решение за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 11 Jun 2018 10:51:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png решение за името – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Заев: Се надевам дека многу брзо ќе ја соопштиме среќната вест за решение за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadevam-deka-mnogu-brzo-kje-ja-soopshtime-srekjnata-vest-za-reshenie-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadevam-deka-mnogu-brzo-kje-ja-soopshtime-srekjnata-vest-za-reshenie-za-imeto/#respond Mon, 11 Jun 2018 10:46:43 +0000 https://kurir.mk/?p=64508

Премиерот Зоран Заев денеска изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни. Заев денеска во Арачиново каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, истакна дека брзото решавање на спорот е врзано, како што кажа, со нашата желба да има решение пред Самитот на ЕУ и пред Советот на ЕУ закажан за 25 и 26 јуни, нагласувајќи дека деновите се броени. Потенцира дека е битно да се постигне квалитетно решение кое што ќе биде правно поткрепено, достоинствено и ќе го зачува идентитетот, поради тоа што понатаму тоа решение треба да има и позитивен одѕив кај граѓаните на земјава кои за него треба да на крај да се изјаснат на референдум. Заев истакна дека постојано се одржува комуникација на сите нивоа во Владата во однос на прашањето за името и оти се разгледуваат различни стратегии завршување на овој 25 годишен спор. Додаде дека веднаш откако ќе има телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Цирпас, ќе ја информира јавноста. - Се работи за последните моменти во обидите да се приближиме околу ставовите и оти кога тоа ќе се случи заеднички ќе  ја соопштиме среќната вест и за граѓаните на Република Македонија и за граѓаните на Република Грција, рече  Заев. Нагласи оти секако тоа би бил договор најпрво меѓу претседателите на двете влади, меѓу министрите за надворешни работи, а кога тоа ќе се случи веднаш ќе бидат информирани шефот на државата, шефот на опозицијата, другите политички лидери и граѓаните. За името кое што ќе биде постингато како моижно решение не сакаше да шпекулира ниту сакаше да одговори на новинарско прашање дали Република Северна Македонија како најчесто споменувано во грчките медиуми е можната прифатлива опција. Нагласи дека во Германија не заминува на средби со високи германски претставници кои би дале поттик за решавање на спорот. Заев рече дека прашањето се решава на ниво на билатерална комуникација меѓу Грција и Македонија, а дека поддршката што ја даваат ЕУ, САД и сите меѓународни чинители е мошне важна во целиот процес. Појасни дека во Германија тој заминува во Франкфурт со министерот за здравство Венко Филипче каде што ќе работат на зјаканување на соработката меѓу македонското и германското здрвство, а следниот ден на 14 јуни заедно со министерот за финансии Тевдовски ќе имаат средби со претставници на Дојче банк и 16 други компании заинтересирнаи за инвестиции во Македонија. Потсети дека министерот Димитров во истовреме заминува за Берлин, но потенцира дека тие двајца Германија не ја посетуваат во рамки на процесот на преговорите за решавање на името. Заев рече дека иако е посетата на Германија веќе е најавена, можно е и да не оди поради важноста на процесот на преговорите и желбата да се најде решени да се постигне договор. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-se-nadevam-deka-mnogu-brzo-kje-ja-soopshtime-srekjnata-vest-za-reshenie-za-imeto/feed/ 0
Заев: Блиску сме до можно решение на спорот со името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-blisku-sme-do-mozno-reshenie-na-sporot-so-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-blisku-sme-do-mozno-reshenie-na-sporot-so-imeto/#respond Thu, 31 May 2018 11:32:07 +0000 https://kurir.mk/?p=60535

