република илинденска македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 24 May 2018 18:11:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png република илинденска македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Ципрас да одговори дали и понатаму се разговара за Илинденска Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-da-odgovori-dali-i-ponatamu-se-razgovara-za-ilindenska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-da-odgovori-dali-i-ponatamu-se-razgovara-za-ilindenska-makedonija/#respond Thu, 24 May 2018 18:11:16 +0000 https://kurir.mk/?p=58092

Молкот од грчкиот премиер Алексис Ципрас за „Илинденска Македонија“ создава загриженост кај Грците во однос на тоа дали предлогот  суште е на преговарачката маса, смета потпретседателот на грчката опозициска партија, Нова демократија Костис Хаѕидакис. Хаѕидакис вели дека партијата, преку нејзиниот претседател Мицотакис, вчера два пати од грчкиот парламент „побара од премиерот да разјасни дали продолжува да разговара за името Илинденска Македонија“. Ципрас два пати се направи дека не го слушна. -Неговиот молк на Грците им создава оправдана загриженост дека овој неприфатлив предлог, што е олицетворение на скопскиот иредентизам, уште се наоѓа на преговарачката маса. Господинот Ципрас треба денес и јасно да одговори на прашањето на Нова демократија, вели Хаѕидакис во неговата изјава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/cipras-da-odgovori-dali-i-ponatamu-se-razgovara-za-ilindenska-makedonija/feed/ 0
Ковачев: Предлог за Република Илинденска Македонија не’ изненади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachev-predlog-za-republika-ilindenska-makedonija-ne-iznenadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachev-predlog-za-republika-ilindenska-makedonija-ne-iznenadi/#respond Wed, 23 May 2018 06:39:30 +0000 https://kurir.mk/?p=57324

Предлогот Република Илинденска Македонија не изненади, а и никој од нас во Бугарија не беше консултиран. Многу е важна неговата интерпретација, дали алудира на првиот Илинден или на оној вториот, комунистичкиот, изјави за МИА бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Според Ковачев, долгогодишниот спор околу името би можел да се реши само ако двете страни, Македонија и Грција, одлучат да престане. За бугарскиот европратеник, најприфатливо име би било Република Македонија (Скопје), со оглед дека е јасно грчкото барање за географска или временска одредница. - Ако со предлогот Република Илинденска Македонија се мисли на оној вториот, комунистичкиот Илинден, односно АСНОМ, не сме баш многу среќни, истакна бугарскиот европратеник. Негова оценка е дека поради Владата на Груевски Македонија изгуби единаесет години и не стори ништо за решавање на спорот. - Многу жалам што Македонија изгуби можеби 11 години во правење ништо. Имаше застој за време на владеењето на Груевски и ништо не се случи, дури ситуацијата со Грција и Бугарија стана уште полоша. Сега, прозорот на можности и добрата волја на Зоран Заев и Никола Димитров ја сменија играта. Многу го цениме тоа и гледаме многу позитивен развој во односите со нас. Се трудиме да ја поттикнеме Грција да го следи нашиот пример и да најде прифатливо решение за името со Македонија, напомена Ковачев. Овој долг период од речиси 20 години, како што рече европратеникот, ја зголеми на некој начин екстремноста во ставовите на двете страни. Тој порача дека би било добро најгоелмите опозициски партии во двете земји да ги поддржат владејачките структури во насока на надминување на спорот. - Ако Ципрас сака да направи нешто, Каменос, Мицотакис,... велат „не, не, не“. Ова е многу лошо ако најголемата опозициска партија во земјата го користи проблемот со името за внатрешни политички дуели. Истото важи и за Македонија, за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, рече  бугарскиот европратеник. Ковачев зборуваше на конференцијаво Европскиот парламент, организирана во рамки на „Тера Мадре Балкан“. Осврнувајќи се на проширувањето на ЕУ,  изнесе став дека во тоа нема да се случи во наредните четири до пет години, ниту до 2025 година како што најави Јункер. Според Ковачев, засега најподготвена за влез во ЕУ е Црна Гора, а останатите земји од регионот, Македонија, Србија, БиХ и Албанија треба да ги спроведат реформите и да ги решат спорните прашања. Но, како што напомена бугарскиот европаратеник, и ЕУ треба да ја исполни својата домашна задача - да ги убеди граѓаните од Франција, Германија,..., дека проширувањето ќе значи придобивка за сите, а веќе во оваа насока, дополни, има позитивни сигнали. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachev-predlog-za-republika-ilindenska-makedonija-ne-iznenadi/feed/ 0
Заев: Предлогот „Република Илинденска Македонија” е се уште на маса https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-predlogot-republika-ilindenska-makedonija-e-se-ushte-na-masa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-predlogot-republika-ilindenska-makedonija-e-se-ushte-na-masa/#respond Mon, 21 May 2018 12:22:53 +0000 https://kurir.mk/?p=56571

