република – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 25 Oct 2021 20:31:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png република – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Анкета на Република: Граѓаните бараат промена на актуелната власт- незадоволни од економијата, од здравството, образованието, судството, високата корупција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-republika-gragjanite-baraat-promena-na-aktuelnata-vlast-nezadovolni-od-ekonomijata-od-zdravstvoto-obrazovanieto-sudstvoto-visokata-korupcija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-republika-gragjanite-baraat-promena-na-aktuelnata-vlast-nezadovolni-od-ekonomijata-od-zdravstvoto-obrazovanieto-sudstvoto-visokata-korupcija/#respond Mon, 25 Oct 2021 20:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=585365

Доколку наредната недела има нови парламентарни избори поголем дел од граѓаните би излегле да гласаат, покажува последната анкета спроведена од Агенцијата Ипис за потребите на Прва Република. Главно граѓаните се незадоволни од актуелната власт. Не се задоволни од реформите во основното образование, незадоволство искажуваат и од досегашната работа на власта во реформите во судството, од борбата против корупцијата и криминалот, како и од економската состојба и животниот стандард. Голем е процентот на оние кои се изјасниле дека власта не се справила добро со корона вирусот во земјава. Генерално, граѓаните сметаат дека треба да се промени актуелната Власт во Македонија, бидејќи работите се движат во погрешна насока. На прашањето дали би излегле на гласање доколку следната недела има нови парламентарни избори, 512 испитаници од вкупно 1089, или поточно 47 отсто се изјасниле дека со сигурност ќе гласаат.11,8 отсто рекле дека најверојатно ќе гласаат, а 11,5 отсто се изјасниле дека со сигурност нема да излезат на гласање. 10, 3 отсто пак се колебаат, но поголема е веројатноста да не излезат на избори. Економијата, невработеноста, платите, пензиите, животниот стандард е најголемиот проблем во државата кој треба итно да се реши, сметаат испитаниците. Дури 56,2 отсто, на прашањето кои се двата најголеми проблеми во Македонија кои мора под итно да се решат, ја посочиле економијата, потоа следува здравството и КОВИД кризата со 8,8 отсто, а трет проблем е криминалот, корупцијата и непотизмот – 6,3 отсто. Постои незадоволство кај граѓаните од начинот на кој владата се справува со корона вирусот. 35 отсто од испитаниците воопшто не се задоволни од досегашната работа на власта во справување со корона вирусот. 13,5 се донекаде незадоволни. Само 17,7 отсто се целосно задоволни, а 20,8 донекаде задоволни. Граѓаните не се задоволни од досегашната работа на власта во областа на економијата. 42,7 отсто од испитаниците се изјасниле дека воопшто не се задоволни, а 12,3 се донекаде незадоволни. Само 14,8 отсто сметаат дека досегашната работа на власта во економијата оди во добар правец, Иста е ситуацијата и со борбата со корупцијата и криминалот. 48 отсто од испитаниците воопшто не се задоволни од досегашната работа на власта во борбата со корупцијата и криминалот, а 10,8 отсто донекаде се незадоволни. Задоволни се 9,8 отсто од испитаниците, а 13,1 се донекаде задоволни. 42,1 отсто од испитаниците воопшто не се задоволни од досегашната работа на власта во реформите во судството, а 12,9 отсто се донекаде незадоволни. Целосно задоволни се 14 отсто, а донекаде задоволни се 11,8 отсто од испитаниците. Поделено е мислењето на граѓаните околу спроведувањето на пописот. 25,2 отсто се целосно задоволни од досегашната работа на власта во врска со пописот, а 24,6 отсто пак воопшто не се задоволни. 40,9 отсто од испитаниците воопшто не се задоволни од досегашната работа на власта во реформите во основното образование, а 10,3 отсто се донекаде незадоволни. Целосно задоволни се 14,8 отсто, а донекаде задоволни се 15,1 отсто од испитаниците. На прашањето дали сметаат дека треба или не треба да се промени актуелната власт во Македонија, дури 49 отсто од испитаниците се за промена, а дека треба да остане се изјасниле 30,1 отсто. Над 50 отсто од граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока. 30 проценти се изјасниле дека е правилна насоката во која се движи Македонија, а 19,7 отсто немале одговор на ова прашање. Институтот за Политички Истражувања во периодот помеѓу 18 и 20 октомври 2021 спроведе истражување за потребите на ДНИД ПРВА РЕПУБЛИКА ДОО СКОПЈЕ. Истражувањето