ретинол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 05 Dec 2022 14:00:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ретинол – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ЗА РЕТИНОЛОТ: Кога, како и зошто треба да ја вклучите оваа волшебна супстанца во вашата рутина за нега? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-shto-treba-da-znaete-za-retinolot-koga-kako-i-zoshto-treba-da-ja-vkluchite-ovaa-volshebna-supstanca-vo-vashata-rutina-za-nega/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-shto-treba-da-znaete-za-retinolot-koga-kako-i-zoshto-treba-da-ja-vkluchite-ovaa-volshebna-supstanca-vo-vashata-rutina-za-nega/#respond Mon, 05 Dec 2022 14:00:00 +0000 https://kurir.mk/?p=771236

Да бидеме искрени, за непрофесионалците режимот на нега на кожата може да биде многу збунувачки и застрашувачки. Има одлуки за кои производи навистина да се издвојуваат пари, кои состојки не треба да се мешаат, а да не зборуваме за рутини од 10 чекори каде нè очекува цел спектар на нови информации. Сепак, она што сите професионалци со сигурност го велат е дека на самиот врв на вашата листа треба да се најде ретинолот. Што е ретинол и како делува? Ретинолот е дериват на витаминот А. Се користи за решавање на многу несовршености на кожата, од фини брчки и линии до темни дамки и акни. Кога ретинолот се применува локално, тој се распаѓа во ретиноична киселина, која директно влијае на клеточната структура на кожата, стимулирајќи го производството на колаген. За возврат, зголемениот колаген ја намалува појавата на брчки, помага да се осветлат темните дамки и се изедначува тонот и текстурата. Која е разликата помеѓу ретинол, Ретин-А и ретиноиди? Ретинол и Ретин-А се обете форми на ретиноид. Ретинолот е најчестата форма што ја гледате во малопродажните производи за нега на кожа. Ретин-А, исто така познат како третиноин, е крем лек на рецепт кој најчесто се користи за лекување на акни. Тој е многу силен и може да предизвика сериозна дехидрација на кожата. Тој е помоќен за лекување на тешки акни и лузни, но редовната употреба на локален третман кој содржи ретинол резултира со подобрување на акните и лузните поради пилинг и отстранување на мртвата кожа. Може ли сите да го користат? Ретинолот е всушност погоден за повеќето типови кожа, само прашање е да се најде вистинскиот процент и формулација за вас, особено ако сте некој кој има чувствителна или реактивна кожа. Ако имате исклучително чувствителна кожа, ретинол можеби не се препорачува, но можете да се консултирате со вашиот дерматолог. Кој е најдобриот начин да го вклучите ретинолот во вашата рутина за нега на кожата? Прво треба полека да го воведете ретинолот во вашата постоечка рутина, а потоа да ја зголемите употребата со текот на времето. За почеток, направете го тоа еднаш неделно за да ѝ дозволите на вашата кожа да се навикне на новата состојка, а потоа по околу три до четири недели можете да ја користите три до четири пати неделно, навечер. Користете количина колку зрно грашок пред кремата за хидратација и задолжително користете крема за сончање во текот на денот, бидејќи користењето ретиноиди ја зголемува фотосензитивноста на кожата и може да ве направи повеќе склони кон флеки и изгореници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/se-shto-treba-da-znaete-za-retinolot-koga-kako-i-zoshto-treba-da-ja-vkluchite-ovaa-volshebna-supstanca-vo-vashata-rutina-za-nega/feed/ 0