ревакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 21 Aug 2021 10:03:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ревакцина – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Во Црна Гора ревакцинирано 37,4 отсто од возрасното население https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-revakcinirano-37-4-otsto-od-vozrasnoto-naselenie/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-revakcinirano-37-4-otsto-od-vozrasnoto-naselenie/#respond Sat, 21 Aug 2021 10:03:35 +0000 https://kurir.mk/?p=553301

Во Црна Гора, прва доза на вакцина против коронавирус досега примиле 44,1 проценти од возрасната популација, а ревакцинирани се 37,4 проценти. Досега се дадени 372.949 дози вакцина против коронавирус. Првата доза на вакцината против коронавирус ја примиле 201.841 лице или 32,6 проценти, а втората 171,108 или 27,6 проценти од вкупното население. Во последните 24 часа во Црна Гора, 1.437 лица ја примиле првата доза од вакцината, а 1.247 граѓани биле ревакцинирани. Масовната вакцинација против Ковид-19 во Црна Гора започна на 4 мај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-crna-gora-revakcinirano-37-4-otsto-od-vozrasnoto-naselenie/feed/ 0
САД го отфрлаат повикот на СЗО за прекин на ревакцинацијата со трета доза https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlaat-povikot-na-szo-za-prekin-na-revakcinacijata-so-treta-doza/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlaat-povikot-na-szo-za-prekin-na-revakcinacijata-so-treta-doza/#respond Thu, 05 Aug 2021 06:00:12 +0000 https://kurir.mk/?p=546392

Белата куќа го отфрли повикот на СЗО за прекин на третата доза на вакцината против Ковид-19, оценувајќи дека САД не треба да бираат помеѓу давање трета доза на своите граѓани и донирање на вакцините на трети земји. – Тоа е погрешна алтернатива. Сметаме дека можеме да ги направиме и двете и дека не треба да избираме помеѓу вакцинирање на Американците, што се уште не е официјално планирано, и помагање на сиромашните земји, рече Џен Псаки, портпаролка на Белата куќа, коментирајќи го повикот на СЗО. Таа потсети дека САД веќе дистрибуирале повеќе од 100 милиони дози вакцини на посиромашните земји, што е повеќе од донациите од сите други земји во светот заедно. САД се уште немаат донесено одлука за ревакцинацијата, а Германија и Израел одлучија да го сторат тоа, пред се за постарите граѓани. СЗО вчера повика да се стави крај на ревакцинацијата со трета доза, барем до крајот на септември, за да им се дадат повеќе вакцини на посиромашните земји.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-go-otfrlaat-povikot-na-szo-za-prekin-na-revakcinacijata-so-treta-doza/feed/ 0
Утре почнува имунизацијата на пријавените деца – до сега ревакцинирани околу 272 илјади граѓани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-imunizacijata-na-prijavenite-deca-do-sega-revakcinirani-okolu-272-iljadi-gragjani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-imunizacijata-na-prijavenite-deca-do-sega-revakcinirani-okolu-272-iljadi-gragjani/#respond Sun, 18 Jul 2021 07:13:41 +0000 https://kurir.mk/?p=538199

