Реунион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 16 May 2022 13:08:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Реунион – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џонсон бара ревизија на трговскиот договор со ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-revizija-na-trgovskiot-dogovor-so-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-revizija-na-trgovskiot-dogovor-so-eu/#respond Mon, 16 May 2022 13:08:46 +0000 https://kurir.mk/?p=677365

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска, во пресрет на неговата посета на Северна Ирска, изјави дека доколку ЕУ не се согласи со ревизијата на трговските правила кои стапија во сила по Брегзит, ќе биде „неопходно да се дејствува“. Џонсон во авторски текст за Белфаст Телеграф напиша дека ЕУ не сака да признае дека договорот не функционира и дека британската влада сака промени, а не повлекување од договорот со ЕУ. „Се надевам дека позицијата на ЕУ ќе се промени. Ако не, ќе треба да се дејствува“, напиша Џонсон. Тој оцени дека трговските правила ја дестабилизираат чувствителната политичка рамнотежа на Северна Ирска и додаде дека британската влада „во следните денови на парламентот ќе претстави подетална проценка и следните чекори“. На почетокот на овој месец, националистичката партија Шин Феин освои најмногу места на изборите во Северна Ирска. Ова е прва победа на партијата која се залага за обединување на Северна Ирска и Република Ирска. Втората по големина Демократска унионистичка партија одбива да влезе во владата и да се организира седница на парламентот додека владата на Џонсон не ги поништи царинските и другите проверки и прописи кои стапија во сила по излегувањето на Велика Британија од ЕУ. Според правилата на мировниот процес во Северна Ирска, не може да се формира влада без согласност и на националистичката и на унионистичката партија. Северна Ирска е единствениот дел од Велика Британија што граничи со ЕУ. По Брегзит, границите на Северна Ирска останаа отворени и без посебна царинска контрола, бидејќи тоа е важен дел од мировниот процес со кој беше ставен крај на претходните конфликти во земјата. Се контролираат само одредени стоки, како месо и јајца, кои влегуваат во Северна Ирска од Велика Британија. На аранжманот се противат унионистите на Северна Ирска, кои тврдат дека тоа ја оптоварува економијата и ги нарушува врските со другите земји во Велика Британија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dzonson-bara-revizija-na-trgovskiot-dogovor-so-eu/feed/ 0
Нова ерупција на вулканот Питон де ла Фурнез на францускиот остров Реунион https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkanot-piton-de-la-furnez-na-francuskiot-ostrov-reunion/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkanot-piton-de-la-furnez-na-francuskiot-ostrov-reunion/#respond Fri, 03 Apr 2020 09:38:45 +0000 https://kurir.mk/?p=326645

Вулканот Питон де ла Форнез, што се наоѓа на францускиот остров Реунион во Индискиот океан, а важи за еден од најактивните и најнабљудуваните во светот, рано утринава еруптира по  втор пат годинава, јави дописникот на МИА. Вулканот вчераутро предизивка сеизмичка криза или „вулкански потрес, што е знак за пристигнување на магмата на површината, а беше регистриран во 12:20 часот по локално време“, потврди префектурата од Сен Дени-Реунион. Според апаратите на вулканолошката опсерваторија, изворот на овој потрес се наоѓа на источниот дел од вулканот. Поради мерките за ограничено движење што се во сила заради спречување на ширењето на Ковид-19 на островот – каде има 281 заразени – вулканолозите не можеа визуелно да го потврдат „доаѓањето на лава на површината“. Потврда за ерупцијата беше извршена од жандармеријата во извидувачки летови. Ерупцијата е во калдерата на вулканот,  областа е целосно ненаселена и затоа ерупцијата не претставува опасност за луѓето и имотот. Во 2019 година, Питон де ла Фурнeз имаше пет ерупции. Вулканот се наоѓа на надморска височина од 2.632 метри и  е меѓу најактивните во светот. Вулканот се наоѓа во подрачје класифицирано како светско наследство од УНЕСКО. Има природно куќиште и со тоа не претставува никаква опасност за населението или посетителите кои сакаат да се восхитуваат на овој уникатен пиротехнички спектакл во Индискиот Океан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nova-erupcija-na-vulkanot-piton-de-la-furnez-na-francuskiot-ostrov-reunion/feed/ 0