беше спроведено на 1089 испитаници со користење на случаен примерок кој беше стратификуван со цел да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна поделба на испитаниците според местото на живеење, при што Скопје беше земено како посебна целина заради своите карактеристики. НАПОМЕНА: Одговорите ја одразуваат демографската структура на испитаниците, нивните преференци и ставови. Сите истражувања на Институтот се подложни на маргинална грешка која изнесува +/- 3% со интервал на доверба од 95%. Сите резултати претставени во извештајот можат да се движат во наведениот интервал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/anketa-na-republika-gragjanite-baraat-promena-na-aktuelnata-vlast-nezadovolni-od-ekonomijata-od-zdravstvoto-obrazovanieto-sudstvoto-visokata-korupcija/feed/ 0
Барбадос се откажува од кралицата Елизабета, сака да стане република https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/#respond Wed, 16 Sep 2020 12:05:38 +0000 https://kurir.mk/?p=404026

Барбадос сака да ја отстрани британската кралица Елизабета Втора од чело на државата и да стане република, објави денеска Владата на оваа карипска држава. – Дојде време целосно да го напуштиме своето колонијално минато, рече гувернерот на Барбадос, Сандра Мејсон, обраќајќи се во име на премиерката Миа Мотли. Поранешната британска колонија, која се стекна со независност во 1966 година, задржа формална врска со британската монархија, како и некои други држави, кои некогаш беа дел од британската империја. Гувернерката рече дека граѓаните на Барбадос сакаат некој од тој остров да биде шеф на државата. – Тоа е крајниот израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и ќе стане република до одбележувањето на 55-годишнината од независноста, рече таа. Барбадос ќе ја одбележи годишнината од независноста во ноември следната година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/barbados-se-otkazuva-od-kralicata-elizabeta-saka-da-stane-republika/feed/ 0
Франција денес чествува 150 години од прогласувањето на Републиката https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/#respond Fri, 04 Sep 2020 08:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=399074

Шефот на фрацуската држава Емануел Макрон денеска организира церемонија во Пантеон за одбележување на 150-годишнината од прогласувањето на Третата Република, на 4 септември 1870 година, јави дописникот на МИА. Пред 150 години, Леон Гамбета ја прогласи Републиката (трета по ред) од градското собрание на Париз, два дена по поразот на Наполеон III кај Седан. Оттогаш, овој датум, 4 септември 1870 година се слави малку, а се помалку под Петтата република. Де Гол го одбележа тоа во 1958 година на плоштадот на Републиката, искористувајќи ја можноста да го претстави својот Устав, а потоа Помпиду ја славеше стогодишнината во 1970 година, во градското собрание. За 150-годишнината од основањето на Републиката, Емануел Макрон го избра Пантеон, каде ќе одржи „борбен говор“ за да ги брани „републичките вредности“, пред да претседава со церемонијата за натурализација на пет лица. -Тоа е неправедно заборавен датум што претседателот одлучи да го одбележи, објаснува Елисејската палата. Но, преку историјата, шефот на француската држава пред се има намера да испрати неколку политички пораки. -Претседателот смета дека денеска, со оглед на дебатите што го возбудуваат нашето општество, има императивна потреба да се врати овој датум во центарот на вниманието и да се слави Републиката, објаснува неговото опкружување. Затоа, тој ќе зборува за „републиканските принципи, слобода, еднаквост и братство“, но, исто така, и за „секуларизмот и слободата на мислење“ и да ги осуди „опскурантите сили“ и „самозатворањето во етничките, религиозни и други заедници“. После дебатите за отстранување на одредени статуи, Емануел Макрон „многу ќе инсистира на фактот дека историјата на Франција е блок што не може да се подели“, се вели од Елисејската палата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francija-denes-chestvuva-150-godini-od-proglasuvanjeto-na-republikata/feed/ 0
Република: Се моли медиумскиот партиски џган да не ја става „Република“ во уста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-se-moli-mediumskiot-partiski-dzgan-da-ne-ja-stava-republika-vo-usta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-se-moli-mediumskiot-partiski-dzgan-da-ne-ja-stava-republika-vo-usta/#respond Sun, 12 Jul 2020 17:11:32 +0000 https://kurir.mk/?p=374730

