рестриктивни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Jun 2022 05:15:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png рестриктивни мерки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЛОБОДНО ЛЕТО: Во Грција од денеска без рестриктивни мерки за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slobodno-leto-vo-grcija-od-deneska-bez-restriktivni-merki-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slobodno-leto-vo-grcija-od-deneska-bez-restriktivni-merki-za-kovid-19/#respond Wed, 01 Jun 2022 05:20:27 +0000 https://kurir.mk/?p=684571

Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена Ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања, јави дописничката на МИА од Атина. Исклучок постои само за болниците, домовите за нега на стари лица и слични институции, како и во јавниот градски превоз, односно во автобусите, метрото, трамваите и тролејбусите, каде што и понатаму ќе биде задолжително носење маска. Во текот на оваа седмица ќе се донесе одлука и за протоколите за бродовите и траектите. Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис пред две седмици, соопштувајќи дека се укинува задолжителната маска за внатрешните простори, рече дека одлуката е привремена, односно ќе важи до 15 септември 2022 година. -Укинувањето на задолжителната употреба на маска значи дека нема да се изрекува административната казна, но сепак останува охрабрувањето и препораката, дека ќе треба да се користи маската во сите простори, особено за населението кое припаѓа на ранливите категории, рече тогаш Плеврис. За патување во Грција повеќе не е потребен ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен резултат од направен тест, додека пак веќе два и пол месеци е укинат и ПЛФ – формуларот. Истото важи и за во внатрешноста на земјата, односно за влез во затворените објекти не е потребен документ за Ковид-19, како што беше пракса претходно, а од денеска веќе не е потребно и носење маска. Сепак, укинувањето на мерките во Грција е привремено, бидејќи на есен, од септември, во зависност од текот на пандемијата, не е исклучена можноста одново да се воведат некои од претходните рестрикции. Од почетокот на пандемијата, во Грција има 3.453.229 случаи на Ковид-19 и 29.845 починати лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/slobodno-leto-vo-grcija-od-deneska-bez-restriktivni-merki-za-kovid-19/feed/ 0
Укинати сите рестриктивни ковид мерки, маски само на одредени места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-site-restriktivni-kovid-merki-maski-samo-na-odredeni-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-site-restriktivni-kovid-merki-maski-samo-na-odredeni-mesta/#respond Wed, 04 May 2022 05:23:00 +0000 https://kurir.mk/?p=671384

Епидемиолошката состојба со Ковид-19 во земјава, според надлежните, е стабилна, а активни се 572 случаи. Поради подобрената епидемиолошка состојба, Владата вчера донесе одлука за укинување на сите ковид-мерки, со исклучок на задолжителното носење заштитни маски во здравствените домови, аптеките и центрите за нега на стари лица и лица со посебни потреби. – Со заклучок од седницата, Владата ги реафирмира препораките за почитување и практикување на основните превентивни мерки за заштита како што се негрупирање и одржување физичка дистанца, носење заштитни маски на јавни места, посебно во затворен простор кога нема можност за физичка дистанца, како и редовна лична хигиена, проветрување на затворените простории и самоизолација во домашни услови при услови на симптоми на заболувања на респираторниот систем, соопштија вчера од владината прес-служба. Со заклучоците од седницата на Владата им се препорачува на здравствените домови да ја интензивираат теренската вакцинација на возрасните лица над 80 години заради нискиот опфат со имунизација на оваа старосна група, како и да продолжи вакцинацијата меѓу здравствените работници. Од Комисијата за заразни болести порачуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата на дневна основа ја следи состојбата со КОВИД-19 и како што соопшти претходно Министерството за здравство, доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани 21 нов случај на КОВИД-19, од направени 773 тестови во тек на претходните 24 часа, Од новите случаи, во Скопје се 9, Битола 5, Кавадарци и Охрид по 2 и Штип, Кичево и Делчево по 1. Од 71 оздравен пациент од Битола се 21, Скопје 16, Кавадарци и Охрид по 7, Кичево 5, Прилеп и Берово по 4, Куманово 2 и Штип, Кочани, Неготино, Ресен и Демир капија по 1. Вчера беа регистрирани 71 оздравен пациент, а во текот на изминатите 24 часа немаше пријавено починати лица. Согласно регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од „Мој Термин“ дополнително се регистрирани две починати лица од Скопје (66г) и Штип (80г). Лицата, кои починале во домашни услови, се регистрирани како починати во периодот од 29.04. до 01.05.2022 година, соопшти Министерството за здравство. