решение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Dec 2022 12:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png решение – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мицкоски со решение за јавниот превоз во Скопје: Наместо за матни зделки на тајните средби Арсовска и Ковачевски нека побараат попуст за милионскиот договор за нафта https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-reshenie-za-javniot-prevoz-vo-skopje-namesto-za-matni-zdelki-na-tajnite-sredbi-arsovska-i-kovachevski-neka-pobaraat-popust-za-milionskiot-dogovor-za-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-reshenie-za-javniot-prevoz-vo-skopje-namesto-za-matni-zdelki-na-tajnite-sredbi-arsovska-i-kovachevski-neka-pobaraat-popust-za-milionskiot-dogovor-za-nafta/#respond Sun, 04 Dec 2022 12:30:52 +0000 https://kurir.mk/?p=770802

Мојата порака и до градоначалничката и до Ковачевски е кога ќе се среќаваат на тие тајни средби во Владата е да договорат суштински работи кои ќе им помогнат на превозниците, затоа што така им помагаат на скопјани. Хаосот кој се случува сите тие луѓе ги фрустрира, ги прави нервозни и тоа не е добро и затоа треба барем кога ќе се состануваат на тие тајни средби за кои што потврди Ковачевски да излезат од тие средби со некакво решение, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како го коментира протестот на приватните превозни и одбивањето на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска да седне на маса и да разговара со нив за изнаоѓање на решение и стопирање на хаосот во градот со јавниот превоз. Мицкоски потенцираше дека тендерот за набавка на нафта во ЈСП Скопје не содржи член за рабат односно попуст како што содржале сите претходни договори, укажувајќи дека доколку попустот е 6 денари за еден литар нафта и доколку ЈСП троши дневно по 25 илјади литри тогаш ќе заштеди 2.500 евра дневно, на месечно ниво би заштедиле 75.000 евра, додека на годишно ниво би заштедиле 900.000 евра, односно како што рече доволно за да се подмират приватните превозни и да се прекине сообраќајниот хаос. Изминатите денови во јавноста дел од партиските соработници на Ковачевски излегоа со договорот кое што ЈСП го има потпишано за набавка на нафта. Излегоа против нивниот партиски другар, кој што е директор на ЈСП бидејќи тој е член на централното раководство на СДСМ. И таму за волја на вистината погрешно го цитираат членот 3 и велат дека има фиксна цена, што не е точно. Ако го прочитате подолу, бидејќи не го читаат до крај или ги мрзи или пак сакаат да спинуваат, во договорот ќе видите дека цената која ја плаќа ЈСП ја плаќа врз основа на утврдената малопродажна цена на Регулаторна комисија и таа се нивелира од ден за ден. Но, точно е тоа дека има фиксна цена, но што не содржи овој договор? Овој договор не содржи рабат или попуст кој што го содржале сите договори на сите минати раководства, дури и во времето на Петре Шилегов, и во времето на Коце Трајановски. А тој рабат е 6 денари за еден литар. Ако дневно троши ЈСП 25 тона нафта, тоа се 25 илјади литри, со овие 6 денара тоа е 150.000 денара, или 2.500 евра на ден рабат односно попуст. Помножено со 30 дена тоа е 75.000 евра месечно, помножено со 12 месеци тоа е околу 900.000 евра. Еве ги парите за приватните превозници кои што ЈСП им ги должи, порача Мицкоски и додаде дека наместо парите да завршат кај приватните превозници тие завршуваат кај луѓе блиски до дуото Ковачевски и Арсовска. Е сега овие пари завршуваат кај лица блиски до дуото Ковачевски и Арсовска, роднини, соработници во делот на сметководството кои што секојдневно се наоѓаат во ЈСП и кажуваат кои фактури да се платат, а кои не се платат. Ако овие 6 денара беа дел од овој договор, еве ги парите и ќе бевме ние сите скопјани заштитени од ова што денес ни се случува. Договорот кој што е потпишан е 2 годишен и вклучува 14 ипол милиони литри, тоа значат рабат од 1 ипол милион евра, еве ги парите само не треба да се крадат и да се местат тендери за резервни делови за семејството, треба да се вратат кај луѓето, дециден е Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-so-reshenie-za-javniot-prevoz-vo-skopje-namesto-za-matni-zdelki-na-tajnite-sredbi-arsovska-i-kovachevski-neka-pobaraat-popust-za-milionskiot-dogovor-za-nafta/feed/ 0