Од утре ќе почне вакцинирањето со „Фајзер“ на децата од 12 до 17 години чии родители/старатели се пријавиле на сајтот vakcinacija.mk. Според Министерството за здравство, пријавени се околу 1800 деца. Единствено за нив вакцинирањето е со закажан термин, за возрасните повеќе не е потребно пријавување. Со теренската вакцинација која почна минатата седмица во населени места и во рурални средини, регионалните вакцинални пунктови – спортските сали во неколку градови, се во функција за ревакцинирање и почнуваат да се затвораат. Според последните податоци од Министерството за здравство, заклучно со петокот вакцина примиле вкупно 453 773 граѓани, а целосно имунизирани односно со двете дози се 272 129. – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Во државата вкупно се аплицирани 725 902 дози вакцини. Граѓаните се вакцинираат без закажан термин, во постоечките вакцинални пунктови низ државата. Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба, информираше Министерството. Барем една доза вакцина примиле 58 отсто од населението над 70 години, 55 отсто од повозрасните од 65 години, 51 отсто од населението над 60 години и 41 отсто од тие што се на возраст над 50 години. Министерот за здравство Венко Филипче повторно апелираше граѓаните да се вакцинираат што помасовно за да се надмине епидемијата со вирусот, напомнувајќи дека во Европа и светот веќе се воведуваат ограничувања за невакцинираните граѓани, така што за влез во затворен јавен простор, пристап до угостителски, спортски или други услуги се бара задолжително приложување вакцинален сертификат. – Земјите веќе ги предупредуваат нивните граѓани да се вакцинираат како не би се соочиле со ограничувања за нормално функционирање. Упатувам апел до сите граѓани кои сè уште не се вакцинирале да го направат тоа што побрзо. Вакцините се безбедни и ефикасни. Само масовната вакцинација може да стави крај на светската ковид-пандемија, напиша Филипче на Фејсбук. Во статистиката за последното деноноќие беа евидентирани уште 19 нови случаи кај кои е потврден КОВИД-19 од направени 3667 тестирања. Осуммина од нив се од Скопје, пет од Тетово, двајца од Куманово и по еден нов случај имаат Гостивар, Кочани, Гевгелија и Дебар. Оздравени се девет (пет од Тетово и четворица од Скопје) и нема починати пациенти. Од почетокот на епидемијата во земјава, бројот на КОВИД-дијагностицирани достигна 155 901 од вкупно 927 182 тестирања. Оздравени се 150 168 пациенти, починати 5487. Активни на вирусот во земјава има 246 случаи, најмногу (88) се во Скопје, а по него следува Тетово со 78. Двоцифрени активни случаи имаат уште четири општини – Гостивар (14) и Куманово, Охрид и Кичево по 13. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/utre-pochnuva-imunizacijata-na-prijavenite-deca-do-sega-revakcinirani-okolu-272-iljadi-gragjani/feed/ 0
Околу 15.000 македонски граѓани викендов ќе се ревакцинираат во Србија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-15-000-makedonski-gragjani-vikendov-kje-se-revakciniraat-vo-srbija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-15-000-makedonski-gragjani-vikendov-kje-se-revakciniraat-vo-srbija/#respond Fri, 18 Jun 2021 12:13:42 +0000 https://kurir.mk/?p=525141

На Белградскиот саем и Чаир во Ниш викендов ќе се ревакцинираат околу 15 000 македонски граѓани, кои на 27 и 28 март ја примија првата доза на вакцината Астра Зенека, а продолжува и слободната вакцинација на македонските граѓани на останатите вакцинални пунктови во Србија, јави дописникот на МИА од Белград. Директорот на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем, Зоран Бекиќ, изјави дека 13 000 граѓани од регионот и Европа биле поканети во сабота и недела да се ревакцинираат на Белградскиот саем, бидејќи, како што кажа, поминаа 12 недели од првата доза. -Ние сме добро подготвени за овој викенд. Во сабота очекуваме 8 000 граѓани од регионот и Европа, а во недела 5 000 и сите ќе бидат ревакцинирани на Белградскиот саем, изјави Бекиќ за телевизијата К1. Тој додаде дека за викендот ќе бидат отворени салите 3 и салата 11, а работното време на вакциналните пунктови ќе биде продолжено до 17 часот. Бекиќ потсети дека без закажување на Саемот можат да се вакцинираат граѓаните на Србија, БиХ и Северна Македонија, како и дека вакцинирањето без регистрација се спроведува на сите 225 пунктови во Србија. Во понеделник од здравствениот центар во Ниш наведоа дека од 18 до 21 јуни се очекува голема гужва, кога е терминот за повторна вакцинација на 5 700 македонски граѓани кои во март во Србија ја примија Астра Зенека, кога вакцинирањето беше организирано преку Регионалната стопанска комора. Точниот број на вакцинитраните македонски граѓани во Србија, според тогашната изјава на министерот за здравство Златибор Лончар изнесува околу 15 000 лица. Последниве денови се намалува вкупниот број на имунизирани лица на дневно ниво, како и бројот на граѓаните од Северна Македонија кои доаѓаат во Врање за вакцинација. -Во четвртокот на главниот пункт за вакцинација во Спортската сала во Врање дадени се вкупно 627 дози вакцини, соопштија од Здравствениот дом во Врање. Кога станува збор за македонските граѓани, кои по отворањето на вакцинацијата без закажани термини, броеја 700 на ден, нивниот број во четвртокот падна на 289 за еден ден. Во Врање до четврток, 17 јуни вкупно се дадени 58 691 доза вакцини против коронавирус соопштија од Градскиот штаб за вонредни состојби, од кои вакцинирани се 7 088 граѓани на Северна Македонија и 5 државјани на Босна и Херцеговина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/okolu-15-000-makedonski-gragjani-vikendov-kje-se-revakciniraat-vo-srbija/feed/ 0
Граѓаните кои се вакцинирале во странство имаат една недела да се пријават за ревакцинација, ова се најновите детали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-koi-se-vakcinirale-vo-stranstvo-imaat-edna-nedela-da-se-prijavat-za-revakcinacija-ova-se-najnovite-detali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-koi-se-vakcinirale-vo-stranstvo-imaat-edna-nedela-da-se-prijavat-za-revakcinacija-ova-se-najnovite-detali/#respond Sat, 29 May 2021 10:57:42 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516470

