ресторани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 19 Oct 2022 10:12:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ресторани – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ресторани во Виена го скусуваат менито поради зголемените трошоци за струја и поскапувањата на храната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restorani-vo-viena-go-skusuvaat-menito-poradi-zgolemenite-troshoci-za-struja-i-poskapuvanjata-na-hranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restorani-vo-viena-go-skusuvaat-menito-poradi-zgolemenite-troshoci-za-struja-i-poskapuvanjata-na-hranata/#respond Wed, 19 Oct 2022 10:12:12 +0000 https://kurir.mk/?p=747591

Поради зголемените трошоци за струја, како и поскапувањето на храната, сѐ повеќе ресторани откажуваат јадења од својата понуда. Со отстранувањето одредени јадења од менито, тие се обидуваат да избегнат зголемување на цената на нивната понуда, бидејќи знаат дека ако премногу ги покачат цените, би изгубиле гости… Логиката вели – подобро е воопшто да не се нуди нешто, отколку да се понуди по драстично повисока цена. Првиот ресторан во Австрија којшто укина повеќе пржени јадења, како и традиционалната „виенска шницла“, е семејниот ресторан „Риглер“. Сопственикот на ресторанот, Ханес Пирчер Риглер вели дека не сака да штеди на квалитетот. – Се обидуваме да соработуваме со тукашните доставувачи. Месото доаѓа од ова подрачје, маслото – исто така… За нас е важно парите да останат во ова место, додаде тој. Во Виена, познатиот ресторан „Коларик“, поради поскапување, овој месец од менито ја избриша печената гуска… Иако октомври е времето кога Австријците традиционално јадат гуска со црвена зелка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restorani-vo-viena-go-skusuvaat-menito-poradi-zgolemenite-troshoci-za-struja-i-poskapuvanjata-na-hranata/feed/ 0
Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/#respond Mon, 16 May 2022 11:20:38 +0000 https://kurir.mk/?p=677314

Мекдоналдс соопшти дека ја напушта Русија и започна процес на продажба на своите ресторани во земјата, јави Би-Би-Си. Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина. Компанијата појасни дека ова значи поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ или во согласност со нејзините вредности. Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-prodava-restoranite-vo-rusija-poradi-vojnata-vo-ukraina/feed/ 0
„Мекдоналдс“ ги затвара сите 850 ресторани во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/#respond Tue, 08 Mar 2022 20:40:41 +0000 https://kurir.mk/?p=643623

Глобалниот синџир за брза храна Мекдоналдс објави денеска дека привремено ги затвора сите 850 локации во Русија, и им се приклучува на бројните западни бизниси кои ја напуштија Русија по нејзината неиспровоцирана инвазија на соседна Украина. - Конфликтот во Украина и хуманитарната криза во Европа предизвикаа неискажливо страдање на невините луѓе, рече извршниот директор на Мекдоналдс, Крис Кемпчински во изјавата до која дојде Радио Слободна Европа. Кемпчински додаде дека корпорацијата со седиште во САД продолжува да ги поддржува своите вработени во Украина, вклучувајќи исплата на „целосни плати“ и придонесување со 5 милиони долари во фондот за помош на вработените.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mekdonalds-gi-zatvara-site-850-restorani-vo-rusija/feed/ 0
Митева: Советниците на СДСМ на сметка на Град Скопје трошеле пари за скапи порции по кафани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/#respond Thu, 27 Jan 2022 11:16:53 +0000 https://kurir.mk/?p=623512

Советниците на СДСМ на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Митева: -Додека СДСМ блефира и манипулира со јавноста дека Македонија е најдобро рангирана според извештајот на Транспаренси интернешнал денес имаме нов доказ кој покажува зошто Македонија е повторно во групата земји со највисока перцепција за корупција во Европа. Имено, на сметка на Градот Скопје за време на локалните избори советниците и припадници на противпожарната бригада се гоштевале по ресторани. Се нарачувале бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони, специјална нарачка фрути ди маре во вредност од 8.600 денари. Според наведеното во барањето за одобрување на средства за репрезентација лицето Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада навел дека репрезентациите се искористени за гости од странство за цитирам: "промоција на скалата- возило". Или ова би подразбирало прослава за „добрата“ зделка со противпожарната скала во вредност од 1,7 милиони евра. Да потсетиме дека на социјалните мрежи се ширеа гласини дека во кризните моменти кога Македонија ја зафатија пожари на одмор беше и командирот на скопската противпожарна бригад. Владимир Симоновски ова задоволство го чинело 29.400 денари, пари од буџетската каса, пари на сите скопјани. Исто така претседателката на Совет на Град Скопје, Љубица Јанчева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, од сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. Оттука сосема јасно е зошто Македонија се наоѓа на 87то место на извештајот на Транспаренси интернешнал. Владата на СДСМ и на локално ниво изминативе 4 години беше дел од голем број скандали, сомнителни јавни набавки и тендери во 4 очи, коруптивни зделки и злоупотреба на јавната функција. Последица на се ова е неефикасната администрација и партизираното судство што е нотирано во извештајот на Стејт Департментот. Ова се причините за лошите извешти кои ги добива Македонија и со СДСМ на власт Македонија ќе продолжи да нижи неуспеси на секое поле, заклучи Митева.марија ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miteva-sovetnicite-na-sdsm-na-smetka-na-grad-skopje-troshele-pari-za-skapi-porcii-po-kafani/feed/ 0
ФОТО: На сметка на Градот Скопје се гоштевале по ресторани и за време на локалните избори https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:01:12 +0000 https://kurir.mk/?p=623081