Скопје и Софија остануваат посветени на конструктивен дијалог до изнаоѓање прифатливо решение засновано на европски вредности https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-sofija-ostanuvaat-posveteni-na-konstruktiven-dijalog-do-iznaogjanje-prifatlivo-reshenie-zasnovano-na-evropski-vrednosti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-sofija-ostanuvaat-posveteni-na-konstruktiven-dijalog-do-iznaogjanje-prifatlivo-reshenie-zasnovano-na-evropski-vrednosti/#respond Tue, 24 May 2022 08:08:44 +0000 https://kurir.mk/?p=680812

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков по вчерашната средба во Рим најавија подготвеност за продолжување на дијалогот за постигнување договор прифатлив за двете страни заснован на европски вредности и со почитување на достоинството на граѓаните, со што Софија би го повлекла ветото за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ и би го деблокирала нашиот европски пат. Премиерот Димитар Ковачевски по средбата изјави дека во овој момент не може да каже дали има напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ со Бугарија, но потенцира дека разговорите продолжуваат меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи и штом ќе има одреден напредок тогаш ќе биде соопштен на ниво на министри. Ковачевски нагласи дека е договорено разговорите да продолжат со цел министерствата за надворешни работи да се обидат да дојдат до документ што би бил прифатлив за двете држави и би претставувал основа за решение кое ќе може да биде споделено со институциите во двете држави, потенцирајќи дека кога ќе има таков документ тој ќе биде презентиран јавно. – Воопшто не разговаравме и за тоа дали има нови услови од Бугарија. Се работи на оние прашања кои беа отворени и претходно, за нив веќе постои т.н. португалски предлог, кој што уште е основа за разговори помеѓу министерствата за надворешни работи и во овој момент не можам да кажам за напредок во однос на постигнување на заемно прифатлив документ, со оглед на тоа што додека не се дојде до таков документ не можеме да зборуваме за напредок, рече Ковачевски. Во однос на очекувањата за претстојниот Самит на ЕУ во јуни, Ковачевски истакна дека не сака да се врзува со датуми, бидејќи како што нагласи, нашата држава предолго време беше заложник на датуми, нагласувајќи дека стартот на преговорите не зависи исклучиво од нас, туку од одлука на 27-те земји членки на Унијата. – Без разлика на исходот во јуни, Владата и државата имаат многу јасен план на што ќе се работи во идниот период, а нормално без разлика на исходот ние сме со Бугарија соседна држава, имаме отворени прашања кои ќе треба да бидат адресирани и штом ќе се дојде до решение кое ќе е прифатливо тогаш ќе го соопштиме, додаде Ковачевски. Петков од своја страна, по средбата изјави дека е најважно за владите на двете земји да продолжат со конструктивниот дијалог и да не подлегнуваат на провокации од некои групи кои се обидуваат да ги зголемат тензиите. – Не се обврзавме на никакви рокови, единственото нешто на што се обврзавме е да го задржиме добриот тон, а министерствата за надворешни работи да продолжат да работат. Ветивме дека ќе го задржиме конструктивниот тон. Очекуваме во наредните недели и месеци различни групи кои не сакаат добрососедство меѓу Бугарија и Република Северна Македонија да се обидат да предизвикаат провокации, изјави Петков, додавајќи дека со премиерот Ковачевски потврдиле дека посветеноста на добрососедство е важна и заедничка. Тој во изјава за бугарските медиуми повтори дека е потребно да се свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност на кој би се разговарало за сето она што досега го направиле владите на двете земји. – Само преку конструктивен дијалог ќе можеме да продолжиме во насока на добрососедство што го сакаат двете влади, рече Петков, додавајќи дека се надева оти следниот чекор ќе биде свикување на Консултативниот совет за национална безбедност од страна на бугарскиот претседател Румен Радев, за да се разгледа се што е постигнато од досегашните средби. Петков, претходно пред средбата, порача дека за укинување на бугарското вето за старт на преговорите на земјава со ЕУ ќе може да се говори