републиканци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 07:00:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png републиканци – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Трамп нема да учествува ниту на втората дебата на Републиканците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-uchestvuva-nitu-na-vtorata-debata-na-republikantsite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-uchestvuva-nitu-na-vtorata-debata-na-republikantsite/#respond Tue, 19 Sep 2023 07:00:54 +0000 https://kurir.mk/?p=879361

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп планира да одржи говор во Детроит на 27 септември пред членови на синдикатите, што значи дека ќе ја прескокне и втората претседателска дебата на Републиканците. Ова го соопшти еден од соработниците на Трамп и додаде дека ќе се обрати пред синдикално организираните работници во автомобилската индустрија. Се очекува говорот, во ударен термин, да биде одржан пред работниците во автоиндустријата и другите членови на синдикатот. Говорот доаѓа кога Трамп остро ја критикуваше политиката на претседателот Џо Бајден за електричните возила и ги повика авто-работниците да ја поддржат неговата кандидатура. Ова би можело да биде вторпат Трамп да ја прескокнува претседателската дебата на републиканците, во трка во која, и покрај безброј правни проблеми, Трамп води пред својот најблизок ривал со речиси 50 процентни поени, покажуваат најновите анкети. Говорот на Трамп сигнализира напор на неговиот тим да погледне подалеку од партиската трка за номинација во Белата куќа и на веројатниот реванш со Бајден на општите избори следниот ноември. Говорот пред членовите на синдикатот ќе биде дел од интензивната кампања на Трамп за враќање на дел од гласачите од работничката класа кои пребегнаа кај Бајден при неговата победа против Трамп во 2020 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-nema-da-uchestvuva-nitu-na-vtorata-debata-na-republikantsite/feed/ 0
Осум републиканци ќе учествуваат на првата предизборна дебата во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-republikantsi-ke-uchestvuvaat-na-prvata-predizborna-debata-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-republikantsi-ke-uchestvuvaat-na-prvata-predizborna-debata-vo-sad/#respond Wed, 23 Aug 2023 08:40:57 +0000 https://kurir.mk/?p=869913

Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Гувернерот на Флорида Рон Де Сантис, поранешната гувернерка на Јужна Каролина Ники Хејли, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс, поранешниот гувернер на Њу Џерси Крис Кристи, сенаторот од Јужна Каролина Тим Скот, конзервативниот претприемач Вивек Рамасвами, гувернерот на Северна Дакота Даг Бургум и поранешниот гувернер на Арканзас, Хуч Аса. Нема да им се придружи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој наместо тоа ќе биде интервјуиран од еден од најпопуларните американски водители, Такер Карлсон. За да се квалификуваат за дебатата, кандидатите требаше да ги исполнат барањата на Републиканскиот национален комитет и да потпишат изјава со која ветуваат дека ќе го поддржат републиканскиот кандидат за претседател. Дебатата ќе ја водат новинари од конзервативната „Фокс њуз“, а ќе започне денеска во 21 часот по локално време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/osum-republikantsi-ke-uchestvuvaat-na-prvata-predizborna-debata-vo-sad/feed/ 0
Републиканците на чекор од освојување мнозинство во Претставничкиот дом на Конгресот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-na-chekor-od-osvojuvanje-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-na-chekor-od-osvojuvanje-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/#respond Tue, 15 Nov 2022 15:29:54 +0000 https://kurir.mk/?p=761050

Републиканците денеска се на чекор од освојување на мнозинство во новиот состав на Претставничкиот дом на Конгресот. Според проекциите на американските медиуми, се очекува републиканците да го освојат мнозинството бидејќи веќе имаат освоено 217 од потребните 218 места, за разлика од демократите кои освоија 205, во Долниот дом на Конгресот, во кој има 435 пратеници, јави Гласот на Америка. Изборните гласови се уште се пребројуваат во 13 места, главно во Калифорнија. Повеќето американски политички аналитичари предвидуваат дека републиканците би можеле да освојат тесно мнозинство, можеби 219 до 222 места, што е далеку под предизборните предвидувања на републиканските лидери кои очекуваа мнозинство од 30 членови во следниот состав на Конгресот што стапува на должност во јануари]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-na-chekor-od-osvojuvanje-mnozinstvo-vo-pretstavnichkiot-dom-na-kongresot/feed/ 0
Републиканците се поблиску до мнозинството во американскиот Конгрес https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/#respond Thu, 10 Nov 2022 16:52:36 +0000 https://kurir.mk/?p=758737

