решенија за изолација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Feb 2022 06:28:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png решенија за изолација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Решенијата за изолација отсега на страницата на ДСЗИ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenijata-za-izolacija-otsega-na-stranicata-na-dszi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenijata-za-izolacija-otsega-na-stranicata-na-dszi/#respond Wed, 02 Feb 2022 06:30:17 +0000 https://kurir.mk/?p=625650

Решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација ќе се објавуваат на веб-страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во Службен весник во најбрз можен рок, со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација, издавањето на решението за изолација и неговото објавување. Од вчера новата Комисијата за заразни болести е со нов и проширен состав, но сепак со истиот став, апелираше на масовна вакцинација за побрзо завршување на пандемијата. Во однос на новата одлука, решенијата за изолација да се објавуваат на веб-страницата на ДСЗИ, ќе се намалуваат можностите за злоупотреба во периодот додека не се објави решението, а со тоа се намалуваат и ризиците од дополнителен број случаи позитивни на КОВИД-19 . – За овој начин на доставување на решенијата граѓаните ќе бидат претходно известени преку телефонскиот број оставен во установата каде било извршено тестирањето, а ќе постои можност да биде издадена потврда дека е издадена јавна објава за изолација на писмено барање на граѓаните, информираа вчера од Влада.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reshenijata-za-izolacija-otsega-na-stranicata-na-dszi/feed/ 0
Драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/#respond Fri, 27 Nov 2020 13:01:52 +0000 https://kurir.mk/?p=435333

Од разговорот со инспекторите бев информиран дека драстично е зголемен бројот на издадени решенија за изолација на лица заразени со Ковид 19 и лица кои биле во контакт со заболени. Тоа е показател дека влегуваме во можеби најкритичниот период од пандемијата, истакна денеска вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски, по средбата со инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Тој нагласи дека е факт оти здравственот систем е оптоварен и затоа, како што рече, повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. – Само така, заеднички ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус. А ние како Влада, и јас како вицепремиер под чија надлежност е координацијата токму со Инспекцискиот совет ќе направиме се што е во наша надлежност да им помогнеме на инспекциските служби, потенцираше вицепремиерот. Николовски истакна дека информацијата за кадровската екипираност во и инспекторатите е веќе влезена во владина процедура. – Евидентно е дека им е потребен значитено поголем број луѓе и ресурси и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања со цел да се обезбеди непречено функционирање, рече вицепремиерот. Тој посочи дека ги охрабрува инспекциски служби да продолжат со интензивните контроли. – Ја имаат поддршката од Владата, нема да дозволиме заради поединци да биде загрозено јавното здравје, нема толеранција кога е во прашање заштитата на здравјето на граѓаните. Секоја инспекциска служба во рамки на своите надлежности, има подеднакво значење и придонес во справувањето со пандемијата од Ковид 19 и вакви средби ќе спроведам и со другите инспекторати, изјави Николовски. Директорката на ДЗСИ Ирина Сотирова Бухова нагласи дека инспекторите веќе девет месеци наназад секојдневно се на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, школи, детски градинки козметички салони, старечки домови, секаде каде што е потребно. Таа наведе дека само во последните четири дена доставени се 7.500 решенија за изолација на лица зразени со Ковид-19 и на лица кои имале контакти со позитивни. – Последниот надзор во Клиничка болница Штип го завршивме за 48 часа. Исходот понатаму е иницирање на вонреден надзор за да се потврди или отфрли евентуална грешка во здравствениот систем. Надзорот во Клиничка болница Битола го завршивме за 24 часа со епилог издавање решение по кое директорката мора да постапи веднаш. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе моноторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, непријателот е невидлив меѓутоа е тука за нас, потенцираше Сотирова Бухова. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/drastichno-e-zgolemen-brojot-na-izdadeni-reshenija-za-izolacija/feed/ 0
Минатата недела спроведени 4.822 инспекциски контроли, затворени четири кафетерии и издадени 13.676 решенија за изолација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/#respond Wed, 18 Nov 2020 13:49:13 +0000 https://kurir.mk/?p=431276

Од 9 до 15 ноември шесте инспекциски служби во земјава спровеле вкупно 4.822 контроли. За непочитување на заштитните протоколи се затворени два угостителски објекта, еден во Гостивар и еден во Охрид, а издадени се и 13.676 решенија за изолација на лица болни од КОВИД, како и на лица кои биле во контакт со корона-заболени. Како што соопшти денеска претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, инспекциските служби ќе продолжат да работат со полн капацитет и во наредниот период. Таа апелира до граѓаните и правните субјекти да ги почитуваат здравствените мерки и препораки со што, рече, ќе им помогнат и на здравствените работници, инспекторите, армијата, полиција и на сите што активно се вклучија во борбата против КОВИД. -Влегуваме во веројато најтешкиот период од справувањето со корона пандемијата поради што е најважно, како што рече, сите да придонесат за намалување на ширењето на вирусот. Тоа ќе го постигнеме само преку почитување на мерките и пртооколите, и од страна на граѓаните и од стопанството, да ги почтуваат протоколите од страна на граѓаните и стопанството, инспексицките служби ќе продолажт со контролите, напомена Филиповска-Грашкоска на прес-конференција во Владата. Филиповска-Грашкоска информира дека од 9 до 15 ноември Државниот здравствен и санитатерн испекторат извршил 80 надзори врз основа на кои изрекол 13.676 решенија за изолација на лица заболени од корона и на лица кои биле во контакт со заболени. Државниот здравствен и санитатерн испекторат изрекол и шест решенија од кои четири се за спроведување починато лице кое освен спроводница, мора да има и решение. Остантите две се за неправилно носење заштитна опрема, а уште едно, во рамки на вкупно седумте надзори, е издадено и за неисполнување на санитарно-хигиенски услови. Пазарниот иснпекторат, пак, извршил вкупно 3.068 контроли и 619 надзори при што изрекол 31 прекршочна пријава. Инспекторатот издал и 62 решенија, како и 38 прекршочни платни налози за прекршување на повеќе закони, меѓу кои законите за финансиска дисциплина, за занаетчиство и за заштита од пушење. -Од овие, две се за непочитување на Законот на населението од заразни болести. Еден угостителски објект во Гостивар работел по 21 часот, а друг, во Охрид, не го испочитувал ограничувањето за најмногу четири лица на маса. На двата објекта им е изречена забарана за вршење дејност и тие се веднаш затворени, на лице место. Изречени им се и соодветни платни налози, рече Филиповска-Грашкоска. Таа додаде и дека се затворени уште два други угостителски објекта зашто работеле, а не биле регистрирани. Инспекторатот за транспорт извршил 80 надзори, а за непочитување закони изрекол десет прекршони пријави, 17 решенија и два прекршочни платни налога за непочитување на пртоколот за меѓународен превоз на патници на граничниот премин „Деве баир“. Државниот инспекторат за труд, пак, спрвел 550 надзори, со фокус на почитување на здравствените протоколи. Притоа, изрекол 24 решенија за неправилноста од областа на работните односи и издал осум платни налози поради неносење заштитна маска на работно место. Агенцијата за лекови сповела 26 надозри во аптеките низ државата при што е издадена една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски. АХВ, пак, изврши 399 надзори и издаде 12 решенија и изврши 19 едуакции за неизврпени здравствени прегледи, непроведување општи хигиенски мерки, небезбеден производи и работа на нерегистриран објект. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/minatata-nedela-sprovedeni-4-822-inspekciski-kontroli-zatvoreni-chetiri-kafeterii-i-izdadeni-13-676-reshenija-za-izolacija/feed/ 0