Блиску сме до можно решение на овој процес, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на прашање за разговорите за името на седницата за пратенички прашања. - Според мене, блиску сме до можно решение на овој процес и верувам дека треба да бидеме внимателни до самиот крај. Јас се трудам да информирам комплетно се до таму до каде не би го загрозил процесот. Верувам дека тоа го прави и грчката страна. Вчера дадов дел информациите.  Се трдиме навиистина да привршиме во соодветен момент за тоа да влијае на Советот на ЕУ, на 28 и на 29 јуни, а секако и на автоматската покана за НАТО, рече премиерот. Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ го праша премиерот зошто беше одбиен предлогот Република Илинденска Македонија, дали е точно дека Владата во разговорите прифатила ерга омнес за кој било предлог во иднина и дали има гаранција дека доколку прифатиме промена на името дека ќе добиеме датум за преговори. - За да го соопштиме дома решението Република Илинденска Македонија прво јас и премиерот Ципрас заклучивме дека ова е вредно да го провериме дома. Значи до толку сме биле усогласени да можеме да влеземе дома и тоа да го провериме. За жал не помина во Грција, но за жал беше одбиена и овде од опозицијата, рече Заев пред пратениците. На разговорите на лидерската средба, за премиерот како што рече, имало надеж, но нормално е опозицијата, претседателот на државата да бараат да го видат договорот правно - формално како е тоа запишано, да ги видат чекорите по кои ќе се спроведува самиот договор, да знаат како ОН одлучува, што со резолуциите 817 и другата, како се укинуваат при вакво решение или што се случува - Тоа е легитимно за да може да се изјаснат. И притоа кажаа дек важен е и референдумот. И важен е. И за нас е важен референдумот. Добро е што заедно сме застанати зад ова прашање. Дека на крајот на денот граѓаните ќе одлучат. Но, беше кажано заради тоа што опозицијата јавно го одби овој предлог и не можевме повеќе во Грција  да разговараме за тој предлог, истакна премиерот. Повтори дека оваа тема ги гарантира нашите интеграции во НАТО и ЕУ, и оти ја гарантира иднината на РМ. - Јас сум убеден дека големите политички партии и нивните репрезенти мора да бидат целосно сериозно посветени кон ова прашање, со ставови што секако ќе ги изградат. На крајот на денот граѓаните се тие кои ќе одлучат на референдум. Но, во најмала рака треба да бидеме внимателни по овие прашања, рече премиерот. Шансите се огромни Македонија да добие датум за преговори доколку прашањето за името е затворено, посочи премиерот. - Апсолутно е повеќе од јасно дека поголеми се шансите на Македонија односно се огромни до целосно добивање на датум за преговори ако е решен проблемот со името, отколку самите шанси што ги имаме без решен проблем на името, истакна Заев. Македонија има безусловна препорака и заслужува да добие датум за преговори, не само заради оваа година. Од 2005 година, како што посочи премиерот, работено е многу и голем дел од нашето законодавство е веќе адаптирано. - Ако добиеме датум за преговори имаме шанса да излеземе напред и пред Србија и пред Црна Гора, заради тоа што во минатото е се сработено. Но, знаете дека во одлучувањето има и политики, рече премиерот додавајќи оти верува дека треба да направиме напори да најдеме решение за проблемот со името за да можеме имаме зголемени шанси за добивање и датум за преговори. Кузмановска исто така го праша премиерот и за оценката на реформите во неформалниот документ што се појави во јавноста неодамна. Заев кажа дека во Владата документот бил познат три недели пред Самитот за Западен Балкан во Софија и оти веќе е познато дека Франција и Холандија се „поприлично резервирани за проширување на ЕУ и тоа го аргументираат дека Европа мора да се реформира внатре за да биде навистина достојно атрактивно место за земјите кои што се аспиранти за полноправно членство“ меѓу кои е и РМ. - И покрај ваквата дебата Макеоднија не смее да биде песимист или негативно да и делува во процесите што ќе ја охрабруваат ЕУ кон нашиот интегративен процес. Ние разбираме дека дебата за подобра Европа е квалитетна и треба да постои и ја поддржуваме, се нудиме да помогнеме. Но ние не бараме да бидеме утре членка на ЕУ, ние бараме да добиеме датум за преговори, рече Заев. Европа ќе троши пари, време и енергија да го смирува Балканот доколку граѓаните се демотивирани во однос на влезот во ЕУ. - И од тој аспект не е добро Балканот повторно да се врати на минатото кога постојано беше под закана на етнички поделби, на притисоци, војни, конфликти или слично. Подобро да остане мотивацијата и верувам дека во тој сегмент поприлично сме разбрани, рече македонскиот премиер. Посочи дека една од можностите е земјите како Франција и Холандија да ги оставиме без аргументи на Самитот на ЕУ со решението за името. - Можеби нема да ги одврати, но верувам дека може да ги охрабри, рече Заев. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-blisku-sme-do-mozno-reshenie-na-sporot-so-imeto/feed/ 0
