рестрикции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 18:50:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рестрикции – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Вонредни рестрикции на струја во Украина поради последните руски напади врз електроенергетскиот систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vonredni-restrikcii-na-struja-vo-ukraina-poradi-poslednite-ruski-napadi-vrz-elektroenergetskiot-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vonredni-restrikcii-na-struja-vo-ukraina-poradi-poslednite-ruski-napadi-vrz-elektroenergetskiot-sistem/#respond Mon, 05 Dec 2022 18:50:39 +0000 https://kurir.mk/?p=771453

Украинскиот енергетски оператор „Укренерго“ денеска соопшти дека низ земјата ќе бидат воведени вонредни исклучувања од системот за снабдување со електрична енергија, последица на најновите руски напади врз електричната инфраструктура. „Како последица на ракетирањата, за да се одржи баланс меѓу производството и потрошувачката на струја, се воведува вонреден режим на исклучувања од системот во сите региони на Украина. Приоритет во снабдувањето со струја ќе бидат критичните инфраструктурни објекти“, се посочува во соопштението од „Укренерго“ објавено преку Телеграм.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vonredni-restrikcii-na-struja-vo-ukraina-poradi-poslednite-ruski-napadi-vrz-elektroenergetskiot-sistem/feed/ 0
Рестрикции за шест милиони жители на кинескиот град Џенгџу поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-za-shest-milioni-ziteli-na-kineskiot-grad-dzengdzu-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-za-shest-milioni-ziteli-na-kineskiot-grad-dzengdzu-poradi-koronavirusot/#respond Thu, 24 Nov 2022 09:08:37 +0000 https://kurir.mk/?p=765728

Властите на градот Џенгџу во централната кинеска провинција Хенан, денеска наредија ограничувања и затворање на шест милиони луѓе по регистрираните случаи Ковид-19. Локалните власти наредија голема скрининг-кампања во неколку градски окрузи. Жителите на центарот на градот не смеат да ја напуштат областа без негативен ПЦР-тест и дозвола од локалните власти. Исто така, им се советува да не ги напуштаат своите домови. Мерките се однесуваат на половина од жителите на Џенгџу, но не ја покриваат областа на фабриката за изработка на телефоните „ајфон“ каде што веќе се воведени ограничувања за вработените. Демонстрации на вработените избувнаа вчера во големиот индустриски комплекс “Ајфон сити” во Џенгџу, каде се вработени околу 200 илјади луѓе, од кои повеќето и живеат таму. Според вработените и видеата објавени на социјалните мрежи, работниците протестирале поради спорните договори, но и строгите рестриктивни мерки за контрола на Ковид-19. Соочени со зголемен број на заразени во последните месеци, дел од работниците избегаа на крајот на минатиот месец, жалејќи се на хаосот и неорганизираноста што владее во комплексот што е под карантин. Министерството за здравство денеска објави нов рекорд по бројот позитивни случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Регистрирани се 31.444 случаи на инфекција, од кои 27.517 асимптоматски. Таа бројка го надминува претходниот рекорд од 29.317 случаи од средината на април кога беа воведени органичувања во Шангај.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-za-shest-milioni-ziteli-na-kineskiot-grad-dzengdzu-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Украина воведува рестрикции за електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-voveduva-restrikcii-za-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-voveduva-restrikcii-za-elektrichna-energija/#respond Thu, 20 Oct 2022 05:40:06 +0000 https://kurir.mk/?p=748027

Украина од денес воведува рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, откако Русија изврши неколку воздушни напади врз нејзината критично важна инфраструктура, објавија властите. „ 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени ограничувања за снабдување со електрична енергија низ цела Украина“, објави вечерва на Телеграм Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски. Тој ги повика Украинците да ја „минимизираат потрошувачката“ на електрична енергија. Во спротивно, ќе има „привремени прекини“, предупреди Тимошенко. Зеленски пред два дена рече дека од 10 октомври Русија уништила околу 30 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина. Над 1.000 украински населби се без струја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ukraina-voveduva-restrikcii-za-elektrichna-energija/feed/ 0
Британија најави можни ограничувања на струјата: Сѐ зависи од увозот на гас https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavi-mozni-ogranichuvanja-na-strujata-s-zavisi-od-uvozot-na-gas/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavi-mozni-ogranichuvanja-na-strujata-s-zavisi-od-uvozot-na-gas/#respond Tue, 18 Oct 2022 12:04:06 +0000 https://kurir.mk/?p=747026