Медиум за информирање на јавност или застапник на СДСМ. Порталот, или можеби подобро кажано, парапорталот А1 он се стави во улога на портпарол, па дури и правен застапник на СДСМ, па почна да „попува“, да исправа криви дрини, да открива некакви тајни заговори. Порталот кој, спротивно на Изборниот законик неодамна објави анкета, во која не беше наведен нејзиниот нарачател, денеска се стави во одбрана на лидерот на СДСМ Зоран Заев, па почна да објаснува и да дешифрира што зборувал Заев, а што тој зборувал во бомбата која е многу побитна од едно „марш“ или „важи“, пишува порталот Република. И не ќе беше наша работа да зборуваме за тоа што го направи А1 он, доколку, сосема непотребно, не беше спомената и „Република“. Бомбата, која беше објавена денеска на јутјуб канал, пренесена од повеќе медиуми, нема никаква поврзаност со „Република“, освен што истата како информација беше пренесена на читателите. Но, затоа, А1oн во самиот текст ја вметна и „Република“ потсетувајќи за грешка која сосема случајно беше направена во текот на вчерашниот ден. Да точно, комуникацијата на редакциско ниво, меѓу уредник и новинар се најде во самиот текст кој беше објавен на порталот. Грешката беше исправена по само неколку минути, но очигледно, некој во овој хаос од текстови и информации во предизборието, на самиот крај од изборната кампања, наоѓа време да лови ненамерни грешки во секунда по објавување на вестите. Кој работи, греши. Ние ја признаваме грешката! Но, веруваме дека инструкции, како што напиша А1он, добива секој новинар од претпоставениот. Ништо ново, ништо непознато, ништо спорно. Но, новинарската пракса не познава медиум кој ја има улогата на портпарол на политичка партија. Но, А1он тоа го познава и дрско го работи. Откако објавија анкета за изборните рејтинзи, без притоа да наведат кој е нарачателот на истата, се јави СДСМ. Неколку дена подоцна испрати резултати од испитувањето на јавното мислење спроведено од Брима Галуп, и „по некоја случајност“ се работеше за истата анкета за која со денови се трагаше кој е нарачателот, како А1он стигна да објави резултати на анкета која ја нема нарачно… А1он не почувствува потреба да објасни на читателите и на целата јаност зошто објави анкета спротивно на изборниот закони, но затоа почувствува потреба да објави текст дека на „Република“ и се протнала интерна преписка во објавен текст. Почувствува потреба и да го испере Зоран Заев за последната бомба, па да објаснува што збори тој, дали некој погрешно слуша или не, дали некој правилно го толкува Зоран Заев или не. За очајниот потег на перење да биде уште посмешен, половина час по А1 он се јави и СДСМ. Соопштение небаре препишано од „откритието“ кое го објави А1 он. Видеото ѝ е достапно за јавноста, па секој сам може да процени што лидерот на СДСМ зборува. Дали вика марш или важи, дали ги познава Димишкови или не. А зошто А1он се најде прозван да толкува, си знае самиот медиум, како што веројатно си знае од која причина ја спомена „Република“ во истиот текст. Инструкцијата беше таква? За нивниот потег судат читателите во коментари под самиот текст. Сериозни сте со смешниве обиди да го одбраните Заев? Дај бе не се глупирајте… A1on.mk колку ви уплатија, во редакцијата или на некоја друга, сметка, за да застанете банално да ги браните?…се само дел од коментарите на социјалните мрежи под текстот шеруван од трана на А1 он, пишува Република. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-se-moli-mediumskiot-partiski-dzgan-da-ne-ja-stava-republika-vo-usta/feed/ 0
Шекеринска лаже! „Република“ не се извинила и нема да се извини! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-laze-republika-ne-se-izvinila-i-nema-da-se-izvini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-laze-republika-ne-se-izvinila-i-nema-da-se-izvini/#respond Mon, 22 Jun 2020 18:07:55 +0000 https://kurir.mk/?p=361093

