република срцепарателна македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Aug 2021 14:46:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png република срцепарателна македонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Република Срцепарателна Македонија https://arhiva.kurir.mk/kolumni/republika-srceparatelna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/republika-srceparatelna-makedonija/#respond Fri, 27 Aug 2021 10:32:35 +0000 https://kurir.mk/?p=555580

Деновиве дознавме дека Талибанците и не биле така лоши. Едни џелати од Исламска држава Хорасан ги засенија, па тоа Талибанците испаднаа бајчиња, душички дека биле. Да, малку пред тоа дознавме дека и Заев, верувале или не,  имал големо срце. Знаевме дека имаат огромни џебови и голема желба за пари и тендери, ама за срцето не знаевме. Да, многу бил хуман црпнатиот премиер, човекољубец невиден. Само штета, што во тоа наводно големо срце, немало место само и единствено за Македонците... И тогаш, ни светна чуму послушникот му Шилегов, најлошиот градоначалник во светот и пошироко, не сака споменик на Мајка Тереза. Пуститот штитеник да ти го заштитувал врховниот си лидер и најголем Самариќанин, Муртинориќанин ли беше... Да, Шики, човекот познат како оној што е нон-стоп пијан откако се откажа од алкохолот, не дозволува конкуренција за Зоче, па не допушта некоја си мајка таму да го ремети и да му парира на Татко Заев. Гарант ЗЗ и вера во 90-те сменил заради доброчинителството кое му во крва што му врие, па од протестант станал православец. Не од бизнис-интерес, јок. ЗЗ не е лукративно и  крајно, ултра опортунистичко типче, нека не ве лаже изгледот и дејанијата му непрокопсани. Се работи за лажна перцепција. Како и секогаш, нели? На истата таа хуманост, најнеспособните владејачи во светот се вадеа и за време на пожарите, ви текнува? Она, кога командаа од по одмори со гаснењето на огнената стихија, па сфатија дека ја заебаа тоталка работата и мораа да смислат како да се извадат. И така, генерал Ќерамида смисли дека „не е битно колку шума ќе изгори, битно е човек да не загине“, а Зоза улета од одмор во гаснење пожар во Будинарци. Кој гореше една недела по неговиот спасувачи ангажман... Затоа, не не’ изненадува новиот душегрижнички наплив на Зорановите хуманитарни изливи. Не дека најкорисните идиоти се само бедни сервилни поклоници на Фрчковата „меџународна“ и не дека така си купуваат време за да го продолжат одамна им изминатиот рок на употреба на владеење, нееее, никако. Не дека е крајно парадоксално што најсиромашната и најнебезбедна земја во Европа и пошироко урива рекорди во прием на бегалци, јок. Не дека Заевци не можат на сопствениот народ и граѓани да им обезбедат егзистенција, па сите бегаат од Македонија, а тие примаат ли примат бегалци во земјата од која сите бегаат. Не, нема тука никакви контрадикторности, јачање, парадокси или забеганост. „Скроз“ јок. Тие се само најголеми филантропи, не се виновни Заевци што се толку добри. Ко ќе ви „текне“, гарант и името на државата го сменија од прекумерна „доброќа“ и оти ни мислат добро, исто е и со двојазичноста, со марихуана плантажите, со рекордната корона-смртност, со пола изгорена Македонија, со сиромаштијата и економијата на колена. Затоа на два дена Устав и закони газат, дека се хумани, добри, не им лесно, ама ич...     И кога веќе менуваа име, можеа да бидат и поинвентивни, башка подобро да им одговара на хуманистиве душегрижнички. Можеше пак да биде и на она „С“, но не вака без везе со страната контра јужната. Можеше да бидеме она што во моментот со Заевци и сме. Држава, која кога ќе видите како функционира, едноставно, се потресувате и добивате инстант желба за плачење. Не дека сме катастрофа и дно-дна на секое можно поле, не. Ви се плаче заради добродушноста и голмото срце на Заевци. Едноставно, една и единствена РЕПУБЛИКА СРЦЕПАРАТЕЛНА МАКЕДОНИЈА...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/republika-srceparatelna-makedonija/feed/ 0