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299 936, на починати е 9 282. Досега во државава се направени 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. И неколку земји од регионот ги укинаа сите ковид-мерки. Од вчера, престануваат да важат сите мерки за контрола и ограничувања за влез на лица во Република Србија, во врска со заразната болест Ковид-19, како за странските, така и за домашните државјани, јави дописникот на МИА од Белград. – Од полноќ, срспките државјани, како и странските државјани, при влез во Србија нема да бидат обврзани да имаат негативен ПЦР тест, брз антигенски тест, доказ за прележано заболување или потврда за вакцинација, без разлика од која земја доаѓаат во Република Србија, се наведува во соопштението на српската Влада. Одлуката за слободен влез на српски и странски државјани во земјата, како што образложија, се заснова на моменталната епидемиолошка состојба во Србија и е во согласност со одлуките на повеќето земји во Европа и регионот. Надлежните институции од час во час продолжуваат да го следат развојот на епидемиолошката состојба во Србија и навремено ќе ја информираат јавноста. Од 1 мај и Албанија ги укина ограничувањата воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според одлуката на Национален комитет за справување со пандемијата, донесена на 26 април, од денеска за влез во Албанија не е потребна потврда за вакцинација против коронавирусот, негативен тест или потврда за прележана инфекција.Исто така во земјата повторно се отворени ноќните клубови а укината е и забраната за емитување музика по 23 часот во угостителските објекти. Обврската за носење маска беше укината, но остана препораката за носење маска во затворени простории. Во светски рамки, бројот на нови случаи на коронавирус во Шангај продолжува благо да се намалува. Шангај пријави 274 случаи на Ковид преку локална трансмисија, како и 5.395 локални асимптоматски случаи, соопшти вчера општинската здравствена комисија. Пвеќе од половина од жителите на Шангај живеат во помалку ризични „превентивни области“ според најновото прилагодување на градот на неговата тристепена класификација на ризичните области во однос на Ковид-19. Од неделата, над 15,1 милиони жители, или околу 60 отсто од постојаното население на градот, живеат во зони на претпазливост без извештај за инфекции во текот на изминатите две недели, според Жао Дандан, заменик директор на здравствената комисија. Од другите, 2,76 милиони жители се во зони на заклучување (локдаун) и 5,51 милиони во контролирани зони, каде сè уште се спроведуваат строги мерки за контрола на епидемијата врз основа на резултати од тестови. Многу населби, кои припаѓаат на зоните на претпазливост од 1 мај дозволуваат едно лице по семејство да ја напушти заедницата, но не повеќе од четири часа дневно. И кинеските власти подготвуваат болнички капацитети во Пекинг во случај на нов бран на епидемија на коронавирусот, иако бројот на новозаразени е сè уште низок. Државните медиуми вчера објавија дека болницата со 1.000 кревети во Сјаотангшан во североисточното предградие на Пекинг, која е изградена во 2003 година за лекување на лица заразени со САРС, била обновена во случај да се појави нов бран на инфекција на Ковид-19. Во изминатите 24 часа во Пекинг се потврдени уште 62 новозаразени лица, од кои 11 не покажуваат симптоми на инфекција. Во текот на двонеделниот бран од избивањето на епидемијата во главниот град на Кина се евидентирани околу 450 нови случаи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ukinati-site-restriktivni-kovid-merki-maski-samo-na-odredeni-mesta/feed/ 0
