Ресторан Форца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 18 Jun 2022 11:50:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ресторан Форца – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Најдобрите вина со најдобрата храна на настанот „Вино на штикли“ во „Форца“ на 23 јуни https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/#respond Sat, 18 Jun 2022 11:38:16 +0000 https://kurir.mk/?p=692436

Ексклузивното мени што ќе ви овозможи врвно ено-гастрономско уживање на 23-ти јуни, во ноќта наречена „Вино на штикли“, го подготви најдобриот готвачки тим на ресторан „Форца“, што значи уживање за најпребирливите хедонисти и декларирани гурмани. Гостите ќе уживаат во дегустација на над 150 различни вина од 20 македонски и странски винарии што ќе бидат спарени со вкусните деликатеси на ресторан Форца. Гастро корнерот ќе биде празник за очи составен од: брускети со лосос, брускети со гвакамоле намаз, крема од аспарагус, паштета од 4 вида сирења со мармалад од црвени пиперки, ракчиња, урми со панчета, домашни и интернационални сирења и сувомеснати производи, јагнешки Адана ќебап, Black Angus бургери, десерти на Chocoholic... Списокот е долг и гастрономски инспиративен. За љубителите на тартуфи, македонскиот бренд Tuf подготви презентација каде ќе можат да се пробаат - намаз со маслинки и тартуфи, тартуфата, слатко од портокал со тартуфи, маслиново масло со чист тартуф и уште многу изненадувања со оваа скапа печурка. Дојдете, вкусите. Во продолжение следува менито за настанот „Вино на штикли“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/najdobrite-vina-so-najdobrata-hrana-na-nastanot-vino-na-shtikli-vo-forca-na-23-juni/feed/ 0
„Вино на штикли“ на 23 јуни: Најавуваме ноќ за паметење во Форца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vino-na-shtikli-na-23-juni-najavuvame-nokj-za-pametenje-vo-forca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vino-na-shtikli-na-23-juni-najavuvame-nokj-za-pametenje-vo-forca/#respond Mon, 13 Jun 2022 11:42:36 +0000 https://kurir.mk/?p=690139

По пауза од две години, на 23 јуни (четврток), од 19 часот па се до полноќ, во винскиот бар и ресторан „Форца“ по 4-ти пат ќе се случува единствен настан „Вино на штикли“ кој на едно место ќе ги собере - најдобрите вина,  жени на штикли (со што се потенцира дрес кодот за оваа посебна ноќ) и секако, мажи со вкус. Ова е вистинско место за вашите најдобри штикли бидејќи ве очекува фантастично модно изненадување. Виното и жените се најопеаните нешта на светот, а кога на ова ќе се надодадат вкусните специјалитети на ресторанот Форца, настапот на поп ѕвездата Викторија Лоба заедно со својот придружен бенд, која за оваа вечер има специјален репертоар, навистина се работи за настан што не се пропушта. Внимавајте: во цената од 1200 денари е вклучена бесплатна дегустација на над 100 различни вина од 15 македонски и странски винарии кои ќе бидат спарени со вкусните закуски на ресторан Форца. Најважно од сè е да си набавите влезница на време, бидејќи бројот на гостите е ограничен. Влезниците се продаваат единствено во Форца, а сите патишта на 23 јуни ќе водат кон овој популарен скопски локал. П.С. И не заборавајте. Со виното е исто како со страст: треба да се пробаат сите вина, од некое се доволни само неколку голтки, а некое треба да се испие до крај. Се гледаме! Резервирајте на 078 445 068.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vino-na-shtikli-na-23-juni-najavuvame-nokj-za-pametenje-vo-forca/feed/ 0
Гламурозната Пандора, вашата нова голема страст https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/glamuroznata-pandora-vashata-nova-golema-strast/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/glamuroznata-pandora-vashata-nova-golema-strast/#respond Mon, 23 May 2022 09:02:42 +0000 https://kurir.mk/?p=680368

Чоколадната „Пандора“ е торта за „сериозна врска“. Навистина. Ќе ви се допадне по изодена „чокохолик“ километража, откако ќе се заситите од предвидливи вкусови и кога непцето ќе ви биде подготвено за нешто децентно и со полн „taste“. Така од прва се опишува оваа префинета торта создадена од прочуеното белгиско чоколадо и со неколку симболички значења на името. Инаку, Пандора е првата торта од семејството на Chocoholic, ја има во ресторанот Forza Wine Bar &Restaurant и во сите маркети на Веро. Се препознава по елегантен гламур: покриена е со чоколадна глазура а на едниот крај, како да брануваат, наредени се крцкави перли од раскошниот „калебаут“ карамел. Вкусна е до совршенство. Според грчката митологија девојката со ова име од боговите добила моќни дарови: од Афродита била наличена со убавина, од Атена со мудроста, знаела да пее, да флертува..., а овдешните гастрономски креатори, од сите добиени атрибути преку вкус создале супериорен деликатес. Впечатокот понатаму вели дека „срцето“ на Пандора е нијансирано во три бои: кафеавиот мус е од рафинираното белгиско чоколадо „Callebaut“, контрастната боја е Kinder Bueno крем преполн со кремаст лешник а базата е чоколадното тесто. Рецептот за оваа претставничка на „долче вита“ е дело на готвачкиот тим од Форца што се препознава во посветеност и многу креативност. Оваа торта може да ви асоцира и на поимот „пандорина кутија“. Вкусете и демистифицирајте! Откако ќе нурнете во раскошот на оваа премиум торта, гламурозната Пандора може да ви стане мала а голема страст. Некаде прочитав дека имињата на тортите, како и личниот впечаток, влијаат врз перцепцијата на вкусот. Тогаш, како се јаде Пандора? Исто како што се сака – првин со очи, па со душа… Уживајте. Вања Тодоровска]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/glamuroznata-pandora-vashata-nova-golema-strast/feed/ 0
Ресторан Форца одлучи: Да се заштитиме себеси и другите! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restoran-forca-odluchi-da-se-zashtitime-sebesi-i-drugite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restoran-forca-odluchi-da-se-zashtitime-sebesi-i-drugite/#respond Sat, 14 Mar 2020 17:09:31 +0000 https://kurir.mk/?p=316607

Почитувани, се надеваме дека сите ќе останете безбедни, водејќи сметка едни за други и ќе ширите само љубов и солидарност со луѓето околу вас. Одлуката за краткорочно затворање на нашите врати беше тешка, но сметаме дека е неопходна. Ние сакаме да бидеме дел од решението и да ја одиграме нашата улога во тоа да се осигураме дека ова нема да се прошири во рамките на нашата заедница и пошироко. На сите што имаат направено резервација и се погодени од овие мерки, сакаме да Ви се заблагодариме на разбирањето и поддршката. Со задоволство ќе ве очекуваме во нашиот ресторан веднаш штом се реши ситуацијата и ќе можеме да го гарантираме здравјето на нашите гости и нашиот тим. Со почит, Тимот на ресторан Форца.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/restoran-forca-odluchi-da-se-zashtitime-sebesi-i-drugite/feed/ 0