Министерството за здравство ја информира јавноста дека од денеска заклучно со 6 јуни 2021 година во функција е веб страницата https://vakcinacija.mk/revaccination која е за регистрација само на оние граѓани кои се вакцинирале во странство и сакаат да се ревакцинираат во земјава. -Преку регистрацијата на граѓаните ќе може да добиеме детален увид за колкава бројка станува збор, со кои вакцини се вакцинирани и кога треба да се ревакцинираат. Страната за регистрација за ревакцинација ќе биде отворена една недела, по што ќе биде затворена регистрацијата. На овој начин ќе ги прецизираме количните и типот на вакцини кои ќе ни бидат потребни, информираат од Министерството. Од Министерството велат дека најголем предизвик за ревакцинација на овие граѓани е фактот што дозите не можеле досега да ги планираме и не знаат со што ќе располагаат во моментот кога тие треба да се ревакцинираат. -Со вакцината на Астра Зенека во земјава ќе се ревакцинираат единствено граѓаните над 60 години. За сите останати граѓани после регистрација на сајтот Министерството за здравство ќе направи обид да се обезбедат доволни количини вакцини по што ќе информираме прецизно во јавноста. Согласно информациите со кои располагаме, најголем дел од граѓаните вакцинирани во странство, пред се Србија треба да бидат ревакцинирани околу 19 јуни, велат од Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gragjanite-koi-se-vakcinirale-vo-stranstvo-imaat-edna-nedela-da-se-prijavat-za-revakcinacija-ova-se-najnovite-detali/feed/ 0
Заев денеска ја прими и втората доза на вакцина против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-deneska-ja-primi-i-vtorata-doza-na-vakcina-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-deneska-ja-primi-i-vtorata-doza-na-vakcina-protiv-koronavirusot/#respond Thu, 27 May 2021 11:48:30 +0000 https://kurir.mk/?p=515639

Премиерот Зоран Заев денес ја прими втората доза на вакцината „Синофарм" на вакциналниот пункт во спортската сала „Борис Трајковски", согласно националниот план за имунизација на населението. Премиерот Заев се чувствува одлично и ќе го продолжи работниот ден согласно неговата агенда. Тој ги повикува сите граѓани кои досега не се регистрирале на порталот vakcinacija.mk тоа да го сторат што побргу, сé со цел да постигнеме колективен имунитет и да прогласиме победа врз пандемијата предизвикана од КОВИД-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-deneska-ja-primi-i-vtorata-doza-na-vakcina-protiv-koronavirusot/feed/ 0