реставрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 09 Mar 2021 11:14:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png реставрација – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ќе се реставрира родната куќа на Стив Наумов https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kje-se-restavrira-rodnata-kukja-na-stiv-naumov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kje-se-restavrira-rodnata-kukja-na-stiv-naumov/#respond Tue, 09 Mar 2021 11:14:14 +0000 https://kurir.mk/?p=479524

НУ Завод и Музеј-Битола со средства од Министерството за култура ќе ја реставрира родната куќа на народниот херој Стеван Наумов Стив која се наоѓа на улицата „Пецо Божиновски” бр.11 во Битола. Куќата во која е роден Стив Наумов за прв пат како постојана музејска поставка беше отворена на 4 јули 1961 година откако објектот е реконструиран и адаптиран за таа намена. Во 1977 година објектот е повторно реконструиран и адаптиран, а на јавноста и беа презентирани сегменти за ликот животот и делото на Стив Наумов, кој во периодот на Народноослободителната и антифашистичка војна на македонскиот народ како секретар на КПЈ-КПМ за Битола со својата револуционерна дејност уште во тој период прерасна во легендарна личност. Самата поставка е поставена на простор од околу 150 квадратни метри, во приземје и кат. Истата, во 2002 година, по трет пат е обновена со содржина од нови експонати. Во приземниот дел во најголема мера прикажана е покуќнината и предметите за секојдневна употреба на семејството Наумови. На горниот кат од објектот кој зазема простор од околу 80 квадратни метри во четири посебни целини, презентирани се документи и предмети што го следат животот и делото на херојот од неговото најрано детство, фотографии, документи, предмети тесно поврзани со животот на неговото пошироко семејство, а во втората целина е прикажана неговата револуционерна активност, неговото загинување на 12 септември 1942 година заедно со неговиот соборец и другар народниот херој Мите Богоевски. Историскиот дел завршува со приказ на победата над фашизмот и сé она што за херојот, за неговото име и во негова чест, е напишано и изградено како спомен. Во третата целина во простор од 18 квадратни метри уредена е гостинска, приемна соба за свечености-визити, со оригинални и откупени предмети од тој период што даваат приказ на средно имотна фамилија од тој период, со еден фонд на урамени фамилијарни фотографии. Завршница на целокупната поставка е преуредениот затворен ходник во кој се поместени три уметнички ликовни дела од ликовниот уметник и учесник во НОАВМ, Тоде Ивановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kje-se-restavrira-rodnata-kukja-na-stiv-naumov/feed/ 0
Венеција: Милиони евра за реставрација на базиликата Свети Марко по поплавата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/#respond Tue, 19 Nov 2019 19:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=266232

За познатата базилика Свети Марко во Венеција ќе бидат потребни милиони евра за реставрација, откако неделава беше поплавена по шести пат во 1.200 години, а нејзините деликатни мермерни мозаици беа изложени на разорната солена вода, изјави нејзиниот кустос. Свети Марко, личната капела на дуждот на Венеција во средновековниот и ренесансниот период, е најпознатиот објект во мноштвото споменици кои беа загрозени од најтешките поплави регистрирани во Венеција од 1872 година досега. Експертите стравуваат од корозивните кристали на солта, кои кога се повлекуваат поплавите, можат да го разјадат мермерниот под на базиликата и мозаиците на површината, и да ја ослабнат криптата што го поддржува телото на црквата. Венеција претрпе штета од стотици милиони евра кога водата оваа недела го достигна второто највисоко ниво во последните 50 години. Осигурителните компании нема да дадат помош затоа што одбиваат да обезбедат покриеност од поплави во град каде што тоа е редовна појава и која се влошува под влијание на климатските промени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/venecija-milioni-evra-za-restavracija-na-bazilikata-sveti-marko-po-poplavata/feed/ 0
ФОТО: Се реставрира саркофагот на Тутанкамон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-se-restavrira-sarkofagot-na-tutankamon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-se-restavrira-sarkofagot-na-tutankamon/#respond Mon, 05 Aug 2019 09:50:17 +0000 https://kurir.mk/?p=226502