Републиканската партија се доближува до бројот на претставници потребни за тесно мнозинство во Претставничкиот дом на среднорочните избори за Конгресот на САД, додека контролата на Сенатот зависи од резултатите од изборите во неколку сојузни држави. Кога станува збор за Претставничкиот дом, републиканците сега се поблиску до мнозинството од 218 места потребно за преземање контрола. Според резултатите на Си-Ен-Ен, републиканците во моментов имаат 209 претставници во Претставничкиот дом, а демократите имаат 191. Во Сенатот, републиканците во моментов имаат 49 мандати, а демократите 48. Секоја партија би можела да обезбеди мнозинство во Сенатот со победи во Невада и Аризона каде гласовите сè уште се бројат. Во Невада во моментов водат републиканците со 49,4 отсто од гласовите, додека демократите имаат 47,6 отсто. Во Аризона во водство се демократите, кои освоија 51,4 отсто од гласовите, пред републиканците кои имаат 46,4 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-se-poblisku-do-mnozinstvoto-vo-amerikanskiot-kongres/feed/ 0
Републиканците водат во битката за Сенатот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-vodat-vo-bitkata-za-senatot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-vodat-vo-bitkata-za-senatot/#respond Thu, 10 Nov 2022 14:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=758688

Врз основа на досега преброените гласови на изборите за американскиот Конгрес, републиканците имаат мала предност пред демократите во трката за Сенатот со освоени 49 спрема 48 места, додека предноста на републиканците во трката за контрола на Претставничкиот дом е малку повисока – освоени 209 места наспроти 191 За трката за контрола на Сенатот ќе одлучуваат резултатите од изборите во три сојузни држави – Џорџија, Невада и Аризона, јави Си-Ен-Ен. Актуелниот сенатор од државата Џорџија Рафаел Ворнок, демократ, и републиканскиот кандидат Хершел Вокер ќе се соочат во вториот круг од Сенатот на 6 декември, откако ниту еден не го доби потребното законско мнозинство во првиот круг. Дали Џорџија ќе биде клучна за демократската контрола на Сенатот по вторпат по ред, ќе зависи од исходот на изборите во другите сојузни држави, особено во Аризона и Невада, каде републиканците се обидуваат да ги исфрлат своите демократски противници од трката, јавија американските медиуми. Во меѓувреме, беше објавено дека републиканскиот сенатор Рон Џонсон го победи демократот Мандела Барнс и задржа уште едно место во Сенатот во рацете на републиканците, а исто така го спречи Барнс да влезе во историјата како прв црн сенатор од државата Висконсин. Според постојното свикување на Претставничкиот дом, демократите имаат слабо мнозинство (222 спрема 213) и речиси е сигурно дека ќе го загубат по овие избори, наведува Би-Би-Си. Изборните комисии ширум САД сè уште ги проверуваат гласовите и, исто како што се случи на последните избори во 2020 година, конечните резултати може да потраат со денови или недели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-vodat-vo-bitkata-za-senatot/feed/ 0
Републиканците победуваат на драматичните избори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-pobeduvaat-na-dramatichnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-pobeduvaat-na-dramatichnite-izbori/#respond Wed, 09 Nov 2022 08:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=757749