откако Министерството за надворешни работи на Бугарија ќе ги претстави последните резултати од напредокот во дијалогот со Северна Македонија, кои потоа ќе бидат доставени до бугарското Собрание, кое ќе расправа и ќе изнесе јасен став за тоа што треба да направи Владата во Софија. – Сè друго ќе се користи за внатрешно-политички цели во Бугарија. Ова е национално прашање и треба да има широк консензус кој ќе ја вклучува и владејачката коалиција и опозицијата. За национално прашање како ова, кое е толку важно, никој нема право да решава сам, рече Петков, кој повторно побара бугарскиот претседателот Румен Радев да го свика Консултативниот совет за национална безбедност на Бугарија за да се разговара за преговорите со Северна Македонија, бидејќи, како што рече, од неговото последно заседание минаа шест месеци, а оттогаш „се случија многу работи, имаше многу разговори, имаше многу различни предлози, имаше многу различни светски лидери кои го искажаа својот став на оваа тема, има многу информации од службите“. Радев, пак, од Софија порача дека за го свика Советот прво треба го слушне ставот на Петков за Северна Македонија. – Консултативниот совет за национална безбедност е орган за помош во дијалогот и за барање на заедничко решение за важни национални прашања. Во однос на Република Северна Македонија не само што има широк консензус, туку тој е силно изразен. Властите треба да се на чисто со ова. Доколку дијалогот во самата владејачка коалиција е нарушен, тоа треба јасно да се каже и да се посочат причините за тоа, рече Радев. Според него, колку повеќе Владата на Петков се придржува до официјалната бугарска позиција изнесена во документите усвоени од Народното собрание и на последниот состанок на Консултативниот совет, толку повеќе го слуша гласот на Бугарите и во Бугарија и во Северна Македонија. Во врска со тоа дали има промени во позициите на европските партнери и дали има напредок во исполнувањето на Договорот за добрососедство од страна на Северна Македонија, Радев истакна дека за овие прашања треба да чуе оценка од Петков, најавувајќи дека ќе продолжи да работи во насока на почитување на правата на граѓаните со бугарска самосвест во земјава. Од Тирана, пак, шефовите на дипломатиите на Албанија и на Грција, Олта Џачка и Никос Дендијас упатија порака дека евроатланската интеграција е незаменлива ориентација за земјите од регионот. – Албанија и Северна Македонија ги исполнија сите услови. Надежите се уште постојат дека ќе биде донесе одлука за време на француското претседавање, рече Џачка на заедничката прес-конференција со Дендијас, изразувајќи притоа благодарност за грчката континуирана поддршка за евроинтеграцијата. сп/ 2022-05-24 03:34:56, од Сашко Панајотов]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/skopje-i-sofija-ostanuvaat-posveteni-na-konstruktiven-dijalog-do-iznaogjanje-prifatlivo-reshenie-zasnovano-na-evropski-vrednosti/feed/ 0
Поведена постапка против мајка – ќерка и ја однела кај татко и на видување, притоа не кажала дека малолетното дете има решение за домашна изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-majka-kjerka-i-ja-odnela-kaj-tatko-i-na-viduvanje-pritoa-ne-kazala-deka-maloletnoto-dete-ima-reshenie-za-domashna-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-majka-kjerka-i-ja-odnela-kaj-tatko-i-na-viduvanje-pritoa-ne-kazala-deka-maloletnoto-dete-ima-reshenie-za-domashna-izolacija/#respond Fri, 22 Oct 2021 10:41:14 +0000 https://kurir.mk/?p=583666

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице кое сторило кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетата, како законски застапник на дете родено 2019 година, не постапила според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за спречување на ширењето на коронавирусот. Имено, иако со решение на Државниот здравствен и санитарен инспекторат детето било ставено под здравствен надзор и домашна изолација во траење од 14 дена од 11.08.2021 година, обвинетата без да го запознае таткото на детето за настанатата ситуација, од 19-22.08 му ја дала ќерката за тој да оствари видување на кое имал право со решение на Центарот за социјални работи. Таткото се сретнал со детето надвор од неговиот дом, а за одредената задолжителна изолација на ќерката дознал кога на неговиот телефонски број, преку апликацијата Вибер му пристигнало решението на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надлежниот јавен обвинител му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за обвинетата да одреди парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.​​]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/povedena-postapka-protiv-majka-kjerka-i-ja-odnela-kaj-tatko-i-na-viduvanje-pritoa-ne-kazala-deka-maloletnoto-dete-ima-reshenie-za-domashna-izolacija/feed/ 0