„Република“ ги измешала конците и се извини – вака гласеше изјавата на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска во вечерашното ТВ дуел со нејзиниот колега од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. И Шекеринска повторно лаже. Јавно, на телевизија, во дебата, таа изнесува невистини, зборува лаги…, објвавува Република. Малку безобразно од ваша страна. Некој тука ги измешал конците, но тоа не сме ние, госпоѓо Шекеринска. Очигледно Вие сте ги измешале конците. Еве повелете, посочите кога, на кого, во која ситуација сме се извиниле? Ви тврдиме дека очигледно „Република“ ви е болната точка. Се обидувате постојано со закани, уцени и казни да не замолчите. Како партија изнесовте многу невистини за „Република“, говоревте пред вратата на редакцијата, раскажувавте приказни, во која, веројатно, намерно ги измешавте конците. И замислете вие не сте мислеле за нашата „Република“, случајно вашите сопартијци ги пративте тука. Епа госпоѓо Шекеринска тоа е разкажување приказни за јавност прикажувајќи ги работите како што вие сакавте да бидат, а не како што реално се… Но и тоа не не замолчи! Нема да не замолчат вашите закани, вашите лаги и обиди за притисок врз медуим кој е критички настроен кон работата на власта. Каде е сега вашиот тим за лажни вести да ја санкционира вашата лага?! Или лага е само она што не и одговара на Власта. Уште еднаш, да не разберете погрешно, па повторно да мислите дека ви се извинуваме за нешто. Не госпоѓо Шекеринска, не сме се извиниле. Особено не сме ви се извиниле вам. Да, наша обврска е да објавиме демант и тоа го правиме секогаш кога вие или било кој друг ќе испрати реакција за објавен текст. Но објавувањето на демантот е дел од нашиот професионален настап, а не некакво признание дека објавениот текст е лага. Значи некој лаже, а воопшто не е исклучено дека вие лажете во демантот. Но ние професионално и етички го објавуваме и тоа, па дури и кога со сигурност знаеме дека лажете во него. Но да расчистиме некои работи. Објавувањето на демантот не е извинување. Демантот е став на споменатата страна во одреден текст. Демантот не е ниту извинување, ниту вистина. И самата знаете колку неискрени деманти сте испратиле до нашата редакција… Како, на пример, вашиот демант откако го објавивме исказот на сведокот од случајот „Рекет“, за кој дури и обвинителката потврди дека е веродостоен… Е тогаш вие лажевте, ама ние демантот ви го објвивме. И тогаш госпоѓо Шекеринска искоментиравме… толку многу гнев во една навидум кревка жена… Жално. И денеска повторно истото го мислиме! Толку многу гнев и толку многу невистини. Нејсе, ваши се!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shekerinska-laze-republika-ne-se-izvinila-i-nema-da-se-izvini/feed/ 0
„Република“ го доби спорот со Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-go-dobi-sporot-so-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-go-dobi-sporot-so-obvinitelstvoto/#respond Wed, 06 Mar 2019 12:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=171929

Владата врши притисок врз медиумите со чија уредувачка политика не се согласува, притоа користејќи го Јавното обвинителство, пишува „Република“ Неделникот го доби спорот со Обвинителството откако беше поднесена кривичната постапка против „Република“ од страна на Јавното обвинителство. -Судот, без никакво известување и покана до обвинетиот, без ниту едно одржано судско рочиште, изрече уште една парична казна за истото дело. И не само тоа. Изрече и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман. Да бидеме јасни. Посочените во текстот не ја негираат содржината на истата, ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Се суди за објавување на нивните лични имиња, пишува „Република“. Целото образложение со документација, погледнете го на РЕПУБЛИКА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-go-dobi-sporot-so-obvinitelstvoto/feed/ 0
Притисокот врз Република кулминира – власта ги контролира медиумите и на Фејсбук https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-republika-kulminira-vlasta-gi-kontrolira-mediumite-i-na-fejsbuk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-republika-kulminira-vlasta-gi-kontrolira-mediumite-i-na-fejsbuk/#respond Thu, 23 Aug 2018 09:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=91097

Власта, Фејсбук и Твитер се покажаа како најжестоки бојкотирачи во претреферендумскиот период. Иако не го прифаќа бојкотот на референдумот како демократско право, доследно го спроведуваат на дело. Секако, моќта ѝ е голема, а раката долга, пишува Република. Постојано се предупредува дека се бришат коментари и профили на лица кои повикуваат на #бојкот на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија, а се бришат и Фејсбук страници на критичките медиуми кои се коректори на политиките на алтуелната власт. Жртва на бојкотот на Фејсбук е и порталот Република.мк. Официјалните Фејсбук страници на порталот, Република onlineRepublika English и Republika Shqip на 14 август беа избришани од Фејсбук без никакво образложение.