Изборните резултати кои во моментов уште не се сто отстотни направија драма во САД. Републиканците победуваат. Тие водат со 198 спроти 173 места во долниот дом на Конгресот, што значи дека се враќаат на голема врата. Во Сенатот е густо и речиси изедначено. Демократите имаат 48 места, а републиканците во моментов имаат 47. Ако Републиканците се вратат ќе ја сменат поддршката за Украина и еден куп закони. Нивниот лидер Кевин Мекарти рече дека Републиканската партија, „ќе ја врати Америка на вистинскиот пат“. – Да ви кажам, доцна сте излезени, но кога ќе се разбудите утре, ние ќе бидеме мнозинство, а Ненси Пелоси ќе биде малцинство. Гласањето за спикер е внатрешен процес и гласаат само членовите на Домот. Актуелна спикерка на Домот е демократката Ненси Пелоси. Враќањето на Републиканците значи и враќање на Доналд Трамп. Тој ќе се кандидира за претседател на изборите во 2024 година, а кандидатура најави и сегашниот претседател Џо Бајден. Иронично, но, на денешен ден, во 2016 година, Трамп победи на претседателските избори. Трамп ќе има и конкурент во својата партија на следните избори. Републиканецот Рон Де Сантис, му е потенцијален противник за републиканската номинација за претседателските избори во 2024 година. Де Сантис вчера беше реизбран за гувернер на Флорида, објавија американските медиуми. Де Сантис, како ѕвезда во подем на тврдата американска десница, лесно ја освои Флорида победувајќи го поранешниот гувернер Чарли Крист, поранешен републиканец кој ја смени партијата, објавија Еј-би-си и Си-ен-ен. Де Сантис, инаку поранешен војник со привлечен имиџ на семеен човек, на избирачите им нуди целосен контраст од бурниот стил на Доналд Трамп. Трката е неизвесна. Она што за аналитичарите е извесно дека Републиканците ќе победат во Долниот дом на Конгресот, но не и во Сенатот. Досега во Сенатот имаше 50 демократски и 50 републикански претставници, но благодарејќи на гласот на потпретседателката Камала Харис демократите ја имаа контролата. Сегашните проекции покажуваат дека кандидатот на Демократите Џон Фетерман ќе го освои местото во Сенатот во Пенсилванија, победувајќи го својот републикански конкурент д-р Мехмет Оз, што аналитичарите го оценуваат како исклучително значајно во трката за мнозинство. Досега Републиканците го имаа ова место, во лицето на Патрик Туни, но тој не се кандидираше за реизбор. Според Си-Ен-Ен засега демократите имаат 47, а републиканците 46 места. Клучната битка се води во Џорџија помеѓу демократот Рафаел Ворнок и поранешната ѕвезда на американскиот фудбал, републиканецот Хершел Вокер. Покрај конгресните, вчера во САД се одржаа и избори за гувернери во 36 американски држави, а ситуацијата во голема мера е непроменета од претходните избори. Иако трката за гувернер привлекува помалку внимание отколку за Конгресот, од друга страна, изборот на гувернер е важен поради прашањата за правата на абортус, правата на трансродовите лица, поседувањето и носењето оружје, но и идните избори, пренесоа британските медиуми. Некои од најпознатите имиња меѓу гувернерите ги задржаа своите претходни функции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/republikancite-pobeduvaat-na-dramatichnite-izbori/feed/ 0
Маск ги повика Американците да гласаат за Републиканците https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-gi-povika-amerikancite-da-glasaat-za-republikancite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-gi-povika-amerikancite-da-glasaat-za-republikancite/#respond Mon, 07 Nov 2022 16:38:49 +0000 https://kurir.mk/?p=757011

Извршниот директор на Тесла и сопственик на Твитер, Илон Маск, препорача Американците да гласаат за Републиканската партија на претстојните конгресни избори. „На слободоумните гласачи: поделбата на власта ги ограничува најлошите ексцеси на двете партии, затоа препорачувам да се гласа за републиканскиот конгрес, имајќи предвид дека претседателот е демократ“, напиша американскиот милијардер на Твитер. Во САД утре се одржуваат среднорочни избори за Конгресот, на половина од претседателскиот мандат на Џо Бајден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mask-gi-povika-amerikancite-da-glasaat-za-republikancite/feed/ 0
Анкетите прогнозираат успех на Републиканците на конгресните избори во САД: Дали изненадувања сепак се можни?! https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-prognoziraat-uspeh-na-republikancite-na-kongresnite-izbori-vo-sad-dali-iznenaduvanja-sepak-se-mozni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-prognoziraat-uspeh-na-republikancite-na-kongresnite-izbori-vo-sad-dali-iznenaduvanja-sepak-se-mozni/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:55:06 +0000 https://kurir.mk/?p=756948