Имал корона и се шетал наоколу – поднесена кривична пријава против 42-годишно лице од тетовско https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/imal-korona-i-se-shetal-naokolu-podnesena-krivichna-prijava-protiv-42-godishno-lice-od-tetovsko/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/imal-korona-i-se-shetal-naokolu-podnesena-krivichna-prijava-protiv-42-godishno-lice-od-tetovsko/#respond Sun, 11 Apr 2021 14:23:21 +0000 https://kurir.mk/?p=495650

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.А.(42) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пренесување заразна болест“. И покрај тоа што му било издадено решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат за изолација, пријавениот не ги почитувал мерките од решението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/imal-korona-i-se-shetal-naokolu-podnesena-krivichna-prijava-protiv-42-godishno-lice-od-tetovsko/feed/ 0
Решението за куќен притвор за Мијалков доставено до МВР во 18:30 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/#respond Mon, 22 Feb 2021 09:42:25 +0000 https://kurir.mk/?p=472144

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, вчера (21.02.2021) во 15:00 часот до Основниот кривичен суд Скопје, достави предлог за определување мерка притвор против С.М. обвинет во предметот со КОК бр. 47/17 од обвинителството означен како Таргет-тврдина, заради постоење на сомнение за евентуално бегство. -Откако е утврдено дека надлежен за постапување по предлогот е Кривичниот совет при Oдделението за организиран криминал и корупција, а имајќи ја предвид итноста на постапката, иако судот Законски имал рок од 24 часа да одлучува со оглед да предлогот е поднесен за време на викенд, советот во корелација со документацијата за соменвањето за бегство приложена од обвинителството со прилог известување доставени од Бирото за јавна безбедност при МВР, веднаш започна со постапување и донесе решениe со кое на обвинетиот му определи мерка куќен притвор со 24 часовен надзор како и видео и електронски надзор, а во 18:30 часот решението веќе беше експедирано до МВР како надлежни за понатамошно постапување, информираат од Судот. Против ова решение странките имаат право на жалба преку овој суд до Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenieto-za-kukjen-pritvor-za-mijalkov-dostaveno-do-mvr-vo-18-30-chasot/feed/ 0
Едно лесно прашање на кое ни најпаметните не знаат да одговорат: Ќе успеете ли вие? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edno-lesno-prashanje-na-koe-ni-najpametnite-ne-znaat-da-odgovorat-kje-uspeete-li-vie/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edno-lesno-prashanje-na-koe-ni-najpametnite-ne-znaat-da-odgovorat-kje-uspeete-li-vie/#respond Tue, 08 Dec 2020 12:48:00 +0000 https://kurir.mk/?p=440431

Половина од студентите на најпрестижните факултети, одговориле погрешно на ова едноставно прашање. - Ако бејзбол палка и топка чинат 1,10 долари, а палката е поскапа од топката за долар, колку чини топката? Размислете убаво, одговорот ви го даваме во продолжение. Но, прво обидете се сами да решите. Помош: Решението кое прво ќе ви дојде на памет - не е точно!   Ако помисливте дека одговорот е 0,10 долари или 10 центи, погрешивте. Точниот одговор е 5 центи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/edno-lesno-prashanje-na-koe-ni-najpametnite-ne-znaat-da-odgovorat-kje-uspeete-li-vie/feed/ 0
Димитриеска-Кочоска: ДИК донесе решение со кое ги отфрла обвинувањата на Филипче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/#respond Thu, 03 Dec 2020 19:43:50 +0000 https://kurir.mk/?p=438418