Почеток

Проблемите со Фејсбук започнаа на 2 август, што во мал дел влијае врз финансиската состојба на ДНИД Прва Република д.о.о., а во голем дел влијае врз читаноста и посетеноста на медиумот republika.mkenglish.republika.mkshqip.republika.mk. -На 2 август, без никаков повод и причина, бевме исклучени од бизнис-програмата на Фејсбук. Фејсбук ги укина бизнис-профилите на двајцата администратори, со што останавме без можност за увид во сметката, а веднаш потоа, уште истиот ден, ни беше укинат FBIA, инстант артикал. Исто така, Фејсбук не ги реализира своите обврски кон Прва Република за јули, иако финансиски месецот беше заокружен. Треба да се нагласи дека пред да бидеме вклучени во бизнис-програмата на Фејсбук, групацијата вршеше евалуација на нашата дотогашна работа на Фејсбук и бевме оценети како соодветни да се вклучиме, велат од Република во текстот. Сериозен портал со дневни посети од 140.000 до 150.000 -Запознаени сме со строгите правила за споделување на содржини на Фејсбук, ги следиме новостите и ги почитуваме неговите стандарди, па затоа сме непријатно изненадени и затечени зошто без никакво образложение сме неправедно и нелојално оттурнати од Фејсбук како доминантна социјална платформа за комуникација и информирање во Република Македонија, пишува Република во својот текст. Од таму велат дека со ова Фејсбук ѝ нанесе сериозна штета на Република како медиум, без да наведе причина или пак повод. Ударот доаѓа во момент кога политичката ситуација во државата е повеќе од сериозна, а Република има огромно влијание врз јавното мислење. Тоа може да се види од бројот на дневни посети – 140.000 – 150.000, кој во одредени ситуации надминувал и 200.000, што за македонскиот интернет простор е вистинска реткост. Објективното информирање на Република.мк има несомнено големо влијание врз јавното мислење во Република Македонија, а со оглед на актуелната политичка клима во земјата и тековните случувања во пресрет на референдумот за промена на името, ве уверуваме дека сите пријави против Република, доколку постојат, се поттикнати од политички причини. Од Република велат дека нивниот портал НЕ Е ЛАЖЕН портал кој објавува лажни вести, зад него стои правно лице, кое подлежи на сите позитивни и негативни правни прописи во Република Македонија. -Нашите информации се дека станува збор за сериозен политички притисок од власта врз Република за намалување на влијанието врз јавното мислење во пресрет на референдумот за промена на уставното име на Република Македонија. Затоа, мислиме дека Фејсбук е  изманипулиран од политички центри на моќ од Македонија во врска со нашата работа. Нашите политички ставови и уредувачката политика се наше дискреционо право и не очекуваме да им се допаднеме на сите корисници на Фејсбук до кои стигнуваат нашите вести. Не повикуваме на насилство, не шириме говор на омраза, ги почитуваме и ги поттикнуваме етичките и моралните кодекси во новинарството, се вели во текстот на Република. СДСМ врши континуиран притисок врз Република -На ваков притисок со несмален интензитет сме биле изложени и во изминатите години, кога актуелната власт беше опозиција. Јавноста во Република Македонија и дипломатските претставништва на странските земји се запознаени за заканите, уцените, тужбите со кои сме се соочувале, за нападите врз нашите новинари и фоторепортери, за судските процеси кои се водат пред македонските судови и за обидите за дискредитација на уредниците и новинарите на Република, како и со последниот случај на закана, во кој група активисти од Шарената револуција и невладини организации поддржани од Фондацијата „Отворено општество“ бараат од судот директорот на Прва Република д.