репроцитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 01 Aug 2022 06:59:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png репроцитет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Косовската влада го одложи за еден месец реципроцитетот кон Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-odlozi-za-eden-mesec-reciprocitetot-kon-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-odlozi-za-eden-mesec-reciprocitetot-kon-srbija/#respond Mon, 01 Aug 2022 06:59:01 +0000 https://kurir.mk/?p=712399

Владата на Косово синоќа донесе одлука да го одложи за еден месец спроведувањето на реципроцитетот кон Србија во однос на личните документи и на одлуката за замена на српските со косовски регистерски таблички, јави дописникот на МИА од Приштина. Одлуката е донесена по синоќешната средба на косовските челници со амбасадорот на САД во Приштина, Џефри Ховениер, кој им го изнел барањето на Вашингтон за одлагање на спроведувањето на реципроцитетот за еден месец. Во соопштението на владината служба за информирање се вели дека „Владата остро го осудува блокирањето на патиштата во северно Косово и пукотниците од тамошните вооружени припадници на нелегалните структури“, за што ги обвинува властите во Србија. – Се работи за тенденција за дестбилизација на Косово и загрозување на мирот и безбедноста на нашите граѓани и нашата држава. Бројни агресивни акти се случија денеска (в недела) попладне и навечер, поттикнати од официјален Белград, се вели во владиното соопштение. Косовскиот премиер, Албин Курти, заедно со претседателката на државата, Вјоса Османи и со вицепремиерите Бесник Бислими (задолжен за евроинтеграции и за дијалогот со Србија) и Доника Грвала (воедно министерка за надворешни работи), по синоќешната средба со Ховениер и со други меѓународни претставници, се обврзале да го одложат спроведувањето на двете одлуки до 1 септември. Одлуката за одложување на реципроцитетот, се вели во владиното соопштение, ќе почне да се спроведува „од моментот кога ќе се отстранат сите блокади и ќе се овозможи слободно движење низ сите патишта во северно Косово“. Косовската влада им се заблагодари на сите меѓународни партнери, посебно на амбасадорот Ховениер, за нивното залагање и придонес за решвање на настанатата ситуација. Според одлуката што владата на Курти ја донесе во јуни годинава, од денеска граѓаните на Србија кои влегуваат во Косово требаше да бидат снабдувани со влезно-излезна лиценца на сите гранични премини, како што тоа повеќе од десет години се прави со косовските граѓани кои влегуваат во Србија. Исто така, од денеска требаше да започне обврската за промена на српските регистерски таблички за косовските возила означени со КМ (Косово и Метохија), со косовски регистерски таблички со ознаката РКС (Република Косово). Спроведувањето на овие одлуки е одложено по вчерашните протести, со блокади на патиштата и пукотници, во северниот дел на Косово, каде што живеат мнозинството етнички Срби.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-odlozi-za-eden-mesec-reciprocitetot-kon-srbija/feed/ 0
Косовската влада го укина реципроцитетот кон Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/#respond Sat, 06 Jun 2020 10:06:29 +0000 https://kurir.mk/?p=354391

Новата Влада на Косово, предводена од премиерот Авдулах Хоти, одлучи денеска да ја укине одлуката од 20 март годинава за постепено воведување реципроцитет кон Србија и онаа од 30 мај за дополнување и измена на истата, кои ги донесе претходната влада на Албин Курти, јави дописникот на МИА од Приштина. Премиерот Хоти ја оцени денешната одлука како мошне значајна и порача дека очекува соодветна реакција и од српската страна, со цел да се отвори патот за продолжување на дијалогот. – Донесовме значајна одлука за отстранување на пречките за продолжување на дијалогот. Очекуваме и српската страна да ги отстрани сите пречки, меѓутоа ние го задржуваме нашето право како суверена држава да воведеме мерки за зачувување на нашиот суверенитет, изјави Хоти. Тој нагласи дека очекува по отстранувањето на пречките да продолжи дијалогот со Србија и дека одлуките ги донел во координација со меѓународните партнери. – Овие одлуки доаѓаат како резултат на координацијата со меѓународните партнери. Заложбите кои ги презедовме се дека ќе ги укинеме пречките за дијалогот. Отстранети се сите пречки на определен рок. Доколку дијалогот не ги донесе очекуваните резултати, ние го задржуваме правото повторно да ги воведеме, изјави Хоти. Против денешната одлука гласаа министрите од редовите на Алијансата за иднината на Косово (ААК), чиј лидер, Рамуш Харадинај, во ноември 2018 година, во времето кога беше премиер, ја воведе таксата од 100 отсто на увозот од Србија, што беше причина за прекин на дијалогот меѓу Приштина и Белград. Таксата на Харадинај ја укина неговиот наследник на чело на Владата, Албин Курти, кој истата ја замени со реципроцитет, наспроти противењата на Соединетите Американски Држави и на дел од косовските политички партии, во прв ред на Демократскиот сојуз на Косово, кој ја формира новата влада предводена од Хоти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kosovskata-vlada-go-ukina-reciprocitetot-kon-srbija/feed/ 0