Името се уште „се крчка“, можен договор до петок https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-se-ushte-se-krchka-mozen-dogovor-do-petok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-se-ushte-se-krchka-mozen-dogovor-do-petok/#respond Thu, 31 May 2018 05:39:13 +0000 https://kurir.mk/?p=60323

Со Грција се уште нема договор за прашањето за името, а исчекор се очекува до петок, до кога треба да се случи најавениот телефонски разговор  меѓу македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас, што треба да биде заокружување на договорената рамка за решението на последната средба меѓу шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас. - Се уште не е ништо договорено. Како што соопштија министрите Димитров и Коцијас договорени се принципи и начела на договор. Се работи на правно формалниот аспект на самиот договор, следува разговор помеѓу мене и премиерот Ципрас, верувам деновиве, вечерва, утре или до петок. На овој разговор очекувам да направиме исчекор што е многу значаен и затоа ги следиме сите шпекулации во јавноста, рече премиерот Заев, во вчерашниот отчет за едногодишната работа на Владата. Договорот ќе треба да се ратификува во Собранието пред да се одржи референдум, којшто, според Заев, веројатно ќе биде во септември или октомври. За усвојување на договорот во Парламентот Заев се надева на големо мнозинство во Собранието заедно со опозицијата. Тврди дека нема ништо тајно и непознато во чекорите за спроведување на договорот и оти тоа се работи што се разговарале на лидерската средба пред неколку дена. На лидерската, како што рече, и претседателот Ѓорге Иванов бил целосно информиран за сите детали, а финесите што следеа потоа ќе му ги пренесе министерот за надворешни работи Никола Димитров. Грчкиот премиер, пак, вчера оцени дека се наѕира перспектива за решение за името. Во говорот на годишното генерално собрание на грчката Федерација на претпријатија, говорејќи за улогата на Грција како столб на стабилност на Балканот, Ципрас како пример ја спомена „перспективата за решение што се наѕира во тешките, но неопходни преговори со поранешната југословенска Република Македонија“. - Преговори со кои управувавме и продолжуваме да управуваме со чувство на одговорност и патриотизам. Но, и со решителност и верба во потребата за изнаоѓање решение, рече Ципрас. Истовремено со пораките од Заев и Ципрас, претседателот Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, порача дека  не е прифатливо решение за името ерга омнес. - Ставот на претседателот Иванов е принципиелен, а воедно и конзистентен со ставовите на сите досегашни претседатели на Република Македонија. Тој став е дека претседателот Иванов не прифаќа решение за прашањето за името за севкупна употреба или ерга омнес, се наведува во соопштението од Кабинетот на Иванов. Според македонската страна во преговорите, ниту едно име не е фаворизирано, а за грчката страна решението ќе биде со име од трите предлози на медијаторот на ООН Метју Нимиц „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“. За доработка на рамковниот договор во пресрет на средбата на премиерите заседаваат  експертски работни групи од Македонија, Грција и од Обединетите нации. По постигнување на конечно решение, се предвидени повеќе чекори. Договорот да биде изгласан во македонското Собрание, а потоа со допис Грција да го извести НАТО дека го одобрува влезот на Македонија во Алијансата. Следата фаза, на 28 и 29 јуни на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално да му биде доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со Унијата, а на 11 и 12 јули на Самитот во Брисел да следува официјална покана за влез во НАТО. Во септември или октомври, да се одржи референдум за името, потоа македонското Собрание да одобри уставна ревизија  по што договорот треба да стигне во грчкиот Парламент на ратификација. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/imeto-se-ushte-se-krchka-mozen-dogovor-do-petok/feed/ 0
Грчките медиуми ги објавија чекорите до финализирање на договорот за името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-gi-objavija-chekorite-do-finaliziranje-na-dogovorot-za-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-gi-objavija-chekorite-do-finaliziranje-na-dogovorot-za-imeto/#respond Tue, 29 May 2018 07:40:24 +0000 https://kurir.mk/?p=59536