Грција ги укинa речиси сите рестриктивни мерки за Ковид-19 https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukina-rechisi-site-restriktivni-merki-za-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukina-rechisi-site-restriktivni-merki-za-kovid-19/#respond Sun, 01 May 2022 11:22:49 +0000 https://kurir.mk/?p=670420

Сертификатот за вакцинација или прележан Ковид-19, како и задолжителниот тест за невакцинираните што важат за влез во сите простори во внатрешноста на Грција, од денеска до 31 август се укинуваат.  Грција повеќе нема да им бара на патниците да покажат доказ за вакцинација, негативен ковид тест или доказ дека се опоравиле од болеста за да влезат во земјата. Релаксираните мерки ќе важат и за македонските граѓани кои во Грција влегуваат преку граничните премини на грчка страна Евзони, Дорјани, Ники и Кристалопиги. Во моментов, маските за лице мора да се носат и во затворени простории, но министерот за здравство Танос Плеврис рече дека и тие повеќе нема да бидат задолжителни, со некои исклучоци, почнувајќи од јуни. „Според епидемиолошките податоци и сугестиите на експертите, го објавуваме патоказот за деескалација на мерките против пандемијата Ковид-19“, рече Плеврис во изјавата на почетокот на месецов, додавајќи „Сите мерки ќе бидат разгледани на 1 септември, во зависност од сликата на пандемијата“. Одлуката за откажување на правилата за патување доаѓа повеќе од еден месец откако Грција ја елиминира потребата да се пополни формулар за лоцирање на патници пред да допатуваат во земјата. Грција сега им се придружува на неколку други европски земји во олеснувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата, вклучително Холандија и Франција, кои ги укинаа тестирањата пред пристигнување за вакцинираните посетители, како и некои земји кои направија чекор понатаму, отфрлајќи ги правилата поврзани со ковид-19- како Обединетото Кралство, Ирска и Исланд. Слично на тоа, Швајцарија ќе ги укине ограничувањата за влез на 2 мај, враќајќи се на „вообичаените правила за влез во Швајцарија“, соопшти владата. Во последните години Грција бележи повисока стапка на раст на цените, речиси највисока во последните две децении, а порастот се однесува и на цените на храната, па на одмор мора да се тргне со полн паричник. На пример, гирото во хартија се продава по цена од 4 евра, а сервирано во чинија достигнува и до 7 евра, пишува Телеграф Бизнис. Аперол шприц на плажа се служи за 8,5 евра, додека шолја „фредо капучино“ чини 5 евра. Пивото е 4,5 евра додека цените на печивата останаа во голема мера исти. Во Грција и горивото поскапе, но сепак на некои бензински пумпи е поевтино отколку во другите земји во регионот. Статистичките податоци покажуваат дека поскапеле овошјето, зеленчукот, маслото, мастите, лебот, месните производи. Сепак, за разлика од Германија, каде што недостигаат одредени видови храна, во Грција моментално има се, но со видно повисоки цени. Така обичен леб од 800 грама во Евија чини 2,4 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukina-rechisi-site-restriktivni-merki-za-kovid-19/feed/ 0
Комисијата препорачува укинување на сите мерки, задолжителното носење маски останува само на овие места https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/#respond Wed, 27 Apr 2022 10:31:42 +0000 https://kurir.mk/?p=668567

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19, освен задолжително носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Воедно, Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење раце, дезинфекција и одржување дистанца. Од комисијата потсетуваат дека вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението. Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба ќе бидат препорачани нови мерки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/komisijata-preporachuva-ukinuvanje-na-site-merki-zadolzitelnoto-nosenje-maski-ostanuva-samo-na-ovie-mesta/feed/ 0
И покрај рекордниот број на нови случаи, Шангај ќе ги олесни рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-rekordniot-broj-na-novi-sluchai-shangaj-kje-gi-olesni-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-rekordniot-broj-na-novi-sluchai-shangaj-kje-gi-olesni-restriktivnite-merki/#respond Mon, 11 Apr 2022 14:05:20 +0000 https://kurir.mk/?p=661412

