респиратори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Jun 2021 12:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png респиратори – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филипс повлекува дел од респираторите, штетни се по здравјето https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/#respond Mon, 14 Jun 2021 12:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=523222

Произведувачот на медицинска опрема Филипс објави дека ќе повлече дел од респираторите поради опасност од распаѓање и активирање на ситни, токсични честички кои можат да предизвикаат рак. Се работи за проблеми во делот од распираторите кој се користи за пригушување на звукот на уредот, при што токсичните честички лесно можат да се движат и да ги надразнат дишните патишта. Компанијата ќе повлече меѓу три и четири милиони респиратори и машини за асистенција при дишење, изјавил изршниот директор на Филипс, Франс ван Хоутен. Филипс во извештајот на својата работа во првото тромесечје објави дека за решение на овој проблем се издвоени 250 милиони евра, а сега компанијата соопшти дека ќе издвои уште толку. Од компанијата нагласија дека нема да опслужуваат нови купувачи, туку во следната една година ќе работат на замена и поправање на овие уреди. Ројтерс јавува дека околу две третини од овие уреди се продадени во САД.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/filips-povlekuva-del-od-respiratorite-shtetni-se-po-zdravjeto/feed/ 0
ЕУ одговори на барањето на Чешка, испрати 150 респиратори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odgovori-na-baranjeto-na-cheshka-isprati-150-respiratori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odgovori-na-baranjeto-na-cheshka-isprati-150-respiratori/#respond Sat, 24 Oct 2020 10:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=420104

Европската унија и обезбеди на Чешка 150 респиратори за помош во борбата против вториот бран на Ковид-19. Респираторите се од заедничките резерви на ЕУ (30), Австрија (15) и Холандија (105). Како најсериозно погодена земја од вториот бран на коронавирус во Европа, Чешка побара помош преку механизмот за цивилна заштита на ЕУ. Во текот на претходната недела, покрај 150 респиратори, во Чешка беа испорачани 620.000 заштитни маски и 50.000 заштитни одела. Во последните две недели, Чешка има 1.148,5 заразени и девет смртни случаи на 100.000 луѓе. На второ место во Европа е Белгија со 1.019,8 заразени и четири смртни случаи на 100.000 граѓани. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-odgovori-na-baranjeto-na-cheshka-isprati-150-respiratori/feed/ 0
НАТО и донираше на Албанија 60 респираторни машини https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-donirashe-na-albanija-60-respiratorni-mashini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-donirashe-na-albanija-60-respiratorni-mashini/#respond Tue, 20 Oct 2020 16:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=418622

Албанското Министертво за одбрана прими донација од НАТО која се состои од 60 респиратори машини. Во врска со донацијата преку Фејсбук реагираше американската амбасада каде се наведува дека САД покажува дека испораката на респираторните машини од американско производство ја потврдува посветеноста на САД кон глобалните предизвици. -Сојузниците на НАТО се обединети во борбата против Ковид-19. Испораката во Албанија на 60 респиратори произведени во Америка, од резервите на Алијансата, ја покажува посветеноста на Соединетите држави за нашата трансатлантска врска и вистинското обединување на НАТО против глобалните предизвици, пишува во објавата на американската амбасада. Донацијата била координирана од евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC). Деновиве донацијата ќе биде предадена на албанското Министерство за здравство по што ќе биде распределена по болниците. Во Албанија се влошува состојбата со Ковид-19, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по 230 новозаразени. Во последните 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 301 лице, што е највисока бројка до сега.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nato-i-donirashe-na-albanija-60-respiratorni-mashini/feed/ 0
Стотина респиратори во БиХ, наместо за борба против Ковид, оставени во складишта https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stotina-respiratori-vo-bih-namesto-za-borba-protiv-kovid-ostaveni-vo-skladishta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stotina-respiratori-vo-bih-namesto-za-borba-protiv-kovid-ostaveni-vo-skladishta/#respond Mon, 05 Oct 2020 14:30:30 +0000 https://kurir.mk/?p=412632

