република србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 02 Oct 2023 12:28:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png република србија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вучевиќ: Ако наредеше претседателот Вучиќ,ќе влезевме на територијата на Косово, но ќе го известевме КФОР https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/#respond Mon, 02 Oct 2023 12:28:00 +0000 https://kurir.mk/?p=884248

Министерот за одбрана Милош Вучевиќ на прес-конференција изјави дека доколку српските вооружени сили добијат наредба од претседателот на Србија, како врховен командант, „да влезат на територијата на Република Косово, како дел од Република Србија, Војската на Србија ќе ја извршат таквата задача ефикасно, професионално и успешно“, јави дописникот на МИА од Белград. -Во сите овие години, војниците на КФОР никогаш не преминале на територијата на Србија, ниту пак српската армија го направила тоа без дозвола на КФОР. Војската на Србија никогаш не прекршила никаков договор и тоа не е техничка туку суштинска информација. „Има систематска кампања против српската армија, против нејзиното распоредување на територијата на Србија. Доколку српските вооружени сили добијат таква наредба од претседателот на Србија како врховен командант да влезат на територијата на Косово, српските вооружени сили ќе извршат таква задача“, посочи Вучевиќ и додаде дека таквата можна задача би да се спровела професионално и секако однапред би се најавила на КФОР затоа што - „ние ништо не работиме зад грб“. Тој додаде дека немало обука на никакви терористички сили или каков било упад на територијата на Косово. -Според таа логика, морам да ги прашам сите, пред се Курти и неговите соизвршители, што ќе правиме со тоа што албанската полиција на Косово или таканаречената косовска полиција го користи истото српско оружје, праша Вучевиќ. Тој покажа фотографии на кои се гледаат, како што тврди, косовски полицајци и специјалци со пушки М70, автомати М72 и друго оружје произведено во Србија, нагласувајќи дека Србија не им ги продавала тие пушки. -Дали од таа аналогија произлегува дека Србија ја обучувала и вооружувала албанската косовска полиција да пука во Срби? Логично е Србите да имаат српско оружје, но од каде им на албанските полицајци наше оружје, праша Вучевиќ. Тој рече дека истото оружје и воена опрема може да се најде насекаде на територијата на поранешна Југославија и дека затоа е „целосна глупост“ да се тврди дека државата Србија, Министерството за одбрана и српската војска учествувале „во она што некои нарекуваат терористички акти“.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchevik-ako-naredeshe-pretsedatelot-vuchik-ke-vlezevme-na-teritorijata-na-kosovo-no-ke-go-izvestevme-kfor/feed/ 0
Вучиќ синоќа разговараше со Борел и Тајани, за денеска закажа состаноци со амбасадорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-sinoka-razgovarashe-so-borel-i-tajani-za-deneska-zakazha-sostanotsi-so-ambasadorite-na-kvinta-eu-rusija-i-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-sinoka-razgovarashe-so-borel-i-tajani-za-deneska-zakazha-sostanotsi-so-ambasadorite-na-kvinta-eu-rusija-i-kina/#respond Tue, 30 May 2023 06:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=840215

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, синоќа телефонски разговараше со високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, и со потпретседателот на Советот на министри и министерот за надворешни работи на Република Италија, Антонио Тајани, а за денеска закажа состаноци со амбасадорите на Квинта, ЕУ, Русија и Кина, јави дописникот на МИА од Белград. - Вучиќ во телефонскиот разговор со Борел и Тајани ги информираше соговорниците за она што се случува на Косово и Метохија и рече дека тоа го организирал Албин Курти и дека тоа сите го знаеме со денови, поради што ги замолил Борел и Тајани да го вразумат Курти. Претседателот Вучиќ, исто така, посочи дека Србија и Србите ќе направат се за да ги зачуваат мирот и стабилноста, соопшти прес службата на Вучиќ. Српскиот претседател за денеска закажал средби со амбасадорите на земјите на Квинта-САД, Велика Британија, Франција, Германија и Италија, како и со шефот на делегацијата на ЕУ во Белград. По нив закажана е средба и со амбасадорите на Руската Федерација и на Кина.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vuchik-sinoka-razgovarashe-so-borel-i-tajani-za-deneska-zakazha-sostanotsi-so-ambasadorite-na-kvinta-eu-rusija-i-kina/feed/ 0
САД и дала на Црна Гора 55 милиони долари за да се дистанцира од Милошевиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-i-dala-na-crna-gora-55-milioni-dolari-za-da-se-distancira-od-miloshevikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-i-dala-na-crna-gora-55-milioni-dolari-za-da-se-distancira-od-miloshevikj/#respond Wed, 05 Sep 2018 10:55:43 +0000 https://kurir.mk/?p=96615

