решавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 21 Jan 2021 13:40:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png решавање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Се бара итно решавање на мигрантската криза во БиХ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-itno-reshavanje-na-migrantskata-kriza-vo-bih/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-itno-reshavanje-na-migrantskata-kriza-vo-bih/#respond Thu, 21 Jan 2021 13:40:32 +0000 https://kurir.mk/?p=458091

Организацијата за заштита на човековите права „Хјуман рајтс воч“ (ХРВ) денеска апелираше до Босна и Херцеговина веднаш да преземе мерки за да обезбеди заштита на стотиците мигранти кои претстојуваат во нехумани услови. Апелот пред се се однесува на мигрантите кои се сместени во околината на Бихаќ. – Стотици мигранти и баратели на азил во северозападниот дел на БиХ зимските денови ги поминуваат во тешки услови бидејќи локалните власти повеќепати пропуштија да преземат мерки за да одговорат на нивните основни потреби, изјави претставничката на ХРВ, Лидија Гејл. Според ХРВ недозволено е стотици мигранти во зимски услови да престојуваат под шатори и без нужна медицинска нега и затоа бара итни мерки за обезбедување на соодветно сместување. Критиките упатени до властите на БиХ се однесуваат пред се на импровизираниот бегалски камп Липа во околината на Бихаќ. Во Липа минатато лето беше воспоставен прифатен центар со повеќе од илјада мигранти под шатори, но во декември Меѓународната организација за миграција (ИОМ), која управуваше со ццентарот, процени дека не може да гарантира безбедно сместување во зимски услови бидејќи шаторите може да се урнат т под тежината на снегот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/se-bara-itno-reshavanje-na-migrantskata-kriza-vo-bih/feed/ 0
3 причини зошто никогаш не треба да ги решавате туѓите проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-prichini-zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-reshavate-tugjite-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-prichini-zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-reshavate-tugjite-problemi/#respond Fri, 07 Aug 2020 15:40:35 +0000 https://kurir.mk/?p=387824

Да им помогнете на другите не е толку корисно колку што мислите. Во ред е да помогнете некому ако се најде во неволја, но не мора да ги решавате туѓите проблеми затоа што на крајот тоа ќе ви наштети вам. Постојат 3 причини зошто никогаш не треба да ги решавате туѓите проблеми: 1. Вие ги негирате издржливоста и снаодливоста на луѓето Луѓето се раѓаат без да знаат како да решат проблем или да најдат решение. Сето тоа доаѓа со текот на времето. Оваа способност има когнитивни, емотивни и бихевиорални аспекти. Тоа значи дека личноста едноставно не може самостојно да научи да решава проблеми преку ноќ. Единствениот начин е да се соочите со проблемите и сами да ги решите. Решавањето на сопствените проблеми ви помага да бидете снаодливи, издржливи и секогаш во движење. 2. Го спречува развојот и предизвикува зависност Што се случува кога некоја личност има некој што постојано ја вади од неволји? Едноставно престанува да се развива и да напредува и останува ментално незрела личност. Ова доведува до појава на голем број последици. Прво, луѓето не знаат како да ги решат своите проблеми самостојно и стануваат зависни. Тие не знаат ништо да постигнат сами, а сето тоа на крајот води кон себичност и дрскост. 3. Дали навистина знаете што е најдобро за нив? Ова е една од најголемите причини зошто не треба да ги решавате туѓите проблеми. Што точно ве натера да мислите дека знаете што е најдобро за другите? Вие го гледате светот со различни очи од оние на кои им помагате. Она што е добро за вас може да биде погубно за другите. Понекогаш, дури и најдобрите намери имаат страшни последици. Никој нема право да им ги наметнува своите решенија на другите луѓе. Желбата да решавате туѓи проблеми е секогаш лоша идеја затоа што на тој начин личноста на која ѝ помагате може да се посомнева во своите способности. Ако сакате да помогнете, доволно е да бидете поддршка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/3-prichini-zoshto-nikogash-ne-treba-da-gi-reshavate-tugjite-problemi/feed/ 0
Борисов: Што е можно побрзо да се реши спорот со името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-shto-e-mozno-pobrzo-da-se-reshi-sporot-so-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-shto-e-mozno-pobrzo-da-se-reshi-sporot-so-imeto/#respond Wed, 16 May 2018 17:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=54963

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска од Софија изрази надеж дека што е можно поскоро ќе се реши спорот со името меѓу Македонија и Грција. Борисов ова го изјави еден ден пред официјалниот почеток на Самитот ЕУ-Западен Балкан што се одржува во Софија, како и ден пред новата тет-а-тет средба меѓу премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, која ќе се одржи на маргините на Самитот, утре во 10:30 часот по бугарско време, јави известувачот на МИА од Софија. - Се надеваме дека конечно ќе се реши спорот со името на Македонија. Тоа е ваша работа. Ние само се надеваме, немојте да помислите дека ви солиме памет, реле Борисов на конференцијата „Дијалог со Западен Балкан: создавање на регион на раст, безбедност и поврзаност на патот кон Европа, која се одржа еден ден пред утрешниот Самит ЕУ-Западен Балкан. Нагласи дека полека, со дијалог, методично, чекор по чекор на крај сите се согласиле и ќе присуствуваат на Самитот. - Македонија има 11 милијарди БДП, Србија, 41 милијарда, Албанија 13 милијарди, Косово осум милијарди, Босна и Херцеговина 17 милијарди, Црна Гора четири милијарди, а Бугарија 57 милијарди, појасни бугарскиот премиер, чија земја како претседавач на ЕУ е домаќин на Самитот во Софија. Според него, земјите од Западен Балкан според БДП повеќе наликуваат на Словачка, отколку на Романија. - Што е толку страшно, зошто толку се плашите, ги праша тој европските лидери во однос на интегрирањето на регионот во Унијата. На конференцијата присуствуваа политичари и претставници на невладини организации од земјите од регионот и од ЕУ. Главна тема е европската перспектива на земјите во регионот и начините за нивно поврзување. Бугарија е домаќин на Самитот ЕУ - Западен Балкан на кој присуствуваат лидерите на 28 земји членки на ЕУ и шефовите на држави и влади на земјите од Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/borisov-shto-e-mozno-pobrzo-da-se-reshi-sporot-so-imeto/feed/ 0