Доколку премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас во клучниот телефонски разговор во следните денови стигнат до решение за името и закажат средба во Преспа за официјализирање на договорот, потоа ќе следат неколку фази до ратификацијата на спогодбата во двата парламента. Дел од грчките медиуми, меѓу кои и телевизијата „Скај“, ги објавија чекорите до финализирање на договорот. Имено, откако ќе завршат преговорите на експертските тимови за техничките и правните прашања, ќе следува телефонски разговор на Заев и Ципрас, што според државната телевизија „ЕРТ“, би се остварил до четврток или петок. Грчката телевизија „Скај“ објави дека прашањето со ерга омнес и понатаму е разликата во позициите на двете страни. „Следниот телефонски разговор ќе биде клучна точка за да се одредат следните чекори. Во овој момент, двете страни ја разделуваат уставната ревизија, а ерга омнес е клучот“, велат нашите информации и ќе треба да видиме кога ќе се закаже средбата во Преспа, објави грчката телевизија. Како што јави дописничката на МИА од Атина, според „Скај“, по Преспа, каде што би се потпишал договорот, ќе следи процес што содржи неколку фази: -Првиот чекор е премиерот Заев да го донесе договорот во македонското Собрание на изгласување, но не со зголемено мнозинство. -Откако договорот ќе добие зелено светло од македонските пратеници, -Грција со допис ќе го извести НАТО дека одобрува влез на Македонија во Северно–атлантската алијанса, но под услов да има уставна ревизија. -На 28 и 29 јуни, на Самитот на ЕУ, на Заев и официјално ќе му биде -доделен датум за почеток на пристапни преговори на Македонија со унијата. -На 11 и 12 јули ќе следува официјална покана за влез во НАТО на Самитот во Брисел. -Во септември или октомври, во Македонија ќе се одржи референдум за новото име. -По референдумот, македонското Собрание со двотретинско мнозинство ќе треба да одобри уставна ревизија. -Откако ќе се заврши со референдумот и ревизијата на Уставот во Македонија, договорот ќе стигне во грчкиот Парламент на ратификација. Конкретното сценарио, со конкретните чекори до комплетен договор, освен телевизијата „Скај“, го објавија и други грчки медиуми, а слична беше и анализата на новинарот од државната „ЕРТ“. Според грчките медиуми, решението ќе биде со име од трите предлози на Нимиц: „Република Нова Македонија“, „Република Северна Македонија“ или „Република Горна Македонија“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grchkite-mediumi-gi-objavija-chekorite-do-finaliziranje-na-dogovorot-za-imeto/feed/ 0
Коѕијас и Димитров договориле рамка за компромис за името, конечен договор се чека од Ципрас и Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-i-dimitrov-dogovorile-ramka-za-kompromis-za-imeto-konechen-dogovor-se-cheka-od-cipras-i-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-i-dimitrov-dogovorile-ramka-za-kompromis-za-imeto-konechen-dogovor-se-cheka-od-cipras-i-zaev/#respond Tue, 29 May 2018 05:52:20 +0000 https://kurir.mk/?p=59477

Министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕијас и Никола Димитров договориле рамка за компромис за името и сега работите за конечен договор се во рацете на премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев. Димитров вчера на работен појадок ги запозна министрите на земјите-членки на ЕУ со текот на преговорите за името, постигнувањата на Република Македонија во имплементацијата на внатрешните реформи и унапредувањето на добрососедските односи, како и со плановите на Владата и очекувањата во периодот кој доаѓа. По завршувањето на состанокот, Димитров рече дека разговорите се во крајна фаза и изрази надеж дека е изводливо до Самитот на ЕУ на 28 јуни да се најде решение. Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во врска со преговорите за името вчера рече дека двајцата министри завршиле со она што го преземале од премиерите на двете земји. - Ќе продолжат преговорите  на експертско ниво - она што треба да се реши се техничко - правните прашања. Веднаш штом завршат и тие и штом ќе бидат разјаснети техничките и правните прашања, текстовите подготвени на ниво на министри за надворешни работи ќе им бидат дадени на двајцата премиери, кои ќе разговараат и ќе постигнат конечен договор, вели шефот на грчката дипломатија, јави дописничката на МИА од Атина. Високата претставничка за надворешни работи на ЕУ, Федерика Могерини, по појадокот со македонскиот министер Никола Димитров во Брисел излезе со изјава за поддршка на процесот за изнаоѓање решение за името. - Сите сме многу охрабрени од напредокот меѓу Скопје и Атина за името, сите ќе работиме да поддржиме и придружиме позитивен исход, изјави Могерини. Могерини вчера на прес-конференцијата по советот на министри на ЕУ, на прашање на МИА за отпорот на одредени земји-членки за старт на преговори со Македонија, одговори дека „моќта на добрата вест што ќе ја донесе решение за името ќе биде толку силно поздравена од меѓународната заедница и ЕУ што сите земји ќе мораат ова да го земат предвид“. - Спорот за името постои одамна, создадаваше компликации со години, и ако силното политичко лидерство со посредство на ОН и силно инволвирање на ЕУ може да донесе договорен резултат на вака тешка тема, тоа ќе биде инспирација и за други и ќе биде доказ дека мултилатералниот пристап е тој во кој треба да се инвестира. Сето ова треба да биде препознаено од Европскиот совет. Да потсетам дека Европската комисија веќе препорача старт на преговори врз основа на заслуга во реформите, што е суштината и да потсетам дека преговорите се само почеток на еден процес, рече Могерини. Поддршка и охрабреност од последната рунда преговори меѓу Скопје и Атина за спорот за името, искажаа и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, германскиот државен министер за европски работи, Михаел Рот и австриската министерка за надворешни работи Карин Кнајсл. - Консензусот е дека решение за името ќе биде пресврт за следните чекори во пристапниот процес за Македонија, напиша Хан на својот твитер профил. Германскиот државен министер за европски работи Михаел Рот, порача дека надминувањето на спорот за името е многу важна точка и дека е оптимист за следните денови. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kodzijas-i-dimitrov-dogovorile-ramka-za-kompromis-za-imeto-konechen-dogovor-se-cheka-od-cipras-i-zaev/feed/ 0
Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-utvrdivme-opcija-shto-moze-da-bide-prifatliva-za-dvete-strani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-utvrdivme-opcija-shto-moze-da-bide-prifatliva-za-dvete-strani/#respond Thu, 17 May 2018 11:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=55225

Македонија и Грција имаат опција која  и за двете страни може да биде прифатлива, истакна македонскиот  премиер Зоран Заев  на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Заев оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји. -Важно беше да ги потврдиме сите успеси, разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции, рече Заев. Една од опциите е решение прифатливо за двете страни. -По сето тоа што досега беше постигнато како премиери констатиравме и потврдиме дека стоиме зад сето тоа. И добро е што е завршено. Тоа што беше останато опциски го отворивме, преку неколку опции,  и утврдивме една опција која може да биде прифатлива за двете страни, рече Заев на прес конференцијата. Притоа тој додаде дека двете страни мора да внимаваат како тоа што е договорено, потоа инститиуционално ќе се спроведе. -Мора да разговараме со претседателите на двете држави, со другите лидери, со шефовите на опозицајата, така што остануваме да ги разработиме и другите детали, рече премиерот . На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива. -Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет. Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-utvrdivme-opcija-shto-moze-da-bide-prifatliva-za-dvete-strani/feed/ 0
Заев очекува брзо решение за проблемот со името: Доста граѓаните не’ критикуваат, време е да не’ пофалат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ochekuva-brzo-reshenie-za-problemot-so-imeto-dosta-gragjanite-ne-kritikuvaat-vreme-e-da-ne-pofalat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ochekuva-brzo-reshenie-za-problemot-so-imeto-dosta-gragjanite-ne-kritikuvaat-vreme-e-da-ne-pofalat/#respond Sat, 05 May 2018 10:46:12 +0000 https://kurir.mk/?p=50230