Саркофагот на египетскиот владетел Тутанкамон е подложен на реставрација првпат по откривањето во 1922 година. Потоа, наредната 2020 година, украсниот ковчег на младиот фараон, заедно со други предмети, поврзани со неговото владеење, ќе бидат изложени во новиот голем музеј. Египетските власти и вчера го изложија позлатениот саркофаг на Тутанкамон пред јавноста. Обновувањето почна кон средината на јули кога ковчегот беше префрлен од гробницата од Долината на Кралевите, во јужен Египет, во Големиот египетски музеј во Каиро. Реставрацијата ќе трае осум месеци. Тутанкамон е можеби најславниот египетски фараон, благодарение на британскиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри неговата недопрена гробница. „Детето фараон” – Тутанкамон бил син на Екнатон и веројатно на неговата далеку пославна сопруга – владетелката Нефертити. Младиот владетел седнал на престолот на девет години, а починал десет години подоцна од маларија. На почетокот на јули, Египет побара од Интерпол да се пронајде портретот на Тутанкамон, стар 3.000 години, што беше продаден во Лондон за 5,3 милиони евра, и покрај противењето на Каиро. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-se-restavrira-sarkofagot-na-tutankamon/feed/ 0
Реставрација на црквата „Св. Ѓорѓи” во Курбиново https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restavracija-na-crkvata-sv-gjorgji-vo-kurbinovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restavracija-na-crkvata-sv-gjorgji-vo-kurbinovo/#respond Sun, 21 Jul 2019 07:17:28 +0000 https://kurir.mk/?p=220603

Црквата „Св. Ѓорѓи”, која се наоѓа високо над Преспанското Езеро, на границата помеѓу Албанија, Грција и Северна Македонија, повеќе од 800 години ја крие тајната за нејзината изградба. Нема податоци за тоа кој нарачал оваа мала црква да биде изградена на ваква изолирана локација. Уште поголема мистерија е кој ги насликал нејзините прекрасни фрески, кои се сметаат за ремек-дела од средниот византиски период. Црквата и фреските се дел од низата византиски цркви во Северна Македонија, мала балканска земја, која и по 26 години независност сè уште се мачи да го најде своето место во Европа. По повеќе пропаднати обиди, локалните власти повторно прават напор да го реставрираат овој византиски бисер, кој со години бил оштетуван од пожари, бури, земјотреси и една лоша реставрација во 1980-тите. Тие се обидуваат да профитираат од културните објекти кои го зацврстуваат европскиот идентитет на Северна Македонија, во време кога земјата е на пат кон евроинтеграција. Црквата во Курбиново веќе го има привлечено вниманието на врвни европски научници, архитекти и дипломати. Но, покриена со скелиња, таа во моментов е само споменик на конфликтите во културната политика на една држава чиј национален идентитет со години бил под влијание на локалните и регионалните ривалства. Историскиот договор со Грција, со кој се постигна компромисно решение околу спорот за името, беше потпишан токму тука, на брегот на Преспанското Езеро. Со преименувањето на државата во Северна Македонија се затвори еден долгогодишен процес што го попречуваше пристапувањето на земјата, која инаку е дом на околу два милиони жители, кон Европската Унија и НАТО. Но, откако Европската Унија најави дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија ќе бидат одложени, локалното население е сè поубедено дека процесот на евроинтеграција нема крај. – Се обидовме на секој начин да ги задоволиме критериумите на Европската Унија.  Евроинтеграцијата е единствената тема околу која има консензус. Северна Македонија ќе изгуби многу ако процесот не успее, рече новинарот Бојан Јовановски. Процесот на евроинтеграција е испреплетен со поновата историја на црквата „Св. Ѓорѓи”, која според градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, е „еден од бисерите на Преспанскиот Регион.” Една од фреските во црквата, на која е насликан Арангел Гаврил, се наоѓа на банкнотата од 50 денари. Ова го потврдува статусот на црквата како национално богатство. Гошаревски се надева дека културните атракции во регионот ќе го привлечат вниманието на Европа. – Се надеваме дека договорот ќе придонесе Преспа конечно да се најде на европската мапа, изјави тој. Европејци веќе се заинтересирани за црквата во Курбиново, благодарение на Панче Велков, основачот на фондацијата „Македонида”, која е задолжена за промоција и заштита на македонското културно наследство. Со поддршка од фондацијата „Ричард Х. Дрихаус”, Велков има изработено неколку туристички водичи за верски туризам, во кои е вклучена и една скопска џамија од 15 век. Но, црквата „Св. Ѓорѓи” привлекува посебно внимание. Нејзините фрески биле прикажувани на изложби во Минхен, Скопје и Битола. Минатата година црквата беше дискутирана и на една конференција во Париз, организирана од страна на Future for Religious Heritage, организација посветена на заштитата на верските објекти. Во еден документарен филм на „Македонида”, францускиот амбасадор во Северна Македонија, Кристијан Тимоние, ја карактеризира црквата во Курбиново како спој на Рим и Византија и симбол на заедничкото европско културно наследство. – Црквата симболизира каква Европа сакаме да изградиме, изјави тој. Но, процесот на реставрација на црквата сè уште трае. Реновацијата на црквата започна во 2012 година, но беше прекината во 2017 година со цел да се изработи анализа за степенот на оштетеност на објектот. Мери Стојанова, извршна директорка на НУ Завод и музеј – Битола, под чија надлежност е проектот, изјави дека степенот на оштетеност на црквата сè уште се анализира. Се очекува процесот на реставрација да заврши во текот на следниот месец. Има повеќе објаснувања зошто процесот на реставрација бил сопрен, меѓу кои спаѓа и смртта на главниот реставратор Ристо Палигора минатиот декември, како и бројните финансиски проблеми. – Владата на Северна Македонија игра главна улога во секој проект, но нејзините приоритети се менуваат со текот на годините, изјави Ерве Декломенил, француски архитект и советник при конструкцијата на пристап кон црквата. Велков, од друга страна, го истакнува влијанието на честите промени во Министерството за кутура, но напоменува и дека во време на постојана политичка тензија, „културното наследство не е актуелна тема.” Во последниве години, актуелна тема во регионот беше македонското присвојување на Александар Велики и неговиот татко Филип Втори, кои владееле со областа Македонија во Грција, во 4 и 5 век пр. н. е., што беше и повод за спорот за името. Ова присвојување популаризирано од страна на поранешниот македонски премиер Никола Груевски – кој по 10 години на власт избега во Унгарија во 2018, со цел да избегне служење затворска казна за корупција – само го зголеми грчкото незадоволство. – Полесно е да се бара поврзаност со Александар Велики отколку да се обноват црквите, рече Велков. И додека за реставрација на културните објекти секогаш недостигаат финансиски средства, буџетот за проектот „Скопје 2014” изнесувал околу 730 милиони долари. Околу девет милион долари биле одвоени само за џиновските статуи на Филип и Александар. Според записот на олтарот, сликањето на фреските во црквата „Св. Ѓорѓи” започнало во април 1191 година. Денес, заради изолираната местоположба, црквата има мал број посетители. Оние што ќе успеат да го најдат неозначениот и неасфалтиран пат и да стигнат до црквата се пречекани од пензионираниот електроинженер Митко Ристевски, кој ги наследил клучевите од црквата од татко си. Застанат под стреата на црквата и свртен кон езерото, Ристевски убедено изјави дека кој и да ја избрал локацијата на црквата, го направил тоа токму заради погледот. Иако мистеријата за изградбата на црквата останува неразрешена, тоа само го зголемува нејзиниот шарм. Некои експерти велат дека изградбата на црквата била финансирана од некој локален земјопоседник, додека некои велат дека парите дошле од некој манастир. Со сигурност се знае дека еден од мајсторите кои работеле на фреските бил школуван во Костур, област во Грција, што според Велков е интересно ако се земат предвид моменталните добрососедски односи меѓу двете држави. – Зошто некој би се мачел да донесе вакви врвни уметници да работат на една ваква изолирана црква? Што точно се случувало во регионов во тој период?, прашува Велков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restavracija-na-crkvata-sv-gjorgji-vo-kurbinovo/feed/ 0
ФОТО+ВИДЕО: Волксваген и ја реставрираше „Бубата“ која ја вози 52 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-volksvagen-i-ja-restavrirashe-bubata-koja-ja-vozi-52-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-volksvagen-i-ja-restavrirashe-bubata-koja-ja-vozi-52-godini/#respond Thu, 13 Dec 2018 20:10:41 +0000 https://kurir.mk/?p=139954