Бифтек таљати, пршути, лососи, медаљони... се нарачувале на сметка на Град Скопје за време на локалните избори од советници на СДСМ и припадници Противпожарната бригада на Скопје како дел од прославата за „добрата“ зделка со противпожарната скала од 1,7 милиони евра, објави порталот МКД.мк. Советничката на Град Скопје Љубица Јачева за време на кампањата за локални избори, на 22 октомври, без проблем на сметка на градот троши 39.700 денари за репрезентација во еден ексклузивен угостителски објект на кејот на Вардар. И Владимир Симоновски командирот на Противпожарната бригара на Скопје во два наврати потпишува сметки за репрезентација како дел од прославата за набавката на противпожарната скала од 1,7 милиони евра. Инаку, за оваа набавка во Државната комисија за спречување на корупцијата е отворен случај. Претходниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов склучил договори со три ресторани за угостителски услуги (со попуст од 10%), а од годинава со одлука на новата градоначалничка Данела Арсовска средствата се пренаменија за Ретвитни оброк и за Црвен крст. Извор: МКД.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-na-smetka-na-gradot-skopje-se-goshtevale-po-restorani-i-za-vreme-na-lokalnite-izbori/feed/ 0
Од денеска во овој европски град вработените во рестораните мора да бидат вакцинирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-ovoj-evropski-grad-vrabotenite-vo-restoranite-mora-da-bidat-vakcinirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-ovoj-evropski-grad-vrabotenite-vo-restoranite-mora-da-bidat-vakcinirani/#respond Mon, 30 Aug 2021 11:05:00 +0000 https://kurir.mk/?p=556633

Од денеска вработените во рестораните и другите услужни места во Париз, што се околу два милиона, мора да покажат доказ за вакцинација, негативен ПЦР тест или доказ за прележан Ковид- 19 кога ќе дојдат на работа, како дел од владините напори за борба против пандемијата на коронавирус. Јавноста е веќе должна да ја прикаже истата документација за одење во ресторани и туристички локаци. Речиси 72 процента од Французите ја примиле првата доза на вакцината, а повеќе од 64 проценти се целосно вакцинирани, додека малцинството се противи на вакцинацијата и од јули одржува неделни протести низ целата земја. Франција е на второ место по бројот на инфекции во Европа во последниот месец, а досега се регистрирани повеќе од 114.000 смртни случаи. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-deneska-vo-ovoj-evropski-grad-vrabotenite-vo-restoranite-mora-da-bidat-vakcinirani/feed/ 0
Измени во работењето на рестораните: Дозволено им е да работат и на затворено, еве за кого не важи одлуката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/#respond Tue, 29 Jun 2021 19:06:18 +0000 https://kurir.mk/?p=529559

Владата на денешната 83-та седница донесе одлука од 1 јули да се дозволи редовна работа и во затворените простории на угостителските објекти (рестораните), вклучително и за организирање свадбени свечености, прослави, веселби и настани, со исполнетост до 40 отсто од капацитетот на објектите, но не повеќе од 250 гости, со строга примена на протоколи за работа на овие објекти. Меуѓутоа оваа оваа одлука не се однесува на затворените простори на дискотеките, кабареата и клубовите за кои и натаму не е дозволена работа и посета на гости. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izmeni-vo-rabotenjeto-na-restoranite-dozvoleno-im-e-da-rabotat-i-na-zatvoreno-eve-za-kogo-ne-vazi-odlukata/feed/ 0
Ново правило во Грција: Еве каде вакцинираните лица не мораат да носат маски https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-vo-grcija-eve-kade-vakciniranite-lica-ne-moraat-da-nosat-maski/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-vo-grcija-eve-kade-vakciniranite-lica-ne-moraat-da-nosat-maski/#respond Tue, 29 Jun 2021 16:57:49 +0000 https://kurir.mk/?p=529519