Премиерот Зоран Заев денеска во Дојран, коментирајќи ја вчерашната средба меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас во Солун, изјави оти очекува дека набрзо ќе има решение за проблемот со името. - Штом двете страни стигнаа до оваа фаза покажуваат сериозност кон проблемот и очекувам дека ќе има брзо решение. Доста граѓаните веќе не критикуваат време е да не пофалат, рече Заев во Дојран каде присуствува во акција на чистење во пресрет на туристичката сезона. Шефовите на дипломатиите Димитров и Коѕијас вчера во Солун разгледуваа можни комбинации за потешките прашања во преговорите за спорот со името, а за разгледуваните комбинаторики најавија дека ќе ги информираат премиерите на двете земји. Министрите следната недела, на 12 мај, во Атина ќе имаат средба со медијаторот на Обединетите нации во спорот за името Метју Нимиц. Димитров нагласи дека главните разлики остануваат во однос на прашањето за промена на Уставот, што го бара грчката страна и прашањето за опсегот на употреба, додека Коѕијас рече оти смета дека има извесен напредок во преговорите. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-ochekuva-brzo-reshenie-za-problemot-so-imeto-dosta-gragjanite-ne-kritikuvaat-vreme-e-da-ne-pofalat/feed/ 0
Османи: Решението за името сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-reshenieto-za-imeto-sigurna-garancija-za-chlenstvo-vo-eu-i-nato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-reshenieto-za-imeto-sigurna-garancija-za-chlenstvo-vo-eu-i-nato/#respond Wed, 02 May 2018 20:36:41 +0000 https://kurir.mk/?p=48972

Решението на спорот за името е сигурна гаранција за членство во ЕУ и НАТО, доколку продолжиме со ова темпо на имплементација на реформите. Но она што го добиваме за возврат е многу поважно за идните генерации - мир, стабилност, економски просперитет, изјави вечерва вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во емисијата 24 анализа на ТВ24. Оцени дека односите меѓу Македонија и Грција се подобри од било кога во минатото, и сега се прават обиди за лоцирање на проблемите. - Имаме секојдневна комуникација, обид за отворен проистап, обид да бидеме внимателни процесот да го држиме на маса, не преку медиуми. Јас сум еден од нјаоптимистите во процесот. Сметам дека сме го поминале врвот на планината и одиме надолу. Мој впечаток е дека работите одат во добар правец, добар дел од сензитивните прашања се условно надминати, оцени Османи. Тој смета дека треба да се издвои суштината, од формата на процесот на преговори. - Не влегувам во детали кое име, каква придавка, мора да ја издвоиме суштината од формата на процесот. Суштина за мене е како ќе се вика државата, јазикот, државјаноството, начинот на апликација е форма, рамка. Мој впечаток е дека има се помалку разлики во суштината на проблемот. Не смееме заради форма да го ризикуваме тоа што е постигнато во суштината, вели Османи. На прашањето доколку се менува Уставот при промена на името, Османи вели дека важно за него е Македонија да успее како држава, прво преку членство во НАТО и процесот на европеизација на општеството, да се зголеми стандардот, економијата, мирот и безбедноста, според него, треба да бидат поважни за граѓаните и за идните генерации. - Држава која ќе има економски стандард, држава која никој нема да смее да ја нападне. Дали е прескапа оваа цена да се плати да се добие вакво нешто. Дали решението кое се нуди е прескапа цена да го добиеме ова - мир, безбедност стабилност, еконмомски просперитет за граѓаните, оценува Османи, додавајќи оти ова не го зборува како Албанец туку како граѓанин чии деца ќе живеат во оваа држава. На прашањето дали ќе ја убедат опозицијата да гласа за евентуални уставни измени, Османи оценува дека опозицијата е конструктивна околу ова прашање. - ВМРО-ДПМНЕ конструктивно се однесуваше за реформските закони и за името - можеше да напрви било каква партиска кампања и тоа да го стави во функција на партиска агенда. Тоа не го направи сфакајки колку тоа прашање е сериозно. Не би прејудицирал, да видиме како ке се одвиваат работите со преговорите, рече Османи. Вицепремиерот е оптимист дека до самитот на НАТО ќе најде решение за името. - Јас сум реален оптимист. Грев е доколку го пропуштиме овој момент, оцени Османи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osmani-reshenieto-za-imeto-sigurna-garancija-za-chlenstvo-vo-eu-i-nato/feed/ 0
