рестарт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Jul 2020 09:18:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рестарт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лука Дончиќ: Мислам дека Далас нема да биде во најдобра форма на првиот натпревар по рестартот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luka-donchikj-mislam-deka-dalas-nema-da-bide-vo-najdobra-forma-na-prviot-natprevar-po-restartot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luka-donchikj-mislam-deka-dalas-nema-da-bide-vo-najdobra-forma-na-prviot-natprevar-po-restartot/#respond Mon, 27 Jul 2020 09:18:50 +0000 https://kurir.mk/?p=381904

Кошаркарот на Далас, Лука Дончиќ, по поразот (111:118) од Индијана во контролниот дуел, рече дека задачата на неговиот тим е да биде во врвна форма за плеј-офот. – Не мислам дека ќе бидеме во најдобра форма на првиот натпревар по рестартот на сезоната. Но верувам дека ќе бидеме подготвени за плеј-офот, кога е најважно да си најдобар, изјави Дончиќ. Далас ќе го одигра својот прв натпревар од продолжението на сезоната на 31 јули против Хјустон. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/luka-donchikj-mislam-deka-dalas-nema-da-bide-vo-najdobra-forma-na-prviot-natprevar-po-restartot/feed/ 0
Силвер: Ако некој од играчите не сака да учествува во рестартирање на сезоната, тоа нема да претставува повреда на договорот https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/silver-ako-nekoj-od-igrachite-ne-saka-da-uchestvuva-vo-restartiranje-na-sezonata-toa-nema-da-pretstavuva-povreda-na-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/silver-ako-nekoj-od-igrachite-ne-saka-da-uchestvuva-vo-restartiranje-na-sezonata-toa-nema-da-pretstavuva-povreda-na-dogovorot/#respond Tue, 16 Jun 2020 06:33:27 +0000 https://kurir.mk/?p=358408

Комесарот на НБА, Адам Силвер изјави дека ја разбира загриженоста на некои кошаркари за планот за продолжување на сезоната 2019/20, што го предложи лигата. – Сакам да забележам дека ова можеби не е за секого. Ова ќе бара големи жртви од играчите и од сите што ќе учествуваат во продолжувањето на сезоната, тренери, судии. Доколку некој од кошаркарите одлучи да не дојде во Орландо, тоа нема да претставува повреда на условите на неговиот договор. Ние сме подготвени да ја прифатиме оваа позиција, изјави Силвер. Претходно беше објавено дека најсилната светска кошаркарска лига планира да ја продолжи сезоната, одржувајќи ги сите натпревари во Орландо пред празни трибини. Кошаркарите ќе живеат во истиот кампус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/silver-ako-nekoj-od-igrachite-ne-saka-da-uchestvuva-vo-restartiranje-na-sezonata-toa-nema-da-pretstavuva-povreda-na-dogovorot/feed/ 0
Градоначалникот на Лондон е против рестарт на Премиер лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gradonachalnikot-na-london-e-protiv-restart-na-premier-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gradonachalnikot-na-london-e-protiv-restart-na-premier-ligata/#respond Tue, 12 May 2020 14:06:35 +0000 https://kurir.mk/?p=345035

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, се спротивставува на планот да се рестартира Премиер лигата во јуни во главниот град, откако неговиот кабинет соопшти за „Ивнинг стандард“ дека фудбалот треба да се врати штом „е безбедно да се стори тоа“. Британската влада во понеделникот објави дека спортот може да се продолжи предпразни трибини од 1 јуни, а Премиер лигата има цел да ја продолжи кампањата на 12-ти. Планот, наречен „Проект Рестарт“, предлага натпреварите да се играат на неутрални стадиони, при што Лондон потенцијално ќе биде домаќин на 22 од преостанатите 92 натпревари. Сепак, градоначалникот на британската престолнина е загрижен за можното преоптоварување на здравствениот систем во Лондон, открива неговата канцеларија за изданието. – Садик очајно сака Премиер лигата да се обнови, како и целиот професионален спорт. Сепак, со оглед на тековната криза и фактот дека стотици луѓе умираат секој ден, тој верува дека сè уште е рано да се разговара за враќањето на Премиер лигата и на врвниот фудбал во главниот град. Како навивач на Ливерпул, Садик, се разбира, сака Премиер лигата да се врати, но тоа може да се случи само кога е безбедно и во никој случај не го преоптоварува системот за здравствена заштита, изјави портпаролот за градоначалникот за весникот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gradonachalnikot-na-london-e-protiv-restart-na-premier-ligata/feed/ 0
Турција со план за рестарт на економијата во крајот на мај https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-so-plan-za-restart-na-ekonomijata-vo-krajot-na-maj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-so-plan-za-restart-na-ekonomijata-vo-krajot-na-maj/#respond Tue, 28 Apr 2020 15:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=338825

Турската Влада има за цел да почне да ја обновува економијата на крајот на мај по остриот пад поради мерките за пандемијата од коронавирусот, и притоа да го минимизира ризикот од втор бран на зараза. Тоа го изјави денеска висок турски претставник, цитиран од западни медиуми. Покрај тоа, претседателот на Здружението на трговски центри во Турција, Хусеин Алташ, посочи дека се планира да се отворат трговските центри на 11 мај во случај трговците да сакаат и по одобрување од специјализираниот научен совет за борба против коронавирусот. -Кога ќе погледнеме во бројот на случаи и смртни случаи, достигнавме позитивна точка. Отсега има можност економијата да се отвори, изјави цитираниот турски претставник, кој побара анонимност. – Неодамнешните студии покажуваат дека повторното отворање на економијата ќе биде можно кон крајот на мај и сегашните случувања го потврдуваат ова, рече изворот, додавајќи дека ќе бидат преземени чекори во таа насока без да се дозволи втор бран на зараза. Изворот рече дека турската Влада вчера разговарала за можни дополнителни даночни олеснувања и иницијативи за заштита на работни места и намалување на деловните трошоци. Тој најави дека владата има за цел да го стимулира секторот за туризам и воздушен сообраќај погодена од кризата. Повторното отворање на економијата „ќе овозможи позитивни показатели за БДП во втората половина од годината и ќе ги минимизира годишните намалувања оваа година“, рече турскиот официјален претставник.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turcija-so-plan-za-restart-na-ekonomijata-vo-krajot-na-maj/feed/ 0