Администрацијата на поранешниот американски претседател Бил Клинтон им давала значајна политичка и финансиска поддршка на црногорските власти откако претседателот на Демократската партија на социјалистите (ДПС) Мило Ѓукановиќ се дистанцирал од политиката на Слободан Милошевиќ, пишува локалниот весник „Вијести“. Според весникот, тоа може да се заклучи од документи кои кон крајот на минатата недела биле објавени на сајтот „Претседателска библиотека и музеј на Бил Клинтон“, во кои се наведува дека администрацијата на поранешниот претседател на САД само во 1999 година ја помогнала Црна Гора со 55 милиони долари. - 20 милиони од тоа беше техничка и хуманитарна поддршка, а 35 милиони платен биланс, изјави на 9 декември 1999 година Џејмс Добинс, специјален советник на претседателот и на државната секретарка Медлин Олбрајт, задолжен за Косово и примена на Дејтонскиот договор. Добинс тогаш изјавил дека САД ги поддржуваат политичките и економските реформи што се спроведуваат во Црна Гора и дека земјата би можела да послужи како пример за останатите делови на тогашна Југославија. Тогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт имала состанок со црногорскиот претседател во крајот на 1999 година во Берлин на маргините на состанокот на шефови на дипломатии на осум најразвиени држави во светот и тие двајца во следните години разговарале и во Рим што се гледа од достапните податоци за состаноците на американскиот претседател и државниот секретар. Наведено е дека пред почетокот на бомбардирањето на НАТО во 1999 година советникот на Клинтон за национална безбедност Семјуел Бергет подготвил документ за воените операции на Косово а во кои за Олбрајт бил наменет делот за Црна Гора. Во документите се нагласува и дека Белата куќа се трудела за прашањето за стабилноста на Црна Гора во 2000 година да разговара со тогашниот и сегашен руски претседател Владимир Путин. - Многу држави од Г-8 особено наши сојузници во НАТО и ние самите сме загрижени поради напорите на Милошевиќ да го дестабилизира регионот, не само Црна Гора туку и многу пошироко, затоа очекувам во текот на работната вечера и билатералките со претседателот Путин да се спомене прашање за стабилноста на Балканот и дека претседателот ќе нагласи важност дека се залагаме за зачувување на демократската Влада на Ѓукановиќ, рече тогашниот државен секретар Стајнберг. Црна Гора била тема на повеќе телефонски разговори на Клинтон со британскиот премиер Тони Блер и германскиот канцерал Герхард Шредер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sad-i-dala-na-crna-gora-55-milioni-dolari-za-da-se-distancira-od-miloshevikj/feed/ 0
Србија ќе бара воени станови и оружје од другите поранешни југословенски републики https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-bara-voeni-stanovi-i-oruzje-od-drugite-poraneshni-jugoslovenski-republiki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-bara-voeni-stanovi-i-oruzje-od-drugite-poraneshni-jugoslovenski-republiki/#respond Mon, 03 Sep 2018 07:58:48 +0000 https://kurir.mk/?p=95546