Властите во Шангај денеска ќе започнат со олеснување на „затворањето“ во некои области, и покрај тоа што пријавија рекордни над 25.000 нови случаи на коронавирус во најнаселениот град во земјата и еден од неговите најзначајни финансиски центри. Метрополата со речиси 26 милиони луѓе ќе дозволи, како што рече градскиот функционер Гу Хонгхуи, „соодветна активност“ во некои населби каде што немало позитивни случаи најмалку две недели. На жителите од овие населби не им е дозволено да патуваат во оние кои сè уште се под строга блокада, пренесува Гардијан. – Секоја област ќе ги објави специфичните имиња на првата група (заедници), рече Гу на брифингот со новинарите. Шангај денеска објави рекордно висок комбиниран број случаи за претходните 24 часа, со 914 симптоматски случаи и 25.173 асимптоматски. За саботата властите пријавиле 1.006 случаи со симптоми и 23.937 без. Фрустрацијата продолжи да се зголемува во Шангај. На интернет, како што пренесува Гардија, објавени се потресни приказни за жители кои не можат да пристапат до медицинските ресурси навреме. Засегнатите жители испратија молби за помош со медицински установи и поплаки за тешкотии при купување храна. Додека вестите за жителите на Шангај кои се борат да купат храна се шират низ Кина, во последните недели жителите во другите провинции, наводно, брзаат да складираат стоки. Повеќекратни „водичи за преживување“ беа споделени на социјалните мрежи во изминатите неколку дена додека луѓето во другите делови на Кина шокирано ги гледаа маките на Шангај, пишува Гардијан. Ситуацијата во Шангај, исто така, ги поттикна другите кинески градови да преземат пристап со нула ризик од Ковид. Денеска, јужниот град Гуангжу ја откажа наставата со физичко присуство во основните и средните училишта и ги префрли онлајн. Мерките се преземени откако беа откриени повеќе од десетина случаи, а надлежните соопштија дека ќе траат најмалку една недела. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/i-pokraj-rekordniot-broj-na-novi-sluchai-shangaj-kje-gi-olesni-restriktivnite-merki/feed/ 0
ГРЦИЈА ГИ УКИНУВА СИТЕ МЕРКИ: И невакцинираните можат слободно да влезат во државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/#respond Mon, 11 Apr 2022 06:40:33 +0000 https://kurir.mk/?p=661089

Грција до семптември ги укинува сите мерки. Невакцинираните ќе можатр слободно да влезат во земјата и без брз негативен тест. Од септември повторно ќе биде воведен брзиот тест, пишува порталот Енимеротико Од Делфи каде се одржува 7 Економски форум, министерот за здравство Танос Плеврис најави дека укинувањето на мерките ќе се однесува од мај до крајот на летот. Тоа практично значи дека за невакцинираните нема да бидат потребни тестови. Според министерот за здравство, мерките ќе се однесуваат само за време на летото, но дека повторно ќе ги вратат. -Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата, вели министерот. Според информациите во медиумите оваа одлука ќе стапи на сила од 2 мај.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-gi-ukinuva-site-merki-i-nevakciniranite-mozat-slobodno-da-vlezat-vo-drzavata/feed/ 0
Од денеска укинување на дел од рестриктивните мерки во Грција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-ukinuvanje-na-del-od-restriktivnite-merki-vo-grcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-ukinuvanje-na-del-od-restriktivnite-merki-vo-grcija/#respond Sat, 19 Feb 2022 10:44:16 +0000 https://kurir.mk/?p=633479

Грција од денеска постепено ги олабавува мерките од кои поголемиот дел беа воведени пред Нова година, па така, дозволено е стоење во кафулињата и клубовите, во приватниот и јавниот сектор се намалува бројот на вработени кои работат од дома, спортските натпревари ќе се одржуваат со публика до 50 отсто од капацитетот, а дозволено е организирање училишни екскурзии, јави дописничката на МИА од Атина. Според министерската одлука објавена во Службен весник, маската и понатаму е задолжителна и во затворените простори и на отворено, исклучок се децата до четиригодишна возраст, а нема промени и во однос на документот за Ковид-19, односно сертификат за вакцинација, потврда за прележана болест или негативен ПЦР тест, задолжителен речиси секаде во Грција. Сертификатите за вакцинација, иако за влез во Грција се валидни девет месеци по примената втора доза, во внатрешноста на земјата важност е седум месеци и без никакви ограничувања за оние кои имаат и засилувачка доза. Слично е и со потврдата за прележан Ковид-19, за влез валиден е 180 дена, но онаму каде што е задолжителен во земјата, не смее да биде