Американскиот претседател Џозеф Бајден се бори да го спречи поразот на утрешните „меѓуизбори“, бидејќи републиканците изгледаат подготвени да постигнат големи придобивки во американскиот Конгрес и да започнат двегодишна политичка војна. Бајден, заедно со поранешниот претседател Барак Обама, ги спроведува најновите иницијативи низ Америка за да ги убеди гласачите дека победата на демократите е важна не само за законодавната агенда на Бајден, туку и за зачувување на американската демократија. Но, излегува дека републиканците добиваат опасен ветар со заработка од фрустрации за инфлацијата и стравовите за криминал и илегална имиграција. Изборните прогнозери и анкетите укажуваат на голема веројатност дека партијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ќе освои мнозинство во Претставничкиот дом и исто така ќе има шанса да ја преземе контролата врз Сенатот. „Републиканците стигнаа до врвот во вистинско време“, рече Брендан Бак, поранешен помошник на претседателите на Претставничкиот дом Пол Рајан и Џон Бонер. „Демократите направија добра работа пркосејќи ѝ се на политичката гравитација долго време, но таа конечно ги надминува. Постои тенденција кон здраво републиканско мнозинство во Претставничкиот дом, и кога би се обложил, би предвидел дека републиканците ќе го освојат тоа едно место што им е потребно во Сенатот“. Среднорочните избори се одржуваат на секои четири години, но годинава, посочува Гардијан, е далеку од вообичаено, а има голема излезност во фазата на предвремено гласање. Утрешните избори го претставуваат првиот тест за демократијата низ целата земја откако следбениците на Трамп организираа смртоносен бунт во американскиот Капитол на 6 јануари минатата година. Во прашање се сите 435 места во Претставничкиот дом, 35 ​​од вкупно сто места во Сенатот, 36 позиции на државни гувернери, три позиции гувернери на американска територија и бројни позиции на градоначалници, како и позиции во локални канцеларии. Околу 129 нацрт-закони за кои треба да гласаат гласачите во 36 држави вклучуваат закони за абортус во Калифорнија, Кентаки, Мичиген, Монтана и Вермонт. Изненадната победа на демократите во Претставничкиот дом и Сенатот ќе му даде мандат на Бајден да ја протурка законодавната агенда за прашања како што се правата на абортусот, полициските реформи и правата на глас во следните две години од неговото претседателствување. Но, доколку републиканците ја преземат контролата врз еден од двата дома на Конгресот, тоа би било доволно да се попречат таквите амбиции и да се покренат прашања за поддршката на САД за Украина во нејзината војна против Русија. Бајден би можел да се соочи со истраги на Конгресот за низа прашања - од повлекувањето на силите од Авганистан до деловните договори на неговиот син Хантер во странство. „На крајот на денот, не е важно дали е една куќа или два дома, ако републиканците ја преземат контролата, следните 18 до 24 месеци ќе бидат нов политички пекол во оваа земја каков што досега не сме виделе“, изјави Мајкл Стил, поранешен претседател на Републиканскиот национален комитет. Како што се приближува кон крајот на долгата кампања, двете партии инвестираат милиони долари во ТВ реклами, водат кампањи на социјалните мрежи, организираат митинзи со нивните најголеми ѕвезди... Последните напори на Бајден во кампањата укажуваат на одбранбен став во државите кои веќе се во рацете на демократите - во Калифорнија, Илиноис и Ново Мексико, заедно со Пенсилванија. Среднорочните избори обично служат како референдум за актуелниот претседател. Рејтингот на популарноста на Бајден е под 50 отсто повеќе од половина година, а во неодамнешната анкета на Ројтерс и Ипсос, таа беше 40 отсто. Истото истражување покажа дека 69 отсто од Американците веруваат дека земјата е на погрешен пат, додека само 18 отсто мислат поинаку. Историјата не ги фаворизира ниту демократите. Партијата на власт обично губи места во Претставничкиот дом на половина пат од четиригодишниот претседателски мандат. Во 2006 година Џорџ В. Буш рече дека неговите републиканци биле „тепани“ на конгресните избори. Во 2010 година, Обама ја нарече „голем пораз“ загубата на неговата партија од 63 места во Претставничкиот дом. Во 2018 година, откако Трамп помина две години на функцијата, Републиканската партија загуби 41 место во Претставничкиот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/anketite-prognoziraat-uspeh-na-republikancite-na-kongresnite-izbori-vo-sad-dali-iznenaduvanja-sepak-se-mozni/feed/ 0
Годишен собир на републиканците во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-sobir-na-republikancite-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-sobir-na-republikancite-vo-sad/#respond Sat, 27 Feb 2021 09:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=474648