Стотина респиратори, купени од Федерацијата БиХ заради борба со пандемијата на коронавирус, сè уште се во складишта, бидејќи досега не е пронајдена квалификувана компанија во БиХ за да ги верификува, пушти во употреба и да ги сервисира, објавија денеска локалните медиуми. Мустафа Кадрибеговиќ, директор на Цивилната заштита на Федерацијата БиХ, за порталот „Дневни аваз“ потврди дека пропаднал уште еден тендер на кој барале сервисер за респираторните уреди купени од Кина. Никој не се пријавил на повторениот тендер, а на првиот,кој морал да биде поништен, се пријавила само една компанија и тоа само да изврши верификација, но не покажала интерес за одржување и сервисирање на респираторите. Кинеските респиратори требаше да бидат дистрибуирани во болниците за лекување на пациенти со дијагностицирана тешка форма на Ковид-19. Повеќе од пет милиони евра се издвоени од буџетот на ентитетот за набавка на овие уреди, а тие беа испорачани во БиХ во април и оттогаш се чуваат во складишта. Набавката на респиратори се претвори во голема афера бидејќи тие беа набавени со државни пари од компанијата „Сребрена малина“ од Сребреница, која немала никаква врска со лекови и медицинска опрема, а била регистрирана за одгледување и преработка на овошје и зеленчук За време на истрагата, беа приведени и сослушани премиерот на Федерацијата БиХ, Фадил Новалиќ, поранешниот директор на ентитеската Цивилна заштита, Фахрудин Солак и сопственикот на „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ. Локални медиуми објавија дека наскоро се очекуваат и првите обвиненија по овој случај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/stotina-respiratori-vo-bih-namesto-za-borba-protiv-kovid-ostaveni-vo-skladishta/feed/ 0
276 новозаразени со коронавирусот во Србија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/276-novozarazeni-so-koronavirusot-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/276-novozarazeni-so-koronavirusot-vo-srbija/#respond Tue, 30 Jun 2020 13:34:34 +0000 https://kurir.mk/?p=365893

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 276 лица заразени со Ковид-19, а три лица починале, со што вкупниот број на жртви е зголемен на 277, објавено е денеска на интернет страницата ковид-19.рс. Во исто време, расте и бројот на лица на респиратор и денеска има 42, што е за шест повеќе од вчерашниот пресек, додека вкупно се активни 1.625 случаи. Во изминатите 24 часа тестирани се 8.377 лица, а вкупниот број на тестирани изнесува 401.240. Од почетокот на епидемијата во Србија се регистрирани 14.564 случаи на новиот коронавирус, а починале 277 лица со што стапката на смртност е 1,90 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/276-novozarazeni-so-koronavirusot-vo-srbija/feed/ 0
Приведен премиерот на Федерација БиХ: Респиратори од Кина набавила фирма за одгледување овошје и зеленчук! https://arhiva.kurir.mk/svet/region/priveden-premierot-na-federacija-bih-respiratori-od-kina-nabavila-firma-za-odgleduvanje-ovoshje-i-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/priveden-premierot-na-federacija-bih-respiratori-od-kina-nabavila-firma-za-odgleduvanje-ovoshje-i-zelenchuk/#respond Fri, 29 May 2020 06:05:40 +0000 https://kurir.mk/?p=351237

Претседателот на Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина, Фадил Новалиќ, директорот на управата за Цивилна заштита Фахрудин Солак и сопственикот на фирмата „Сребрена малина“ Фикрет Хоџиќ синоќа се приведени на испитување  во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамките на истрагата за аферата респиратори. Тие и претходно дадоа изјава пред истражителите откако случајот го презеде Обвинителството на БиХ. Во средата полицијата му го одзеде телефонот на Новалиќ за вештачење, при што треба да се утврди со кого тој контактирал за набавката на респираторите. Спорните респиратори се набавени од Кина за 5,3 милиони евра, но се неупотребливи на одделенијата за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина“ можела да увезе респиратори, кога е регистрирана како фирма за преработка и одгледување на овошје и зеленчук. Фирмата бизнисот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/priveden-premierot-na-federacija-bih-respiratori-od-kina-nabavila-firma-za-odgleduvanje-ovoshje-i-zelenchuk/feed/ 0
ЕУ и „Филипс“ потпишаа договор за набавка на респиратори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-filips-potpishaa-dogovor-za-nabavka-na-respiratori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-filips-potpishaa-dogovor-za-nabavka-na-respiratori/#respond Tue, 12 May 2020 14:53:47 +0000 https://kurir.mk/?p=345052