над 90 дена по првиот позитивен тест. Документот поврзан со Ковид-19, речиси секаде во Грција, при влез во објектите, се скенира со специјална апликација, потребен е и документ за лична идентификација, а исклучок се супермаркетите, аптеките, продавниците за храна, бензинските пумпи. Во одредени објекти, како што се затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови, музеите и археолошките локалитети, театрите, кината, влезот е дозволен само со валиден сертификат за вакцинација или прележана болест и не постои опцијата за влез со негативен тест. Од денеска се укинува забраната за стоење и танцување во кафулињата и клубовите, 20 отсто од вработените во приватниот и јавниот сектор ќе работат од дома, наместо 50 проценти како што беше досега, а се зголемува бројот на дозволен број гледачи на спортските натпревари, кои ќе работат со 50 отсто од капацитетот, наместо десет како што беше досега. По пауза од две години дозволено е организирање еднодневни екскурзии, едукативни посети, прошетки, а од први март ќе може да се реализираат училишни патувања или посети, што вклучуваат и ноќевања, но под конкретни протоколи и со задолжителен тест пред поаѓањето за сите, и за наставниците и за учениците, без разлика дали се вакцинирани или не. Министерот за здравство на Грција, Танос Плеврис, говорејќи за олабавувањето на мерките, во четвртокот рече дека логиката на земјите членки на Европската Унија е до средината или крајот на март да се укинат рестриктивните мерки. Бројот на новозаразени во Грција, во изминатата седмица е во просек од околу 20.000 дневно, со 5,6 отсто позитивни од направени тестови, додека пак во просек од Ковид-19, секојдневно има по 80 починати. Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани вкупно 2.274.025 случаи на Ковид-19 и 25.183 починати лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-deneska-ukinuvanje-na-del-od-restriktivnite-merki-vo-grcija/feed/ 0
Данска повеќе не го смета Ковид-19 за „критична болест за општеството“: Укинати голем број од рестриктивните мерки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povekje-ne-go-smeta-kovid-19-za-kritichna-bolest-za-opshtestvoto-ukinati-golem-broj-od-restriktivnite-merki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povekje-ne-go-smeta-kovid-19-za-kritichna-bolest-za-opshtestvoto-ukinati-golem-broj-od-restriktivnite-merki/#respond Tue, 01 Feb 2022 11:47:38 +0000 https://kurir.mk/?p=625386

Данска стана една од првите земји од Европската Унија која ги укина повеќето рестриктивни мерки бидејќи скандинавската земја повеќе не го смета ковид 19 за „критична болест за општеството“. Причината за тоа е што иако варијантата омикрон е во пораст во Данска, таа не претставува големо оптоварување за здравствениот систем и земјата има висока стапка на вакцинација, велат властите. Данска има повеќе од 50.000 случаи на ден во просек во последните недели, додека бројот на луѓе во болничките оддели за интензивна нега е намален. Шефот на данската здравствена администрација, Сорен Бростром, за данската ТВ2 изјави дека неговото внимание е насочено кон бројот на луѓе на интензивна нега, а не на бројот на заразени. Тој рече дека бројот „паѓа и паѓа и е неверојатно мал.“ Бростром додава дека во моментот 32 пациенти биле заразени со корона вирусот на интензивна нега. Пред неколку недели имаше 80.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/danska-povekje-ne-go-smeta-kovid-19-za-kritichna-bolest-za-opshtestvoto-ukinati-golem-broj-od-restriktivnite-merki/feed/ 0
Нема нови рестриктивни мерки, активни над 17.000 случаи на коронавирус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-aktivni-nad-17-000-sluchai-na-koronavirus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-aktivni-nad-17-000-sluchai-na-koronavirus/#respond Sat, 29 Jan 2022 08:10:43 +0000 https://kurir.mk/?p=624229