„Бубата“ која Кетлин Брукс ја купила на 12. декември 1966. године ја нарекла Ени, а од тогаш тие две се неразделни цели 52 години. Кога Волксваген слушнале за овој случај, одлучиле целосно да ја реставрираат Ени. -Со мене беше низ мојот брак и развод. Во купувањето на куќата, почетокот на мојата работа, промената на неколку работни места, борбата со ракот на дојката. Секаде беше со мене и помина над 720.000 километри, вели Кетлин. Низ шега сопственичката на автомобилот вели дека Ени е иста како неа. -Спора е на угорнина и подобро работи кога е студено времето, вели сопственичката. Кога Волксваген дознале за нивниот однос, одлучиле да ја наградат за верност, а организиран е тим од 60 лица од фабриката во Мексико (каде последната, вистинска „Буба“ со воздушно ладење е направена во 2003 година), да извршат реставрација на Ени. Тимот ја спровел неверојатната трансформација, се со цел Кетлин да може да го користи автомобилот додека сака. Направени биле голем број унапредувања кои ќе и го олеснат возењето. Вградени биле диск-сопирачки на сите четири тркала, моторот бил преработен и зголема е моќноста на 1.600 кубика, ауспухот е од не’рѓосувачки челик, има електронско палење, но и многу други работи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-video-volksvagen-i-ja-restavrirashe-bubata-koja-ja-vozi-52-godini/feed/ 0