о.о. да биде осуден со затворска казна од три месеци или една година условна затворска казна, а за текст објавен во неделникот „Република“ во 2016 година, за кој веќе е платена прекршoчна казна, се вели во текстот на порталот. Ова не е првпат Фејсбук по нечиј налог да врши рестрикција на Република. Со промената на власта во 2017 година, а со крупните случувања на политичката сцена, извесен период беа блокирани, умртвени, страниците на кои споделува Република. Разликата е што сега тие се целосно избришани и не постојат на Фејсбук. Симптоматично е што притисокот се врши само врз Република, иако во моментов на интернет просторот во Република Македонија опстојуваат десетици несериозни и сомнителни портали зад кои не стои правно лице, работат од дома и пласираат лажни вести, голотија, говор на омраза и вести со вознемирувачка содржина. -Затоа бевме принудени да закупиме други страници кои се со далеку послаба моќ од страниците на Република градени веќе шест години, велат од Република. За сево ова се известени одредени политички кругови во државата, дипломатските претставништва на странските држави, известена е и Амбасадата на САД. Но, и покрај сево ова, сѐ уште нема никаков одговор за рестрикцијата од Фејсбук, ниту пак промена на нашиот статус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pritisokot-vrz-republika-kulminira-vlasta-gi-kontrolira-mediumite-i-na-fejsbuk/feed/ 0
Владата со нов притисок врз „Република“: Заев демантира личен став (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-so-nov-pritisok-vrz-republika-zaev-demantira-lichen-stav-foto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-so-nov-pritisok-vrz-republika-zaev-demantira-lichen-stav-foto/#respond Fri, 22 Jun 2018 10:22:08 +0000 https://kurir.mk/?p=68539

Од службите на Владата во редакцијата на „Република“ пристигна барање за демант потпишано лично од премиерот Зоран Заев. -Професионално го објавуваме барањето за демант иако се работи за личен став на нашиот надворешен соработник, објавен во рубриката Колумни, во која под секој текст стои јасно видлива забелешката, пишува „Република“. „Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот. Текстот во Република нема за цел да навреди некого лично ниту пак да наштети на нечиј углед. Во текстот е изнесен личен став на авторот, искажан во стил кој е резултат на неговиот авторски порив, а не се изнесени историски факти кои се однесуваат на конкретен настан од минатото. Сметаме дека тоа е во согласност со правото на јавно изразување и слобода на медиуми. Критиката и поинаквото мислење за потегот на Владата не значи лична навреда и омаловажување. Бидејќи во текстот се изнесен личен став, а не се изнесени тврдења или информации чијшто вистинитост или невистинитост може да се докаже или побие со факти, ова барање го сфаќаме како уште еден притисок врз новинарството и врз слободата на изразување, но и конкретно врз нас, како растечки медиум, врз кој СДСМ со години врши политички притисок поради разидувањето во ставовите. Барањето за демант се однесува на првиот пасус на текстот „Денес црни скотови ни ја силуваат нашата мајчичка Република Македонија“, колумна на Алдо Климан, објавена на порталот Република на 17 јуни 2018 година во 12.07 часот.