Србија во поранешните југословенски републики оставила над илјада воени станови, но и подвижен воен имот, што е запленет при повлекувањето на ЈНА. Колкава е вредноста на тој имот, но и на оној кој го бараат поранешните југословенски републики, ќе се знае на 13 септември, на состанокот на Меѓуесорската работна група за спроведување на Анексот А од Договорот за сукцесија, објавија „Новости“. Тоа е прв состанок на тема Анекс А од кога почна делбата, а домаќин е Белград. Се очекува дека на собирот ќе биде поставена рамката за натамошните преговори, дека ќе се излезе со податоци за тоа што спаѓа под воен имот и кој што бара. Најголеми барања имаат Србија и Хрватска. Хрватските експерти во Министерството за одбрана проценуваат дека вредноста на имотот на поранешната Југословенска армија изнесува 70 милијарди долари, од кои Загреб бара 10 милијарди - осум од Србија и две од Црна Гора. Меѓу другото, Хрватите бараат тенкови, артилерија, подморници, бродови ... Колку нивната проценка е точна, ќе покажат архивите на поранешната СФРЈ, бидејќи, како што очекуваат претставниците на поранешните републики од Белград, во таа прилика треба да се отвори документацијата која му припаѓала на поранешниот Сојузен секретаријат за народна одбрана, складирана во Србија, наведува весникот. Инаку, според Договорот за сукцесија од 2004 година, недвижниот имот (касарни, воени команди, одморалишта), се пренесува на државата сукцесионер на чија територија се наоѓа, па тоа не би требало да биде тема на разговор. Загреб досега единствен истапи со барања но и натаму не именува свој претставник во Мешовитата работна група. Од февруари, кога првпат е најавен собир во Белград, има барања од Хрватска за повеќе од 500 тенкови, за хеликоптери, канадери...Како што тврдат, повеќе од 80 проценти од флотата од поранешната југословенска морнарица завршиле во Бока Которска, а од Црна Гора во натура се бара враќање на школскиот брод „Јадран" и „Миг-21“ на Рудолф Перешин. Воениот аналитичар Александар Радиќ истакнува дека сукцесијата на имотот на поранешна ЈНА ќе биде исклучително тешка задача. Според него, Хрватите, како и другите соседи, ќе излезат со ставот дека Србија од ЈНА земала се за себе, а со тоа и честопати се манипулира со вредноста на имотот, а особено со воената техника. Копјата особено ќе се кршат околу становите со кои располагаше ЈНА во сите републики, наведува тој во изјава за весникот. Според тврдењата на Сава Штрпац од „Веритас“, само во Хрватска, Србите - цивили, воени лица и полиција, оставиле меѓу 40.000 и 50.000 станови, од кои немал дел припаѓал на армијата, а засега само 2.000 барања од програмата за домување се позитивно решени. -Хрватите инсистираат на тоа дека најголем дел од научните капацитети на ЈНА и припаднале на Србија - пред сè, Военотехничкиот центар во Жарково, Техничко-истражувачкиот центар, Воено-медицинската академија (ВМА)... И тука треба да се очекува да има некој вид барање или предлог за компензација", вели Радиќ. Според него, Словенците се посебен проблем, бидејќи  ЈНА при повлекувањето од оваа република, во октомври 1991 година, остави дел од оружјето и техниката да ги чуваат локалните власти. Имаше договор, орочен до завршувањето на сукцесијата на државниот имот, но тоа прашање никогаш не беше затворено до крај. Најмалку проблеми треба да има со Македонија, бидејќи, според договорот, таа земја се откажа од сите барања за имотот на Армијата, нагласува весникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/srbija-kje-bara-voeni-stanovi-i-oruzje-od-drugite-poraneshni-jugoslovenski-republiki/feed/ 0
РТС: Приштина тврди дека почнала подготовки за демаркација на границата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/#respond Mon, 20 Aug 2018 13:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=89948

