изминатите 17 години. Повеќето од загинатите новинари се убиени, како одраз на конфликтите во Јемен, Сирија и Авганистан. Организацијата базирана во Париз нагласува дека „новинарството останува опасна професија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/reporteri-bez-granici-ovaa-godina-ubieni-49-novinari/feed/ 0