Грција се огласи по изјавите на Хан дека за две недели ќе се реши спорот со името https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-se-oglasi-po-izjavite-na-han-deka-za-dve-nedeli-kje-se-reshi-sporot-so-imeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-se-oglasi-po-izjavite-na-han-deka-za-dve-nedeli-kje-se-reshi-sporot-so-imeto/#respond Tue, 24 Apr 2018 18:26:42 +0000 https://kurir.mk/?p=45582

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите. - Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува, соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/grcija-se-oglasi-po-izjavite-na-han-deka-za-dve-nedeli-kje-se-reshi-sporot-so-imeto/feed/ 0
Димитров за „Ла Кроa“: Во идеално сценарио решение за името за два до три месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-la-kroa-vo-idealno-scenario-reshenie-za-imeto-za-dva-do-tri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-la-kroa-vo-idealno-scenario-reshenie-za-imeto-za-dva-do-tri-meseci/#respond Wed, 18 Apr 2018 09:53:32 +0000 https://kurir.mk/?p=42380

Во идеално сценарио решение за спорот со името може да се постигне во наредните два до три месеци, а итноста за решение е диктирана од европскиот воз, порача шефот на македонската дипломатија Никола Димитров во интервју за францускиот весник „Ла Кроа“, кое го пренесува МИА. Во тој контекст Димитров ги спомена Самитот за Балканот што ќе се одржи во мај во Софија, петнаесет години по Самитот во Солун, но и датумите за избори, во 2019 година ќе се одржат претседателски избори во Македонија и парламентарни избори во Грција. - Се обидуваме да излеземе од ровот во кој се имаме закопано повеќе од дваесет години. Две европски земји кои споделуваат еден географски регион, треба да можат да најдат достоинствен начин кој ќе овозможи да се прави разлика меѓу нашата држава и регионот Македонија кој се наоѓа во Грција, без да се повреди идентитетот и достоинството на македонскиот народ, вели Димитров во интервјуто насловено „Македонија излегува од сенка“. Димитров Ла Кроа 1 Посочи оти е потребно да бидеме многу внимателни кон јавното мислење во Македонија и во Грција. - Иако нашите две земји имаат различни позиции, понекогаш се случува да се најдеме на иста страна со политичките сили кои сакаат компромис, а тоа се силите кои гледаат во иднината, а кои се спротивставуваат со силите од минатото и со национализмот, додаде тој. На прашањето што ќе направи македонската страна со многубројните националистички споменици во Скопје, Димитров истакна дека  опсесивното свртување кон античките времиња не е здраво. - Прибегнувајќи кон митовите, ги губиме младите генерации. Министерството за култура треба да одлучи што ќе прави со „Скопје 2014" -  Голем архитектонски проект на антиквизација кое го спроведе предходното националистичко мнозинство. Лично, би сугерирал да се организира голем светски уметнички натпревар кој би му дал смисла на сиот тој хаос во градот. По јавна дебата, скопскиот аеродром наречен Александар Велики на големо негодување од Грција неодамна беше преименуван, нагласи шефот на дипломатијата. Во однос на перспективите за интеграција на Македонија во ЕУ вели дека бугарското претседателство претставува одлична можност Унијата да се сврти кон Балканот. - Патот до целосна интеграција ќе биде долг. Ако не успееме да ја донесеме Европа во Македонија, да воспоставиме правила, правда, ред, тогаш помладите генерации ќе продолжат да ја напуштаат земјата како и балканскиот регион поради недостиг на надеж. За среќа, некои и се враќаат, додава тој. Во врска со солидарноста од страна на земјите кои беа дел од поранешна Југославија Димитров нагласи дека сега е време за надминување на расправиите. - Дојде време ние на Балканот да ги оставиме нашите расправии - кој е најстариот народ, кој најмногу дал жртви и да ги засукаме ракавите за да инвестираме во економијата, образованието и здравството, вели тој. Потсети дека Македонија веќе потпишала Договор за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија, а минатиот декември, одржала заедничка владина седница со соседна Албанија, прва од 1991 година. - Не сакам да звучам надмено, меѓутоа се јавува една нова енергија во регионот и таа нова динамика е делумно поттикната од Македонија, нагласи Димитров во интервју за Ла Кроа, кое го пренесува МИА. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrov-za-la-kroa-vo-idealno-scenario-reshenie-za-imeto-za-dva-do-tri-meseci/feed/ 0