Британскиот оператор за електрична енергија и гас, National Grid, им порача на домаќинствата да се подготват за можни прекини на електричната енергија во јануари и февруари, во работните денови помеѓу 16 и 19 часот, за време на „навистина, навистина студени денови“ доколку се прекине увозот на гас. Шефот на Националната мрежа Џон Петигру рече дека тогаш ќе треба да се воведат прекини ако генераторите на електрична енергија немаат доволно гас за да ја задоволат побарувачката, објави Скај њуз. Националната мрежа претходно ја информираше земјата дека шансите за недостиг на гас во зима се зголемени и може да се наметнат планирани тричасовни прекини во некои области, во неверојатен случај кога испораките на гас не се на побарувачката.
Како што се наведува, тоа е првпат по предупредувањето експлицитно да се разговара за времето на прекини на струја. Големи количества електрична енергија се произведуваат од гас, што врши притисок врз националната понуда на електрична енергија бидејќи побарувачката расте во студени временски услови. Велика Британија добива 40 отсто од електричната енергија од електрани на гас, а повеќето домаќинства се греат на гас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanija-najavi-mozni-ogranichuvanja-na-strujata-s-zavisi-od-uvozot-na-gas/feed/ 0
Битиќи откри дали ќе има рестрикции оваа зима https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-otkri-dali-kje-ima-restrikcii-ovaa-zima/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-otkri-dali-kje-ima-restrikcii-ovaa-zima/#respond Thu, 18 Aug 2022 18:32:26 +0000 https://kurir.mk/?p=720709

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи е уверен дека до крајот на годинава, но и во текот на целата грејна сезона не би требало да има рестрикции на електричната енергија, освен, како што вели ако не се случи некоја непредвидена хаварија. Најавените мерки за штедење на струјата, нагласува, се за намалување на притисокот врз енергетскиот систем, но и за трошење на помалку средства за овој енергенс. – Ние имаме калкулации, го знаеме енергетскиот биланс, колку е потребно да се произведе електрична енергија за да се користи за регулираниот пазар, независно од нерегулираниот слобеден пазар. На регулираниот се домаќинствата и малите потрошувачи. Со самото зголемување на производството споредено со претходната година ние сме уверени дека до крај на годинава, ако нема некоја не знам каква хаварија, нема да има рестрикции. Ќе има доволно електрична еанергија за годинава, но, јас најавувам дека тоа ќе биде за целата грејна сезона вклучувајќи ги и првите месеци за следната година до пролет, рече Битиќи во Тема на денот на Сител. Според него, штедењето треба да помогне да не се случи заради нештедење и несовесно однесување на сите,вклучитено и на јавните институции да настане некој проблем. – Ние мора да покажеме дека знеме одговорно да се однесуваме со јавните ресурси затоа што на крај на денот трошењето на помалку електрична енергија не само што ќе има влијание на намалување на притисокот во енергетскиот систем, туку тоа ќе значи и помалку средства да се дадат за тој ресурс, рече вицепремиерот за економски прашања прашања. Тој е уверен дека проблем нема да има ниту во испораката на топлинска енергија во Градот Скопје. – Според законот, операторот БЕГ е должен до избор на нов оператор да ги испорачува услугите кон граѓаните, независно што лиценцата им е одземена. Процедурата за избор на нов оператор е во тек и најверојатно многу брзо ќе биде објавен огласот и ќе се пријават сите заинтересирани дали Градски енергетски ресурси на Градот Скопје или некоја друга приватна или државна компанија. Грејната сезона ќе биде озбезбедена за нашите граѓани во Скопје, нагласи Битиќи. Тој во разговорот запрашан за актуеното прашање во врска со балансерот за вработување во јавниот сектор по однос на етничка припадност, истакна оти негов личен став е полека да се размислува дека можеби е дојдено време тој да се напушти и за влез во јавниот скетор да се одлучува преку мерит системот. – Можеби е дојдено времето да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер да гледаме низ мерит систем за влегување во јавниот сектор, затоа што сите, на крај на денот, покажуваме со прст дали тие кои се во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги кон нашите граѓани. Ова е мој личен став независно од функцијата. Доаѓа време полека да видиме дали е дојдено времето по дваесет години од постоењето на балансерот, да влезме во нова ера. Впрочем преговорите за ЕУ треба да бидат поттик за сите нас како носители најавни функции да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти, вели Битиќи и додава дека за ова е уверен оти ќе се отвори дискусија со оглед на тоа што, меѓу другото, во Стратегијата за едно општество за сите донесена пред три години се зборува за постепено напуштање на балансерот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bitikji-otkri-dali-kje-ima-restrikcii-ovaa-zima/feed/ 0
Бектеши одговори, еве дали ќе има рестрикции на струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-odgovori-eve-dali-kje-ima-restrikcii-na-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-odgovori-eve-dali-kje-ima-restrikcii-na-struja/#respond Tue, 16 Aug 2022 12:05:52 +0000 https://kurir.mk/?p=719301