Членовите на Комисијата на косовска влада за демаркација на границата, со собирање документација, почнаа со подготовки за обележување на линијата со централна Србија, изјави претседателот на комисијата Шпејтим Булиќи. Тој додаде дека „не гледа пречка за обележување на граничната линија", јави РТ Србија, повикувајќи се на приштински медиуми. - Подготовките во Комисијата, собирање документација и изготвување на стратегијата, започнаа по барање на косовскиот премиер Рамуш Харадинај. Во оваа ситуација има одредени промени во граничните линии што се случија во одредени периоди. Но, сите тие промени што се случија на граничната линија, се покриени со документација и политички одлуки од одредени периоди, рече Булиќи. Може да се очекува дека на следниот состанок на косовскиот претседател Хашим Тачи и српскиот претседател Александар Вучиќ во Брисел да се разговара за прашањето за корекција на границите, јави РТС. Приштинските аналитичари истакнуваат дека ниту една институција нема право да одлучува за територија, федерации, мир, надворешен долг, освен косовското Собрание. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rts-prishtina-tvrdi-deka-pochnala-podgotovki-za-demarkacija-na-granicata/feed/ 0
Блокада за поглавјето 31 во преговорите со Србија поради односите со Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blokada-za-poglavjeto-31-vo-pregovorite-so-srbija-poradi-odnosite-so-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blokada-za-poglavjeto-31-vo-pregovorite-so-srbija-poradi-odnosite-so-rusija/#respond Thu, 16 Aug 2018 10:10:14 +0000 https://kurir.mk/?p=88508

Литванија ќе ја блокира Србија за отворањето на поглавјето 31 во преговорите, поглавје кое се однесува на надворешната политика, изјави српската министерка за европска интеграција, Јадранка Јоксимовиќ во интервју за „Вечерње новости“. За Литванија проблематично е одбивањето на Србија да воведе санкции против Русија, согласно одлуката на ЕУ по анкесијата на Крим и војната во Украина. Министерката не посочи дали други земји ја поддржуваат одлуката на  Литванија. Таа додаде дека иако обично поглавјето 31 не е тешко поглавје, меѓународните односи стануваат се покомплексни, а од земјите кандидатки се очекува да ја усогласат својата надворешна политика со таа на ЕУ, не само кон Русија, туку и сите други земји. Од Европската комисија за МИА не ја потврдуваат оваа информација истакнувајжи дека скрининг извештајот за поглавјето 31 му е презентиран на Советот, како што е ред пред отворањето на секое поглавје за преговори. - Советот се уште не ги завршил дискусиите за скрининг извештајот и поради тоа исходот од скринингот се уште не и е соопштен на Србија. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/blokada-za-poglavjeto-31-vo-pregovorite-so-srbija-poradi-odnosite-so-rusija/feed/ 0
Стефановиќ: Барањето за апсење на Вучиќ е повик за пуч https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-baranjeto-za-apsenje-na-vuchikj-e-povik-za-puch/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-baranjeto-za-apsenje-na-vuchikj-e-povik-za-puch/#respond Mon, 13 Aug 2018 11:00:34 +0000 https://kurir.mk/?p=87306

Потпретседателот на српската Влада и министер за внатрешни работа Небојша Стефановиќ изјави дека барањето на опозицијата за апсење на претседателот на Србија, Александар Вучиќ претставува „повик за пуч“. - Не сакам да се мешам во работата на Обвинителството и на судовите. Но, тука јасно се препознава кривично дело и повик за уривање на уставниот поредок и на законите. Ако тука не препознаат таквото дело, не знам каде ќе го препознаат, изјави Стефановиќ на ТВ Пинк. Според Стефановиќ, како што јави дописникот на МИА од Белград, повикот до полицијата и војската да го уапсат Вучиќ е „повик за пуч и крвопролевање, со што и се нанесува штета на Србија“. Тој обвини дека лидерите на здружената опозициска коалиција Сојуз за Србија, Драган Ѓилас, Вук Јеремиќ и Бошко Обрадовиќ претставуваат „октопод што сака да се врати на власт“ и кои неможејќи да ја добијат поддршката на народот на избори, својата шанса ја гледаат во насилното преземање на власта, без да размислат за последиците. - Опозицијата не ја интересира што мислат граѓаните на Србија. Тие никогаш не биле во Косово. Ако Србија не се бори за својот народ, ќе дојдеме во состојба таму повеќе да немаме народ. Ние немаме никаков договор и Вучиќ трпи критики поради нешто што би можело да биде најмногу што може да се извлече„ констатираше Стефановиќ. Поводот за оваа негова реакција беше објавениот твит на лидерот на опозициската партија Двери, Бошко Обрадовиќ со кој ги повика српската Војска и полицијата да го уапсат Вучиќ поради изјавата дека е за разграничување со Албанците. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stefanovikj-baranjeto-za-apsenje-na-vuchikj-e-povik-za-puch/feed/ 0
Захарова: Русија ќе прифати секакво решение за Косово, прифатливо за Србите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaharova-rusija-kje-prifati-sekakvo-reshenie-za-kosovo-prifatlivo-za-srbite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaharova-rusija-kje-prifati-sekakvo-reshenie-za-kosovo-prifatlivo-za-srbite/#respond Mon, 13 Aug 2018 09:08:35 +0000 https://kurir.mk/?p=87250