Холандскиот производител на електронски уреди „Филипс“ потпиша договор со Европската унија за купување респиратори за болници во Европската унија, соопштија денеска портпароли на ЕК и на компанијата. – Можам да потврдам дека Филипс потпиша рамковни договори со Европската комисија за снабдување со респиратори во согласност со заедничката спогодба за набавки на ЕУ, рече портпаролот на Филипс. Запрашан за договорот со Филипс, портпарол на Европската комисија потврди дека биле склучени договори со холандската компанија и други, но одби да ги именува другите компании што победиле на тендерот затоа што постапките се уште не биле завршени. Тој одби да ја коментира цената. Европската комисија во март почна заедничка програма за набавка на медицинска опрема во име на 25 земји од ЕУ, преговарајќи и потпишувајќи нацрт договори со добавувачите. После тоа, владите можат да испраќаат порачки. Заедничката јавна набавка на респиратори за ЕУ беше покрената на 17 март.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-i-filips-potpishaa-dogovor-za-nabavka-na-respiratori/feed/ 0
„Ројтерс“: Дали респираторите ги уништуваат белите дробови? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-dali-respiratorite-gi-unishtuvaat-belite-drobovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-dali-respiratorite-gi-unishtuvaat-belite-drobovi/#respond Sun, 26 Apr 2020 21:22:11 +0000 https://kurir.mk/?p=337700