Рестрикции на струја нема да има, ниту се очекуваат ако сé оди според планот на ЕСМ, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. Според Бектеши, во тек се редовни разговори со министерствата за енергетика на Србија и Бугарија, за да нема запирање на прекуграничните капацитети и проблеми со снабдувањето. Министерот на прес-конференција во Владата, откако ги соопшти мерките за заштеда на струја до 15 проценти, порача дека за да се намали товарот врз ЕСМ и за да се намалат сметките, во рационалното трошење струја треба сите да придонесат. -Треба да придонесеме сите за заштеда на електрична енергија. Првичниот пример треба да го даваат институциите, а потоа тие да бидат следени од стопанството и домаќинствата. Ако се оди според планот на ЕСМ, не очекуваме да има рестрикции. И само, секако, да не се случи некоја хаварија. Разговараме и со раководствата на министерствата во Србија и Бугарија за да нема запирање на прекуграничните капацитети како во 2009 година, за да нема проблем во делот на снабдувањето на потрошувачите на слободниот пазар, а тоа се поголемите компании кои прават трговија преку интерконекторите со соседите, истакна Бектеши. Претходно на прес-конференцијата во Владата, генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски рече дека компанијата работи со максимален капацитет и оти потребите за струја на ЕВН хоум се задоволуваат исклучиво од сопствено производство. – ЕСМ не набавува електрична енергија, само јаглен и мазут за поголемо производство на струја, подвлече Ковачевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/bekteshi-odgovori-eve-dali-kje-ima-restrikcii-na-struja/feed/ 0
Албанија му излезе во пресрет на Косово и ќе му дава струја за да се избегнат рестрикциите https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-izleze-vo-presret-na-kosovo-i-kje-mu-dava-struja-za-da-se-izbegnat-restrikciite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-izleze-vo-presret-na-kosovo-i-kje-mu-dava-struja-za-da-se-izbegnat-restrikciite/#respond Mon, 15 Aug 2022 17:49:00 +0000 https://kurir.mk/?p=718993

Во Косово нема рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, благодарение на Албанија која одлучи да му помогне во овие тешки денови, јавија албанските медиуми. Министерството за економија на Албанија попладнево соопшти дека е договорено земјата да испорачува струја со цел граѓаните на Косово без прекин да се снабдуваат со електрична енергија. Пренесуваат и најава од косовското министерство кое најавува соработка и со ” други за да ја надмине енергетската криза”. Рестрикции во снабдувањето со електрична енергија во Косово беше најавено да почнат од денеска попладне. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-mu-izleze-vo-presret-na-kosovo-i-kje-mu-dava-struja-za-da-se-izbegnat-restrikciite/feed/ 0
Рестрикции во водоснабдувањето во Велика Британија: „Екстремното топло и суво време предизвика реките да исчезнуваат“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-vo-vodosnabduvanjeto-vo-velika-britanija-ekstremnoto-toplo-i-suvo-vreme-predizvika-rekite-da-ischeznuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-vo-vodosnabduvanjeto-vo-velika-britanija-ekstremnoto-toplo-i-suvo-vreme-predizvika-rekite-da-ischeznuvaat/#respond Fri, 12 Aug 2022 08:38:53 +0000 https://kurir.mk/?p=717477