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска- Кочоска во гостување во централниот дневник на телевизија Сител, за обвинувањата на министерот за здравство Венко Филипче дека таа е одговорна поради тоа што не се реализирале сите оние модуларни болници, нагласи дека не чувствува апсолутна никаква вина додавајќи дека и Државната изборна комисија се произнесила во однос на ова и донела решение во кое кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. -Да не заборавиме дека јас потпишав една милијарда евра пари нови задолжувања кои што требаше да отидат во поддршка и борба со здравствената криза. Кажете ми дали 0,5 проценти од тие една милијарда евра отидоа за здравство? Кажете ми дали се набави некои ново амбулантно возило, дали се купи некој нов кревет? Значи ништо во тој дел не се направи и притоа најлесно е вината да ја префрлите на некој друг. Најодговорно тврдам дека немам апсолутно никаква вина во овој дел, а дотолку повеќе што Државната изборна комисија се произнесе по однос на ова прашање. Законот за техничка влада јасно кажува дека кога постои неусогласеност помеѓу министерот и дополнителниот технички заменик министер дека може да се достави барање до Државната изборна комисија која што треба да се произнесе дали треба да биде потписот врзан или не, имаме одлука од ДИК каде што јасно кажува дека кредитот со Светска банка никако не е прашање поврзано со изборите. Така што апсолутно нема потреба од мој потпис и тука нема што повеќе да се додаде од фактото дека министерката за финансии во тој период можеше самата да си го потпише кредитот, а зошто не го потпиша треба да одговри таа, вели Димитриевска Кочоска. На прашањето, до каде е целата постапка за случајот ТЕ-ТО бидејќи заедно со тогашниот технички инистер за внатрешни работи Наќе Чулев, Димитриевска Кочовска поднела кривична пријава рече дека станува збор за тежок криминал, но се уште нема никава правна разрешница бидејќи се додека имаме вакво правосудство предметите се чуваат во фиоки на ОЈО. -Се додека предметите стојат во одредени фиоки, ние не можеме да тргнеме напред и ова можеби не е предмет од интерес на сите граѓани на Република Македонија, меѓутоа 2700 акционери во Топлификација имаат сериозен проблем. Станува збор прво за нивни повеќе од 32 милиони евра пари кои што не можат да си ги повратат назад заради овој криминал кој што се случува и заради тоа што ние немаме правосудство како што и сите предмети за кои што треба да се одлучуваат се задржуваат во фиоките на ОЈО, изјави Димитриеска Кочовска. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimitrieska-kochoska-dik-donese-reshenie-so-koe-gi-otfrla-obvinuvanjata-na-filipche/feed/ 0
Сведоштво: За тест за корона позајмив пари, за решение чекав повеќе од две недели, за малку ќе добиев отказ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-test-za-korona-pozajmiv-pari-za-reshenie-chekav-povekje-od-dve-nedeli-za-malku-kje-dobiev-otkaz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-test-za-korona-pozajmiv-pari-za-reshenie-chekav-povekje-od-dve-nedeli-za-malku-kje-dobiev-otkaz/#respond Tue, 24 Nov 2020 11:31:28 +0000 https://kurir.mk/?p=433664

Претходно слушав само на телевизија за заразените од КОВИД-19 и за тоа како надлежните убедуваат дека е се во ред. Но, кога дојде ред јас да поминувам низ тој процес на своја кожа осетив каква е голготата на скоро секој пациент, раскажува револтирано граѓанин кој поради корона дома останал 23 дена. -Симптомите започнаа во сабота. Матичниот лекар ми закажа снимка на бели дробови и анализа на крвта и ми кажа дека термин за тестирање нема, па ако сакаме да се тестираме ќе мора да се снаоѓаме сами, или ќе треба да чекам осум дена. Во меѓувреме и покрај тоа што ги имав сите симптоми кои укажуваа на тоа дека сум заразен, се беше оставено на мене и никој не ми кажа дали смеам или не смеам да излегувам од дома, освен матичниот кој рече седи ако можеш дома. Одлучив да се изолирам и тогаш сфатив дека на никој не му е гајле и не води грижа за тоа дали јас можам да излегувам и да заразам и други луѓе, раскажува револтирано соговорникот. Тој објаснува дека внимавал, носел маска со висока заштита, но оти морал да оди и сам да ги прави сите испитувања. -Направив рентген ми велат дојдете утре нема кој да напише наод. Отидов за крвна