Најголемиот годишен собир на конзервативците во САД почна вчера во Орландо, на Флорида, а ќе заврши утре, со обраќање на поранешниот претседател Доналд Трамп, чија позлатена статуа е поставена на митингот од неговите верни републикански сојузници. Гувернерот Рон ДеСантис го отвори собирот, фалејќи го својот одговор на пандемијата на коронавирус и прилично нерестриктивните протоколи на Флорида кои овозможија овогодинешниот митинг CPAC (Конзервативна политичка акција) да се одржи во затворен простор и луѓето да бидат физички присутни. – Ние сме во оаза на слободата во една нација која страда од јаремот на суровиот „локдаун“, рече ДеСантис во својот говор. – Флорида беше во право, а земјите што се затворија не беа во право, оцени тој. Годишниот собир, кој вообичаено се одржува во близина на Вашингтон, е преместен на Флорида, по првпат откако е воспоставен во 1974 година. Предвидено е настанот да заврши со говорот на Трамп, во недела попладне. Ако постоеја сомнежи дека митингот оваа година ќе биде посветен на Трамп, тие беа разбиени со откривањето на позлатената статуа на поранешниот претседател, пренесува ДПА. Ова покажува дека тој останува републиканска политичка сила, и покрај насилните сцени предизвикани од неговите приврзаници во Вашингтон минатиот месец. – Нешто ќе ви кажам: Доналд Трамп не оди никаде, рече сенаторот Тед Круз во своето обраќање.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/godishen-sobir-na-republikancite-vo-sad/feed/ 0
Си Ен Ен: 140 републиканци би можеле да ја оспорат победата на Бајден во Конгресот на САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-140-republikanci-bi-mozele-da-ja-osporat-pobedata-na-bajden-vo-kongresot-na-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-140-republikanci-bi-mozele-da-ja-osporat-pobedata-na-bajden-vo-kongresot-na-sad/#respond Fri, 01 Jan 2021 08:33:15 +0000 https://kurir.mk/?p=450937

Група републикански пратеници би можеле да се обидат да ги оспорат резултатите од претседателските избори во САД, кога ќе бидат ставени за одобрување во Конгресот на САД на 6 јануари, се наведува во напис објавен на веб-страницата на телевизискиот канал Си Ен Ен. Двајца републикански конгресмени изјавиле за медиумот дека очекуваат таков обид да направат околу 140 нивни сопартијци во Претставничкиот дом и неколку членови на Сенатот. Според Си Ен Ен, сојузниците на актуелниот претседател Доналд Трамп меѓу републиканците фактички немаат шанси да го променат исходот од оваа постапка. Во текстот на Си Ен Ен се наведува дека овие законодавци можат само да го одложат за неколку часа неизбежното потврдување на победата на демократот Џо Бајден за нов претседател на САД. Според информација на телевизијата, шефот на републиканското мнозинство во Сенатот, Мич Меконел, ги повикал своите сопартијци во Горниот дом да не се обидуваат да ги оспорат резултатите од претседателските избори. На 6 јануари, на заедничка седница, двата дома на Конгресот треба да ги потврдат резултатите од гласањето на изборите. Според прописите, законодавците можат да се спротивстават на одобрување на резултатите од гласањето во некоја од сојузните држави. Приговорот мора да биде поднесен во писмена форма од најмалку еден член на Претставничкиот дом и од еден сенатор. Доколку биде поднесен таков приговор, седницата на Конгресот ќе се одложи, за да може двата дома да го разгледаат одделно, а потоа да гласаат. Ако еден од домовите се спротивстави, приговорот не е прифатен. Експертите сметаат дека Претставничкиот дом, каде демократите имаат мнозинство, ќе гласа против секоја иницијатива што ја доведува во прашање победата на Бајден.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/si-en-en-140-republikanci-bi-mozele-da-ja-osporat-pobedata-na-bajden-vo-kongresot-na-sad/feed/ 0