Грција ќе им овозможи на луѓето кои се целосно вакцинирани против коронавирусот да одат во рестораните без маска, објави денеска грчката влада, во обид да се зголеми стапката на вакцинација. -Првата цел е да се олесни проектот за вакцинација. Да се ​​донесат што е можно повеќе луѓе (во центрите за вакцинација) – рече грчкиот министер без ресор Џорџ Герапетритис, пренесува Ројтерс. Луѓето кои не се целосно вакцинирани, сепак можат да влезат во ресторани, театри и кина, но ќе мора да покажат негативен брз тест, соопштија властите. Од 15-ти јули, како што беше најавено, за прв пат ќе се дозволи присуство на вакцинирани гледачи на спортски настани, но тие ќе мора да носат маски. Носењето маски сепак ќе биде потребно во кината и театрите. Досега повеќе од 30,2 проценти од грчката популација се целосно вакцинирани, а 43,1 процент примиле барем една доза. Грчката влада претходно објави дека ќе им понуди на младите парична картичка во износ од 150 евра доколку бидат вакцинирани. Грција неодамна ги намали ограничувањата по намалувањето на бројот на лица заразени со ковид-19, но загриженоста за делта сојот се зголеми во последните неколку дена. Маските за лице беа задолжителни во Грција на сите затворени јавни простори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/novo-pravilo-vo-grcija-eve-kade-vakciniranite-lica-ne-moraat-da-nosat-maski/feed/ 0
Грција најверојатно ќе ги отвори рестораните по Велигден https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-najverojatno-kje-gi-otvori-restoranite-po-veligden/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-najverojatno-kje-gi-otvori-restoranite-po-veligden/#respond Wed, 14 Apr 2021 07:06:51 +0000 https://kurir.mk/?p=496879

Ова го изјави министерот за развој и инвестиции Адонис Георгијадис во интервју за телевизијата Скај. "Рестораните ќе се отворат, можеби дури и пред туристичката сезона. Верувам дека рестораните ќе можат да се отворат по Велигден ако состојбата со пандемијата непречено се подобри", рече Георгијадис, пренесува грчката агенција АНА. Сепак, министерот потенцира дека само градините во рестораните ќе бидат отворени за гости.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-najverojatno-kje-gi-otvori-restoranite-po-veligden/feed/ 0
Среде пандемија, Рамиз Мерко потрошил 27.500 евра по ресторани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ramiz-merko-potroshil-27-500-evra-po-restorani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ramiz-merko-potroshil-27-500-evra-po-restorani/#respond Wed, 17 Mar 2021 14:21:31 +0000 https://kurir.mk/?p=483732

Рамиз Мерко од општинскиот буџет на Струга потрошил 27.500 евра во 2020 година за репрезентации, односно за јадење по ресторани. Во изминатите три години, односно за 2018, 2019 и 2020 таа сума изнесува скоро 78 илјади евра. Парите се трошени од програмата „Градоначалник – за расходи и репрезентација“, пренесе Алсат. За овие трошења реагираа од опозицијата. „Минатата година во услови кога имавме вонредна состојба, кога угостителските објекти работеа со рестрикции, се потрошени 27000 евра. На тој начин се злоупотребени парите на граѓаните… На последната седница градоначалникот не го негираше фактот дека тие пари се потрошени за репрезентација“, рече Ален Деребан, советник од ВМРО ДПМНЕ. „Каде и кога јадевте ручеци и вечери кога знаеме дека од 11 март сме во изолација? Долго време рестораните беа затворени, кога повеќе од 4 лица сè уште не можат да се соберат и да јадат во ресторан? Каде потрошивте 27.500 евра за репрезентација?“, вели Рајмонда Мамуди, советник Алијанса на Албанците. И многу граѓани на Струга реагираат на високите суми кои се трошат за вакви намени. „Мислам дека ова не е на добро и мислам дека народот треба малку да размисли кого ќе гласа на следните избори…“ „Тоа е лоша работа. Штом ги потрошиле, а нема одговорност… За ручеци, за вечери во време на пандемија, тоа е катастрофа…“ „Jaс тука многу малку живеам. Живеам во Словенија. Не е добро да се трошат пари од народот…“ „Луксуз е ова. Точно дека е луксуз. За мене како економист – тоа е многу. Можело да се скрати“, реагираат граѓаните. Мерко не беше достапен да одговори каде и како се трошени овие пари? Испративме прашање и по електронски пат, но одговор не добивме ниту на тој начин. Инаку, со буџетот за оваа година, мнозинството на Мерко му предвиде пари за истата намена од приближно 50.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/srede-pandemija-ramiz-merko-potroshil-27-500-evra-po-restorani/feed/ 0