слика ми рекоа по 13 часот. Единствено кога заминав приватно да направам тест за корона ми рекоа резултатот ќе ви го испратиме на маил, вели соговорникот кој додава дека за да го направи тестот за корона позајмил. Откако добив резултати од тестот и излезе дека сум позитивен, јавив на матичниот и ми кажа да стапам во контакт со епидемиолошката служба. -Не можев на тој телефонски број да добијам никого, а ѕвонев 4 дена. Петтиот познаници ми дадоа некој мобилен од кој добиле решение. На тој ги добив и ми рекоа седи дома, не е итно. Ги немаше една недела, уште седум дена голгота седам дома, а на работа немам документ да им дадам, документ дека сум позитивен и оти треба да седам дома. Замислете поминаа 15 дена откако добив симптоми, отидов на испитувања, се тресев од температура неколку дена, губев свест. И дури 16 ден во исто време на вибер го добив документот и дека сум позитивен дека треба да седам дома и решение дека прекинува тој период или како што велат сите дека сум слободен. За малку ќе се соочев и со отказ. Срамота, консатира соговорникот. Замислете, продолжува тој, да требаше да бидам хоспитализиран и да тргнев по тие лавиринти. -Едно е јасно, не дај боже некој да се зарази ниту има термини за испитување, ниту епидемиолози има да ги констактираш, најфатално изгледа е да завршиш во болница, заклучи соговорникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/svedoshtvo-za-test-za-korona-pozajmiv-pari-za-reshenie-chekav-povekje-od-dve-nedeli-za-malku-kje-dobiev-otkaz/feed/ 0
Мицкоски: Кога сакаат да дефокусираат, лажат дека немаме став – но владата е таа која нема решение за ниту еден проблем на народот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-sakaat-da-defokusiraat-lazat-deka-nemame-stav-no-vladata-e-taa-koja-nema-reshenie-za-nitu-eden-problem-na-narodot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-sakaat-da-defokusiraat-lazat-deka-nemame-stav-no-vladata-e-taa-koja-nema-reshenie-za-nitu-eden-problem-na-narodot/#respond Fri, 23 Oct 2020 13:50:41 +0000 https://kurir.mk/?p=419791

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест обвини дека Заев и СДСМ за да ја покријаст нивната политичка бедотија и неспособност го обвинуваат него и партијата дека немаат став за ништо. -Во ситуација кога ништо не работат, најдоброто што знаат да го изустат, е дека Мицкоски немал став за ниту едно прашање со надеж да ги свртат погледите кон нас за да не се види нивната политичка бедотија и неспособност. Епа еве да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ нема прашање за кое нема јасен и прецизен став, исто како што Заев и неговата магарешка влада немаат решение за ниту еден проблем кој што е секојдневие на народот во Македонија, порача Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-koga-sakaat-da-defokusiraat-lazat-deka-nemame-stav-no-vladata-e-taa-koja-nema-reshenie-za-nitu-eden-problem-na-narodot/feed/ 0
Ве предизвикуваме: Оваа задача ќе ја решат само најпаметните, дали сте меѓу нив? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-predizvikuvame-ovaa-zadacha-kje-ja-reshat-samo-najpametnite-dali-ste-megju-niv/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-predizvikuvame-ovaa-zadacha-kje-ja-reshat-samo-najpametnite-dali-ste-megju-niv/#respond Thu, 30 Jul 2020 12:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=383754

Интернетот врие поради една задача што секој се обидува да ја реши. Тестирајте го и вашето знаење! Задачата е да се реши четвртиот ред, но и да се открие кој метод се користи за да се добие точниот резултат. Значи, мора да го пронајдете скриениот алгоритам. Иако многумина во коментарите истакнаа дека има два начина да се реши загатката, сепак има само еден точен. Дали знаете кој е бројот што недостасува и зошто? Најчесто луѓето одговараат дека го добиле бројот 40, но тоа не е точниот одговор. Еве на кој начин доаѓаат до него: Сега, кога знаете дека 40 не е точниот одговор, пробајте да решите уште еднаш. Одговорот ви го пренесуваме подолу, но прво размислете сами и не мамете: Точниот одговор е 96. Еве како се доаѓа до него:  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/ve-predizvikuvame-ovaa-zadacha-kje-ja-reshat-samo-najpametnite-dali-ste-megju-niv/feed/ 0