Предлогот „Република Илинденска Македонија” во Македонија не отпаѓа, изјави премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање денеска пред Кривичниот суд. Ово предлог, според него, е вреден и е за длабоко размислување, затоа што ги исполнува очекувањата на мнозинството граѓаните на двете земји. - Република Илинденска Македонија е име кое не го загрозува, туку напротив го зајакнува идентитетот на Македонија, а на Грција и дава сложено име со временска одредница, рече Заев. Посочи дека тој и грчкиот премиер Ципрас целосно веруваат во ова решение и оти тие двајца се само само една од кариката во целиот овој процес. - Ние сме Зоран и Алексис и ние сме повикани како претседатели на владите да ги носиме процесите. Знаете дека уште во првиот момент рековме дека постои опција што може да биде прифатлива за двете страни, а тоа значи да се види како политичките структури и институциите во државата стојат... Има институционални процеси во донесувањето на одлуките. Кај нив тоа е Парламентот преку ратификација на евентуалниот договор за решението, а кај нас се и Парламентот и граѓаните преку референдум и евентуалните уставни промени кои би се случиле затоа што во прашање е пакет, истакна Заев. Според премиерот, Илинден и нашето Илинденско востание во 1903 и 1944 година немаат никакви територијални претензии и ништо не се загрозува од страна на Грција. - За нас е важно затоа што не задира во нашиот идентитет, напротив го јакне, го сочувува нашето достоинството и ги постигнуваме условите кои за нас се важни, а исто така грчката страна добива ново име - сложено, добива одредница и уставни промени, рече Заев. Тој изрази верба дека разговорите ќе продолжат и треба да му се даде шанса на овој предлог кој, како што додаде, верува оти е решение за 25-годишниот спор. - Зборуваме за пакет, а не за поединечни делови. Не може да се очекува уставна промена во Македонија за било кое решение, затоа прифативме ние уставна промена,  затоа што е решение кое не не понижува. Ќе го сочуваме нашето достоинство, а притоа идентитетските прашања се фиксирани, а притоа ги исполнуваме и нивните услови, нагласи премиерот Заев пред Кривичниот суд. Заев посочи дека состанокот во Њујорк на 24 и 25 меѓу министрите за надворешни работи на Македонија и Грција и Метју Нимиц е закажан од претходно и изрази верување дека решение може да се пронајде. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-predlogot-republika-ilindenska-makedonija-e-se-ushte-na-masa/feed/ 0
Каракачанов: Бугарија нема проблем со предлогот „Република Илинденска Македонија“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-bugarija-nema-problem-so-predlogot-republika-ilindenska-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-bugarija-nema-problem-so-predlogot-republika-ilindenska-makedonija/#respond Fri, 18 May 2018 14:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=55728

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов денеска изјави дека за неговата земја нема проблем една од варијантите за ново име на Република Македонија да биде „Република Илинденска Македонија“. - Нам не ни пречи. На 1 август минатата година потпишавме договор со кој се обврзуваме заедно да ги славиме заедничките празници. Илинден е денот на најголемото востание. Мислам дека ние немаме проблеми со името. За нас е важно кога станува збор за меѓусебните односи да ја нема практиката што ја имаше досега, а тоа е да се краде историјата, да се менува и фалсификува, рече тој по завршување на обуката на делови од специјалните сили на Македонија и Бугарија во реонот Станке Лисичково. Прашањето за името, вели, е нешто што треба да го решат Македонија и Грција. Ние, потенцира Каракачанов, само се обидуваме да го помогнеме тој процес, за да се решат проблемите на Балаканот. - Ако двете земји се договорат за името „Илинденска Македонија“ за нас нема никакви проблеми, рече Каракачанов додавајќи дека е умерен оптимист по тоа прашање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/karakachanov-bugarija-nema-problem-so-predlogot-republika-ilindenska-makedonija/feed/ 0