Машините за помош на луѓето да дишат станаа најголемото оружје на медицинските лица кои се борат против Ковид-19, кој досега уби повеќе од 200.000 луѓе. За неколку недели по глобалното појавување на болеста во февруари, владите ширум светот се обидоа да произведуваат или да купуваат вентилатори, бидејќи повеќето болници рекоа дека има голем недостиг од нив, анализира агенцијата Ројтерс. Ројтерс интервјуираше 30 лекари и медицински професионалци во земји, вклучувајќи Кина, Италија, Шпанија, Германија и САД, кои имаат искуство во справување со пациенти со Ковид-19. Речиси сите се согласија дека респираторите се од витално значење и помогнаа да се спасат животи. Во исто време, многумина ги потенцираа ризиците од употреба на најинвазивните видови – механички вентилатори – премногу рано или премногу често, или од не-специјалисти кои ги користат без соодветна обука во преполни болници. Многу форми на вентилација користат маски за да помогнат да се добие кислород во белите дробови. Главната грижа на лекарите е околу механичката вентилација, која вклучува вметнување цевки во дишните патишта на пациентите за да испуштаат воздух, процес познат како интубација. Пациентите се силно седатизирани, за да ги запрат респираторните мускули да се борат со машината. Оние со сериозни недостатоци на кислород или хипоксија, генерално се интубираат и се закачуваат на респираторот две до три недели, со најдобар случај од шансите да преживеат педесет на педесет, тврдат лекарите интервјуирани од Ројтерс и неодамнешните медицински истражувања. Сликата е делумна и се развива, но сугерира дека лицата со Ковид-19 кои биле интубирани имале, барем во раните фази на пандемијата, поголема стапка на смртност од другите пациенти на респиратори кои имаат бактериска пневмонија или пропаднати бели дробови. Ова не е доказ дека респираторите ја забрзале смртта: треба понатамошно истражување за врската помеѓу интубацијата и стапката на смртност, велат лекарите. Во Кина, 86 проценти од 22 пациенти со Ковид-19 не преживеале инвазивна вентилација во одделот за интензивна нега во Вухан, градот каде започна пандемијата, според студијата објавена во списанието „Лансет“ во февруари. Нормално, пишува магазинот, пациентите со сериозни проблеми со дишењето имаат 50 отсто шанси да преживеат. Една неодамнешна британска студија покажа дека две третини од пациенти со Ковид-19, поставени на механички вентилатори, сепак умреле, а една студија во Њујорк откри дека 88 отсто од 320 пациенти со механичка вентилација починале. Неодамна, никој од осумте пациенти кои биле ставени на респиратори во клиниката во Кливленд не починал од 9 април, изјави тамошен лекар за Ројтерс. И еден доктор во универзитетската болница „Емори“ во Атланта рече дека тој имал „добра“ недела кога речиси половина од пациентите со Ковид-19 биле успешно „симнати“ од респиратори, кога тој очекувал повеќето да умрат. Искуствата можат да варираат драматично. Просечното време што пациентот со Ковид-19 го помина на респиратор во петте болници во калифорнискиот округ Сан Диего беше нешто повеќе од една недела, споредено со две недели во медицинскиот центар „Хадасах ајн керем“ во Ерусалим и три во медицинскиот центар „Универзитет Малаја“ во главниот град на Малезија, Куала Лумпур, соопштија медицинските лица во болниците. Во Германија, додека пациентот Бергман се бореше да дише, тој рече дека станал премногу очајен за да се грижи. „Дојде момент кога едноставно повеќе не беше важно“, рече тој за Ројтерс. „Во еден момент бев толку исцрпен што го прашав докторот дали ќе се подобри. Велев, да немав деца или партнер, тогаш ќе биде полесно да останам во мир“. Наместо да го става Бергман на механички вентилатор, клиниката му даде морфиум и го задржа на маската за кислород. Оттогаш тој е тестиран без инфекција, но не е целосно опоравен. Раководителот на клиниката, Томас Вошар, германски пулмолог, силно аргументира против раната интубација на пациенти со Ковид-19. Лекарите, вклучително и Вошар, се грижат за ризикот дека респираторите ќе ги оштетат белите дробови на пациентите. Лекарите интервјуирани од Ројтерс се согласија дека механичките вентилатори се клучни уреди за зачувување на животот, особено во тешки случаи кога ситуацијата на пациентите одеднаш се влошува. Ова се случува кога кај некои имунолошкиот систем влегува во она што е познато како „цитокинска бура“ од воспаление, што може да предизвика опасно висок крвен притисок, оштетување на белите дробови и евентуална слабост на органите. Во трудот објавен од Американското торакално друштво на 30 март, Гатинони и другите италијански лекари напишале дека Ковид-19 не доведува до „типични“ респираторни проблеми. Тие напишаа дека белите дробови на пациентите работеле подобро отколку што очекувале за АРДС – тие беа поеластични. Значи, рече тој, механичката вентилација треба да се даде „со помал притисок од оној на кој сме навикнати“. Вентилацијата кај некои пациенти со Ковид-19 како да се стандардни пациенти со АРДС не е соодветна, изјави тој за Ројтерс. „Тоа е како да користите ‘ферари’ за да одите во продавницата што е веднаш до вас, притискате на гаста и го кршите прозорецот.“ Италијците веднаш ги следеше Камерон Кајл-Сидел, лекар од Њујорк, кој ја стави својата дискусија на „ЈуТјуб“, велејќи дека со подготовките да ги стават пациентите на респиратори, болниците во Америка лекуваат „погрешна болест“. Вентилацијата, стравува тој, ќе доведе до „огромна штета кај голем број луѓе за многу кратко време“. Ова останува негово гледиште, рече тој за Ројтерс оваа недела. Кога избувна епидемијата на Шпанија во средината на март, многу пациенти отидоа директно на респиратори затоа што Х-зраците на белите дробови и другите резултати од тестот „нè исплашија“, рече Делија Торес, лекар во униврзитетската болница во Аликанте. Сега тие повеќе се фокусираат на дишењето и на целокупната состојба на пациентот отколку на Х-зраци и тестови. И тие помалку интубираат. „Ако пациентот може да се подобри без тоа, тогаш нема потреба“, рече таа. Во Германија, исто така, бил загрижен специјалистот за белите дробови Вошар. Самиот механички вентилатор може да ги оштети белите дробови, вели тој. Ова значи дека пациентите остануваат подолго време на интензивна нега, блокираат специјалистички кревети и создаваат злобен круг во кој се потребни уште повеќе вентилатори. Од 36-те акутни пациенти со Ковид-19 на неговиот оддел кон средината на април, рече Вошар, еден бил интубиран – човек со сериозно невро-мускулно нарушување – и тој бил единствениот пациент што умрел. Други 31 се опоравија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rojters-dali-respiratorite-gi-unishtuvaat-belite-drobovi/feed/ 0
Ова е најбогатиот човек во време на пандемијата- истиот е производител на респиратори https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najbogatiot-chovek-vo-vreme-na-pandemijata-istiot-e-proizvoditel-na-respiratori/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najbogatiot-chovek-vo-vreme-na-pandemijata-istiot-e-proizvoditel-na-respiratori/#respond Fri, 24 Apr 2020 11:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=336660