Дополнителни рестриктивни мерки засега нема, а доколку се појави ширење на вирусот во одреден регион, општина или град, ќе бидат преземени мерки, најави вчера министерот за здравство Беким Сали. Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје во државава има 17.182 активни ковид случаи од кои најголем број 8.755 се во Скопје. При направени 5.834 тестови регистрирани се 1.908 нови случаи со ковид-19, 22 починати и 1.129 оздравени пациенти. -Нема потреба од дополнителни рестриктивни мерки до следниот состанок на Комисијата за заразни болести, бидејќи во последните два дена има намалување на бројот на новозаболени. Според податоците на Институтот за јавно здравје што на дневна основа ги добиваме пандемијата во земјава дава знаци на стивнување и секој ден има намалување на бројот на новоинфицирани и на хоспитализирани. Се е под контрола. До следниот состанок на Комисијата за заразни болести нема да има потреба од нова мерка, но се надевам дека и граѓаните ќе бидат претпазливи и вакцинацијата ќе расте, рече Сали, одговарајќи на новинарски прашања. Во моментот, како што истакна тој, нема потреба и од отворање на модуларните болници. Вчера е отворен ковид-центарот на Клиниката за неврологија, а од завчера функционира и ковид-центарот на Клиниката за кожни болести. -На ниво на држава се трудиме пациентите да бидат згрижени на ниво на болниците. Од минатата недела се преземени мерки да се зголеми бројот на кревети што значи отворање на капацитетите кои претходно беа ковид центри. Од модуларните болници засега нема потреба, рече Сали. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во моментот во земјава во 90 проценти е присутен сојот „омикрон”, а во 10 проценти „делта” сојот. Боледувањето на оние пациенти кои ќе имаат симптоми и по седмиот ден ќе го регулираат матичните лекари, односно доколку имаат симтоматологија на вирусот, ќе им се продолжи боледувањето по автоматизам за уште три дена. – Нашата служба „Мој термин” ги извести сите матични лекари како да се евидентираат овие случаи. Епидемиолошки тие се водат од матичните лекари и на седмиот ден доколку имаат покачена температура или некоја друга симтоматологија, по автоматизам им се продолжува периодот на самоизолација до три дена. Матичниот лекар го регулира боледувањето, посочи Сали. Во однос на тоа дали се размислува за намалување на трошоците за тестирање, министерот посочи дека е разговарано со сите чинители кои влијаат врз цената и оти очекува позитивен одговор од нив. Прашан за транспаретноста на Комисијата за заразни болести која неколку месеци нема одржано прес-конференција, Сали со став дека Комисијата секогаш била транспарентна и нејзините одлуки и се познати на јавноста. Тој упати порака дека вакцинацијата е најдобриот начин за заштита на здравјето на населението. – Во нашата држава граѓаните имаат потреба од дополнителна акција, односно стимулирање на вакцинирањето затоа што не можеме да кажеме дека сме задоволни од сегашниот процент на вакцинирани за да пристапиме кон либерализација на заштитните мерки а од Ковид-19, истакна Сали по посетата на вакциналниот пункт на Економскиот факултет во Скопје, каде ја прими третата доза вакцина. Прашан како ќе ја врати довербата кај граѓаните во вакцините, кога меѓу починатите има и вакцинирани и оти кај нас не се одвојуваат пациентите починати од ковид-19 и оние со ковид-19, министерот рече методологијата кај нас за разлика од околните држави има поинаков пристап и не треба да не збунува зошто кај нас има над 8 000 починати од ковид-19, а во другите држави се помалку. – Морам да напоменам дека во интерес на транспарентноста, уште од смиот почеток нашите институции сакаа да прикажат колку се починати од последици од Ковид-19. Факт е дека Ковидот самиот по себе е комплициран и е мултиоргански фактор за отежнување на состојбата на еден пациент, а нормално, може да биде и причините за смрт, рече Сали. Во врска со второто полугодие во училиштата тој посочи дека ќе започне со физичко присуство бидејќи, епидемиолошката состојба го дозволува тоа, а Министерството за здравство ќе прави случаен скрининг меѓу учениците. – Според нашите податоци нема потреба од онлајн учење во овој момент, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние ги носиме одлуките. Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и како Министерството ќе преземеме превентивни мерки со случаен скрининг и зависно од регионот, градот или општината ако се појави епидемија, ќе се преземат мерки, рече Сали. Првата детска амбасада во светот „Меѓаши” вчера соопшти дека упатила барање до Владата и Комисијата за заразни болести со цел, како што наведуваат, да се преиспита одлуката за почнување на второто полугодие со физичко присуство на учениците. – Цврсто веруваме дека оваа одлука треба да биде преиспитана во насока на започнување на полугодието со онлајн настава, најмалку за две седмици од февруари, а потоа да се одлучи повторно за евентуално продолжување одреден период, следејќи ја актуелната епидемиолошка состојба. Сметаме дека е добро Владата да размисли за брзо реагирање и обезбедување на сите основни и средни училишта со брзи тестови, така како што и голем дел држави веќе подолго време практикуваат. Веруваме дека и приватниот сектор (особено фармацевтскиот) би можел да излезе пресрет и да го заштити јавното или колективното здравје доколку им се обрати Владата. Искрено веруваме дека ќе ја донесете вистинската одлука што е во најдобриот интерес на децата, стои во барањето од „Меѓаши”. Синдикатот за образование, наука и култура завчера побара од Владата да ја преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство. Сметаат дека во ситуација кога расте бројот на новозаболени треба да се започне со онлајн настава во првите две недели, а потоа да се согледа епидемиолошката ситуација за да се почне со физичко присуство. За иницијативите на групи родители кои најавуваат дека ќе ги пуштат децата без маски на училиште, министерот Сали вели дека тоа се неофицијални иницијативи. Од Министерството апелираат на почитување на мерките како носење маски, држење соодветно растојание и честа дезинфеција. Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во регионот и во другите земји, се уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nema-novi-restriktivni-merki-aktivni-nad-17-000-sluchai-na-koronavirus/feed/ 0
Германија воведува нови построги мерки: Поради ширење на Омикрон се затвораат сите клубови, собирање на максимум 10 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-novi-postrogi-merki-poradi-shirenje-na-omikron-se-zatvoraat-site-klubovi-sobiranje-na-maksimum-10-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-novi-postrogi-merki-poradi-shirenje-na-omikron-se-zatvoraat-site-klubovi-sobiranje-na-maksimum-10-lica/#respond Tue, 28 Dec 2021 14:51:19 +0000 https://kurir.mk/?p=614128

Мерките против пандемијата од Ковид-19 договорени на 21 декември, за да се ограничат контактите и да се спречи ширењето на омикронот, ќе стапат на сила на целата територија на Германија во вторник. Во целата држава важи правилото за собирање најмногу на десет лица, не сметајќи ги децата до 14 години. Ова правило важи без разлика дали се вакцинирани или невакцинирани. Доколку меѓу овие лица има невакцинирани лица, тогаш важи правилото дека насобраните можат да бидат едно домаќинство, а најмногу две лица кои припаѓаат на друго домаќинство. Од денеска се затворени и сите клубови и дискотеки со исклучок на сојузните покраини Берлин и Хамбург. Овде се дозволени клубови, но танцувањето е забрането. Наместо тоа, дозволени се културни настани како изложби или литературни собири. Од вторник се одржуваат спортски настани пред празни трибини. Собири на отворено се дозволени до 200 луѓе само со примена на дозвола за пристап на вакцинирани или оние кои го прележале вирусот. Истото важи и за културните настани како кино или театар. Овие мерки стапуваат на сила денеска во неколку сојузни покраини, другите провинции веќе ги спроведоа овие мерки во последните денови. Остануваат во сила мерките за ограничување на пристапот до работно место и јавниот превоз само за вакцинирани лица, оние кои имале коронавирус или оние кои биле негативно тестирани. Пристапот до угостителските објекти по правило им е дозволен само на оние кои биле вакцинирани или кои имале коронавирус. Останува на сила забраната за продажба на пиротехнички средства, што во вторникот ја потврди и Управниот суд во Берлин, со што ја отфрли тужбата на групата трговци. Забраната за продажба на пиротехнички средства втора година по ред се објаснува со потребата од растеретување на здравствените установи поради големиот број повредени на новогодишната ноќ во последните години и со тоа ослободување на капацитетот за заболените од коронавирус. Државниот епидемиолошки институт Роберт Кох во вторникот забележа остар пораст на инфекции со коронавирус од новиот сој омикрон. Експертите од институтот стравуваат дека реалните бројки ќе бидат многу поголеми поради празниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/germanija-voveduva-novi-postrogi-merki-poradi-shirenje-na-omikron-se-zatvoraat-site-klubovi-sobiranje-na-maksimum-10-lica/feed/ 0