Русија ќе го прифати секое решение за Косово, кое ќе биде прифатливо за српскиот народ, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. - Она што ќе биде прифатливо за српскиот народ околу ова прашање, тоа со почит ќе биде прифатено од наша страна. Но, прашањето е -дали ова е корисно и што ќе биде корисно за народот во Србија, изјави Захарова за РТС, одговарајќи на прашањето за ставот на Русија околу поделбата на Косово. На прашањето дали претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп разговарале за Косово, Захарова одговори дека по последната нивна средба била објавена таква инфромација, која, според неа, е лажна вест. - Тоа се лажни вести, типични лажни вести, изјави Захарова. Таа нагласи дека ставот на Русија во однос на косовското прашање е доследен. - Тој став се гради од три компоненти - меѓународно правна основа за тоа што се случува на Косово, почитувањето на суверенитетот на Србија и независноста на српското заканодавство и разбирањето на интересите на Србија како држава и на народот, истакна Захарова. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zaharova-rusija-kje-prifati-sekakvo-reshenie-za-kosovo-prifatlivo-za-srbite/feed/ 0
Халими: Обединување со Прешевската Долина треба да го иницира косовското Собрание https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halimi-obedinuvanje-so-preshevskata-dolina-treba-da-go-inicira-kosovskoto-sobranie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halimi-obedinuvanje-so-preshevskata-dolina-treba-da-go-inicira-kosovskoto-sobranie/#respond Mon, 13 Aug 2018 09:06:16 +0000 https://kurir.mk/?p=87246

Претседателот на Партијата за деморкатско дејствување (ПВД) од Прешевкста Долина, Риза Халими смета дека можното припојување на оваа територија со Косово би претставувало исполнување на дамнешните амбиции на Албанците од тој регион, но има резерви за времето во кое се појави овој предлог, јави дописникот на МИА од Приштина. Халими во интервју за денешниот број на „Коха Диторе“ истакнува дека, наместо од косовскиот претседател Хашим Тачи, овој предлог требаше да потекне од косовското Собрание, како орган со полн демократски легитимитет. - Актуелниот предлог е нејасен, непрецизен и неконкретизиран во поглед на чекорите, кои треба да се преземат и начинот на реализација, изјави лидерот на ПДВ. Тој бара во финалната фаза на преговорите меѓу Приштина и Белград во Брисел, каде се очекува да се разговара за Прешевска Долина, да учествува и еден нејзин претставник. Сегашниот предлог, според Халими, е во извесна смисла парадоксален, имајќи ги предвид принципите на Контакт групата за неменливост на границите. - Останува отворена опасноста, доколку Косово ги прекрши овие принципи, преседанот да се искористи од Република Српска, која одамна бара отцепување од Босна и Херцеговина, изјави Халими, кого весникот го претставува како „ветеран на политичката сцена во Прешевската Долина“. Халими инисистира на тоа „да се разјасни актуелниот предлог“ и вели дека Албанците од регионот на Прешево, Медвеѓе и Бујановец се непоколебливи во барањето да се зачува територијалниот интегритет на Долината, независно од тоа каков договор ќе постигнат Косово и Србија. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/halimi-obedinuvanje-so-preshevskata-dolina-treba-da-go-inicira-kosovskoto-sobranie/feed/ 0