Ли Ситинг, претседател на компанијата „Шензен миндреј био-медикал електроникс“ е најбогатиот човек во Сингапур. Неговото богатство месечно се зголемува за една милијарда долари откако вредноста на акциите на неговата компанија за производство на медицински апарти, меѓу кои и респиратори, се зголеми за речиси 50 проценти откако се појави пандемијата со новиот коронавирус. Вредноста на  „Шензен миндреј био-медикал електроникс“  од почетокот на годината, според податоци на „Блумберг“ се зголеми од 4,3 милијардио на 13,5 милијарди долари. Ли е роден во кинеската провинција Анхуи, но од 2018 година живее во Сингапур. Компанијата соопшти дека само од Италија примила нарачка за околу 10.000 респиратори, но не соопшти колку чини еден респиратор. За разлика од производството на медицински маски, за респираторите потребна е висока технолошка специјализација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ova-e-najbogatiot-chovek-vo-vreme-na-pandemijata-istiot-e-proizvoditel-na-respiratori/feed/ 0
„Тесла“ им испорачува бесплатни респиратори на болниците ширум светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-im-isporachuva-besplatni-respiratori-na-bolnicite-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-im-isporachuva-besplatni-respiratori-na-bolnicite-shirum-svetot/#respond Wed, 01 Apr 2020 10:44:46 +0000 https://kurir.mk/?p=325505

Американската компанија за производство на електрични возила и чиста енергија, „Тесла“, соопшти дека бесплатно ќе испорачува респиратори и друга потребна опрема за болниците ширум светот во екот на пандемијата на коронавирусот. „Имаме дополнителни респиратори, што ги одобри ФДА. Им ги испорачуваме на болниците ширум светот во регионите на испорака на „Тесла“. Трошоците за уредите и испораката се бесплатни, напиша на Твитер Илон Маск, извршниот директор на компанијата. Американската Управа за храна и лекови (ФДА), е регулаторното тело и федерална агенција на америнскиот Оддел за здравство и човекови услуги, пренесува агенцијата Анадолија. „Единственото барање е респираторите веднаш да почнат да се користат за пациентите на кои им се потребни, а не да се чуваат во магацини“, напиша Маск. Извршниот директор на компанијата ги повика заинтересираните да стапат во контакт со него или компанијата. Маск минатата недела изјави дека од Кина купиле повеќе од 1.200 респиратори и дека ги испорачале во САД. Гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, минатата недела потврди дека Маск на својата сојузна држава и подарил 1.000 респиратори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tesla-im-isporachuva-besplatni-respiratori-na-bolnicite-shirum-svetot/feed/ 0