„Пред очите на сите Македонки и Македонци, потомци на славниот и нескршлив македонски род, и пред очите на целата светска јавност глутница подмолни македонски заговорнички скотови и ѓубриња и острвените грчки фашистоиди и нивните европски и светски помагачи во тој гнасен нецивилизациски чин безмилосно и безумно ја силуваат нашата невина, достоинствена и горда мајчичка-татковина Македонија. За да го спроведат злосторството до крај, црната квислиншка Тројка, Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска, и нивниот големоалбански аѓутант Бујар Османи се на самото место во Нивици, во тоа македонско место што ни криво ни должно влегува во најмрачната македонска и светска историја, место на грчко-македонската граница преку која во очај и ужас, пред фашистичките грчки штикови и митролески пресрелки во 1948 година бегаа, и стари и млади, болни, ранети, жени и деца, нашите македонски прогонети душички од Егејскиот дел на Македонија, безмилосно искорнати од своите топли дедовски огништа и домови, искорнати од животот. Тие предавнички изроди, со опинци наместо образи, се дојдени во Нивици еднаш за сите времиња токму ним, на тие наши страдалници, да им ја запечатат устата, да им го сотрат правото на сеќавања на својот дом и на сите нивни далечни семејни слики и спомени.“
  Барањето е објавено и на страницата на Владата на Република Македонија, а споделено е и на Фејсбук страницата на Владата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-so-nov-pritisok-vrz-republika-zaev-demantira-lichen-stav-foto/feed/ 0
Меѓународните претставници во земјава запознаени со политичкиот притисок кој се врши врз „Република“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnite-pretstavnici-vo-zemjava-zapoznaeni-so-politichkiot-pritisok-koj-se-vrshi-vrz-republika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnite-pretstavnici-vo-zemjava-zapoznaeni-so-politichkiot-pritisok-koj-se-vrshi-vrz-republika/#respond Tue, 27 Feb 2018 09:41:57 +0000 http://kurir.mk/?p=25269

„Република“ ги извести меѓународните претставници во земјава за притисокот кој се врши врз медиумот со цел да се замолчи. Судската пресуда со која се казнува медиумот со парична казна, а директорот и сопственик на истиот со условна казна затвор, без ниту едно одржано рочиште, за текст за кој претходно била одредена глоба од страна на дирекцијата за заштита на лични податоци не може поинаку да се толкува освен како политички и судски преседан за вршење на притисок. Се прави обид да се замолчи медиумот, да му се наштети и вооедно се цели кон негово затворање. Имено, Основното јавно обвинителство како доказ врз кој се заснова предлогот за издавање на казнен налог доставило Решение од Дирекција за заштита на лични податоци со кое надлежниот инспектор за заштита на лични податоци утврдил дека во предметниот настан се обработени податоци спротивно на Законот за зашитита на лични податоци. Но, Обвинителството од само нему познати причини не го имало во предвид фактот дека Дирекцијата за заштита на лични податоци врз основа на горанаведеното решение до Комисијата за одлучување по прекршок на Дирекцијата за заштита на личните податоци поднела Барање за поведување на прекршочна постапка  за истиот настан за кој е покрената предметната кривична постапка. По наведеното Барање од страна на Комисијата донесено е Решение со кое се утврдува наша одговорност и следствено на тоа се изрекува прекршочна санкција – глоба за директорот во износ од 540 евра и за Република во износ од 1800 евра во денарска протввредност кои се веќе платени. Очигледно владеачката гарнитура по секоја цена е спремна и работи на тоа да го уништи и затвори овој медиум и тенденциозно, злонамерно да ни импутираат дури и кривична одговорност како за правното лице (Република), така и за директорот. Република“ се обрати до Делегацијата на ЕУ во Македонија, до поголем број амбасади, меѓу кои Амбасадата на САД, на Германија, на Велика Британија, и на Франција. Со притисокот кој се врши врз медиумот се запознати и Народниот правобранител, Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, како и Советот за етика во медиумите.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnite-pretstavnici-vo-zemjava-zapoznaeni-so-politichkiot-pritisok-koj-se-vrshi-vrz-republika/feed/ 0