Британската водоводна компанија „Јоркшир вотер“ денеска најави воведување на одредени рестрикции од 26 август. Причината е што делови на северна Англија имале најмалку врнежи откако почнале да се евидентираат, пред повеќе од 130 години. - Екстремно топлото и суво време предизвика реките во Јоркшир да исчезнуваат и нашите резервоари да бидат околу 20 отсто пониски, отколку што би очекувале за овој период од годината, соопштија од компанијата. Уште неколку водоводни компании веќе најавија ограничувања во користењето вода. Забраната за користење црева за наводнување и прскалици за корисниците на компанијата „Саут ист вотер“ ќе стапи во сила денеска, а ограничувања планира и „Темза вотер“, што снабдува 15 милиони луѓе низ Лондон. Претходно неделава, британскиот министер за животна средина Џорџ Јустис ги повика компаниите за водоснабдување да преземат мерки на претпазливост, со цел да се заштити снабдувањето со вода и да се справат со последиците од продолжената суша, бидејќи се предвидува уште еден топлотен бран во земјата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/restrikcii-vo-vodosnabduvanjeto-vo-velika-britanija-ekstremnoto-toplo-i-suvo-vreme-predizvika-rekite-da-ischeznuvaat/feed/ 0
Рама најави рестрикции во снабдувањето со електрична енергија и апелира на штедење https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-najavi-restrikcii-vo-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija-i-apelira-na-shtedenje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-najavi-restrikcii-vo-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija-i-apelira-na-shtedenje/#respond Sun, 24 Jul 2022 15:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=709610

Албанскиот премиер Еди Рама ја предупреди албанската јавност дека се можни рестрикции на електрична енергија бидејќи, како што рече, Албанија не добила доволно струја. Тој додаде дека Владата подготвила план за вонредна заштеда на електрична енергија, во кој се предвидува и рестрикција во случај на потреба. Рама посочувајќи го примерот со Германија, каде како што рече свеста на граѓаните е на високо ниво, па почнале пократко и поретко да се тушираат, побара од граѓаните да штедат електрична енергија. Дневната потрошувачка на електрична енергија во земјата е околу 25 милиони киловат часови. При поволни хидролошки услови потребите ги задоволува од производството на каскадата на реката Дрим, каде се три хидроцентрали, Фиерза, која е втора по големина на Балканот, по онаа на Дунав, потоа Коман и Вау те Дејес. Поради неповолната хидрологија, поради сушата, што услови намалено производство, но и зголемената цена на струјата, во март годинава Владата донесе наредба со која во сите градови и населени места беше исклучувано осветлувањето на јавните згради, улици, плоштади и автопати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rama-najavi-restrikcii-vo-snabduvanjeto-so-elektrichna-energija-i-apelira-na-shtedenje/feed/ 0
Природно математичкиот факултет во Загреб воведува рестрикции на електрична енергија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prirodno-matematichkiot-fakultet-vo-zagreb-voveduva-restrikcii-na-elektrichna-energija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prirodno-matematichkiot-fakultet-vo-zagreb-voveduva-restrikcii-na-elektrichna-energija/#respond Wed, 20 Jul 2022 09:19:22 +0000 https://kurir.mk/?p=707787

Природно математичкиот факултет во Загреб најверојатно е првата институција во Хрватска што воведува рестрикции на електричната енергија со ограничена температура за ладење на простории на најмногу 25 степени, што ќе им заштеди 20 отсто струја, пишува денеска Јутарњи лист. Оттаму сметаат дека не треба да се чека ниту Европската комисија, ниту хрватската Влада, за рационално да се троши енергијата. Одлуката за ограничување на температурата за разладување на просториите ја донесе факултетскиот колегиум уште во мај. Потсетување им е испратено на сите вработени на 27 јуни, кога почна првиот топлотен бран. Притоа, факултетот ја финансираше изработката на елаборат за поставување фотоволтаични централи на крововите на зградите на математичкиот, физичкиот и на геофизичкиот отсек, со вкупна моќност од 192 киловолти. Како што се појаснува, за две недели ќе се распише тендер за изведување на тие работи. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/prirodno-matematichkiot-fakultet-vo-zagreb-voveduva-restrikcii-na-elektrichna-energija/feed/ 0