„Република“: Политички преседан за вршење на притисок врз медиум https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-politichki-presedan-za-vrshenje-na-pritisok-vrz-medium/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-politichki-presedan-za-vrshenje-na-pritisok-vrz-medium/#respond Fri, 23 Feb 2018 12:32:37 +0000 http://kurir.mk/?p=24243

Најдобриот светски ракометар Никола Карабатиќ, кој е дел од француската репрезентација и кој во периодот кога играше за Монпеље беше осуден за вмешаност во местење на натпревари, е еден од најплатените играчи во овој спорт. Карабатиќ кој во моментов игра во редовите на ПСЖ, годишно инкасира 1,1 милиони евра, со што е шестпати поплатен од нашиот најдобар ракометар Кире Лазаров, кој годишно заработува по 180 000 евра. Ова навидум изгледа како најобична информација од медиумите. Информација за тоа што работи и колку заработува личност која се занимава со јавна работа. Секојдневие… Но, се чини за македонското судство и македонската пракса ваквата реченица не смее да се најде во средствата за јавно информирање. Во спротивно медиумот ќе мора да плати казна, а директорот на истиот ќе добие затворска казна. Иако звучи нереално, сепак е нешто што реално се случува. Барем кај нас во Македонија, анализира Република. За вaква реченица тенденциозно прво парично те казнува Дирекцијата за заштита на лични податоци, затоа што си објавил име и презиме и работен ангажман на лице кое врши јавна работа, си ја објавил неговата јавна активност.  Воедно на некои од лицата е објавена и сумата на пари кои тие ја добиле како надомест за тој ангажман, или пак е посочено дека биле на некој платен список. Се работи за лица кои се претставуваат како професори и политички аналитичари, новинари, борци за човекови права, претседател на Хелсиншки комеитет… Лица кои обавуваат јавна работа и кои се дел од разни дебатни емисии, од јавните собири на кои држат говори, испраќаат пораки, се фотографираат и сами ги објавуваат фотографиите од нивното учество на тие собири. Казната е во висина од 1.800 евра за медиумот и 550 евра за директорот, односно казна од 2.350 евра (околу 150.000 денари). Ова е првпат Дирекцијата да изрече глоба за медиум, а Република е казнета за објавување лични податоци (имиња и презимиња, работен ангажман, и паричен надомест) кои што, во најголем дел веќе беа објавени во други медиуми, пишува РЕПУБЛИКА. По паричната казна од Дирекцијата за заштита на лични податоци следува уште една казна за истото дело. Судот, без никакво известување и покана до обвинетиот, без ниту едно оддржано судско рочиште, изрекува уште една парична казна за истото дело. И не само тоа. Изрекува и казна затвор за одговорното лице, односно директорот на медиумот, кој истовремено е и сопственик, во траење од 3 месеци, условно до една година да не стори ново кривично дело, затоа што во средството за јавно информирање биле објавени личности од јавниот живот со цело име и презиме и информација за нивниот работен ангажман. Да бидеме јасни. Посочените во текстот не ја негираат содржината на истата,  ниту пак информациите кои се објавени. Тие не поднеле тужба за клевета и навреда. Се суди за објавување на нивните лични имиња. Република деновиве доби ваква пресуда. Сите адвокати со кои разговаравме велат дека ова е нешто што досега воопшто не било дел од судската пракса, бидејќи за истото веќе сме санкционирани во прекршочна постапка и сме платиле казна која била изречеnа од Дирекцијата за заштита на лични податоци. Изненадени од судската пресуда тие коментираат дека вакво нешто немало никогаш досега. Република не може поинаку да ја толкува ваквата одлука на судот, освен како судски преседан за вршење на притисок врз медиум. Се прави обид да се замолчи медиумот, да се наштети на истиот и вооедно се цели кон негово затворање. Уште повеќе што доаѓа во време кога на власт е партија која од падините на Водно и пред просториите на медиумот, во периодот кога беше опозиција, држеше прес-конференции на кои што беа искажани голем број лаги и клевети, обвинувајќи дека истиот тој медиум земал висока сума на пари за владини реклами. За ваквите невистини се води двегодишен судски спор пред истите овие судови. На закажаните судски рочишта не доаѓаат и тоа најпонизно се толерира од страна на судовите. Целиот текст и документите, погледнете ги на РЕПУБЛИКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/republika-politichki-presedan-za-vrshenje-na-pritisok-vrz-medium/feed/ 0